службен весник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 13:37:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png службен весник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ССМ: Без плата вработените во „Печатница“ која треба да ги печати учебниците и „Службен весник“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-bez-plata-vrabotenite-vo-pechatnitsa-koja-treba-da-gi-pechati-uchebnitsite-i-sluzhben-vesnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-bez-plata-vrabotenite-vo-pechatnitsa-koja-treba-da-gi-pechati-uchebnitsite-i-sluzhben-vesnik/#respond Mon, 11 Sep 2023 13:37:40 +0000 https://kurir.mk/?p=876971

Вработените во „Печатница Напредок принт“ и „Напредок 1“ кои преку „Просветно дело“ се ангажирани за издавање на дел од учебниците за средно образование за државните институции и кои подолг временски период го печатат „Службен весник“, веќе два месеца немаат добиено плата од работодавачот (управителот), со што се загрозува навременото печатење на учебниците, како и на „Службениот весник“, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според ССМ, со ова, освен што се нанесува штета кон вработените со неисплаќањето на платите, ќе се нанесе штета и на образовниот процес, како и на редовната објава на сите службени акти во Службениот весник. -Работниците веќе со години немаат навремено здравствено осигурување, а 80 отсто од нив се над 50 години старост и лекувањата ги плаќаат на приватно. Управителот на Печатниците, иако наплаќа државни пари, пари од граѓаните и од даноците, не исплаќа редовно плата ниту пак здравствено осигурување кон вработените, а што во изминатиот период по пријави на ССМ е констатирано брзо и ефикасно и од страна на Државниот инспекторат за труд, наведува ССМ. Сојузот бара државните институции веднаш да преземат мерки за да не се доведе во прашање печатењето на учебниците и на Службениот весник. -Работниците се подготвени да ги преземат сите чекори и преку протест и евентуален штрајк да го остварат ова егзистенцијално работничко право на плата и со тоа да си овозможат подостоинствен живот за себе и за своите семејства, а ние, заедно со Синдикатот ССДМ при ССМ ќе застанеме со работниците и ќе им ја дадеме целосната поддршка во борбата за остварување на нивните права од работен однос, велат од ССМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-bez-plata-vrabotenite-vo-pechatnitsa-koja-treba-da-gi-pechati-uchebnitsite-i-sluzhben-vesnik/feed/ 0
Ќе има ли прекин на производството на леб? Пекарската индустрија на готовс по владината одлука! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-ima-li-prekin-na-proizvodstvoto-na-leb-pekarskata-industrija-na-gotovs-po-vladinata-odluka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-ima-li-prekin-na-proizvodstvoto-na-leb-pekarskata-industrija-na-gotovs-po-vladinata-odluka/#respond Tue, 28 Feb 2023 17:06:06 +0000 https://kurir.mk/?p=806210

Пекарската индустрија ќе причека да излезе во Службен весник владината одлука за замрзнување на цената на лебот, што беше донесена денеска.

Потоа, како што изјавија нејзини претставници за МИА, ќе се реализира најавата за прекин на производството.

-Се додека одлуката не излезе во Службен весник, не може да се операционализра и практично не е валидна, велат пекарите.

Според претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ, зад вчерашната одлука да се прекине производството и испораката на леб стојат сите членки. Одлуката е донесена едногласно.

-Вакви одлуки со замрзнување на цени не постојат никаде во ЕУ. Владата сака да создава слика дека помага социјално на граѓаните, ама таа помош да биде на товар или на штета на пекарската индустрија. Се надевам дека ваквите одлуки по овој 1 март ќе бидат веќе минато во Македонија, рече Малишиќ за МИА.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопштија дека е донесена одлука да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, како и да се укине субвенционираата струја за компаниите од прехранбениот сектор. (МИА)

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-ima-li-prekin-na-proizvodstvoto-na-leb-pekarskata-industrija-na-gotovs-po-vladinata-odluka/feed/ 0
Телма: Техничка или стручна грешка во текстот на Уредбата за енергетска криза објавен во Службен Весник, рестрикциите регулирани со завршна одредба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/__trashed-28/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/__trashed-28/#respond Tue, 09 Nov 2021 16:47:37 +0000 https://kurir.mk/?p=593286

Во текстот од уредбата за енергетска криза има голема грешка токму во делот со кој се регулираат ограничувањата односно рестрикциите, објави Телма телевизија. Во членот 7 кој ги регулира мерките кои се преземаат во став 1 алинеја (2) стои: ограничување на потрошувачка на електрична енергија во согласност со член 10 од оваа уредба. Во посочениот член 10 всушност нема никакво објаснување туку е завршна одредба со која се укинува претходната Уредба од 2012-та година. За откриеното информиравме и прашавме во надлежните институции и првичното објаснување е дека најверојатно станува грешка, но ќе биде проверено. Од друга страна ограничувањата се регулирани во членот 9, па може и да се претпостави дека станува збор за техничка грешка иако тоа значи дека ќе треба исправка во електронската верзија на Службен весник. Во продолжение и двата члена од Уредбата, која е објавена во целосна верзија и на веб сајтот на Телма. Мерки што се преземаат во случај на кризна состојба Член 7 (1) Заради создавање услови за рационално користење на електрична енергија во услови на кризна состојба, во зависност од проценките од член 5 од оваа уредба, може да се преземаат следните мерки: 1) мерки утврдени во плановите од член 4 став (6) точка 5) од оваа уредба, 2) ограничување на потрошувачка на електрична енергија во согласност со член 10 од оваа уредба и… VI. Завршна одредба Член 10 Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба престанува да важи Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба, начинот на снабдување со електрична енергија во овие услови, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/12) Името на уредбата целосно изгледа вака: УРЕДБА ЗА КРИТЕРИУМИТЕ И УСЛОВИТЕ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО СЛУЧАИ НА ВРЕМЕНСКИ И ПРИРОДНИ НЕПОГОДИ, ХАВАРИИ И НАРУШУВАЊА НА ПАЗАРИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, НАЧИНОТ НА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО КРИЗНА СОСТОЈБА, МЕРКИТЕ ШТО СЕ ПРЕЗЕМААТ ВО СЛУЧАЈ НА КРИЗНА СОСТОЈБА, КАКО И ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА НОСИТЕЛИТЕ НА ЛИЦЕНЦИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ ДЕЈНОСТИ Извор: Телма телевизија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/__trashed-28/feed/ 0
Лукаревска и Костовски не се веќе директори на УЈП и на Службен весник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lukarevska-i-kostovski-ne-se-vekje-direktori-na-ujp-i-na-sluzben-vesnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lukarevska-i-kostovski-ne-se-vekje-direktori-na-ujp-i-na-sluzben-vesnik/#respond Tue, 11 Aug 2020 11:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=389235

Сања Лукаревска и Мартин Костовски, кои станаа пратеници во Собранието од редовите на СДСМ и коалицијата „Можеме“ по одржаните парламентарние избори, се повлекуваат од директориските места во Управата за јавни приходи, односно Службен весник. Тие во изјава за „Фактор“ потврдуваат дека веќе не се директори на овие две државни институции. – Во моментов повеќе не сум избран функционер од Владата затоа што сум пратеник во Собранието, а во иднина мојата партија и идниот премиер ќе одредат која функција ќе ја извршувам, изјави Лукаревска, која три години беше на чело на УЈП. И Костовски вели дека сега е пратеник и тоа планира и да остане. Вршител на должност директор на УЈП сега е Фарук Омери, а на Службен весник Татијана Лалчевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lukarevska-i-kostovski-ne-se-vekje-direktori-na-ujp-i-na-sluzben-vesnik/feed/ 0
Пендаровски љут, во СДСМ хаос, Службен весник на “готовс” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ljut-vo-sdsm-haos-sluzben-vesnik-na-gotovs/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ljut-vo-sdsm-haos-sluzben-vesnik-na-gotovs/#respond Sat, 13 Jun 2020 17:58:25 +0000 https://kurir.mk/?p=357550

Повеќе вработени во “Службен весник” на РМ вечерва се во состојба на проправност во очекување на владина седница на која се очекува да се донесат повеќе одлуки кои СДСМ планира да ги објави додека трае вонредната состојба или пак да бидат објавени евентуални одлуки кои се однесуваат на нова вонредна или кризна состојба. Лидерот на СДСМ Заев утринава во Струмица ретерираше од ставот дека владата нема да бара нова вонредна состојба и најави владина седница на која може од претседателот Пендаровски да бидат побарани нови 3 дена вонредна состојба за изборите да бидат на 8 јули. Заев и СДСМ но и претседателот Пендаровски кој според негови соработници бил крајно резигниран од односот на матичната партија и лидерот Заев влегоа во сопствена замка по вчерашната најава дека веќе нема потреба од вонредна состојба а денеска имаме рекордни 8 починати и 196 инфицирани. Нејасно е како сега Пендаровски ќе објасни зошто ја продолжува вонредната состојба без да биде обвинет дека е “чирак” и злоупотребен од страна на Заев кој не се откажува од обидот да добие избори веднаш по секоја цена. Во моментов врвот на СДСМ се обидува да најде излез од ќорсокакот во кој влезе во желбата за брзи избори, а за таа намена се потребни владини одлуки кои се очекуваат доцна вечерва. Неколку правни експерти од правниот факултет веќе одбиле да дадат свои предлози решенија за излегување од ќорсокакот а во игра најверојатно веќе не е ниту 8 јули за кој Заев зборуваше вчера. Главната причина за тоа е што меѓународните монитори не можат да стигнат пред почетокот на кампањата која ако Заев инсистира на 8 јули треба формално да започне во вторник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ljut-vo-sdsm-haos-sluzben-vesnik-na-gotovs/feed/ 0
ЈП Службен весник одбележува 75 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jp-sluzben-vesnik-odbelezuva-75-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jp-sluzben-vesnik-odbelezuva-75-godini/#respond Wed, 12 Feb 2020 06:56:27 +0000 https://kurir.mk/?p=302657

Јавното претпријатие „Службен весник на Република Македонија“ седум и пол децении ја негува традицијата да издава службено гласило, која започна на 18 февруари 1945 година, откога Президиумот на АСНОМ донесе одлука за издавање „Службен лист на федералната единица Македонија“ и до денес е значаен хроничар за историјата на нашата држава, за сите важни и историски акти и документи објавени во ова службено гласило. Точно седум и пол децении, како што велат од „Службен весник“, континуирано и високопрофесионално ја извршуваат својата јавна, општествено доблесна задача, да ги објавува сите службени новини од општественото организирање. – Тоа е доверба што обврзува, како што обврзуваат и стратегиски утврдените насоки на државата во врска со регулаторните реформи и информациското општество. Својата улога на посредник помеѓу државата и граѓаните на Република Македонија, во сферата на легислативата, ЈП „Службен весник на Република Македонија“ настојува да ја исполни со висок степен на совесност и секогаш со службена, автентична, точна, ажурирана и лесно достапна информација, истакнуваат од „Службен весник“. Оттаму велат дека се целосно посветени на ефикасно и квалитетно исполнување на целите и обврските што произлегуваат од Законот за објавување закони и други прописи и акти, а објавувањето се врши во печатена и во електронска форма. Визијата на претпријатието, како што посочуваат, е да продолжи совесно да управува со правниот, информативен систем на Република Македонија, како и со активностите од областа на издаваштвото и печатењето, така што услугите се реализираат со високо ниво на квалитет. – Овие денови чекори заедно со историјата и иднината на нашата држава. Затоа, има за цел да остане стабилна и развојна компанија, која реагира реактивно и интерактивно на барањата на пазарот, корисниците и нивните потреби. Постојано да се оправдува, одржува и зајакнува репутацијата на угледот и авторитетот, со највисок квалитет, сигурност и точност во преносот на информации, со цел зачувување и активно негување на довербата на потрошувачите и заштитата на интересите на пошироката заедница. Цел и тенденција е секогаш да се биде иноватор во работата на претпријатието и да се препознаат и потврдат вложените знаења, енергија и креативност, нагласуваат од Јавното претпријатие „Службен весник на Република Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jp-sluzben-vesnik-odbelezuva-75-godini/feed/ 0
Шалтерот за објави во службеното гласило преселен во Инфоцентарот на ЈП Службен весник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shalterot-za-objavi-vo-sluzbenoto-glasilo-preselen-vo-infocentarot-na-jp-sluzben-vesnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shalterot-za-objavi-vo-sluzbenoto-glasilo-preselen-vo-infocentarot-na-jp-sluzben-vesnik/#respond Wed, 29 Jan 2020 09:28:35 +0000 https://kurir.mk/?p=296193

Шалтерот за објави во службеното гласило „Службен весник на РСМ“ од утре ќе биде преселен од зградата на Младинскиот културен центар во Инфоцентарот на ЈП Службен весник на Република Македонија, во Порта Буњаковец. – Од утре, 30 јануари 2020 година, оваа услуга, објава во огласниот дел на службеното гласило, „Службен весник на РСМ“, граѓаните и правните лица ќе можат да ја реализираат само на шалтерот кој ќе биде сместен во просториите на Инфоцентарот на ЈП Службен весник на Република Македонија, кој се наоѓа во Порта Буњаковец, на бул. Партизански одреди број 23, информираат од ЈП Службен весник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shalterot-za-objavi-vo-sluzbenoto-glasilo-preselen-vo-infocentarot-na-jp-sluzben-vesnik/feed/ 0
„Службен весник“ нема да ги објавува указите на Иванов, старото име на државата веќе нема да се употребува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluzben-vesnik-nema-da-gi-objavuva-ukazite-na-ivanov-staroto-ime-na-drzavata-vekje-nema-da-se-upotrebuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluzben-vesnik-nema-da-gi-objavuva-ukazite-na-ivanov-staroto-ime-na-drzavata-vekje-nema-da-se-upotrebuva/#respond Fri, 08 Mar 2019 19:22:24 +0000 https://kurir.mk/?p=172819

„Службен весник“ веќе нема да ги објавува указите и решенијата на претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој не го менува називот од претседател на Република Македонија во претседател на Република Северна Македонија. На интеренет страницата на претседателот на Република Македонија сѐ уште ништо не е променето. Владата, министерствата, владините агенции веќе се заведени во Централниот регистар со новите имиња кои во вторникот ги објави Владата поради уставните измени. Минатата недела во „Службен весник“ беа објавени указите на Иванов за одликување, унапредување и поставување воени претставници во странство. Иванов потпиша указ и за поставување одбранбено аташе во Франција и воен претставник во НАТО во Брисел како претеставници на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluzben-vesnik-nema-da-gi-objavuva-ukazite-na-ivanov-staroto-ime-na-drzavata-vekje-nema-da-se-upotrebuva/feed/ 0
Иванов: Објавувањето на законите во Службен весник е незаконско и претставува основ за кривично гонење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-objavuvanjeto-na-zakonite-vo-sluzben-vesnik-e-nezakonsko-i-pretstavuva-osnov-za-krivichno-gonenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-objavuvanjeto-na-zakonite-vo-sluzben-vesnik-e-nezakonsko-i-pretstavuva-osnov-za-krivichno-gonenje/#respond Tue, 15 Jan 2019 11:32:19 +0000 https://kurir.mk/?p=152397

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, преку писмена изјава го коментира вчерашното објавување на Законот на јазици во Службен весник без негов потпис. -Доцна синоќа имавме можност да го видиме вистинското лице на владината коалиција на СДСМ и ДУИ која себеси се смета за проевропска. Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потписна указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни. Со доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен член 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење, се вели во писмената изјава на претседателот. Иванов посочува дека ова е момент кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд, дали функционира обвинителството, дали има независно судство и дали постои владеење на правото. -Се прашувам, дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување на закони? Дали ќе ги поддржат овие преседани, што носат несогледливи последици и штета по правото и правната држава и дали вакви преседани применуваат во сопствените држави?, прашува претседателот на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-objavuvanjeto-na-zakonite-vo-sluzben-vesnik-e-nezakonsko-i-pretstavuva-osnov-za-krivichno-gonenje/feed/ 0
Службен весник се огласи по објавувањето на Законот за употреба на јазиците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluzben-vesnik-se-oglasi-po-objavuvanjeto-na-zakonot-za-upotreba-na-jazicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluzben-vesnik-se-oglasi-po-objavuvanjeto-na-zakonot-za-upotreba-na-jazicite/#respond Tue, 15 Jan 2019 10:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=152353

Јавното претпријатие „Службен весник на Република Македонија“ во број 7 од 14.1.2019 ги објави Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и Законот за употреба на јазиците. Двете објави се во согласност со член 52, став 2 од Уставот на Република Македонија (Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од 8 (осум) дена од денот на нивното донесување). Согласно со тоа, а во врска со член 51, став 2 од Уставот на Република Македонија, во кој се вели дека „Секој е должен да го почитува Уставот и законите“ и оваа институција, која е со закон овластена да ги објавува прописите во РМ, своето работење секогаш го остварува во рамките на Уставот и законите и само ја исполнува уставната обврска. ЈП „Службен весник на Република Македонија“ е професионално јавно претпријатие и нема да дозволи мешање на политиката во неговото работење и нарушување на неговиот углед. За секој обид за нарушување на угледот на Јавното претпријатие „Службен весник на Република Македонија“ ќе биде поведена соодветна судска постапка. Интегрален текст од соопштението на Службен весник]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluzben-vesnik-se-oglasi-po-objavuvanjeto-na-zakonot-za-upotreba-na-jazicite/feed/ 0