службени возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Apr 2021 20:09:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png службени возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вели дека заштедил, а направил двоен трошок: Дрски лаги на Заев, денес користел и хеликоптер и службени возила (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veli-deka-zashtedil-a-napravil-dvoen-troshok-drski-lagi-na-zaev-denes-koristel-i-helikopter-i-sluzbeni-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veli-deka-zashtedil-a-napravil-dvoen-troshok-drski-lagi-na-zaev-denes-koristel-i-helikopter-i-sluzbeni-vozila/#respond Fri, 02 Apr 2021 19:46:59 +0000 https://kurir.mk/?p=491552

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека ги слушнал критиките од граѓани за денешното летање со хеликоптер до Прилеп, но вели дека леталото секако морало да лета за да ги исполните часовите, а и било поевтино отколку да патува со автомобил при што треба да го следат и уште два други автомобили. -Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите, рече Заев. Оваа негова изјава е класичен обид за манипулација на граѓаните откако тие денес бурно реагираа што Заев и министри од Владата шетаа со хеликоптер во истиот ден кога коронавирусот зеде 50 жртви од Македонија. Според математиките на Заев, поевтино било да оди со хеликоптер до Прилеп бидејќи ако оделе со службени возила ќе потрошеле повеќе. Иако оваа изјава е безмалку смешна, дури и да веруваме дека е така, Заев не призна пред јавноста дека направил всушност двоен трошок. Имено, како што дознава КУРИР, денес до Прилеп од Скопје, за премиерот и министрите, стигна хеликоптерот, но и неколку службени возила. Како ваквото однесување да не беше доволен срам, Заев уште се обиде и да излаже дека “заштедил“ што службените возила за функционерите и нивните придружби со обезбедување не биле таму. Вистината е дека беа. Од Владата, пак, велат дека со хеликоптер морале да заминат поради набиена агенда. „Причината за користење на ова превозно средство е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето, со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски. Денешните летови се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата“, велат од Владата. Сумирано, од Скопје кон Прилеп денес тргнале, возеле и направиле трошок неколку службени возила плус хеликоптерот. Од хеликоптер до официјалниот настан функционерите пристигнале со автомобили. Потоа, со истите службени автомобили од Прилеп заминале за Битола, па за од таму до Скопје да се вратат Заев, Филипче и Бочварски повторно со хеликоптер. Математиката говори дека огромна сума на пари е потрошена за да си ја направат оваа екскурзија. Секако, овој трошок е исплатен од џебот на граѓаните. Па кога веќе покажаа јавна негрижа и дрскост, барем нека не ја лажат јавноста!  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veli-deka-zashtedil-a-napravil-dvoen-troshok-drski-lagi-na-zaev-denes-koristel-i-helikopter-i-sluzbeni-vozila/feed/ 0
ФОТО: Функционерите на Спасовски не се откажуваат од злоупотребите со службените возила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-funkcionerite-na-spasovski-ne-se-otkazuvaat-od-zloupotrebite-so-sluzbenite-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-funkcionerite-na-spasovski-ne-se-otkazuvaat-od-zloupotrebite-so-sluzbenite-vozila/#respond Sat, 11 Jan 2020 13:51:13 +0000 https://kurir.mk/?p=288306

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вчера испратил телеграма со која побарал до 20 часот да се вратат 30-ина службени возила кои ги користеле функционерите на поранешниот министер, Оливер Спасовски. Всушност возилата што тој бара да бидат раздолжени се користеле несоодветно, односно станува збор за злоупотреба. А, од возилата за кој е утврдено несоодветно користење, досега само едно е вратено, а останатите сеуште се користат надвор од процедурите на МВР. Нспроти наредбата на Чулев, службени возила од кабинетот на Спасовски, утрово се забележани паркирани на ПИН Петрол Куманово. Дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска, вчера изјави дека е можно со оваа наредба на Чулев, техничкиот министер да направил некој превид, но, очигледно е дека станува збор за ставање крај на злоупотребите со службени возила, кои против правилата, задолжените функционери ги користат и за приватни потреби. Според информации до кои дојде „Нетпрес“, една од блиските соработнички на Оливер Спасовски и гласен активист на СДСМ, Сунчица Алексовска, и покрај наредбата од министерот, вчера со службениот автомобил си отишла дома. Уште еден пример за беззаконието при користењето на службените возила, за којшто како поткрепа јавноста може да види и фотографија, е „присвојувањето“ на службеното возло од советникот во кабинетот на Спасовски, Љубиша Ристовски, и неговиот син којшто е вработен како полицаец. Тие службеното возило, нерационално и без проблем го користат за свои потреби на релација Куманово-Скопје-Куманово. Чулев со став дека водењето сметка за инвентарот и опремата на Министерството за внатрешни работи не е ,спорна одлука’. „За волја на вистината, од десетици возила за кои е утврдено несоодветно користење, само едно е вратено, а останатите сè уште се користат надвор од правилата и процедурите на МВР“, посочи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-funkcionerite-na-spasovski-ne-se-otkazuvaat-od-zloupotrebite-so-sluzbenite-vozila/feed/ 0
Косовската Влада забрани користење на службени возила за приватни цели https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-zabrani-koristenje-na-sluzbeni-vozila-za-privatni-celi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-zabrani-koristenje-na-sluzbeni-vozila-za-privatni-celi/#respond Thu, 02 May 2019 11:47:44 +0000 https://kurir.mk/?p=193279

Владата на Косово на денешната седница донесе одлука со која службените возила можат да се користат единствено за вршење службени задачи, јави дописникот на МИА од Приштина. Премиерот Рамуш Харадинај изјави дека на полицијата на Косово ѝ е наложено да ги контролираат возачите на службените возила и да им бараат службено овластување за користење на возилото. На денешната седница на Владата, како што е објавено, е формирана и работна група за сорботка со Германија за визна либерализација за Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-zabrani-koristenje-na-sluzbeni-vozila-za-privatni-celi/feed/ 0
Владата ќе потроши 35.000 евра за рентање на лимузина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-kje-potroshi-35-000-evra-za-rentanje-na-limuzina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-kje-potroshi-35-000-evra-za-rentanje-na-limuzina/#respond Mon, 27 Aug 2018 18:56:55 +0000 https://kurir.mk/?p=92864

На официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој како договорен орган стои Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија  и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на патничко моторно возило (лимузина седан) - оперативен лизинг. Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија планира да потроши 2.1 милиони денари или околу 35 илјади евра, за изнајмување на возилото во период од три години. Што е оперативен лизинг ? Закупот е договор во кој Закуподавачот му дава возило на употреба на Закупецот, а Закупецот се обврзува дека за тоа ќе плаќа одреден надоместок (закупнина). Со договорот не се предвидува откуп и основната замисла е користење на предметот на закуп, а не сопственост над истото. Оперативниот лизинг дава можност  Закупецот да го врати возилото по истек на договорот или да склучи нов договор за ново и помодерно возило.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-kje-potroshi-35-000-evra-za-rentanje-na-limuzina/feed/ 0
Дали соработниците на Богдановиќ ги користат службените возила за приватни потреби? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-sorabotnicite-na-bogdanovikj-gi-koristat-sluzbenite-vozila-za-privatni-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-sorabotnicite-na-bogdanovikj-gi-koristat-sluzbenite-vozila-za-privatni-potrebi/#respond Mon, 20 Aug 2018 09:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=89853

Продолжува злоупотребата на службени возила од страна на СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ Центар. -По турите на МВР-Турс до Солун и Охрид има индиции за злоупотреби на службените возила во општина Центар. Постои сомнеж дека блиски соработници на градоначалникот Саша Богдановиќ масовно ги користат службените возила на општината. Дали возачот на Богдановиќ, Окрај Кадриевски користи службено возило за свои приватни потреби. Сомнеж предизвикува што  едно од возилата што го користи Кадриевски не било на паркингот на општината во време кога тој заминува на годишен одмор. Дали  возилата Форд Фокус и Цитроен Ц4 се користат за лични потреби од страна на секретарката на Богдановиќ, од неговиот шеф на кабинет со кој е во кумски односи Ѓорѓе Димитријевиќ и секретарот на општината Маја Ралевска, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Центар. Јавноста и центарци, велат од партијата,  заслужуваат одговори од градоначалникот Саша Богдановиќ. -Ако ова е вистина на овој начин се уништува имотот во сопственост на општината, додека ваквото однесување од страна на најблиските соработници на Богдановиќ е недозволиво. Под итно бараме оваа практика да престане, а одговорните најстрого да се санкционираат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ Центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-sorabotnicite-na-bogdanovikj-gi-koristat-sluzbenite-vozila-za-privatni-potrebi/feed/ 0
Не запира набавката на службени возила, потрошени над 3 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-zapira-nabavkata-na-sluzbeni-vozila-potrosheni-nad-3-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-zapira-nabavkata-na-sluzbeni-vozila-potrosheni-nad-3-milioni-evra/#respond Wed, 25 Jul 2018 10:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=80869

Последна во низата на јавни набавки на службени возила е набавката на Агенцијата за стокови резерви која бара да купи автомобил од 27 илјади евра. Имено Агенцијата по втор пат за една година распишува оглас за набавка на службено возило. Вакви слични, но и поголеми набавки изминатата една година се спроведени или се во фаза на спроведување во голем број други државни институции. Имено Собранието побарува 4 моторни возила за околу 36 илјади евра, a веќе набавија возила и во Mинистерствата за внатрешни работи и одбрана. Имено и во двете министерства тендерот го доби фирмата Делукс ауто од Kуманово, која е партиски донатор на СДСМ. МВР преку оваа фирма набави 45 возила вредни 1 милион евра, а МО набави 11 возила за 135 илјади евра. Во тек е јавна набавка на Службата за општи и заеднички работи во која ќе се потрошат над 1,7 милиони евра пари на граѓаните за да си купи 45 нови возила, од најлуксузната верзија на германската марка „Фолксваген Пасат“. Примерот на централната власт го следат и градоначалниците. Џип од моделот „Фолксваген Тигуан“ бил набавен од раководството на Општина Дебар, вреден 50.000 евра и истиот ќе биде отплаќан следните пет години, а општина Пласница набавува ново возило за 15 илјади евра. Собрани заедно овие набавки вредат над 3 милиони евра, само по основ нови луксузни возила. Ова е целосно спротивно на ветувањата на Заев давани пред парламентарните, но и локалните избори кога пред граѓаните зборуваше за кратење на непродуктивните трошоци. Јавните тендери се важен канал за распределба на собраните пари од граѓаните преку буџетот. Оваа распределба треба да биде ефикасна – максимално да ги штити интересите на даночните обврзници, но и правична – насочена кон што поголем број на субјекти, се вели во програмата на СДСМ за изборите во 2016 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-zapira-nabavkata-na-sluzbeni-vozila-potrosheni-nad-3-milioni-evra/feed/ 0