сметководители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jan 2022 11:16:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сметководители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сметководителите апелираат да се продолжи рокот за поднесување годишни финансиски извештаи, се жалат и на УЈП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-apeliraat-da-se-prodolzi-rokot-za-podnesuvanje-godishni-finansiski-izveshtai-se-zalat-i-na-ujp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-apeliraat-da-se-prodolzi-rokot-za-podnesuvanje-godishni-finansiski-izveshtai-se-zalat-i-na-ujp/#respond Mon, 10 Jan 2022 11:15:59 +0000 https://kurir.mk/?p=617499

Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори денеска на прес-конференција уште еднаш апелира да се продолжи рокот за поднесување годишни финансиски извештаи до 31 март. Сметководителите се пожалија и дека им пристигнуваат решенија за враќање на користената финансиска поддршка во 2020 година кои се со повеќемесечно задоцнување. Тие бараат средба со министерот за економија во врска со годишните извештаи, а до УЈП поднеле барање да ги одложи роковите за враќање на поддршката, но и да ги преземе сите чекори пред Министерството за финансии. Комората потсети дека со години наназад укажува на проблемот за прекратките рокови за поднесување годишни сметки и финансиски извештаи, како и дека во октомври 2021 година поднела барање за навремено интервенирање од страна на министерот за економја. -Според Законот за трговски друштва, рокот за поднесување годишпни сметки во хартиена форма е до 28 февруари, а во електронска до 15 март што е многу кус рок, велат сметководителите и посочуваат дека рокот во Хравтска е 31 март, во Словенија и Германија 30 јуни, Шведска и Франција 31 јули. Останува нејасно зошто Министерството за економија и натаму е глуво на сите наши барања да се продолжи овој рок зашто Комората уште во октомври 2021 година поднесе барање за навремено интервенирање од страна на министерот кој може без интервенции во Законот да го продолжи рокот до 31 март, истакнаа од Комората и дополнија дека сметководителите не се имуни на пандемијата која секако се одразува врз нивното работење. Комората очекува барањето за финансиските извештаи да се усвои што поскоро, а не како лани, последниот ден, па рокот да им се продолжи само два дена. Во врска со решенијата за враќање на користената финансиска поддршка, прашуваат што правела УЈП изминатиот период. -Од УЈП ни пристигнуваат решенија за враќање на користената финансиска поддршка во 2020 година кои се со повеќемесечно задоцнување. Иако датумот на решенијата е 24 декември 2021 година, роковите за враќање на поддршката се веќе поминати: 30 април 2021, 31 мај 2021, 30 јуни 2021, 31 октомври 2021, 30 ноември и 31 декември 2021. Што правела Управата изминатиот период, па наместо навреме да се изготват овие решенија, ги добиваме кога пристигнуваат и новите рокови за враќање на поддршката користена во 2021 кои почнуваат да течат од наредниот месец, беше речено на прес-конференцијата. Сметководителите подвлекоа дека за побрзо надминување на кризата, државните органи мора да се фокусираат кон реалниот сектор и да носат политики кои ќе го поддржат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-apeliraat-da-se-prodolzi-rokot-za-podnesuvanje-godishni-finansiski-izveshtai-se-zalat-i-na-ujp/feed/ 0
Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/smetkovoditelite-kje-ischeznat-kje-bidat-zameneti-so-roboti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/smetkovoditelite-kje-ischeznat-kje-bidat-zameneti-so-roboti/#respond Wed, 18 Aug 2021 11:38:28 +0000 https://kurir.mk/?p=552137

Новите технологии наскоро ќе ги заменат специјалистите кои вршат „монотона работа“ со документи, на пример – сметководителите, смета директорот за дигитални производи на групацијата „Веон“, Џорџ Хелд. Од практична гледна точка, постојат професии – како келнер во ресторан за кои не е потребно посебно знаење… Тука е и тн. „среден ешалон“ – на пр., сметководителите, кои работат „прилично монотона работа“, а потоа има и креативни луѓе… – Да ги научиш и заменуваш луѓето од „најниските професии“ со робот е речиси невозможно. Поставување маса, уредувањето на приборот за јадење и чашите – од гледна точка на вештачката интелигенција – е многу тешко да се направи. Луѓето со креативни професии кои ја создаваат иднината исто така нема да бидат заменети со роботи. Но, сметководителите, на пр., многу брзо ќе бидат потиснати од роботи и ќе треба да се преквалификуваат во некоја од пониските или покреативните професии, вели Хелд. Тој истакна и дека покрај развојот на технологијата, човештвото воопшто, нема да ја загуби својата работа. – Никогаш нема да дојде до тоа – човештвото да нема што да прави. Луѓето секогаш ќе работат нешто, само што ќе се занимаваат со сѐ повеќе и понови технологии, истакнува технолошкиот стручњак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/smetkovoditelite-kje-ischeznat-kje-bidat-zameneti-so-roboti/feed/ 0
И денеска протест на ТУК, се приклучува и Комората на сметководители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-deneska-protest-na-tuk-se-prikluchuva-i-komorata-na-smetkovoditeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-deneska-protest-na-tuk-se-prikluchuva-i-komorata-na-smetkovoditeli/#respond Thu, 22 Apr 2021 10:20:15 +0000 https://kurir.mk/?p=500756

Протестот на Туристичко угостителската комора продолжува и денеска. Од Комората најавија дека ќе протестираат се до исполнување на барањата. Членовите на Туристичко-угостителската комора, претставници на угостителските објекти, ноќни клубови, ресторани за свадби, игротеки, туристички агенции, туристички водичи и превозници, пред два дена пред Министерството за финансии започнаа протест преку кој бараат континуирана финансиска поддршка за спас на овие дејности. Под мотото „Ќе можете ли“, ги повикува надлежните институции итно да ја обезбедат бараната финансиска поддршка. Кон протестот вчера се приклучи и Комората на сметководители која години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-deneska-protest-na-tuk-se-prikluchuva-i-komorata-na-smetkovoditeli/feed/ 0
Итно да се преиспита одлуката да не се продолжат роковите за поднесување завршни сметки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itno-da-se-preispita-odlukata-da-ne-se-prodolzat-rokovite-za-podnesuvanje-zavrshni-smetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itno-da-se-preispita-odlukata-da-ne-se-prodolzat-rokovite-za-podnesuvanje-zavrshni-smetki/#respond Fri, 05 Feb 2021 11:23:37 +0000 https://kurir.mk/?p=464637

Комората на сметководители неделава доби известување дека и покрај тоа што сметководителите се загрозени од пандемијата и не можат да ги достигнат роковите, Министерството за економија во чија надлежност се измените на Законот за трговски друштва оценува дека нема потреба од законски измени за пролонгирање на роковите за поднесувањето на завршните сметки и финансиските извештаи. Затоа Комората бара итно и неодложно Министерството да ја преиспита донесената одлуката, бидејќи прецизните и квалитетни податоци се од круцијално значење за точно планирање на расходи и приходи во државниот буџет, а со тоа и навремено сервисирање на доспеани обврски кон граѓаните и правните лица. Комората на сметководители години наназад укажува на проблемите кои произлегуваат од кратките рокови за изготвување на годишни сметки и финансиски извештаи. Оваа година соочени со здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата сметководителите имаат драстично зголемен обем на работа, а во исто време намалени човечки капацитети и временски ресурси, бидејќи и меѓу нив има лица заболени и во изолација. „Неопходна беше промена на Законот за трговски друштва со што на сметководителите ќе им се овозможи да ја извршат својата обврска навремено, точно и квалитетно. Иако министерот за економија јавно на национална телевизија најави повлекување на законот и изнаоѓање на решение за проблемот, до Комората на сметководители пристигна одговор од Министерство за економија, каде се вели дека роковите нема да бидат продолжени. За каков квалитет на статистички податоци зборуваме, кога немајќи доволно време за изработка фокусот на сметководителите ќе биде исклучиво на запазување на ригидните и кратки рокови, со што се доведува во прашање анализата и веродостојноста на податоците, а со тоа ќе се доведат во загрозена позиција и сите претпријатија кои подеднакво одговараат за овие извештаи. Во дописот се вели и дека ова барање за пролонгирање рокови, не може да се оствари поради обврска за запазување рок за јавно објавување и доставување до надлежните институции во Европската Унија. За какви рокови зборуваме кога земјите членки на ЕУ имаат подолги рокови. На пример, во Хрватска овој рок е 31.03, во Германија е 30.06, во Франција и во Шведска до 31.07. Минатата година овие рокови беа и дополнително одложени. Затоа јавно бараме и апелираме Министерот за економија да ја преиспита својата одлука и да го исполни јавно даденото ветување дека ќе се најде решение за проблемот со кое ќе имаат бенефит сите засегнати страни “, изјави Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители. Комората бара рокот за хартиено поднесени годишни сметки да биде до 30.04, а електронски да може да се поднесат до 15.05, наспроти сегашните рокови кои во услови на пандемија кога има заболени лица кои не можат да ја вршат работата за малите и средни субјекти, но и самите претпријатија не можат навремено да ги обезбедат и достават документите поради бариерите од кризата кои реално се видливи на терен секој ден. Александра Андреева член на Управниот одбор на Комората на сметководители појасни дека во одговорот Министерството за економија се повикува на консултации со Министерството за финансии кое исто така смета дека нема потреба од пролонгирање на роковите. „Имајќи предвид дека Министерство за финансии не е надлежно за Законот за трговски друштва каде се бара измена, а следејќи ја економската логика, не може а да не се запрашаме дали за ова министерство полнењето на буџетот е приоритет наспроти зачувување на здравјето и дигнитетот на сметководителите но и на сите претпријатија, како би се обезбедиле точни финансиски извештаи“, изјави Андреева. Таа појаснува дека согласно донесените уредби со законска сила за финансиска поддршка за исплата на плата за април, мај и јуни, со поднесувањето на годишните сметки и утврдувањето на финансискиот резултат на претпријатијата, започнува обврската за враќање на средствата кон државата. Со одложување на рокот за годишните сметки и овој рок би се продолжил. „Години наназад Министерството за финансии е глуво за сите проблеми со кои се соочуваме. Наместо одговор на барањата за повлекување на поднесените предлог измени на Законот за вршење сметководствени работи и конечно формирање на работна група за креирање нов квалитетен закон, структури во оваа институција и понатаму крајно пожртвувано и посветено се залагаат за уништување на крвотокот кој е единствената врска меѓу државата и стопанството. Комора на сметководители бара конечно преземање одговорност од страна на Министерот за финансии и ставање крај на перфидните игри во министерството за решавање на проблемите на сметководителите“, изјави Андреева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itno-da-se-preispita-odlukata-da-ne-se-prodolzat-rokovite-za-podnesuvanje-zavrshni-smetki/feed/ 0
Сметководителите денеска на протест пред Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-deneska-na-protest-pred-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-deneska-na-protest-pred-vladata/#respond Tue, 26 Jan 2021 10:29:04 +0000 https://kurir.mk/?p=459963

Група на сметководители и овластени сметкодители денеска излегуваат на протест пред Владата на Република Македонија со почеток од 12:00 часот. Сметководители велат дека нивното барање за пролонгирање на роковите за доставување на даночните и финансиските извештаи доставено до Влада на РСМ на ден 18/01/2021 година (во прилог) е изгубено низ бирократските лавиринти, исто како и реалната потреба и предлози за нов Закон за вршење сметководствени работи изминативе три години. -Сметководителите кои се 10.000 во РСМ, ја живеат ерата на легислативна хиперинфлација, со законските измени и постоечките одредби во услови на пандемија, коишто одредби во практицирањето ги извршуваат овластените сметководители. Сето тоа без некој да води сметка за притисокот кој го преживуваат за да одговорат на сите предизвици при имплементирањето на законските решенија. Наметнатите кратки рокови и недоречености во законските решенија, примена на истите на среден рок ќе се причинско последична врска за квалитетот на даночното односно финансиското известување, кое што известување е сигнификантно за даночната и економската политика на државата. Ве известуваме дека приморани сме своите права да ги оствариме со организиран ПРОТЕСТ на 26/01/2021 година во 12 часот пред Влада на РСМ. Искрено се надеваме на прием од страна на представници од Влада на РСМ воедно и представници од сите институции задолжени за измените согласно барањата на сметководителите, стои во нивното соопштение.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-deneska-na-protest-pred-vladata/feed/ 0
Сметководителите утре излегуваат на протест пред Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-utre-izleguvaat-na-protest-pred-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-utre-izleguvaat-na-protest-pred-vlada/#respond Mon, 25 Jan 2021 12:20:51 +0000 https://kurir.mk/?p=459553

Група на сметководители и овластени смекотводители до нашата редакција пратија известување дека утре, вторник 26.01.2021 година излегуваат на протест пред Владата на Република Македонија со почеток од 12:00 часот. Во продолжение во целост ви го пренесуваме нивното известување. „Почитувани, Сакаме да ве известиме дека, Барањето на сметководителите за пролонгирање на роковите за доставување на даночните и финансиските извештаи доставено до Влада на РСМ на ден 18/01/2021 година (во прилог) е изгубено низ бирократските лавиринти, исто како и реалната потреба и предлози за нов Закон за вршење сметководствени работи изминативе три години. Сметководителите кои се 10.000 во РСМ, ја живеат ерата на легислативна хиперинфлација, со законските измени и постоечките одредби во услови на пандемија, коишто одредби во практицирањето ги извршуваат овластените сметководители. Сето тоа без некој да води сметка за притисокот кој го преживуваат за да одговорат на сите предизвици при имплементирањето на законските решенија. Наметнатите кратки рокови и недоречености во законските решенија, примена на истите на среден рок ќе се причинско последична врска за квалитетот на даночното односно финансиското известување, кое што известување е сигнификантно за даночната и економската политика на државата. Ве известуваме дека приморани сме своите права да ги оствариме со организиран ПРОТЕСТ на 26/01/2021 година во 12 часот пред Влада на РСМ. Искрено се надеваме на прием од страна на представници од Влада на РСМ воедно и представници од сите институции задолжени за измените согласно барањата на сметководителите.“ Со почит, ГРУПА НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-utre-izleguvaat-na-protest-pred-vlada/feed/ 0
Сметководителите најавија протест: Барањето кое го испратиле до Заев се изгубило низ бирократските лавиринти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-najavija-protest-baranjeto-koe-go-ispratile-do-zaev-se-izgubilo-niz-birokratskite-lavirinti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-najavija-protest-baranjeto-koe-go-ispratile-do-zaev-se-izgubilo-niz-birokratskite-lavirinti/#respond Fri, 22 Jan 2021 14:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=458640

Барањето на сметководителите за пролонгирање на роковите за доставување на даночните и финансиските извештаи доставено до Влада на РМ на ден 18/01/2021 година е изгубено низ бирократските лавиринти, исто како и реалната потреба и предлози  за  нов Закон за вршење сметководствени работи изминативе три години, информираат преку соопштение ГРУПА НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ. Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение и документацијата: Сметководителите кои се 10.000 во РМ, ја живеат ерата на легислативна хиперинфлација, со законските измени и постоечките одредби во услови на пандемија, коишто одредби во практицирањето ги извршуваат овластените сметководители. Сето тоа без некој да води сметка за притисокот кој го преживуваат за да одговорат на сите предизвици при имплементирањето на законските решенија. Наметнатите кратки рокови и недоречености во законските решенија, примена на истите на среден рок ќе се причинско последична врска за квалитетот на даночното односно финансиското известување, кое што известување е сигнификантно за даночната и економската политика на државата. Ве известуваме дека приморани сме своите права да ги оствариме со организиран ПРОТЕСТ на 26/01/2021 година во 12 часот пред Влада на РМ. Искрено се надеваме на прием од страна на представници од Влада на РМ воедно и представници од сите институции задолжени за измените согласно барањата на сметководителите.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-najavija-protest-baranjeto-koe-go-ispratile-do-zaev-se-izgubilo-niz-birokratskite-lavirinti/feed/ 0
Комора на сметководители: Ликвидноста на над 65 проценти од претпријатијата е сериозно нарушена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komora-na-smetkovoditeli-likvidnosta-na-nad-65-procenti-od-pretprijatijata-e-seriozno-narushena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komora-na-smetkovoditeli-likvidnosta-na-nad-65-procenti-od-pretprijatijata-e-seriozno-narushena/#respond Wed, 10 Jun 2020 10:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=356076

Голем дел од самостојните вршители на дејност се уште немаат добиено средства за април иако уредно поднеле барање и барањето им било одобрено. Сите параметри укажуваат дека ликвидноста на над 65 проценти од претпријатијата е сериозно нарушена, соопшти денеска Комората на сметководители. Комората бара продолжување на мерките за финансиска поддршка и апелира институциите да ги усогласат ставовите за да не се создава дополнителна конфузија при имплементацијата. Во услови на економска криза, нагласува Комората, промовирањето репресивни мерки е непотребно. – За мерката финансиска поддршка на приватниот сектор во износ од 14.500 денари по вработен која е особено актуелна, циклусот за април е завршен, за мај е во тек, а се соочуваме со технички неусогласености и предизвици за реализација. Деновиве сме сведоци на разни толкувања од страна на надлежни институции, коморите и синдикатите за начинот на искористување на средствата. Таквите толкувања доведуваат до заблуди, зголемувајќи ја правната несигурност кај колегите сметководители, како и кај клиентите со кои соработуваме, рече на прес-конференција Александра Андреева, член на УО на Комората на сметководители. Согласно законските прописи, истакна Андреева, во случај кога зависно од дејноста има делумно или целосно запирање на работниот процес, дозволено е пресметување и исплата на нето плата во износ од 50 или 70 отсто. -Ова беше соопштено на официјалната веб страница на Владата, а во повеќе наврати го потврди и министерката за финансии, повикувајќи се на одредбите од член 112 од Закон за работни односи. Оттука, неосновани се тврдењата кои се наjавуваат изминативе денови, со закана за контроли и враќање на средствата со камата доколку не е исплатен целиот износ од 14.500 денари како нето плата. Уредбата никаде не се повикува на бруто или нето плата, туку средствата се јасно дефинирани како финансиска поддршка за исплата на плата. Во условите за аплицирање и одобрување на оваа мерка, пропишано е единствено компанијата да има пад на приходот за 30 отсто во однос на споредбен период, како и задржување на бројот вработени неколку месеци по завршувањето на мерката. Никаде не се поврзува со висината на исплатената нето плата, напомена Андреева. Според Благоја Грозданов, исто така член на УО на Комората, дел од дејностите воопшто не се почнати со работа, поради што се неопходни навремени реакции за помош. -Комората на сметководители постојано укажува на потребата од меѓуинституционална координација и слух за потребите на реалниот сектор од терен. Голем дел од самостојните вршители на дејност се уште немаат примено средства за април, иако уредно поднеле барање и барањето им било одобрено. Сите параметри укажуваат дека ликвидноста на над 65 проценти од претпријатијата е сериозно нарушена. Тука не се изземени ниту сметководствените бироа, кои во најголем број поради ограничувачките пропишани услови, за жал, не можеа ниту да алицираат за некоја од понудените економски мерки, рече Грозданов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komora-na-smetkovoditeli-likvidnosta-na-nad-65-procenti-od-pretprijatijata-e-seriozno-narushena/feed/ 0
Сметководителите бараат помош од државата, еден од нив е заразен: Ова се нивните препораки за време на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-baraat-pomosh-od-drzavata-eden-od-niv-e-zarazen-ova-se-nivnite-preporaki-za-vreme-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-baraat-pomosh-od-drzavata-eden-od-niv-e-zarazen-ova-se-nivnite-preporaki-za-vreme-na-koronavirus/#respond Thu, 26 Mar 2020 09:43:53 +0000 https://kurir.mk/?p=322421

Сметководителите веќе ги чувствуваат последиците од економската криза поради коронавирусот.

Институт на сметководители и Овластени сметководители на Република Македонија испрати допис до Владата и Министерството за финансии.

Во дописот бараат помош од државата, а информираат и дека веќе има сметководител заразен со коронавирус. „Во името на на 11.014 членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ како и 2.158 субјекти за вршење на сметководствени работи во кои се вработени 3.513 сметководители и овластени сметководители, кои во ова време на вонредна состојба и исклучително тешка заразна епидемија од корона вирусот имаат обврска, а и општествена одговорност да ја вршат својата работа.

Ве молиме како претставници на МФ и Владата на РМ  што е можно најитно, да ги разгледаме актуелните состојби во кои се наоѓаат сметководителите и овластените сметководители и да го поддржите Институтот солидарно заедно со институциите на државата им помогнеме на нашите членови. Од причина што нашиот Закон за вршење сметководствени работи и Статутот не ја регулираат особено работата во ваква вонредна состојба, а и како дејност не сме опфатени во мерките кои се донесени од владата, Ви се обраќаме уште еднаш да го разгледате претховниот маил дадените препораки и одлуката на Институтот кој го доставивме на 23.03.2020 на кој до денес нема никаков одговор.

Ве информираме дека веќе има заразено лице – сметководител од Covid-19 па сметаме дека веднаш треба да се превземат конкретни мерки за вршителите на сметководствената дејност, кои изложувајќи се на ризик од зараза вршат дејност и се грижат за прибирање на приходите во буџетот на државата“-информираат тие.

Од Институт на сметководители и Овластени сметководители испраќаат препораки до своите колеги:

„Членовите од Управниот одбор оценија дека е потребно, да покрај дадените препораки од Владата и другите надлежни институции во РМ, превземат и дејствија за заштита на нашите членови. На последната седница УО донесе Одлука за одлагање на обврската за чланарини на нашите членови како и дополнителни одредени препораки, кои сметаме дека во вакви услови се потребни а коие се денес објавени на официјалната вер страница.

Сходно официјалните изјави на овластени лица од Министерството за финансии и Управата за јавни приходи ние како физички лица и субјекти,  кои вршиме сметководствени работи, сметаме дека вршиме дејност која, и во услови на вонредна состојба е општествено потребна  и неопходна за земјата“-велат тие.

Во продолжение се објавените  препораки:

Се надеваме дека во овие услови ќе можеме да  дадеме некаков придонес со континуирано вршење на своите обврски, за излегување и од кризата предизвикана од епидемијата со коронавирусот.

Согласно препораките, одлуките и мерките од надлежните здравствени институции во земјата и странство поврзани со актуелната состојба со COVID19 (Корона вирус),

Ве информираме дека Управниот одбор на Институтот  предложи мерки за превенција и заштита на сметководителите  и  нивните клиенти:

  • Пристапот во вашите деловни канцеларии, доколку сте во можност остварете го исклучиво преку граничен пулт (шалтерски систем), без дозволен пристап во внатрешноста на деловните простории,
  • При пристап на граничниот пулт носете заштитни маски и ракавици, задолжително користете ги геловите за дезинфекција на раце  и држете растојание минимум 1,5 до 2,00 м
  • Препорачуваме комуникацијата  да бидат по електронски пат – користете телефонска и e-mail коресподенција
  • Пред да доставувате/примате документација задолжително информирајте се за актуелните услови за соработка,
  • Приватни посети како и посети кои не се од есенцијално значење за работата да не бидат дозволени
  • Користете ги курирските служби доколку постојат во вашето место на работа
  • Скратете го работното време

 Овие правила добро е да бидат актуелни веднаш (ако досега не сте ги применувале) и да бидат во сила се додека важат препораките на надлежните институции. За доброто на сите, следете ги и почитувајте ги препораките и мерките за заштита на надлежните институции, порачуваат тие.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-baraat-pomosh-od-drzavata-eden-od-niv-e-zarazen-ova-se-nivnite-preporaki-za-vreme-na-koronavirus/feed/ 0
Сметководителите погодени од кризата со коронавирусот, најавуваат затворање на бизнисите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-pogodeni-od-krizata-so-koronavirusot-najavuvaat-zatvoranje-na-biznisite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-pogodeni-od-krizata-so-koronavirusot-najavuvaat-zatvoranje-na-biznisite/#respond Thu, 26 Mar 2020 07:46:16 +0000 https://kurir.mk/?p=322356

И сметководителите веќе ги чувствуваат последиците од новонастанатата економска ситуација поради коронавирусот. Тие денеска, како што најавија, ќе соопштат конкретни предлог-барања за поддршка. -Правните лица за кои се вршат сметководствени услуги, се веќе погодени од кризата и им е намалена ликвидноста, а тоа се одразува со задоцнетото подмирување на обврските. Многу од нив најавуваат и затворање на своите бизниси, со што повеќе од извесно е дека приходите брзо опаѓаат, стои во најавата за прес-конференцијата на Комората на сметководители, закажана за денеска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-pogodeni-od-krizata-so-koronavirusot-najavuvaat-zatvoranje-na-biznisite/feed/ 0