службено возило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Oct 2021 07:41:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png службено возило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демант од Влада: Заев не користел службено возило во партиска кампања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-vlada-zaev-ne-koristel-sluzbeno-vozilo-vo-partiska-kampanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-vlada-zaev-ne-koristel-sluzbeno-vozilo-vo-partiska-kampanja/#respond Thu, 21 Oct 2021 07:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=582914

Објавата на вашиот портал е дезинформација бидејќи службеното возило на премиерот Зоран Заев, како и на сите досегашни изборни циклуси, така и на овој изборен циклус, никогаш, во ниту еден случај не се користело, не се користи и нема да се користи за партиски ниту за кампањски цели. Ова е наведено во демантот кој од Владата го испратија до нашата редакција. -Државните ресурси се исклучиво во функција на граѓаните, а не на партијата. Тоа е јасно законско правило кое никогаш не се прекршило и нема да се прекрши, велат од Владата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-vlada-zaev-ne-koristel-sluzbeno-vozilo-vo-partiska-kampanja/feed/ 0
Плаќај народе: Заев со владин автомобил на партиски состанок во Бутел (Фото) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plakjaj-narode-zaev-so-vladin-avtomobil-na-partiski-sostanok-vo-butel-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plakjaj-narode-zaev-so-vladin-avtomobil-na-partiski-sostanok-vo-butel-foto/#respond Wed, 20 Oct 2021 19:28:01 +0000 https://kurir.mk/?p=582797

Премиерот Зоран Заев, прави злоупотреба на функцијата за изборни и партиски цели. Тој со службен владин автомобил се појави на партиски состанок во Бутел, возило чии трошоци ги плаќаат македонските граѓани од својот џеб. Заев во Бутел се појави како лидер на СДСМ, а не како премиер. За таа намена, требало да си дојде со лично или партиско возило, а не со службеното од Влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plakjaj-narode-zaev-so-vladin-avtomobil-na-partiski-sostanok-vo-butel-foto/feed/ 0
Кавадарчанец се затрул од јаглеродендиоксид во службено возило https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kavadarchanec-se-zatrul-od-jaglerodendioksid-vo-sluzbeno-vozilo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kavadarchanec-se-zatrul-od-jaglerodendioksid-vo-sluzbeno-vozilo/#respond Thu, 30 Jul 2020 09:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=383618

Педесет и седумгодишниот Т.З. вработен во фирма во Кавадарци, вчера околу 13.00 часот управувајќи службено возило „фолксваген кеди“, се затрул со гас испуштен од боците што ги превезувал, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Во болницата во Кавадарци му е укажана медицинска помош. Увид извршила екипа од OВР Kaвaдaрци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kavadarchanec-se-zatrul-od-jaglerodendioksid-vo-sluzbeno-vozilo/feed/ 0
Претседателот на синдикатот на ЕЛЕМ со службено возило во поставување на партиски банери?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-sindikatot-na-elem-so-sluzbeno-vozilo-vo-pstavuvanje-na-partiski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-sindikatot-na-elem-so-sluzbeno-vozilo-vo-pstavuvanje-na-partiski/#respond Wed, 01 Jul 2020 12:00:16 +0000 https://kurir.mk/?p=366651

Претседателот на синдикатот на ЕЛЕМ, Јове Смилевски фотографиран е додека настан во центарот на Новаци додека се поставувал банер од лидерот на СДСМ. Имено, според очевидци на настанот Смилевски на се појавил со службен автомобил, што се коси со изборниот законик и претставува злоупотреба на службената положба. Инаку, додека додека СДСМ беше опозиција, бурно реагираше на вакви и слични случувања, а откако дојдоа на власт и за време на неколкуте изборни циклуси јавноста беше сведок на многу вакви злоупотреби ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-sindikatot-na-elem-so-sluzbeno-vozilo-vo-pstavuvanje-na-partiski/feed/ 0
Кавески говори за принципи на СДСМ, а Адеми фатен како користи службено возило за партиски цели https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaveski-govori-za-principi-na-sdsm-a-ademi-faten-kako-koristi-sluzbeno-vozilo-za-partiski-celi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaveski-govori-za-principi-na-sdsm-a-ademi-faten-kako-koristi-sluzbeno-vozilo-za-partiski-celi/#respond Thu, 13 Feb 2020 18:20:56 +0000 https://kurir.mk/?p=303629

Во „Само Вистина“ Дарко Каевски уште еднаш ја покажа лицемерноста на СДСМ. Тој говореше како СДСМ е принципиелна партија и нивните функционери не ги користат службените автомобили за партиски цели. Но сепак пред неколку дена по медиуми имаше слика како Едмонд Адеми на партиската дебата на СДСМ замина со службено возило во сопственост на Владата, во сопственост на нас граѓаните. -Министерката да се откаже од нејзината плата, од нејзиниот шофер, од возилото патем кое иде на партиски состаноци. И го користи за партиски цели. Кај што дури и ДКСК јавно излезе и укажа дека не треба да се користат владините ресурси за партиски цели. Ние како СДСМ ги почитуваме сите тие принципи, а од друга страна имаме министерка која што буквално го крши и буквално во најмала мера ги злоупотребува, нагласи Каевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaveski-govori-za-principi-na-sdsm-a-ademi-faten-kako-koristi-sluzbeno-vozilo-za-partiski-celi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски треба да одговара зошто дозволил лице кое е привремено вработено да уништи службено возило надвор од работното време https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nikolovski-treba-da-odgovara-zoshto-dozvolil-lice-koe-e-privremeno-vraboteno-da-unishti-sluzbeno-vozilo-nadvor-od-rabotnoto-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nikolovski-treba-da-odgovara-zoshto-dozvolil-lice-koe-e-privremeno-vraboteno-da-unishti-sluzbeno-vozilo-nadvor-od-rabotnoto-vreme/#respond Fri, 17 Aug 2018 06:53:48 +0000 https://kurir.mk/?p=88775

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека продолжува низата од скандали на злоупотреба на службени возила од страна на оваа криминална власт. -После скандалот со злоупотребата на службеното возило на министерство за внатрешни работи од страна на ќерката на Директорот на БЈБ, Лазе Велковски за патување на одмор во Грција, и после користењето за приватни цели во Охрид на службеното возило од страна на шефот на единицата Алфи, Примислав Димовски, вчера македонската јавност беше сведок и на уште една злоупотреба на службени возила.          Имено се работи за возило на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство кое минатиот месец, поточно на 9.07.2018 управувано од лицето Н.Б. од Виница направило сообраќајна незгода и целосно го уништил возилото, велат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека министерот Николовски треба да и одговори на јавноста на неколку прашања. -Дали лицето Н.Б. имало патен налог и дали истото смеело да управува со службено возило од министерството? Како се случило лице со договор на дело да има службено возило кое го уништил? Кој дозволил ова лице да управува службено возило? Со каква цел и каде било испратено ова лице и дали сообраќајната незгода се случила надвор од работно време? Дали и кој ќе ја покрие штетата направена од оваа сообраќајна незгода, штета која што може да се забележи од фотографиите е голема, бидејќи возилото е целосно уништено? Зошто министерството и МВР молчеле цел еден месец? Збеснатоста на владата ја плаќаат граѓаните. Министерот Николовски веднаш да понесе одговорност за овој случај. Ова криминално лудило на оваа власт мора да престане, нагласуваат од опозицијата. Според ВМРО-ДПМНЕ овој скандал како и сите претходни за злоупотреба на службени возила на штета на граѓаните не смеат да помина неказнето. Сите прекршувања на законот, сите злоуптреби на власта ќе одговараат и понесат одговорност. Оваа криминална влада мора да замине.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nikolovski-treba-da-odgovara-zoshto-dozvolil-lice-koe-e-privremeno-vraboteno-da-unishti-sluzbeno-vozilo-nadvor-od-rabotnoto-vreme/feed/ 0
Не само што летуваат, туку и кршат- советник на министерот за земјоделство го упропастил службениот автомобил (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-samo-shto-letuvaat-tuku-i-krshat-sovetnik-na-ministerot-za-zemjodelstvo-go-upropastil-sluzbeniot-avtomobil-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-samo-shto-letuvaat-tuku-i-krshat-sovetnik-na-ministerot-za-zemjodelstvo-go-upropastil-sluzbeniot-avtomobil-foto/#respond Thu, 16 Aug 2018 13:18:35 +0000 https://kurir.mk/?p=88627

По турите до Солун и Охрид на МВР, сега функционерите на власта почнаа и да ги кршат службените возила, кои им се доверени за извршување на службени, но не и за приватни потреби. Лицето Н.Б. (26) од Виница кој е ангажиран со договор во кабинетот на министерот за земјоделство, на 09.07.2018 година на регионалниот пат Виница- Берово, надвор од работно време направил сообраќајна незгода и го оштетил возилото на министерството. Од фотографијата која што пристигна до нашата редакција се гледа дека возилото е видно оштетено и дека е причинета значителна материјална штета. По што се поставува прашањето- дали и кој ја покрил штетата. Клучно во оваа ситуација е дали оваа случка е евидентирана во МВР и дали излегле од полицијата на терен. со што би се утврдил виновникот, а со цел надомест на настаната штета. Дополнително од целата ситуација произлегува и дилемата кој го испратил надвор од работно време и за која цел службеникот, дали имал патен налог и кој му го потпишал истиот? Доколку немал патен налог, кој му дозволил да го управува возилото. Ова е трет скандал со службено возило- претходните два беа откако сега поранешниот директор на БЈБ,  Лазе Велковскси ја испрати ќерката на одмор во Грција со службеното возило и случајот со Примислав Димовски, командант на единицата „Алфа“ кој како што објавија медиумите надвор од работно време и за приватни потреби со службеното возило патувал за Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-samo-shto-letuvaat-tuku-i-krshat-sovetnik-na-ministerot-za-zemjodelstvo-go-upropastil-sluzbeniot-avtomobil-foto/feed/ 0
МВР тврди: Користењето на службеното возило од страна на Димовски е заради службени задачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-tvrdi-koristenjeto-na-sluzbenoto-vozilo-od-strana-na-dimovski-e-zaradi-sluzbeni-zadachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-tvrdi-koristenjeto-na-sluzbenoto-vozilo-od-strana-na-dimovski-e-zaradi-sluzbeni-zadachi/#respond Tue, 14 Aug 2018 11:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=87759

Министерството за внатрешни работи преку соопштение се огласи во врска со објавата на „Независен“ дека првиот човек на единицата „Алфи“ со службено возило заминал на викенд во Охрид. -Во врска со информациите кои излегоа во некои медиуми за наводо прекршување на Наредбата за користење на службени возила во МВР, Ве информираме  дека Примислав Димовски –началник  на Единицата за прв одговор и интервенција - АЛФА согласно Наредбата,  а во врска со Правилникот за распределба , користење ,одржување и обновување на возилата на Министерството за внатрешни работи има право на 24 часовно користење на службеното возило. МВР е запознаено со движењето и користењето на возилото во дадениов случај  од страна на началникот и Ве информираме дека истото е направено заради извршување на службени задачи, се вели во соопштението на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-tvrdi-koristenjeto-na-sluzbenoto-vozilo-od-strana-na-dimovski-e-zaradi-sluzbeni-zadachi/feed/ 0
Спасовски ќе поднесе предлог за разрешување на Лазо Велковски, процедурата за патувањето не била целосна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-kje-podnese-predlog-za-razreshuvanje-na-lazo-velkovski-procedurata-za-patuvanjeto-ne-bila-celosna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-kje-podnese-predlog-za-razreshuvanje-na-lazo-velkovski-procedurata-za-patuvanjeto-ne-bila-celosna/#respond Tue, 07 Aug 2018 14:19:51 +0000 https://kurir.mk/?p=85489

Министерството за внатрешни работи соопштува дека министерот ќе поднесе предлог до Владата за разрешување на Директорот на БЈБ. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението од МВР. -Во врска со случајот со користењето на службеното возило „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ кое на ден 2 август 2018 година, управувано од полициски службеник, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти патувало на територија на Република Грција, а по спроведената истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди е констатирано дека возилото било пратено со налог потпишан од директорот на јавна безбедност. Во својот исказ, директорот Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство, а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама. Заради што тој одлучил да го ангажира членот на своето обезбедување. Во овој случај целосно не била спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување. Заради ова, министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски до Владата на Република Македонија ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, стои во соопштението на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-kje-podnese-predlog-za-razreshuvanje-na-lazo-velkovski-procedurata-za-patuvanjeto-ne-bila-celosna/feed/ 0
Јавноста се потсмева со смешните обиди на МВР да ја оправда злоупотребата на службените возила (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-se-potsmeva-so-smeshnite-obidi-na-mvr-da-ja-opravda-zloupotrebata-na-sluzbenite-vozila-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-se-potsmeva-so-smeshnite-obidi-na-mvr-da-ja-opravda-zloupotrebata-na-sluzbenite-vozila-foto/#respond Mon, 06 Aug 2018 12:24:21 +0000 https://kurir.mk/?p=85035

Социјалните мрежи вријат по обидот на МВР да се оправда постапката на директорот при Дирекцијата за јавна безбедност, Лазе Велковски. Поточно, обидот да се побијат доказите дека неговата ќерка заминала во Грција со неговото службено возило.

И тоа без исклучок исмејувањето доаѓа од  сите од страни, пред се од луѓето на СДСМ, блиски до нив, новинари, како и од опозиционери.

Адвокатот Александар Тортевски иронично прашува: „За тоа ли се боревме? Децата со службен Ренџ Ровер да не можеме до камп во Грција да си ги пратиме?“.

                                          Актерката Ирена Ристиќ, која беше во првите редови на Шарената револуција, се исмева со оправдувањето од МВР. „Прочитав божемско соопштение/демант - демек службено лице имало нешто работа со службено возило на службена грчка плажа, нешто таму службено да се пробања и да си напуни службени кеси у Лидл и си викам моите родители (лесна им земја) како би постапиле, да беа на позиции и ако јас ги напнев на темата...“, пишува на својот Фејсбук профил Ристиќ. Во друг нејзин статус, таа пишува: Е, па, директоре! На враќање, нека ме собере ќерка ви од плажа! До Скопје, машала, има време, ќе и објаснам некои работи!
Стоко непрокопсана, неизживеана, сиромава! Оставка и одговорност! Одма! Реков, одма!
И Бранка Кус Иванова која беше дел од протестите се прашува: „Шарената револуција за оваа ли беше? Ем по никакви заслуги си седнаа во фотелји, па уште и децата ќе ги возат џиповите службени! Срамота! Како бре не осеќа дека има морална одговорност да си даде оставка. Министерот требаше да реагира и џипот да си биде паркиран во возниот парк!!!!, пишува Кус Иванова. Зоран Ивановски кој беше кандидат од СДСМ од дијаспората, се исмева со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „Оли има рент а кар Ренџ Ровер во Охрид или само Шкодите се за домашна употреба?“, пишува на својот Фејсбук профил Ивановски. Новинарот Жарко Јордановски од дневниот весник „Слободен печат“ бара оставка и одговори од МВР. „И сега, ако е точно ова, што е проблем типов да биде разрешен? Да му биде покрената кривична пријава за злоупотреба на службата, да си одговора и ако треба да си одлежи некоја година? Заев ќе остане без кадар? Или Оливер? Па тоа е поентата, секоја влада е ќар кога ќе „остане“ без ваков кадар. Ајде МВР, истражете веќе еднаш, јавноста чека одговори“, пишува Јорданоски.

И новинарот Горан Момироски се исмева со случајот.

„Џипот бил прототип на беспилотно возило направено од МВР и Елон Муск ама автопилотот испил три ракии во Мрзејнци и случајно качил 4 стоперки по што продолжил на Халкидики. И после само се вратило назад. Се е по закон. Стоперките не биле роднини на автопилотот“, пишува Момироски.

Аналитичарот Александар Пандов бара одговорност од МВР. „Ако се земе во предвид дека цела униформирана полиција е под директна команда на директорот на БЈБ, а истиот го избира владата, не треба да објаснувам дека по големина и моќ, таа фунција е втора по министерската. Од таа позиција да си дозволиш да даваш возило во сопственост на МВР, на ќерка ти за таа да си шетка по грчки плажи не е пропуст, до ментален склоп е! Само тежок хохштаплер би се вадел и правел будала и себе и народот, за да после ова не поднесе оставка. За зајко, враќањето на џипот во Македонија ќе биде доволно, исто како за “иноваторите”. Не знам што си мислат Заев и Шеќеринска, ама знам дека серијава на гафови во која се влезени, многу лошо ќе им се одрази на излезност на референдум“, пишува Пандов на својот Фејсбук профил.

Инаку МВР демантира дека нивни џип бил користен за одмор во Грција. Оттаму известија дека Одделот за внатрешна контрола и професинални стандарди веднаш добил наредба да изврши проверки и да достави извештај.

-По извршените проверки, констатирано е дека на ден 2 август 2018 година, возилото „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ е управувано од полициски службеник вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти кој возилото го управувал со соодветен службен налог. Возилото во 13.35 часот го преминало граничниот премин Богородица и патувало на територија на Република Грција. Возилото е вратено во Република Македонија истиот ден, 2 август 2018 година. Не е точно дека возилото го управувало неовластено лице, ниту пак дека било управувано од член на семејството на директорот на Биротото за јавна безбедност – велат од Министерството.

Од МВР велат дека ќе бидат направени и дополнителни проверки и по утврдување на сите факти, доколку се утврдат неправилности, ќе бидат преземени соодветни мерки.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-se-potsmeva-so-smeshnite-obidi-na-mvr-da-ja-opravda-zloupotrebata-na-sluzbenite-vozila-foto/feed/ 0