Службена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 May 2023 11:36:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Службена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Службената Влада на Грција положи свечена заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sluzhbenata-vlada-na-grtsija-polozhi-svechena-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sluzhbenata-vlada-na-grtsija-polozhi-svechena-zakletva/#respond Fri, 26 May 2023 11:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=839044

Свечена заклетва пред претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и во присуство на претставник од грчката црква, положи новата службена и привремена Влада на Грција, која има едномесечен мандат до изборите на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина. Новиот владин состав има 20 членови, сите се со функција министри, а од нив само шест се жени. По свечената заклетва во Претседателската палата во Атина, премиерот Јоанис Сармас, закажа и прва владина седница. Веденаш потоа ќе следи и примо – предавање на функциите во Министерствата. Почесниот амбасадор Василис Каскарелис, кој е поранешен постојан претставник на Грција во ОН, во НАТО, како и во ЕУ, но и поранешен амбасадор во САД е новиот министер за надворешни работи на Грција. а попладнево и официјално ќе ја преземе функцијата од Никос Дендиас. Поранешниот заменик -министер за одбрана Алкивиадис Стефанис се враќа во истото Министерството, но овој пат како министер за одбрана, а во Министерството за финансии доаѓа заменик- гувернерот на Банката на Грција Теодорос Пелагидис, Новинарот од државната телевизија ЕРТ Илиас Сиакандарис е новиот владин портпарол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sluzhbenata-vlada-na-grtsija-polozhi-svechena-zakletva/feed/ 0