смена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Feb 2023 21:40:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png смена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Киев: Украинскиот министер за одбрана нема да биде сменет оваа недела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-ukrainskiot-minister-za-odbrana-nema-da-bide-smenet-ovaa-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-ukrainskiot-minister-za-odbrana-nema-da-bide-smenet-ovaa-nedela/#respond Mon, 06 Feb 2023 21:40:09 +0000 https://kurir.mk/?p=797021

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников нема да биде сменет оваа недела и покрај големите шпекулации што сугерираат поинаку, изјави во понеделникот лидерот на парламентарната група на претседателот Володимир Зеленски. - Нема да има кадровски промени во одбранбениот сектор оваа недела, напиша на Телеграм Дејвид Арахамиа, лидер на партијата „Слуга на народот“, јави ДПА. Резников, кој беше министер за одбрана од ноември 2021 година, неодамна беше вмешан во корупциски скандал во кој неговото министерство беше обвинето за продавање прескапа храна на армијата. Арахамиа не објасни зошто 56-годишниот Резников засега останува на функцијата. Сепак, се шпекулира дека претседателската партија стравувала дека нема да обезбеди доволно гласови за планираното назначување на Резников за стратешки министер за индустрија. Друг проблем е со планираната замена на Резников, пишуваат медиумите. Генерал-мајор Кирило Буданов најверојатно ќе го наследи Резников, но тој ќе биде принуден да поднесе оставка од армијата за да ја преземе главната воена функција. Согласно украинскиот закон, само цивили можат да ја извршуваат функцијата министер за одбрана. Буданов моментално ја предводи воената разузнавачка служба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-ukrainskiot-minister-za-odbrana-nema-da-bide-smenet-ovaa-nedela/feed/ 0
Прекината седницата на црногорскиот Парламент, на која требаше да се гласа за смена на Ѓуровиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prekinata-sednicata-na-crnogorskiot-parlament-na-koja-trebashe-da-se-glasa-za-smena-na-gjurovikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prekinata-sednicata-na-crnogorskiot-parlament-na-koja-trebashe-da-se-glasa-za-smena-na-gjurovikj/#respond Fri, 02 Sep 2022 19:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=728045

Пратениците во црногорскиот Парламент денеска нема да гласаат за смена на претседателката на Собранието, Даниjела Ѓуровиќ откако парламентарното мнозинство од трите коалиции предводени од Демократскиот фронт, Демократите и Граѓанското движење УРА денеска потпишаа политички договор со кој се обврзаа да формираат нова влада на Црна Гора во следните 15 дена. Денешниот состанок на мнозинството составено од коалицијата на прорускиот Демократски фронт, партијата Демократска Црна Гора на Алекса Бечиќ и Граѓанското движење УРА на Дритан Абазовиќ се одржа откако парламентот на 19 август и изгласа недоверба на владата на Абазовиќ, што беше поддржана од Демократската партија на Социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Договорот за целите на обновената сојуз, што денеска беше потпишан го предложи Демократски фронт. Како цели се наведени: демонтирање на поранешниот режим на Демократската партија на социјалистите, борба против корупцијата и организираниот криминал на сите нивоа, спроведување реформи за вонредни парламентарни избори, економските реформи, пополнувањето позиции во судството, посветеноста на евроинтеграциите, почитување на сите меѓународни обврски и ставање мораториум на сите идентитетски прашања кои го делат општеството. Во потпишаниот документ, меѓу другото, се нагласува дека ниту една структура, која не го формира парламентарното мнозинство од изборите во 2020 година, не може да биде вклучена во меѓусебните договори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prekinata-sednicata-na-crnogorskiot-parlament-na-koja-trebashe-da-se-glasa-za-smena-na-gjurovikj/feed/ 0
Се повеќе членови на Конзервативната партија бараат смена на Борис Џонсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-povekje-chlenovi-na-konzervativnata-partija-baraat-smena-na-boris-dzonson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-povekje-chlenovi-na-konzervativnata-partija-baraat-smena-na-boris-dzonson/#respond Wed, 02 Feb 2022 19:56:13 +0000 https://kurir.mk/?p=626117

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се соочи со уште едно барање за гласање недоверба на Владата, бидејќи член на неговата Конзервативна партија и пратеник Ентони Мангнал, поднесе барање за негова смена. Веб страницата на Ај-Ти-Ви Њуз пренесува дека следните избори ќе се одржат во 2024 година, а за да се гласа недоверба на премиерот потребни се 54 барања. Во текстот на британската телевизиска мрежа се наведува дека се претпоставува оти биле поднесени околу 20 барања за смена на британскиот премиер, а на потписниците им било дозволено да бидат анонимни, па мнозинството одлучило нивното име да остане во тајност. Покрај Мангнал, пет други ториевци од Парламентот јавно побараа смена на Џонсон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-povekje-chlenovi-na-konzervativnata-partija-baraat-smena-na-boris-dzonson/feed/ 0
Партијата на Еди Рама почнува постапка за смена не претседателот Илир Мета https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-edi-rama-pochnuva-postapka-za-smena-ne-pretsedatelot-ilir-meta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-edi-rama-pochnuva-postapka-za-smena-ne-pretsedatelot-ilir-meta/#respond Wed, 28 Apr 2021 17:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=503413

Генералниот секретар и координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, најави дека по пребројувањето на гласовите од неделните избори, партијата ќе го започне процесот на разрешување на шефот на државата Илир Мета. Преку објава на Твитер, тој иронизира дека мнозинството ќе ги „подготви неговите пензиски документи, да пие ракија свирејќи на чифтелија (албански инструмент) со Сали Бериша“. На ова веднаш и со остар тон реагираше Мета порачувајќи дека е подготвен да го потпише Указот за одбрана на Републиката. – За најновата закана, која доаѓа преку претставникот на бандите во Елбасан и цела Албанија има само еден одговор: Претседателот е подготвен да го потпише Указот за заштита на Република. Албанија на Албанците. Смрт за предавниците, напиша тој. Претходно Дамијан Ѓикнури, висок функционер на Социјалистичката партија, која обезбеди 74 пратенички мандати, побара од Мета да го одржи „даденото ветување дека ќе поднесе оставка доколку Еди Рама обезеди 71 пратеник“. Претседателскиот портпарол Теди Блуши, објави дека Мета на 24 јули 2022 година се враќа во неговата матична партија, Движењето за социјалистичка интеграција, индиректно ставајќи до знаење дека останува претседател до крајот на мандатот. Потсетува дека Мета изјавил дека ќе поднесе оставка доколку Рама обезбеди 71 пратеник но на слободни избори и додава дека „сите знаат како Рама ги доби изборите – со сериозен изборен криминал“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-edi-rama-pochnuva-postapka-za-smena-ne-pretsedatelot-ilir-meta/feed/ 0
Мисајловски: Владата и Заев да одговорат дали тајната смена на членот на историската комисија не е притисок врз одлучувањето и увертира во ново попуштање на сметка на интересите на Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vladata-i-zaev-da-odgovorat-dali-tajnata-smena-na-chlenot-na-istoriskata-komisija-ne-e-pritisok-vrz-odluchuvanjeto-i-uvertira-vo-novo-popushtanje-na-smetka-na-interesite-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vladata-i-zaev-da-odgovorat-dali-tajnata-smena-na-chlenot-na-istoriskata-komisija-ne-e-pritisok-vrz-odluchuvanjeto-i-uvertira-vo-novo-popushtanje-na-smetka-na-interesite-na-makedonija/#respond Wed, 20 Jan 2021 11:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=457503

Зоран Заев далеку од очите на македонската јавност, смени член на историската комисија со Бугарија, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. Воедно, министер од владата на Бојко Борисов јавно соопшти дека во игра бил анекс на постојниот договор од 12 точки. До ден денешен, нема информации за демант на македонската влада и МНР за оваа негова изјава, што нам ни дава за право да заклучиме дека Заев преговара за анекс на договор во кој многу веројатно дека се вклучени елементи од нашиот идентитет, историја и јазик. Премиерот Зоран Заев должи одговори зошто е сменет членот на историската Комисија? И дали со тоа се прави директен притисок и врз останатите за прифаќање на историските невистини? Дали Заев сака од Комисијата наместо историски орган, да направи политички орган кој ќе одлучува по негова логика и онака како што тој ќе се испазари? Дали поради тоа што не може да ја убеди бугарската страна сега менува членови на Комисијата кои даваат отпор на историските невистини и менувањето на идентитет за кој Заев преговара? Дали ова е казна затоа што ја бранеле вистината? Владата и Заев да одговорат дали тајната смена на членот на историската комисија, не е притисок врз одлучувањето и увертира во ново попуштање на сметка на интересите на Македонија. Зошто се крие смената на членот на Комисијата. Историјата е јасна. Науката е јасна. Чепкање во македонскиот идентитет, јазик и историја не смее да има. Апелираме и до членовите на Комисијата да не се претвораат во маша на Заев. За тоа што ќе ги натера да се потпишат, тој дебело ќе се испазари. Историските комисии треба да преговараат необременети од политички притисоци, а идентитетските обележја не смеат да бидат на маса на преговори, порача Мисајловски од денешната прес-конференција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vladata-i-zaev-da-odgovorat-dali-tajnata-smena-na-chlenot-na-istoriskata-komisija-ne-e-pritisok-vrz-odluchuvanjeto-i-uvertira-vo-novo-popushtanje-na-smetka-na-interesite-na-makedonija/feed/ 0
Мицкоски: Дали Заев, со тоа што менува член на комисијата, врши директен притисок како тие во иднина да одлучуваат? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-dali-zaev-so-toa-shto-menuva-chlen-na-komisijata-vrshi-direkten-pritisok-kako-tie-vo-idnina-da-odluchuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-dali-zaev-so-toa-shto-menuva-chlen-na-komisijata-vrshi-direkten-pritisok-kako-tie-vo-idnina-da-odluchuvaat/#respond Mon, 18 Jan 2021 16:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=456881

Она што е загрижувачки е тоа што Заев по линијата на помал отпор и неговиот свиткан ‘рбет, наместо во позитива да ги смени околностите за Македонија, тој, дознаваме дека сменил член на историската комисија кој преговара со бугарската страна, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Оттука, нејасно е дали е тоа поради фактот што историската комисија одбива да ги прифати искривените и пред сѐ неточни тврдења на Заев, поврзани со историските факти кои се вграден дел од нашиот идентитет. Дали Заев, со тоа што менува член на комисијата, врши директен притисок како тие во иднина да одлучуваат? Ние како опозиција немаме детални информации за разговорите со Бугарија, а ќе споменам дека Заев одбиваше лидерска средба на оваа тема. Оттука, деталите ги добиваме од неофицијални канали и од медиумите, вели Мицкоски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-dali-zaev-so-toa-shto-menuva-chlen-na-komisijata-vrshi-direkten-pritisok-kako-tie-vo-idnina-da-odluchuvaat/feed/ 0
Aнкета: 57 отсто Американци сметаат дека Трамп треба веднаш да биде сменет од функцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-57-otsto-amerikanci-smetaat-deka-tramp-treba-vednash-da-bide-smenet-od-funkcijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-57-otsto-amerikanci-smetaat-deka-tramp-treba-vednash-da-bide-smenet-od-funkcijata/#respond Sat, 09 Jan 2021 07:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=453026

Педесет и седум отсто Американци сметаат дека претседателот Доналд Трамп треба да биде сменет веднаш, по протестите оваа недела, кои се претворија во насилство на Капитол. Анкетата на Ројтерс покажа и дека седум од 10 гласачи кои гласале за републиканскиот претседател го осудиле однесувањето на екстремните приврзаници на Трамп кои упаднаа во Конгресот, каде се разгледуваше потврдата за победата на демократот Џозеф Бајден на претседателските избори. Речиси 70 проценти од учесниците во анкетата изјавиле дека не се согласуваат со однесувањето на Трамп пред немирите во средата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-57-otsto-amerikanci-smetaat-deka-tramp-treba-vednash-da-bide-smenet-od-funkcijata/feed/ 0
Адвокатката на Трамп бара да се смени директорката на ЦИА https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatkata-na-tramp-bara-da-se-smeni-direktorkata-na-cia/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatkata-na-tramp-bara-da-se-smeni-direktorkata-na-cia/#respond Mon, 16 Nov 2020 14:55:08 +0000 https://kurir.mk/?p=430285

Сидни Пауел, законскиот застапник на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека Џина Хаспел, директорката на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), треба да биде „сменета“ затоа што немала забелешки и не се огласила за употребата на изборниот софтвер Доминион, кој без доказ ги спомнува и Трамп и неговите приврзаници како инструмент со кој е извршена „изборната измама“. Во интервју за Фокс Њуз, Пауел се обиде да го зајакне кредибилитетот на обвинувањата на Трамп, наведувајќи дека софтверскиот систем Доминион се користел во неколку држави каде што победи Бајден, пренесува Би-Би-Си. Иако овие тврдења беа побиени од бројни неутрални експерти, Пауел тврди дека има свиркачи кои ќе и презентираат на јавноста информации дека овој софтвер бил користен за бришење на милиони гласови на гласачите на Трамп. – Не разбирам зошто Џина Хаспел е сè уште на чело на ЦИА. Таа треба веднаш да биде сменета, рече Пауел. На новинарско прашање дали има докази што ги поткрепуваат нејзините тврдења, Пауел одговори дека нема намера да објавува такви информации на телевизија. Хаспел беше назначена за директорка на ЦИА од Доналд Трамп во 2018 година и таа е првата жена во историјата на ЦИА која е назначена на таа позиција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatkata-na-tramp-bara-da-se-smeni-direktorkata-na-cia/feed/ 0
Таравари: Филипче под итно треба да ги смени членовите на Комисијата за заразни болести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-filipche-pod-itno-treba-da-gi-smeni-chlenovite-na-komisijata-za-zarazni-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-filipche-pod-itno-treba-da-gi-smeni-chlenovite-na-komisijata-za-zarazni-bolesti/#respond Wed, 14 Oct 2020 17:20:24 +0000 https://kurir.mk/?p=416452

„Јас да сум на место на министерот би се преиспитал и би ја викнал таа Комисија за заразни болести и би ја прашал за овие индикатори кои што објективизираат одредена ситуација“, истакна Арбен Таравари при своето гостување вечерва на „24 Анализа“. Таравари додаде дека би требало министерот Комисијата за заразни болести треба да ја праша зошто има толкав морталитет во државата од КОВИД-19. Зошто бројот на инфицирани случаеви на милион граѓани Македонија е толку напред пред другите држави во регионот. Што е работата, каде е пропустот? „Јас мислам дека и предлозите што ги даваат за рестрикции, не ги дава министерот, туку ги дава Комисијата за заразни болести. Јас искрено мислам дека одамна сум го кажал тоа пред три – четири месеци дека треба да ја смени таа Комисија.“, нагласи Таравари. Таравари посочи дека Македонија е мала земја и дека има врвни епидемиолози кои ќе ја сработат работата многу подобро отколку членовите во актуелната Комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-filipche-pod-itno-treba-da-gi-smeni-chlenovite-na-komisijata-za-zarazni-bolesti/feed/ 0
Трамп го смени шефот на својата предизборна кампања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-shefot-na-svojata-predizborna-kampanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-shefot-na-svojata-predizborna-kampanja/#respond Thu, 16 Jul 2020 06:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=376815

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го смени шефот на својата предизборна кампања,Бред Паскал, назначувајќи го Вилијам Степин на неговото место, соопшти самиот синоќа на Твитер. „Со задоволство објавувам дека Вилијам Степин е унапреден во менаџер на кампањата на Трамп. Бред Паскал, кој веќе некое време е со мене и ја води нашата одлична стратегија за дигитални податоци, ќе продолжи да ја извршува истата улога, но ќе биде висок советник во кампањата “, напиша Трамп. Трамп додаде дека се надева на „голема и многу важна втора победа“ на изборите, бидејќи „неговиот рејтинг рапидно расте и економијата се подобрува“. Според последните податоци на порталот за политички науки „Real Clear Politics“, поранешниот потпретседател на САД, демократот Џозеф Бајден, води во анкетите пред актуелниот шеф на државата во просек со 8,8 отсто популарност кај гласачите. Неодамна, овој индикатор, што се темели на тековните анкети на јавното мислење од различни организации, остана стабилен во опсег од девет отсто во корист на демократот Бајден. Покрај тоа, Бајден води во „државите што се двоумеа“, каде што нивото на популарност на демократските и републиканските кандидати е традиционално приближно еднакво. На почетокот на април поранешниот потпретседател имаше предност во просек од 3,4 отсто. Многу експерти веруваат дека мерките преземени од администрацијата во Вашингтон за борба против пандемијата и ширењето немири во земјата, имаат негативно влијание врз рејтингот на републиканецот Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-shefot-na-svojata-predizborna-kampanja/feed/ 0