сметање на времето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Oct 2021 17:30:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сметање на времето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европејците и натаму со летно и зимско сметање на времето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropejcite-i-natamu-so-letno-i-zimsko-smetanje-na-vremeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropejcite-i-natamu-so-letno-i-zimsko-smetanje-na-vremeto/#respond Fri, 01 Oct 2021 17:30:13 +0000 https://kurir.mk/?p=571499

Иако Европската комисија пред три години предложи да се укине сезонското поместување на стрелката на часовникот, земјите-членки се уште не се договорија за ова, и се чини дека нема да го направат тоа во догледна иднина, јавува Хина. – Во недела, на 31 октомври, ќе ја поместиме стрелката на часовникот, изјави денеска портпаролот на Еврокомисиијата Стефан Де Кирсмакер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што се случува со предлогот да се запре со поместување на стрелката на часовникот секоја последна недела во март и во октомври. Различното сметање на времето требаше да престане во 2019 година, откако поранешниот претседател на ЕК Жан-Клод Јункер го предложи за целата Европска унија во 2018 година, оставајќи им на членките да одлучат дали ќе го задржат летното или зимското време. Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но треба да биде усвоен од земјите -членки. Во моментов нема индикации дека предлогот може да ја добие нивната поддршка. – Работата сега е во рацете на земјите-членки, рече портпаролот Де Кирсмакер. Европските министри за транспорт во декември 2018 година одлучија да ја одложат одлуката за укинување на сезонското поместување на стрелката на часовникот до 2021 година, но оттогаш ништо не се случи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropejcite-i-natamu-so-letno-i-zimsko-smetanje-na-vremeto/feed/ 0
Наместо 2 ќе биде 3 часот: Од недела почнува летното сметање на времето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/namesto-2-kje-bide-3-chasot-od-nedela-pochnuva-letnoto-smetanje-na-vremeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/namesto-2-kje-bide-3-chasot-od-nedela-pochnuva-letnoto-smetanje-na-vremeto/#respond Fri, 27 Mar 2020 10:25:51 +0000 https://kurir.mk/?p=323007

Од недела почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот. Летното сметање на времето завршува на 25 октомври во 3 часот по полноќ. Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но сепак секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/namesto-2-kje-bide-3-chasot-od-nedela-pochnuva-letnoto-smetanje-na-vremeto/feed/ 0
Нема повеќе зимско и летно сметање на времето: Еве кога последен пат ќе се поместат стрелките на часовникот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nema-povekje-zimsko-i-letno-smetanje-na-vremeto-eve-koga-posleden-pat-kje-se-pomestat-strelkite-na-chasovnikot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nema-povekje-zimsko-i-letno-smetanje-na-vremeto-eve-koga-posleden-pat-kje-se-pomestat-strelkite-na-chasovnikot/#respond Tue, 26 Mar 2019 13:03:32 +0000 https://kurir.mk/?p=178987

Претставниците во Европскиот парламент денеска гласаа за предлогот на Директивата за укинување на поместувањето на часовникот, условен од промената на годишните периоди и ставањето вон сила на Директивата 2000/84 / ЕЗ на пленарната седница во Стразбур. Последното заедничко поместување на часовникот на летно сметање на времето треба да се случи во последната недела на март 2021 година, а земјите членки кои сакаат да останат на зимското сметање на времето треба да го сменат своето стандардно време во последната недела на октомври 2021 година. По денешното гласање, Европскиот парламент е подготвен за понатамошни преговори со Советот на министри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nema-povekje-zimsko-i-letno-smetanje-na-vremeto-eve-koga-posleden-pat-kje-se-pomestat-strelkite-na-chasovnikot/feed/ 0
Нов спор меѓу Хрватска и Словенија околу сметање на времето https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-spor-megju-hrvatska-i-slovenija-okolu-smetanje-na-vremeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-spor-megju-hrvatska-i-slovenija-okolu-smetanje-na-vremeto/#respond Tue, 26 Mar 2019 12:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=178979

Поместувањето на стрелките на часовникот и префрлувањето од зимското во летното сметање на времето, е причина за ново разидување на Хрватска и Словенија, која сака да го задржи зимското време. Европската унија претходно објави дека од 2021 година, најверојатно, ќе ги укине промените на зимскиот и летен начин на пресметување на времето. Од словенечкото Министерство за инфраструктура потврдија дека се најблиску до тоа да се одлучат за зимското сметање на времето образложувајќи оти станува збор за задржување на зимското односно средноевропскиот систем на сметање на времето (GMT + 1), на кој во моментов припаѓаат и сите соседи на Словенија. Во писмена изјава до медиумите, оваа одлука на Словенија уште не е конечна и во тек се  консултации со земјите од регионот, со намера соседни земји да се координираат и да изберат заедничка временска зона. Од Министерството испратиле до соседни земји писмо со неколку прашања во врска со нивните размислувања за временската зона, на која со задоволство би и припаѓале, но, не им стигнал никаков одговор. Нема одговор ниту од Хрватска, а од Министерството за транспорт, море и инфраструктура велат дека не добиле никаков допис од Словенците. Покрај тоа, неофицијално став на Хрватска е, сепак, попрво да се избере летниот начин на пресметување на времето, најмногу затоа што овој систем е попогоден за туризмот. -Сé уште не сме имале никакви консултации со Министерството за туризам, но има неофицијалните пораки се дека повеќе ни одговара летниот систем. Во моментов таа тема не ни е во фокусот, но можно е да се залагаме спротивното од она што очигледно се залагаат нашите соседи Словенци, пишува „Јутарњи лист“, повикувајќи се на непотврдени информации од Министерството за транспорт. Препораката на Европскиот парламент за ова прашање е да се договорат соседните земји меѓусебно, со цел припадноста кон различни временски зони да не предизвика потешкотии на сообраќајот, но и во многу други области. Ако земјите не успеат да најдат  заеднички јазик, тогаш Комитетот за транспорт на Европскиот парламент, најверојатно, ќе го оцени изборот на секоја земја-членка поединечно, со цел изборот на времето да не донесе потешкотии на внатрешен пазар на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-spor-megju-hrvatska-i-slovenija-okolu-smetanje-na-vremeto/feed/ 0
Ќе се стави ли крај на летно и зимско сметање на времето? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-se-stavi-li-kraj-na-letno-i-zimsko-smetanje-na-vremeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-se-stavi-li-kraj-na-letno-i-zimsko-smetanje-na-vremeto/#respond Mon, 04 Mar 2019 08:29:25 +0000 https://kurir.mk/?p=170851

Комисијата за европски прашања на Националното Собрание вчера ќе ја заврши анкетата спроведена преку интернет за тоа дали Французите сакаат да му се стави крај на летното и зимското сметање на времето и на кое сметање треба да се остане, јавува дописникот на МИА. „Потребно ли е да ставиме крај на промената на времето (летно или зимско)“, гласи прашањето на анкетата, која ќе биде затворена вечерва на 3 март. Според резултатите од советувањето, 84 отсто од испитаниците гласаа да се стави крај на промената на времето.Мнозинството од испитаниците сметаат дека треба да се остани на зимското сметање на времето. Слични се и резултатите од испитувањата на јавното мислење во другите земји членки на ЕУ. На европско ниво, 84 проценти се изјаснија да не се менува времето во летно или зимско, односно да има само едно сметање на времето како пред 1976 година, 56 отсто сакаат да остане летното сметање, додека 36 проценти на зимското сметање на времето. Промената на времето, воведена во 1976 година, отсекогаш беше критикувана. Во септември 2018 година, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, по консултација со неколку милиони европски граѓани, предложи во Европската унија да се прекине со промената на времето во зимско и летно сметање. Последната промена на времето требаше да биде на 1 април 2019 година. Но, европските министри за транспорт, кои се состанаа на 3 декември 2018 година, ја разгледуваа можноста, датум за напуштање на овој систем, да биде одреден дури во 2021 година. На крајот од координативното дејство, секоја земја-членка ќе мора да избере дали да остане на летното или зимското сметање на времето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-se-stavi-li-kraj-na-letno-i-zimsko-smetanje-na-vremeto/feed/ 0
Познат датумот кога последен пат ќе се поместат стрелките на часовникот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poznat-datumot-koga-posleden-pat-kje-se-pomestat-strelkite-na-chasovnikot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poznat-datumot-koga-posleden-pat-kje-se-pomestat-strelkite-na-chasovnikot/#respond Wed, 20 Feb 2019 10:38:59 +0000 https://kurir.mk/?p=165953

Иако Европската Комисија предложи последното поместување да се случи годинава на 31 март, укинувањето на зимското и летното сметање на времето ќе стапи на сила од 2020 година. Одборот го усвои амандманот на пратеникот Давор Шкрлец од Зелените, кој предложи поместувањето на стрелките на часовниците да запре на 31 март 2020. Поради низа потенцијални проблеми со ваквото укинување треба да се почека. Директивата би требало да се применува од 1 април 2020, така што одредбите би стапиле на сила во сите земји членки на 31 март 2020, се наведува оттаму. Во последната анкета дури 84% од жителите на земјите членки на Европската Унија се против поместувањето за еден час понапред или поназад на часовниците два пати годишно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poznat-datumot-koga-posleden-pat-kje-se-pomestat-strelkite-na-chasovnikot/feed/ 0
Денот ќе трае подолго- се поместуваат стрелките на часовникот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denot-kje-trae-podolgo-se-pomestuvaat-strelkite-na-chasovnikot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denot-kje-trae-podolgo-se-pomestuvaat-strelkite-na-chasovnikot/#respond Wed, 03 Oct 2018 17:18:48 +0000 https://kurir.mk/?p=110371

Еден час назад утрото меѓу сабота и недела на 27 и 28 октомври, стрелките на часовникот можеби за последен пат ќе се вратат наназад. Во недела на 28 октомври, во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час подолго. Но, со оглед на најавата на Европската Комисија дека ќе предложи укинување на зимското сметање на времето, овогодинешната промена можеби ќе биде последна со оглед на тоа што предлогот е времето секогаш да остане во летниот мод. Над 80% од анкетираните граѓани на земјите на ЕУ се согласиле да не се менува времето два пати годишно, односно во последниот викенд од октомври и последниот викенд во март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denot-kje-trae-podolgo-se-pomestuvaat-strelkite-na-chasovnikot/feed/ 0
Ќе бидеме подебели, поглупи и помрзоволни: Ова се последиците од укинување на сезонското сметање на времето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kje-bideme-podebeli-poglupi-i-pomrzovolni-ova-se-posledicite-od-ukinuvanje-na-sezonskoto-smetanje-na-vremeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kje-bideme-podebeli-poglupi-i-pomrzovolni-ova-se-posledicite-od-ukinuvanje-na-sezonskoto-smetanje-na-vremeto/#respond Thu, 13 Sep 2018 09:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=100345

Граѓаните на Европската комисија се изјаснија против летното и зимското сметање на времето, а повеќето се за воведување на трајно летно време. Европската комисија после тоа најави дека ќе предложи укинување на сезонското поместување на сказалките на часовниците. Тоа значи дека и Македонија би била дел од тој процес, кој би подразбирал последно поместување на часовникот во март, односно октомври идната година. Многу експерти сепак предупредуваат дека воведувањето на летното сметање на времето во текот на целата година би имало погубни последици за сите. Тил Ренеберг од Институтот за медицинска психологија од Универзитетот во Минхен вели дека воведувањето на трајното летно време би предизвикало големи проблеми. -Со тоа се зголемува ризикот од дијабетес, депресија, пореметување на сонот и тешкотии во учењето, што значи дека би станале поглупи, подебели и помрзоволни, вели овој експерт. Доколку се воведе трајно летно сметање на времето, многу повеќе денови во година би станувале по мрак. -Зависно од местото на живеење, децата и до 6 недели подолго би иделе по темница во училиште – смета Ренеберг кој смета дека анкетата е направена без адекватно информирање на јавноста. Светлото и темнината влијаат на нашиот внатрешен часовник, кога ќе се разбудиме, а кога ќе почувстуваме замор. Подолг ден, заради воведување на летното време, влије на неуротрансмитерот на сонот, мелатонинот подоцна да се лачи. Бидејќи не чувстуваме замор на време, подоцна легнуваме, но наутро сепак треба порано да станеме. -Со време се заканува недостаток од сон, поради што во поголема мера ќе станеме хронично ненаспани и преморени – вели експертот за пореметување на сонот, Ханс Гинтер Вес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kje-bideme-podebeli-poglupi-i-pomrzovolni-ova-se-posledicite-od-ukinuvanje-na-sezonskoto-smetanje-na-vremeto/feed/ 0
Ќе се укине ли летното сметање на времето? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-se-ukine-li-letnoto-smetanje-na-vremeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-se-ukine-li-letnoto-smetanje-na-vremeto/#respond Fri, 03 Aug 2018 15:17:08 +0000 https://kurir.mk/?p=84260

Европската онлајн анкета за евентуално укинување на праксата на поместување на стрелките на часовникот нанапред во текот на летното сметање на времето, предизвика голем интерес, соопштија претставници на ЕУ. -Уште сме на средина на испитувањето и регистриравме повеќе од милион испитаници, изјави портпарол на ЕК за ДПА. Само во првите три дена се регистрирале повеќе од 500.000 лица. Социолошкото испитување, кое почна во јули, а ќе трае до 16 август, ги прашува европските граѓани, дали претпочитаат укинување на летното сметање на времето, и дали преферираат лето или зима за менување на времето. Врз основа на резултатите и наодите од другите анкети, ЕК сака да донесе одлука за предлогот за укинување летното сметање на времето. Европскиот парламент, како и неколку земји членки, ја замолија Комисијата да ја преиспита сегашната практика за поместување на стрелките на часовниците на пролет и на есен, и да процени дали таа треба да биде променета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-se-ukine-li-letnoto-smetanje-na-vremeto/feed/ 0
Подгответе се за летното сметање на времето- часовникот мрднете го 1 час напред https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/podgotvete-se-za-letnoto-smetanje-na-vremeto-chasovnikot-mrdnete-go-1-chas-napred/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/podgotvete-se-za-letnoto-smetanje-na-vremeto-chasovnikot-mrdnete-go-1-chas-napred/#respond Fri, 09 Mar 2018 16:49:31 +0000 http://kurir.mk/?p=28746

Во последниот викенд во март 2018-та година, ноќта во 2 часот меѓу 24 и 25-ти март почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот , ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, додека на почетокот на летото и до 20 часот. Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот. Европските земји веќе се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/podgotvete-se-za-letnoto-smetanje-na-vremeto-chasovnikot-mrdnete-go-1-chas-napred/feed/ 0