смет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 10:51:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png смет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Партизанска“, „Рузвелтова“, „Џон Кенеди“ затрупани во смет, а Арсовска ни раскажува „мафијашки“ филмови (ФОТО+ВИДЕО ГАЛЕРИЈА) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/partizanska-ruzveltova-dhon-kenedi-zatrupani-vo-smet-a-arsovska-ni-raskazhuva-mafijashki-filmovi-foto-video-galerija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/partizanska-ruzveltova-dhon-kenedi-zatrupani-vo-smet-a-arsovska-ni-raskazhuva-mafijashki-filmovi-foto-video-galerija/#respond Mon, 10 Jul 2023 10:51:11 +0000 https://kurir.mk/?p=854950

Четврти ден како скопјани се затрупани во ѓубре откако службите на Арсовска престанаа да го чистат поради несогласување со неа. Вчера Арсовска на прес-конференција излезе, а наместо да даде решение таа почна да раскажува за некакви „мафијашко-гангсерски“ филмови и да ја замајува јавноста. За ситуацијата да биде потрагична, таа денес на Фејсбук објави фотографии од неколку празни контејнери и напиша, „Скопје се чисти“. Екипа на Курир веднаш по нејзината објава излезе на терен да напави обиколка по најфрекфентните улици во главниот град. Булеварите „Партизански одреди“, „Рузвелтова“, „Џон Кенеди“, како и улици споредни на овие булевари се затрупани во смет за кој Арсовска ни тврди дека се исчистени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/partizanska-ruzveltova-dhon-kenedi-zatrupani-vo-smet-a-arsovska-ni-raskazhuva-mafijashki-filmovi-foto-video-galerija/feed/ 0
Ѓубре си е ѓубре https://arhiva.kurir.mk/kolumni/gubre-si-e-gubre/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/gubre-si-e-gubre/#respond Mon, 10 Jul 2023 09:34:29 +0000 https://kurir.mk/?p=854898

Во време кога Македонија е сарадисана од сите страни и со сите сили се бори против прифаќање на бугарски диктати со комуњарски амин, спроведување антимакедонски преспански капитулаци машносани од Заевци и се спрема за силна битка со албанската мафија скриена на Мала Речица, горенаведената засегната тројка-извршител го сврте телефонот и го повика „пријателот.“ Класика. А малку се расчисти небото над Македонија, секогаш ново „ѓубре“ го затскрива погледот. Овојпат, и буквално и фигуративно... За да, не дај Боже, некој не се зафати со криминалот на Дрин или со пробугарските глупоштии на Таче и за да не престане Македонија од Бехтел и Енка да стенка, за секој случај се јави ДА-НЕ-тра-ла-ЛА, и не така скриениот локален адут во ракавот на централната власт... Опозицијата, буквално, ора на терен, Таче се самозакопува со секоја нова ступидна изјава, на Ахмети „му врие крвот“ од внучето кое катадневно му го открива криминалот, Груби нежно го гали рушветот од Коридор 8, Заев води војна со Австрија која му ги обелоденува апашлуците... Сето ова во комбинација на редица анкети во низа кои велат дека опозицијата „ја мачка на леб“ власта со разлика од 2:1, комбинирано со незадоволството на 85 насто Македонци кои ни на крај памет не прифаќаат внос на Бугари во Устав и две третини граѓани кои во пет анкети по ред велат дека одиме во лоша, катастрофална насока е доволна причина за вклучување на алармот на Бихаќка, сега синхронизиран со Мала Речица. Уплав завладеа, криминал ќе се разоткрива, тик-так, тик-так, месеци до паѓање од власт, а сите властодршци сосе фамили засегнати од злодејанијата. Најбитно, пискотници се слушнаа и од Муртино до Виена, па од Зајас до Тирана. Црвениот телефон заѕвоне, крајно време е е за дигресија, дефокусче и нова тура „магла„ за затскривање на направените криминали, идиотизми и глупоштии. А, затоа што во оваа „влада“ Командантот решава, тој на Артан му рекол што да му пренесе на Ќуран. Крако и јасно. „ФКЉУЧЕТЕ ГО ДАНЕЉА“... И би драма. Горенаведената, пак, го вклучи копчето на својата послушна, исто така пребегуша, од Комунална нехигиена, па го пушти на најјако и директорчето од  Дрисла. Остатокот го знаете. Скопје се гуши во смет, скопски градоначалници сами се организираат да спречат смрдеа и не дај Боже, некоја епидемиичка од неа, а „драма-квинот“ Да-не-тра-ла-ла сипа ли сипа песок во до вчера сојузничката осовина, удира по човекот кој најмногу и пречи на власта, води војна со македонската опозиција и ја каља, плука, руга и „хистерише“ ко навиена. Мислите дека ова е случајно? Јок, поверојатна е дефиницијата на случајноста според која таа е моментот кога не гледате јасно кој ги движи конците на марионетата која е на сцена. Марионетата, пак, сега да ти била носител на името кое е само по себе парадоксално, составено од Афирмација/Негација/Потпевнување. Кумот да ти бил на висина на задачата. Уште една потврда дека ништо во животот не е случајно. Искуствено, ова е пак само уште една, нова потврда на онаа старата, кооперациска констатација. „ЃУБРЕ СИ Е ЃУБРЕ.“ Дефинитивно... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/gubre-si-e-gubre/feed/ 0
Во општина Аеродром сметот се собираше со два камиони на штипски „Исар“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-aerodrom-smetot-se-sobirashe-so-dva-kamioni-na-shtipski-isar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-aerodrom-smetot-se-sobirashe-so-dva-kamioni-na-shtipski-isar/#respond Mon, 10 Jul 2023 07:39:16 +0000 https://kurir.mk/?p=854842

Два камиони за собирање на смет беа испратени синоќа на помош на Општина Аеродром за собирање на смет од страна на комуналното претпријатие „Исар“, изјави за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека камионите се испратени на барање на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски со цел да се собере сметот во неговата општина. Јорданов посочува дека не било дозволено камионите сметот да го депонираат на депонијата „Дрисла“, па на враќање го имаат истоварено на депонијата во Велес. Екипите на ЈП „Исар“се вратија во текот на ноќта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-aerodrom-smetot-se-sobirashe-so-dva-kamioni-na-shtipski-isar/feed/ 0
Градоначалниците ќе решаваат како да го исчистат сметот во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-ke-reshavaat-kako-da-go-ischistat-smetot-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-ke-reshavaat-kako-da-go-ischistat-smetot-vo-skopje/#respond Mon, 10 Jul 2023 06:23:23 +0000 https://kurir.mk/?p=854783

Во Скопје деновиве не се собира смет поради протест на вработените во Комунална хигиена кои бараат повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа. Градот е полн со смет, а градоначалниците од Скопскиот плански регион денеска ќе одржат состанок на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје. Во меѓувреме, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со помош на своите колеги од други општини синоќа почнаа да го чистат насобраното ѓубре, додека од Општина Центар најавија дека од утрово сами почнуваат со чистење на ѓубрето. На состанокот, градоначалниците од Скопскиот плански регион ќе излезат со свој став за настанатата состојба. Во меѓувреме, од скопските општини Центар и Аеродром, по реакција од граѓаните побараа од надлежните итно да најдат соодветно решение за собирање на сметот. Од Општина Центар пак, најавија дека ќе почнат со чистење ѓубре во и надвор од контејнерите. Градоначалникот Горан Герасимовски соопшти дека утрово со работа почнуваат речиси сите хигиеничари од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ и дел од општинската администрација. На терен ќе биде употребена целата механизација во сопственост на претпријатието како и дополнителна опрема за собирање смет. Герасимовски испрати апел Град Скопје итно да ги реши проблемите во јавното претпријатие и да започне со чистење на градот. Граѓаните, како што посочи, не смее да бидат жртви на лошото управување во градот, ризикот по здравјето на граѓаните е огромен. Сојузот на синдикатите на Македонија на својата фејсбук страна објави дека најостро ги осудува заканите кон вработените во Комунална хигиена Скопје по објавеното видео во медиумите каде, како Инаку, вработените во „Комунална хигиена“ протестираат и бараат повисоки плати, подобри услови, исплата на К15 и враќање на отпуштените колеги од работа. Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева им вети на вработените дека ќе добијат К 15, но вели дека разговорите ќе продолжат од оваа недела. Таа завчера на прес-конференција информира дека нема да дозволи политички центар да ја контролира работата на ова претпријатие и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени. И Сојузот на синдикатите на Македонија вчере излезе со ставот дека најостро ги осудува заканите кон вработените во Комунална хигиена Скопје, но и го осудува потегот на раководството да избрка од работа поголема група на вработени. ССМ соопшти дека целосно ги поддржува вработените во Комунална хигиена во Скопје кои веќе неколку денови изразуваат револт кон раководството бидејќи, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-ke-reshavaat-kako-da-go-ischistat-smetot-vo-skopje/feed/ 0
Мицевски: Итна седница на Скопскиот плански регион за проблемот со комуналната хигиена https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mitsevski-itna-sednitsa-na-skopskiot-planski-region-za-problemot-so-komunalnata-higiena/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mitsevski-itna-sednitsa-na-skopskiot-planski-region-za-problemot-so-komunalnata-higiena/#respond Sun, 09 Jul 2023 19:45:13 +0000 https://kurir.mk/?p=854727

Поради новонастанатата ситуација со проблемот во ЈП Комунална хигиена во рамки на градот Скопје, утре (10.07) со почеток од 10 часот во зградата на Општина Аеродром ќе се одржи итна седница на Скопскиот плански регион на која се поканети сите градоначалници кои го сочинуваат Скопскиот плански регион. -На состанокот ќе биде разгледан проблемот кој е поврзан со Комуналната хигиена и одлагањето на отпадот на територија на Градот Скопје, информира Јане Мицевски, директор на Центарот за развој на Скопски плански регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mitsevski-itna-sednitsa-na-skopskiot-planski-region-za-problemot-so-komunalnata-higiena/feed/ 0
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се самоорганизираат: „Ќе се чистат улиците полни ѓубре заради неспособноста на Арсовска и градските власти“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-vo-skopje-se-samoorganiziraat-ke-se-chistat-ulitsite-polni-gubre-zaradi-nesposobnosta-na-arsovska-i-gradskite-vlasti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-vo-skopje-se-samoorganiziraat-ke-se-chistat-ulitsite-polni-gubre-zaradi-nesposobnosta-na-arsovska-i-gradskite-vlasti/#respond Sun, 09 Jul 2023 18:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=854703

Неажурноста и неспособноста на градските власти и Данела Арсовска резултираа со купишта ѓубре по улиците низ Скопје. Главниот град со денови тоне во смет, а градската власта само се расправа со вработените, додека ѓубрето шири неподнослива миризба низ урбаните средини, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Граѓаните се оставени на пеколни температури да ја трпат миризбата, и да бидат изложени на потенцијални зарази, затоа што градските власти не можат да го соберат ѓубрето од улиците. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на општините во состав на град Скопје, гледајќи ја неспособноста на градските власти и Арсовска вечерва се самоорганизираат и градоначалниците Тимчо Муцунски на Аеродром, Орце Ѓорѓиевски на Кисела Вода, Бобан Стефковски на Гази Баба, Александар Стојкоски на Ѓорче Петров и Дарко Костовски на Бутел ќе бидат на терен со општинските служби во чистење на Скопје од ѓубрето во кое тоне градот заради Арсовска и неспосбните градски власти. Со цел брзо и ефикасно чистење побарана е помош од повеќе општини од внатрешноста на државата, управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе испратат возила за собирање на ѓубре, велат од партијата. „ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи скопјани да трпат заради нечија неспособност“ - велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-vo-skopje-se-samoorganiziraat-ke-se-chistat-ulitsite-polni-gubre-zaradi-nesposobnosta-na-arsovska-i-gradskite-vlasti/feed/ 0
Скопските градоначалници утре на состанок ќе одлучуваа за проблемот со сметот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopskite-gradonachalnitsi-utre-na-sostanok-ke-odluchuvaa-za-problemot-so-smetot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopskite-gradonachalnitsi-utre-na-sostanok-ke-odluchuvaa-za-problemot-so-smetot/#respond Sun, 09 Jul 2023 10:06:29 +0000 https://kurir.mk/?p=854566

Утре градоначалниците од скопски плански регион ќе заседаваат и ќе одлучуваат за проблемот со Комунална хигиена Скопје и градот Скопје по крахот со сметот во главниот град. Изјави за медиумите ќе бидат дадени во 10:40 часот, а се очекува да се произнесат за состојбите и да изнајдат решение за актуелната состојба. Вработените во ЈП „Комунална хигиена“ ноќеска повторно излегоа на протест со барања за повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа. На протестот околу 1 часот по полноќ се појавила и директорката Косана Мазнева која со полициска асистенција инсистирала работниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на работа. [embed]https://kurir.mk/republika/skopje/nokeska-tenzichno-vo-jp-komunalna-higiena-povikana-bila-i-politsijata/[/embed] И покрај убедувањето да се вратат на работа вработените одбиле со образложение дека немаат намера да отстапат од нивните барања. По средбата на која присутвувала и полицијата, директорката Мазнева порачала дека разговорите ќе продолжат од понеделник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopskite-gradonachalnitsi-utre-na-sostanok-ke-odluchuvaa-za-problemot-so-smetot/feed/ 0
Собрани 64.460 тони смет и 100 кубни метри кабаст отпад во пролетната акција во општина Аеродром https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sobrani-64-460-toni-smet-i-100-kubni-metri-kabast-otpad-vo-proletnata-akcija-vo-opshtina-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sobrani-64-460-toni-smet-i-100-kubni-metri-kabast-otpad-vo-proletnata-akcija-vo-opshtina-aerodrom/#respond Sun, 10 Apr 2022 13:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=660892

Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Аеродром успешно ја спроведоа работната пролетна акција на територија на оваа општина. Во рамките на акцијата екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ извршиле 32 интервенции на територијата на општина Аеродром. Извршено е машинско косење на тревните површини на осум булевари, односно булеварите „Србија“, „АСНОМ“, „Видое Смилевски Бато“, „Февруарски поход“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Јане Сандански“, „Трета Македонска Бригада“ и булеварот „12-та Македонска бригада“. Искосени се и тревниците на трите улици „Васко Карангелески“, „Новопроектирана улица бр.1“, „Новопроектирана улица бр.2“ во Реонски Центар. Исто така, со акцијата машинско косење на тревата се изврши во Парк Лисиче, Парк Мичурин, парк Јане Сандански, Парк Авионче, Парк Бановина, Парк во Реонски Центар, Парк Нирнберг, Парк со Езерца, Парк Тоше Проески, односно во девет паркови на територијата на општина Аеродром. Во текот на акцијата се уредуваше и зеленилото и вегетацијата и притоа се изврши и кастрење на дрвја, врз основа на издадени Решенија од Град Скопје. Екипите на ЈП Улици и патишта во акцијата постави 65 заштитни столпчиња на булевар Србија кај паркчето „Авион“, а 30 заштитни столбчиња се бојадисани на булеварот АСНОМ. Извршена е контрола и обиколка на вертикалната сигнализација и исправени се вкупно 15 сообраќајни знаци на булеварот Србија, ул. Васко Карангелевски и Февруарски Поход, а поставени се 20 нови сообраќајни знаци на улица Никола Карев, улица Филип Втори, ул. Февруарски Поход и на булеварите АСНОМ, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански. На крстосниците на булевар Јане Сандански имаше шест интервенции, односно на улица Васко Карангелевски монтирани се две сенила на пешачки семафор, на бул. Јане Сандански со ул. Владимир Комаров заменета е оштетена латерна на семафорите со нова. На бул. Јане Сандански кај ТЦ„Три Бисери“ монтирани се три сенила, на булевар Јане Сандански кај „Мекдоналдс“ монтирано едно сенило на пешачки семафор, на к-ца бул. Јане Сандански пешачки премин ТЦ„Бисер“ монтирано е едно сенило на пешак и поставени се четири звучни сигнали на семафорите за лица со нарушен вид. На крстосницата Симеон Кавракиров со улица Владимир Комаров имаше две интервенции и тоа монтажа на две сенила на додатен возач и зелен пешак , како и санација на семафорска инсталација и исправување на бутнат семафорски столб и на крстосницата ул. Фрањо Круз со бул. Кузман Јосифовски Питу заменето е стакло на семафорите. Од почетокот на акцијата, во специјалните садови што ги постави ЈП Комунална хигиена-Скопје се одложени приближно 100 кубни метри кабаст отпад што се подигнати во 24 наврати од седум локации. Во рамките на акцијата, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје досега расчистија две поголеми диви депонии во оваа општина лоцирани на улицата 1619 и во реонот под Железничкиот мост, при што беа подигнати и транспортирани вкупно 126 кубни метри отпад. Отстранети се и три помали диви депонии лоцирани во близина на Транспортниот центар и на улицата Бојмија. Претпријатието континуирано вршеше и рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите и нивните микролокации. На депонијата Дрисла се донесени, примени и третирани 64.460 тони смет од акцијата во општина Аеродром. Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Аеродром пролетната акција ја спроведуваше од 4 ти април до денеска на територијата на целата општина, информираат од градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sobrani-64-460-toni-smet-i-100-kubni-metri-kabast-otpad-vo-proletnata-akcija-vo-opshtina-aerodrom/feed/ 0
ЏАБЕ ЗЕЛЕНИОТ КРОВ: Граѓаните револтирани, околу ГТЦ и стамбените згради преплавено од смет! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dzabe-zeleniot-krov-gragjanite-revoltirani-okolu-gtc-i-stambenite-zgradi-preplaveno-od-smet-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dzabe-zeleniot-krov-gragjanite-revoltirani-okolu-gtc-i-stambenite-zgradi-preplaveno-od-smet-foto-video/#respond Wed, 26 May 2021 07:03:36 +0000 https://kurir.mk/?p=515088

Граѓаните од стамбените згради кои што се наоѓаат во централното подрачје на градот, односно околу самиот плоштад Македонија револтирани се, бидејќи градот Скопје, општина Центар и останатите надлежни претпријатија ги оставија да се дават во смет. Како што може да се забележи од самите фотографии, на самиот плоштад, позади Стопанска Банка надлежните претпријатија оставија да се создаде „депонија“. Граѓаните кои што живеат во околните згради револтирано велат дека „џабе е зелениот кров над ГТЦ, кога од околу се давиме од смет, а од комуналните претпријатија нигде ги нема“. Имено, поради градежните активности кои што се одвиваат покрај кејот на Вардар, возилата на комуналните претпријатаија немаат пристап за да го соберат сметот, а жителите од околните згради се оставени на милост и немилост. [video width="480" height="240" mp4="https://kurir.mk/wp-content/uploads/2021/05/video-1622012404.mp4"][/video] ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dzabe-zeleniot-krov-gragjanite-revoltirani-okolu-gtc-i-stambenite-zgradi-preplaveno-od-smet-foto-video/feed/ 0
Власта на СДСМ воопшто не се грижи за чистата животна средина, Македонија се дави во смет и депонии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-na-sdsm-voopshto-ne-se-grizi-za-chistata-zivotna-sredina-makedonija-se-davi-vo-smet-i-deponii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-na-sdsm-voopshto-ne-se-grizi-za-chistata-zivotna-sredina-makedonija-se-davi-vo-smet-i-deponii/#respond Mon, 22 Mar 2021 13:43:41 +0000 https://kurir.mk/?p=486147

Власта и државните институции предводени од СДСМ не правата ништо за да ја заштитат и одржат чиста животната средина. Реки полни со отпад и пластични шишиња, смет и диви депонии на сите страни е реалната слика во Македонија. Кога земјата е зафатена од обилните врнежи од дожд тие ја вадат на виделина сета негрижа кон природата. Диви депонии долж реките, корита полни со различен отпад, и сето ова поради отсуството на контрола, санкционирање на лицата кои фрлаат отпад, но и на чистењето и нивно санкционирање од страна на институциите. Голема количина од пластиката која завршува во водите, предизвикува контаминација на подземните води, а потоа истата вода се употребува за наводнување на земјоделските производи. Во недостиг на грижа на институциите, за чистење на околина, најчесто се случува да се организираат еколошки акции од страна на граѓански здруженија или пак на индивидуални поединци. Од граѓанската организација „Не биди ѓубре“, која пред пандемија често организираше акции за чистење на јавни површини, посебно во градот Скопје, велат дека институции посериозно треба да вклучат во одржувањето на чиста животна средина, а не за нејзе да се ангажираат само за време на избори, за собирање на гласови. -Стварно сме во една многу лоша состојба и дека сите треба да бидеме вклучени како граѓани и институции, иако не е наше ѓубре. Алармантна е состојбата, и да не бидеме вклучени, посебно институциите само за време на избори, затоа што две и пол години од кога постои Не биди ѓубре, апелираме дека четири години секоја локална власт треба да биде свесна дека чистотата зависи и од нив, не само од нас, вели Елена Митревска од „Не биди ѓубре“. Од друга страна, ридови отпад расфрлани на дивите депонии низ земјата. Општините тврдат дека ги чистат но на терен отпадот e насекаде. Таков е и примерот со дивите депонии во општина Арачиново и Липково. И по повеќе од дваесет години на иста локација стојат двете диви депонии. Првата депонија се наоѓа на самиот излез од Арачиново на магистралниот пат Скопје-Куманово, втората на еден километар од првата. Дивите депонии во овие општини се вистинска еколошка бомба.Тука може да се најде речиси се од градежен шут,пластични и стаклени шишиња,непотребни играчки па дури и остатоци од храна. Страшно е што овие депонии често знаат да се запалат, а чадот штети по здравјето на жителите од околните населени места, додека фрлениот шут ја загадува почвата, во чија близина често има ниви на кои се засадени земјоделски култури. Иако локалните градоначалници во предизборието ветуваа решение за овие депонии, скоро четири години после тоа немаат ништо направено. Диви депонии низ државата и речни корита полни со отпад од година во година е сѐ позагрижувачка. Вина за ова може да се бара и кај несовесните граѓани кои ѓубрето го срлаат насекаде, но сепак државните институции се тие кои не функционират и не превземаат ништо за решавање на овој суштински, егзитенцијален проблем. Во 2010 година, ОН го признаа “правото на безбедна и чиста вода за пиење и санитација“ како човеково право што е од суштинско значење за целосно уживање во животот и сите човекови права. Човековото право на вода им дава право на сите, без дискриминација, да имаат доволна, безбедна, прифатлива, физички пристапна и достапна вода за лична и за домашна употреба. Од друга страна и Европската комисија и даде сериозна забелешка на Македонија за финансиските средства кои ги издвојува за животна средина. Таа во последниот извештај за напредокот на државата кој излезе минатата 2020 година, критикуваа дека Македонија издвојува незначителни мали финансиски средства за животната средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-na-sdsm-voopshto-ne-se-grizi-za-chistata-zivotna-sredina-makedonija-se-davi-vo-smet-i-deponii/feed/ 0