сместувачки капацитети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 09:37:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сместувачки капацитети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за првомајскиот викенд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-smestuvachki-kapatsiteti-vo-dojran-se-rasprodadeni-za-prvomajskiot-vikend/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-smestuvachki-kapatsiteti-vo-dojran-se-rasprodadeni-za-prvomajskiot-vikend/#respond Thu, 27 Apr 2023 09:37:36 +0000 https://kurir.mk/?p=828240

Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за претстојниот првомајски викенд, информираа од Општината. И во приватното и во хотелското сместување нема слободни места, а дојранци очекуваат рекордна посета за викендот. -Ако се суди по интересот за Дојран за првомајскиот викенд, тогаш можеме да сметаме и на добра туристичка сезона. Отсекогаш посетеноста за Први Мај била барометар за тоа каква ќе биде летната сезона, во која на гостите ќе им понудиме многу содржини и богата фестивалска програма, велат од локалната самоуправа. Лани во Дојран се забележани над 100 илјади ноќевања, а значајно место во ова бројка заземаат и гостите од Србија, кои порано само поминуваа низ Дојран на пат кон Грција, но од лани се поголем е бројот на српски туристи кои остануваат и повеќе денови на брегот на Езерото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-smestuvachki-kapatsiteti-vo-dojran-se-rasprodadeni-za-prvomajskiot-vikend/feed/ 0
СЕ ОЧЕКУВААТ НАД 10.000 ГОСТИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Дојран подготвен и со пополнети сместувачки капацитети https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-ochekuvaat-nad-10-000-gosti-za-veligden-dojran-podgotven-i-so-popolneti-smestuvachki-kapaciteti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-ochekuvaat-nad-10-000-gosti-za-veligden-dojran-podgotven-i-so-popolneti-smestuvachki-kapaciteti/#respond Wed, 20 Apr 2022 11:50:45 +0000 https://kurir.mk/?p=665913

За време на четиридневниот велигденски викенд, од утре до недела, дојранчани ќе ја имаат првата генерална проверка пред годинашнава туристичка сезона за која велат дека се веќе подготвени да ги пречекаат сите гости кои ќе свратат во Дојран по укинивањето на антиковид мерките. Градоначалникот Анго Ангов потврди дека сместувачките капацитети во приватниот сектор, каде соба или апартман се издаваат од 1.000 до 1.500 денари на ден, се целосно пополнети што значи дека моментно во Стар Дојран, заедно со сопствениците на викендици, има околу 3.000 луѓе, а од утре попладне бројката континуирано ќе расте со пристигнувањето на гостите. -Очекуваме за празниците во Дојран да престојуваат од 10 до 12 илјади гости од земјава и еднодневните кои моментно најмногу ни доаѓаат од Грција. Имам чувство дека Дојран дополнително се полни со гости, претежно млади, но сите подготвено ќе ги прифатиме, вели Ангов. Во зависност од временските прилики, градоначалникот Ангов на гостите им препорачува да ги посетат дојранските знаменитости, реконструираната Саат кула и турската бања, до кои е изградена нова патека, рестораните и кафулињата кои, покрај специјалитетите од риба, ќе се потрудат да им организираат забави и на плажа, како и православните храмови, особено црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран која ќе биде најпосетена во пресрет на Христовото воскресение Велигден. Најавата дека Дојран е целосно распродаден за продолжените празнични викенди, оваа и идната недела, според Ангов, за разлика од лани, е во насока на многу побериќетна летна туристичка сезона на Дојранското Езеро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-ochekuvaat-nad-10-000-gosti-za-veligden-dojran-podgotven-i-so-popolneti-smestuvachki-kapaciteti/feed/ 0
ХОТАМ: Секторот е во криза, неопходна е помош од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/hotam-sektorot-e-vo-kriza-neophodna-e-pomosh-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/hotam-sektorot-e-vo-kriza-neophodna-e-pomosh-od-drzavata/#respond Tue, 09 Nov 2021 13:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=593193

Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се со минимална исполнетост. Хотелиерите чекаат одговори од релевантните институции околу правилата за дочек на Нова година за да знаат што да понудат, но и дали ќе добијат субвенции од државата, за плати на вработените. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески вели дека работат со загуби и оти дел од хотелите затвориле, но и тие што работат со минимален капацитет едвај се снаоѓаат како да ги покријат месечните трошоци. – Исполнетоста на хотелите е минимална, помалку и од пет отсто во просек. Тоа, добро знаеме се должи на пандемијата со Ковид – 19 и зголемениот број позитивни случаи низ цела Европа. По дво месечната туристичка сезона сега имаме по некое семинарче, но не на ниво како порано, истакнува Блажески. Дел од хотелиерите, додаде, ги отпуштиле вработените на 70 отсто, но и тие 70 проценти неможат уште долго да ги исплаќаат без приходи. – Состојбата е прилично лоша. Не можеме да се пофалиме во никој поглед. Не знаеме уште какви ќе бидат правилата за Нова година, што да нудиме и што да очекуваме. Многу отворени прашања, кои може не се приоритет за Владата, но без нив неможеме да функционираме. Потребни се заклучоци, нагласи Блажески, додавајќи дека и 70 осто плата ако немаш приходи се многу. Секторот, посочува, е во криза и потребно е повторување на мерките за помош од минатата година. = Штом нема исполнетост од 30 проценти од капацитетот, тогаш објектот трпи загуби. Бараме повторување на минатогодишните мерки и помош барем во плати, бидејќи без таа помош ќе мораме да ги отпуштиме вработените. И сега има мали отпуштања. Тешко е да се дојде до вработен за секторот, па се чуваат да се задржат за идната сезона, истакна Блажески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/hotam-sektorot-e-vo-kriza-neophodna-e-pomosh-od-drzavata/feed/ 0
Хотелите од денеска стартуваат со работа по КОВИД протокол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelite-od-deneska-startuvaat-so-rabota-po-kovid-protokol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelite-od-deneska-startuvaat-so-rabota-po-kovid-protokol/#respond Mon, 22 Jun 2020 05:15:07 +0000 https://kurir.mk/?p=360563

Стапи во сила протоколот според кој од денеска хотелите повторно може да примаат гости. Хотелските капацитети беа затворени со мерките за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19. Со Протоколот се уредуваат процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на КОВИД-19. Процедури за хотелскиот дел На хотелиерите им се наложува да обезбедат дезинфекциска бариера за обувки пред влезна врата и пулт за дезинфекција на раце. Задолжително е носење заштитна маска од страна на гостите и вработените, мора да има монтажна преграда (шалтер) на рецепција од проѕирна пластика или стакло со отвор во долниот дел (само за манипулирање со клуч и документи), а хигиена на јавните простории и собите со средство кое делува на вируси мора секој ден да се одржува. Обврзно е и редовно проветрување. Посочено е и плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата. Се препорачува и во холот при влезот да биде истакната „Welcome“ табла со разбирлив текст за чекорите и препораките кои треба да се почитуваат за време на престојот (носење заштитна маска и дезинфекција на раце), а на рецепцијата ако пултот не е доволно широк да се обезбеди растојание од 1,5  до два метра. Монтажната преграда од проѕирна пластика може да биде заменета со дополнително носење визир од страна на рецепционерот. -Гостите треба да пристапуваат до рецепцијата поединечно или во број што, во зависност од големината и распоредот на просторијата, оневозможува средби, а дозволува доволно меѓусебно растојание. За тие што чекаат, треба да се воведат подни патокази или столпчиња за ограничување на приодот. Давателите на услуги треба да ги отстранат предметите што ги допираат повеќе гости (играчки, списанија), а гостинот заедно со клучот треба да добие флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој дефиниран од внатрешен тим на хотелот. Во собите за сместување и на рецепцијата се поставува средство за дезинфекција на рацете, а текстилните украсни елементи на тапацираниот мебел и креветот се отстрануваат (перници, ленти, украсни прекривки), стои во Протоколот. Може да се нудат единечни или двојни соби со прилагодувања, а во објектите со повеќе кревети дозволено е сместување гости само од едно домаќинство. -Персоналот мора да стави посебен нагласок на чистење и дезинфекција на предмети што ги допираат голем број раце (на пр. ограда на скали, прекинувачи, рачки, дршки, куки, копчиња во лифт). Во случај на повеќедневно престојување на гостинот во сместувачкиот капацитет возможно е дневно чистење од страна на персоналот само доколку гостинот изрично посака. При чистење на повеќе сместувачки капацитети, мора да се води грижа да не се пренесе вирусот од еден сместувачки капацитет на друг преку заразена облека или заштитната опрема на персоналот. Се препорачува да се приспособат постапките на чистење така што би се спречило такво пренесување (употреба на заштитна облека/скутници за една употреба, промена на заштитната облека секој пат), пишува во Протоколот. Ресторански процедури Протоколот во делот на ресторанските процедури не дозволува служење храна на шведска маса. Не е дозволено ниту послужување гости на стоење на шанк и стоечки маси. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски и често да одржуваат хигиена на раце, а дезинфицирање на масата и столовите пред секој оброк и по завршување е задолжително. Масите треба да се прекриени со хартиени или најлонски чаршафи за еднократна употреба или ако се користат стандардни чаршафи, тие да се перат по секој послужен гостин. Масите не треба да бидат претходно сервирани (доколку објектот има услови да постави средство за дезинфекција на секоја маса – доколку не, гостите може да го користат средството за дезинфекција поставено на влезот од ресторанот според препораките на СЗО). -Каранфинглата и приборот кој предходно се дезинфицирани на масите се поставуваат по седнувањето на гостите, приборот да биде послужен во најлонска обвивка или во салфетка. Келнерот е должен да води максимална грижа за својата хигиена, со маска на лицето ги послужува гостите со внимавање на растојанието. Со оглед дека не може да служи храна и пијалок од два метра растојание, келнерот треба да одлучи колкаво е пристојното растојание што може да го одржи при послужување. По послужувањето келнерот стои на соодветно растојание и чека да биде повикан од гостите. Сите апарати за точење вода, чај, кафе, сок, да се одстранат од употреба и пијалаците да се послужуваат по желба на гостите при послужувањето на масата, се наведува во Протоколот. Се забранува и користењето заеднички отворени садови при сервирање кечап, сенф, сосови, масла, сол, шеќери, чаеви, кои се споделуваат на повеќе од една маса. -По завршување на оброците, искористениот прибор се отстранува од масите и се носи на миење и дезинфицирање во нечистиот дел од кујната, согласно вообичаена процедура која ја налагаат ХАСАП стандардите каде што е наведено дека во шанкот и кујната треба да постои чист дел каде што се оперира и послужува храна и пијалок и дел каде што се одлага веќе искористениот прибор кој потоа се мие и дезинфицира. Растојанието меѓу столчињата од соседните маси треба да биде 1,5 до два метра. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, предвидува Протоколот. Нужни се и засилени внатрешни контроли на вработените од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување храна, засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, како и на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција. Потенцирано е и редовното одржување на тоалетите со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на соодветни дезинфекциски средства. Како и досега, забрането е користење сушачи за раце во тоалетите. Се наложува задолжително користење хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelite-od-deneska-startuvaat-so-rabota-po-kovid-protokol/feed/ 0
Хотелиерите подготвени, но без гости – ако границите не се отворат им се заканува колапс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-podgotveni-no-bez-gosti-ako-granicite-ne-se-otvorat-im-se-zakanuva-kolaps/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-podgotveni-no-bez-gosti-ako-granicite-ne-se-otvorat-im-se-zakanuva-kolaps/#respond Sat, 20 Jun 2020 07:15:29 +0000 https://kurir.mk/?p=360074

Гости со маски, рецепционери и келнери со визири. Соби без украсни перници, ленти и прекривки. По спратовите и холовите празно, нема играчки, ниту списанија или печатен инфо материјал. На подовите патокази или столпчиња за ограничување на приодот. Вака некако ќе изгледа сликата во домашните хотели кои од понеделник ги отвораат вратите согласно корона – Протоколот. Подготвени се, велат, но гости нема. Резервации слабо се прават, понекоја за јули и август. Поголема посетеност очекуваат во септември/октомври. Предупредуваат дека ако ургентно не се олеснат процедурите за влегување и излегување од/во земјава и не се отворат авио и патниот сообраќај, нивните капацитети (посебно во градовите) ќе стават клуч. -Хотелите може да опстанат ако капацитетите им се исполнети минимум 45 отсто, а засега, јунската, па и јулската сезона се пропаднати. Секојдневно ја губиме конкурентноста во однос на регионот кој ги либерализира мерките и постапките на заштита ги сведува главно на лична одговорност, предупредуваат хотелиерите. Во разговор за МИА тие уверуваат дека 100-процентно ги имаат исполнето препораките од Протоколот. Потребните дезинфекциски средства се набавени, обезбедена е и заштитната опрема за персоналот. Направена е реорганизација на масите согласно пропишаната дистанца од 1,5 до два метра, соодветно е постапено и во однос на пултовите за рецепција кои задолжително треба да бидат „забарикадирани“ со монтажна преграда (шалтер) од проѕирна пластика или стакло. -Подготвени сме за работа. Подготвени сме комплето да примаме гости. Набавени се дезинфекциски средства за сите соби, келнерите се опремени со визири и маски, рецепцијата исто. Тука е и потребното растојание од два метра за секој гостин кој доаѓа на пултот, масите на терасите се одбележани. Секоја маса се пребришува, веднаш се дезинфицира и никако однапред не се поставува приборот. На шанк не смее да се седи. Од едно место се земаат пијалаци, на друго се оставаат валканите чинии и чаши. Соодветно е подготвена и кујната, на едно место се издава храната, на сосема друго се примаат валканите прибори. Согласно Протоколот, извадени се и декоративните перничиња од собите. Всушност, дел од препораките и досега ги применувавме, посебно хигиената која секогаш мора да е максимална, вели Славе Сирачевски, сопственик на комплексот „Аурора“ во Берово. Според него, сезоната во јуни е промашена. -Веќе правиме резервации, но многу повеќе за јули и август. Јуни ќе биде промашена работа. Доцна се донесоа мерките. Резервациите не се прават ден за ден, туку многу порано. Сега, на пример, правиме резервации и за септември/октомври. Генерално, тешко ќе се спаси сезоната. Сметам дека градските хотели ќе се соочат со уште поголеми проблеми, освен ако не се отворат границите, па да тогаш да имаат по нешто работа, напоменува Сирачевски. Ајдован Адемоски, сопственик на два хотела во Скопје, смета дека не само јунската, туку и јулската сеозна е пропадната. Хотелиерите се подготвени да примат гости, но гости нема. -Подготвени сме, но нема кој да дојде. Сите резервации се откажани. Требаше да имаме свадби во јули и август, резервирани ни беа и гости од Израел и Австралија, но сé се откажа, а резервации не може да се прават зашто уште е неизвесен влезот во земјава. Не знаеме кога ќе се регулира целосно во смисла на слободно движење. Кој би дошол ако знае дека треба да одлежи две недели во домашна изолација или да носи тест за коронавирус? Јуни и јули се изгубени, нагласува Адемоски според кој, хотелите може да опстанат ако капацитетите им се исполнети минимум 45 отсто. Можно е, додава, идниот месец да има туристи во туристичките центри, но наши, не странци. Двата хотела на Адемоски се на нивото што го бара Протоколот. Едниот е на техничко одржување, зашто нема гости, но никој не е отпуштен од работа, а другиот што до скоро беше даден за државен карантин, веќе е дезинфициран и сосема ставен во функција. -Слободното движење и слободните прекугранични минувања се клучни за туризмот, особено за мала, континентална, транзитна земја како нашата, без излез на море. Бројот на туристите во април 2020 година, во однос на април 2019 година е намален за 99,1 отсто, бројот на ноќевањата е намален за 97,2 процента, додека бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 97,8 отсто. Владата го поддржа и туристички сектор со ваучерите за домешен туризам и платежните картички. Овие и другите мерки ги поддржуваме, но тие се главно насочени кон одржување на работните места, а работните места имаат смисла ако создаваат новата вредност. Создавање нова вредност во туризмот е невозможно без слободно движење и преминување на границите. Р.С.Македонија ги отвори границите, но процедурите како смоизолација, PCR тестот, затворениот авиосообраќај и ограничениот јавен, меѓуградски и меѓународен автобуски превоз ја уништува туристичката индустрија, објаснува Адемоски. Тој смета дека најавеното отворање на ЕУ кон Западен Балкан за 1 јули 2020 практично наложи нашите хотели да почнат со подготовките за туристичко и транспортно отворање. Укажувањето на ЕБРД, пак, за што побрзо кревање на рестриктвните мерки, е во директна корелација со враќање на деловата кондиција. -Во Турција на граничните премини им се мери температура на патниците без да им се побараат дополнителни услови, иако трите викенди, 20, 27 и 28 јуни ќе има карантин. Освен носење маски, не се бара друго ништо. На 11 јуни Турција ги отвори границите, освен за Иран и Сирија, и ја објави програмата за постепено воведување на меѓународен авио сообраќај. Со Р.С. Македонија беа подготвени да воведат авио линии уште на 15 јуни, но ние не сме подготвени. По првиот квартал 4,24 милиони туристи ја посетиле Турција. И таму функционираат угостителско-хотелските протоколи. Значи, сведување на процедурите на контрола на мерење телесна температура на границите и отворање на меѓународниот авио и јавен патен сообрааќај се условите да почнеме да создаваме додадена вредност, подвлекува Адемоски. Протоколот со кој се уредуваат процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на КОВИД-19, Владата го донесе на 16 јуни, а стапува во сила задутре, на 22 јуни. Процедури за хотелскиот дел На хотелиерите им се наложува да обезбедат дезинфекциска бариера за обувки пред влезна врата и пулт за дезинфекција на раце. Задолжително е носење заштитна маска од страна на гостите и вработените, мора да има монтажна преграда (шалтер) на рецепција од проѕирна пластика или стакло со отвор во долниот дел (само за манипулирање со клуч и документи), а хигиена на јавните простории и собите со средство кое делува на вируси мора секој ден да се одржува. Обврзно е и редовно проветрување. Посочено е и плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата. Се препорачува и во холот при влезот да биде истакната „Welcome“ табла со разбирлив текст за чекорите и препораките кои треба да се почитуваат за време на престојот (носење заштитна маска и дезинфекција на раце), а на рецепцијата ако пултот не е доволно широк да се обезбеди растојание од 1,5  до два метра. Монтажната преграда од проѕирна пластика може да биде заменета со дополнително носење визир од страна на рецепционерот. -Гостите треба да пристапуваат до рецепцијата поединечно или во број што, во зависност од големината и распоредот на просторијата, оневозможува средби, а дозволува доволно меѓусебно растојание. За тие што чекаат, треба да се воведат подни патокази или столпчиња за ограничување на приодот. Давателите на услуги треба да ги отстранат предметите што ги допираат повеќе гости (играчки, списанија), а гостинот заедно со клучот треба да добие флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој дефиниран од внатрешен тим на хотелот. Во собите за сместување и на рецепцијата се поставува средство за дезинфекција на рацете, а текстилните украсни елементи на тапацираниот мебел и креветот се отстрануваат (перници, ленти, украсни прекривки), стои во Протоколот. Може да се нудат единечни или двојни соби со прилагодувања, а во објектите со повеќе кревети дозволено е сместување гости само од едно домаќинство. -Персоналот мора да стави посебен нагласок на чистење и дезинфекција на предмети што ги допираат голем број раце (на пр. ограда на скали, прекинувачи, рачки, дршки, куки, копчиња во лифт). Во случај на повеќедневно престојување на гостинот во сместувачкиот капацитет возможно е дневно чистење од страна на персоналот само доколку гостинот изрично посака. При чистење на повеќе сместувачки капацитети, мора да се води грижа да не се пренесе вирусот од еден сместувачки капацитет на друг преку заразена облека или заштитната опрема на персоналот. Се препорачува да се приспособат постапките на чистење така што би се спречило такво пренесување (употреба на заштитна облека/скутници за една употреба, промена на заштитната облека секој пат), пишува во Протоколот. Ресторански процедури Протоколот во делот на ресторанските процедури не дозволува служење храна на шведска маса. Не е дозволено ниту послужување гости на стоење на шанк и стоечки маси. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски и често да одржуваат хигиена на раце, а дезинфицирање на масата и столовите пред секој оброк и по завршување е задолжително. Масите треба да се прекриени со хартиени или најлонски чаршафи за еднократна употреба или ако се користат стандардни чаршафи, тие да се перат по секој послужен гостин. Масите не треба да бидат претходно сервирани (доколку објектот има услови да постави средство за дезинфекција на секоја маса – доколку не, гостите може да го користат средството за дезинфекција поставено на влезот од ресторанот според препораките на СЗО). -Каранфинглата и приборот кој претходно се дезинфицирани на масите се поставуваат по седнувањето на гостите, приборот да биде послужен во најлонска обвивка или во салфетка. Келнерот е должен да води максимална грижа за својата хигиена, со маска на лицето ги послужува гостите со внимавање на растојанието. Со оглед дека не може да служи храна и пијалок од два метра растојание, келнерот треба да одлучи колкаво е пристојното растојание што може да го одржи при послужување. По послужувањето келнерот стои на соодветно растојание и чека да биде повикан од гостите. Сите апарати за точење вода, чај, кафе, сок, да се одстранат од употреба и пијалаците да се послужуваат по желба на гостите при послужувањето на масата, се наведува во Протоколот. Се забранува и користењето заеднички отворени садови при сервирање кечап, сенф, сосови, масла, сол, шеќери, чаеви, кои се споделуваат на повеќе од една маса. -По завршување на оброците, искористениот прибор се отстранува од масите и се носи на миење и дезинфицирање во нечистиот дел од кујната, согласно вообичаена процедура која ја налагаат ХАСАП стандардите каде што е наведено дека во шанкот и кујната треба да постои чист дел каде што се оперира и послужува храна и пијалок и дел каде што се одлага веќе искористениот прибор кој потоа се мие и дезинфицира. Растојанието меѓу столчињата од соседните маси треба да биде 1,5 до два метра. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, предвидува Протоколот. Нужни се и засилени внатрешни контроли на вработените од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување храна, засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, како и на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција. Потенцирано е и редовното одржување на тоалетите со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на соодветни дезинфекциски средства. Како и досега, забрането е користење сушачи за раце во тоалетите. Се наложува задолжително користење хартиени бришачи за раце за еднократна употреба. На прес-конференција во четвртокот, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска им порача на хотелиерите строго да се придржуваат до Протоколот и да ги почитуваат препораките. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-podgotveni-no-bez-gosti-ako-granicite-ne-se-otvorat-im-se-zakanuva-kolaps/feed/ 0
Крушево подготвено за Нова година, исполнети речиси сите сместувачки капацитети https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/krushevo-podgotveno-za-nova-godina-ispolneti-rechisi-site-smestuvachki-kapaciteti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/krushevo-podgotveno-za-nova-godina-ispolneti-rechisi-site-smestuvachki-kapaciteti/#respond Wed, 12 Dec 2018 15:57:31 +0000 https://kurir.mk/?p=139338

Крушево е подготвено за Новогодишните и за Божиќни празници. Речиси се исполнети сите сместувачки капацитети, информираат од крушевската локална смоуправа. Според грдоначалникот Томе Христоски, интересот Новата Година да се пречека во Крушево е голем. -Се пополнуваат и последните слободни места во Крушево, а оваа година покрај одличната забава што ја нудат кафулињата, рестораните, пицериите и хотелите, организираме и заеднички пречек во центарот на Крушево, вели Христоски. Поголемиот број од угостителските објекти веќе ги имаат објавено новогодишните понуди и се очекува капацитетите да бидат исполнети до последно место. На градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ ќе настапи македонската пејачка Александра Јанева, а за атмосферата претходно ќе се погрижи Ди џеј Хуго. Според локалните власти, Крушево е вистинска дестинација за туристите. -Во споредба со 2017 година, оваа година до август, Крушево го посетиле 67 отсто повеќе туристи во споредба со истиот период лани. Дополнително, оваа и наредната 2019 година организираме многу повеќе културни настани кои ќе придонесат кон зголемување на бројот на туристите, потенцира Христоски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/krushevo-podgotveno-za-nova-godina-ispolneti-rechisi-site-smestuvachki-kapaciteti/feed/ 0