смајли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Sep 2022 09:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png смајли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Виртуелното „смајли“ наполни 40 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/virtuelnoto-smajli-napolni-40-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/virtuelnoto-smajli-napolni-40-godini/#respond Thu, 22 Sep 2022 09:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=736138

Во виртуелната, пишана комуникација, каде што изразот на лицето и говорот на телото не се важни, смешковците и другите емотикони се битни скоро исто колку и интерпункцијата. Но, како настанала првата комбинација „ 🙂 “? Сè почнало на американскиот Универзитет на Питсбург пред 40 години. Замислата за првиот „Смешко“ (Smiley) била на американскиот компјутерџија Скот Е. Фалман, кој се надевал дека по воведувањето во 1982 година, тоа ќе ги спречи недоразбирањата и лошите чувства со дигиталната комуникација што се случувале околу електронската огласна табла во едно училиште. – Тогаш, тој систем најмногу го користеа „чудаците“ склони кон сарказам, изјави Фалман за германскиот весник „Франкфуртер рундшау“ (Frankfurter Rundschau). Современите емотикони, пак, ги покриваат сите гледишта на животот, од лични изрази, чувства, гестови со раце, разни предмети, настани, појави, до временските услови… – Тие нагласуваат како да се разбере изјавата. Во комуникацијата лице в лице, изразите на лицето, гестовите и тонот на говорникот се важни за разбирање на она што тој сака да го нагласи, на пр. иронијата. Но, во пишаната комуникација на многу луѓе им е тешко да го разберат сарказамот и сериозно одговараат, па следат вистински војни со зборови, вели лингвистката Ерика Линц од Универзитетот во Бон, Германија, која го истражува јазикот, говорот и комуникациите во дигиталните медиуми. Сликата со „подигнат палец“, на пр. е брза порака дека соговорникот се согласува. Од друга страна, отсуството на емотикони во пораката има значење и често се користи за намерно посериозен тон. – Денес, емотиконите не се користат само за да покажат како треба да се разбере изјавата, туку сѐ повеќе ги заменуваат и интерпункциските знаци. Така, кога наместо точка на крајот од реченицата има „смешко“, нејзиното значење станува експресивно, додаде Линц. Уште повеќе, таа верува дека на долг рок, емотиконите сѐ повеќе ќе се користат и во формалната комуникација. Сепак, ова никогаш целосно нема да ја отстрани можноста од недоразбирање, велат истражувачите, бидејќи и значењето на некој емотикон понекогаш може да биде двосмислено, а луѓето имаат тенденција да ги користат во различни контексти со различни значења. Така, можеби едноставноста на замислата и помогна да се развие како што и се разви, се чини од оваа гледна точка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/virtuelnoto-smajli-napolni-40-godini/feed/ 0
ВИДЕО: Насмеана шума, огромно „смајли“ се појавува секоја есен https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-nasmeana-shuma-ogromno-smajli-se-pojavuva-sekoja-esen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-nasmeana-shuma-ogromno-smajli-se-pojavuva-sekoja-esen/#respond Thu, 27 Jan 2022 10:19:01 +0000 https://kurir.mk/?p=623483

Пред десетина години во американската драва Орегон посадени се неколку стебла ариш во шумата со елки и борови наречена Даглас. Сега секоја есен се појавува огромно „смајли“ формирано од дрвата. -„Смајлито“ е речиси невидливо во пролет и лето, но одлично се гледа во есен, пренесуваат локалните медиуми. Земјишето на кое се засадени дрвата е на една команија од каде истакнале дека до идејата во 2011 година дошле косопственикот и менаџерот. Истата година двајцара организирале садење на стеблата. Пречникот на „смајлито“ е 90 метри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-nasmeana-shuma-ogromno-smajli-se-pojavuva-sekoja-esen/feed/ 0
ГО КОРИСТИТЕ ЛИ И ВИЕ: Ова е најкористеното смајли оваа година https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/go-koristite-li-i-vie-ova-e-najkoristenoto-smajli-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/go-koristite-li-i-vie-ova-e-najkoristenoto-smajli-ovaa-godina/#respond Sat, 11 Dec 2021 15:32:35 +0000 https://kurir.mk/?p=607086

Според Њујорк Тајмс, пандемијата влијаела на сите аспекти на животот, од модата до храната, но една работа останала иста – емотиконите што ги испраќаме. Смајлито со две солзи и широка насмевка е најкористениот емотикон оваа година. Според конзорциумот Уникод, се повторуваат девет од десет од оние од 2019 година, која беше последната година со објавената листа. Red Heart беше на второто место, додека број еден не ги изненади експертите. „Многу луѓе можат да се идентификуваат со тоа, дури и ако статистиката не изгледа сосема исто ако ја прашате генерацијата Z“, вели Александар Робертсон, истражувач во Google. Гледано од платформи, ситуацијата е нешто поинаква. На Твитер емотиконот со насмевка и со две солзи е на второто место, додека на прво место е емотиконот што плачење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/go-koristite-li-i-vie-ova-e-najkoristenoto-smajli-ovaa-godina/feed/ 0
Корисниците на интернет едвај ги дочекаа: Погледнете ги новите 230 емотикони (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/korisnicite-na-internet-edvaj-gi-dochekaa-poglednete-gi-novite-230-emotikoni-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/korisnicite-na-internet-edvaj-gi-dochekaa-poglednete-gi-novite-230-emotikoni-video/#respond Sat, 09 Feb 2019 12:07:11 +0000 https://kurir.mk/?p=161976

„Јуникод консорциум“ претстави 230 нови емотикони за оваа година, од кои 175 претставуваат луѓе и делови од човечкото тело. Отсега бојата на кожата и полот на двојките ќе може да се комбинираат произволно со повеќе од 70 варијанти. Одборот кој одлучува се состои од големи технолошки компании, како „Епл“ и „Гугл“. Но, секоја компанија на свој начин ги претставува емотиконите, со мали отстапки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/korisnicite-na-internet-edvaj-gi-dochekaa-poglednete-gi-novite-230-emotikoni-video/feed/ 0