смени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 15:05:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png смени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сменети седуммина одговорни во грчката полиција, СИРИЗА и ПАСОК бараат оставка на надлежниот министер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smeneti-sedummina-odgovorni-vo-grchkata-politsija-siriza-i-pasok-baraat-ostavka-na-nadlezhniot-minister/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smeneti-sedummina-odgovorni-vo-grchkata-politsija-siriza-i-pasok-baraat-ostavka-na-nadlezhniot-minister/#respond Tue, 08 Aug 2023 15:05:17 +0000 https://kurir.mk/?p=864718

Во однос на преминувањето на грчката граница на навивачите на Динамо Загреб, нивното патување во Грција и нивното пристигнување на местото на инцидентите, нема да штедам зборови, недозволиво и неприфатливо е, бидејќи е под можностите и докажаните способности на грчката полиција, која иако брзо уапси 98 лица, потфрли во делот на превенција и спречување, рече министерот за заштита на граѓаните на Грција, надлежен за полицијата Јанис Иконому, јави дописничката на МИА од Атина. Токму затоа, објасни Иконому, дал наредба до началникот на грчката полиција да бидат сменети одговорните на седум сектори во полицијата, односно надлежниот за справување со насилство во спортот и одговорните во шест сектори на сообраќајната полиција на потегот од градот Јанина до Коринт. Навивачите на Динамо Загреб во Атина пристигнале по копнен пат, а во Грција влегле преку Албанија. Од опозициските партии СИРИЗА и ПАСОК преку соопштенија реагираа за изјават и одлуката на Иконому и побараа да си поднесе оставка од позицијата министер за заштита на граѓаните. Во синоќешните инциденти меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб убиено беше едно лице, осум се повредени, а уапсени се 98 лица. Навивачите на Динамо Загреб и покрај забраната од УЕФА стигнаа во Атина, а денешниот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони е одложен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smeneti-sedummina-odgovorni-vo-grchkata-politsija-siriza-i-pasok-baraat-ostavka-na-nadlezhniot-minister/feed/ 0
Смени во грчката полиција поради скандалот со прислушувањето https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smeni-vo-grchkata-politsija-poradi-skandalot-so-prislushuvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smeni-vo-grchkata-politsija-poradi-skandalot-so-prislushuvaneto/#respond Thu, 26 Jan 2023 12:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=792299

За „ноќ на чистки“ во грчката полиција пишува „Катимерини“ во своето електронско издание, најавувајќи пензионирање или отпуштање синоќа на голем број високи раководители кои имале контроверзна улога во аферата со прислушувањето на грчките политичари од страна на разузнавачки служби. Со одлука на министерот за цивилна заштита, Такис ​​Теодорикакос, генерал-потполковник Константинос Скумас останува на чело на грчката полиција. Јоргос Јанинас и Јоргос Канелос, кои беа на важни позиции во антитерористичката единица и во службата за безбедност во регионот на Атика, заминуваат во пензија со чин генерал-полковник. На нивно место во ист ранг беа унапредени Елефтериос Гарилас и Спирос Склавос. На располагање и надвор од редовна должност се поставени 14 поранешни високи полициски службеници со чин генерал-мајор. Меѓу нив се поранешниот началник на главниот полициски оддел на Атика, Манолис Дурветакис, началниците на полициските служби во Тракија и Источното Егејско Море, Пасхалис Сиритудис и Лефтерис Дурудус, началникот на дирекцијата за специјални сили Јоргос Балас и други. Уште петмина генерал-мајори се пензионираа, меѓу кои Илиас Косивакис, шеф на Службата за внатрешни истраги и Никос Цецикас, шеф на Дирекцијата за управување и анализа на информации. Весникот пишува дека промените во полициската команда имаат за цел да испратат порака дека поединци кои имале дури и сомнителна улога во скандалот со прислушувањето, како шефови на чувствителни служби, припаѓаат на минатото на грчката полиција. Поради оваа афера, лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, достави до Парламентот барање за недоверба на Владата на премиерот Киријакос Мицотакис. Гласањето треба да се одржи утре.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smeni-vo-grchkata-politsija-poradi-skandalot-so-prislushuvaneto/feed/ 0
„ФАКТОР“: Софијанова повторно на чело на Детската клиника, разрешени Жан Зимбаков од Кардиологија и Андоновски од Козле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faktor-sofijanova-povtorno-na-chelo-na-detskata-klinika-razresheni-zan-zimbakov-od-kardiologija-i-andonovski-od-kozle/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faktor-sofijanova-povtorno-na-chelo-na-detskata-klinika-razresheni-zan-zimbakov-od-kardiologija-i-andonovski-od-kozle/#respond Wed, 04 Nov 2020 10:25:12 +0000 https://kurir.mk/?p=424767

Големи промени во директорските фотељи во неколку клучни клиники во Скопје и Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“. Фактор неофицијално дознава веќе им е соопшттено дека се разрешени од функциите директори, д-р. Наташа Алуловска од Клиниката за детски болести во Скопје, Жан Зимбаков од Клиниката за кардиологија, како и диркторот на Институтот за белодробни заболувања „Козле“, д-р. Ангелчо Андоновски. Според изворите на Фактор, Алуловска и Андоновски решенијата за нивна смена треба да ги потпишат денеска. Неофицијално, на местото на Алуловска повторно ќе дојде, д-р. Аспазија Софијанова. Истовремено, се уште актуелниот директор на Институтот за белодробни заболувања, д-р. Андоновски вели дека се уште нема решенија за смени, односно дека имаат менаџерски договори, заради што мора да си дадат оставка, а како што вели, тоа од нив никој не го побарал. Некои од упатените за Фактор велат дека и покрај нивното разрешување од функциите, сепак во изминатиот период, во кој Македонија се соочуваше и се уште се бори со епидемијата на корона кризата, тие како менаџери на овие клучни здравствени установи покажаа успешни резултати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faktor-sofijanova-povtorno-na-chelo-na-detskata-klinika-razresheni-zan-zimbakov-od-kardiologija-i-andonovski-od-kozle/feed/ 0
Трамп го смени главниот разузнавач кој ја водеше истрагата за неговото отповикување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-glavniot-razuznavach-koj-ja-vodeshe-istragata-za-negovoto-otpovikuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-glavniot-razuznavach-koj-ja-vodeshe-istragata-za-negovoto-otpovikuvanje/#respond Sat, 04 Apr 2020 08:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=327093

Во писмо до американските законодавци, претседателот на САД Доналд Трамп најави дека ќе го разреши од функцијата генералниот инспектор на разузнавачките служби Мајкл Аткинсон, пишува весникот „Њујорк тајмс“. Трамп одлучи да го разреши Аткинсон поради недоверба во него, се наведува во писмото испратено до Адам Шиф, претседател на Комисијата за разузнавање при Претставничкиот дом и Девин Нунс, републиканец од таа Комисија. – Важно ми е да имам доверба во вршителот на должноста генерален инспектор. Тоа веќе не е случај со овој генерален инспектор, напиша Трамп. Шиф ја оцени смената на Аткинсон како „бесрамен обид за нарушување на независноста на разузнавачката заедница и одмазда кон оние кои се осмелуваат да ги разоткријат криминалите на претседателот“. Аткинсон минатата есен го информираше Конгресот за поплаки од свиркачи поради активностите на американскиот претседател во Украина, што иницираше започнување постапка за импичмент на Трамп. Според „Њујорк тајмс“, еден претставник на администрацијата на Трамп, кој инсистирал на анонимност, укажал дека судбината на Аткинсон била запечатена веднаш по завршувањето на постапката за отповикување во Конгресот. Американските закони му овозможуваат на шефот на државата да го смени генералниот инспектор на разузнавачките служби еден месец откако ќе ги извести безбедносните структури за својата намера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-glavniot-razuznavach-koj-ja-vodeshe-istragata-za-negovoto-otpovikuvanje/feed/ 0