смог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Jan 2020 14:29:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png смог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Урбана иновација за почист воздух: Кулата која влече смог доаѓа во Полска, ова е потребно и кај нас! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/urbana-inovacija-za-pochist-vozduh-kulata-koja-vleche-smog-doagja-vo-polska-ova-e-potrebno-i-kaj-nas-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/urbana-inovacija-za-pochist-vozduh-kulata-koja-vleche-smog-doagja-vo-polska-ova-e-potrebno-i-kaj-nas-video/#respond Thu, 16 Jan 2020 14:29:25 +0000 https://kurir.mk/?p=290707

Кулата што влече смог од воздухот, по Холандија и Кина пристигнуваат во Полска. Холандската компанија „Studio Roosegaarde“, предводена од нејзиниот основач Даан Рузгард, започна серија урбани иновации кои комбинираат уметност и модерна технологија за создавање урбано и чисто опкружување. Меѓу иновациите беше и „кулата за смог“, првата правосмукалка за смог што наскоро ќе го најде своето место во Полска. Урбана иновација за почист воздух По првичното инсталирање во Ротердам и Амстердам, потоа во Пекинг во 2016-та година, првиот светски чистач на смог доаѓа во Краков, Полска, за да  го реши проблемот со загаденоста во градот со употреба на технологија за јонизација. Кулата која влече смог е дел од проектот што го започна холандската компанија, предводена од дизајнерот и иноватор Даан Рузгард, кој има за цел да создаде почист воздух во урбаните области. Висината на оваа иновативна кула е 7 метри и има дебелината од 3, 5 метри. Користејќи технологија на јонизација, кулата привлекува и апсорбира штетни честички на смог и го враќа прочистениот воздух назад. Собраните честички на јаглерод што се оставени зад себе по прочистувањето на воздухот се компресирани и се користат за правење накит. Екстремно висока ефикасност Научниците од технолошкиот универзитет Ајндховен ја проучувале ефективноста на кулата „Роузгард“ и откриле дека може да зафати до 70% од честичките ПМ10 (суспендирани честички со дијаметар помал од 10 микрометри) и до 50% од честичките ПМ2,5 (суспендирани честички помалку од 2,5 микрометри во дијаметар) . Тестовите откриле дека кулата троши помалку електрична енергија од обичен бојлер. Откако беше инсталиран во Пекинг, кулата расчисти 30 милиони кубни метри воздух за 41 дена, што е десет пати поголема од обемот на Националниот стадион во Пекинг со капацитет од 80.000 гледачи. „SmogFreeTower“ наскоро доаѓа во Краков, поточно во Јордан парк во близина на Музејот за современа уметност, каде ќе се одржи изложба од 16-ти февруари до 15-ти април, на која се претставени прстени направени од собрани честички од јаглерод во веќе воспоставени кули. Извор: Ековјесник ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/urbana-inovacija-za-pochist-vozduh-kulata-koja-vleche-smog-doagja-vo-polska-ova-e-potrebno-i-kaj-nas-video/feed/ 0
Каква штета му прави смогот на организмот? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kakva-shteta-mu-pravi-smogot-na-organizmot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kakva-shteta-mu-pravi-smogot-na-organizmot/#respond Tue, 22 Jan 2019 08:07:22 +0000 https://kurir.mk/?p=155085

Индексот на квалитет на воздухот (AQI) покажува колку е воздухот (не)чист. Во деновите кога воздухот е најзагаден обично се препорачува граѓаните да остануваат во своите домови и да не се изложуваат на нечистиот воздух. Исто така се препорачува да се избегнува трчање и други вежби на отворено. Во некои градови, кај нас и низ светот, излегувањето надвор без заштитна маска претставува изложување на голем ризик. Што е смогот? Во зимскиот период вообичаена е појавата на магла, но кога чадот доаѓа во реакција со кондензираните капки вода, се создава смог. Чадот што се крева по спалувањето на стрништа, од фабричките оџаци и од издувните гасови од возилата, ослободува опасни соединенија како сулфур диоксид. Како реагира телото? Смогот се задржува во белите дробови бидејќи хемикалиите и токсините лесно патуваат во организмот. Кога вдишуваме смог наместо чист воздух се изложуваме на ризик од најразлични компликации и болести. Опасност по здравјето Смогот претставува сериозен ризик за луѓето кои веќе имаат проблеми со дишните патишта и органи, како и за децата и постарите лица кои имаат послаби бели дробови. Лекарите советуваат во деновите на висока концентрација на смог да одбегнувате активности на отворено бидејќи водухот тогаш содржи многу штетни хемикалии. Најголем дел од здравствените проблеми се резултат на присуството на ПМ 2.5 честички во воздухот, ситни честички кои се мешаат со крвта и влијаат на нивото на холестерол, што може да предизвика проблеми со срцето. Во истражување спроведено во САД во 2012 година било утврдено дека луѓето кои живеат во подрачја со загаден воздух имаат за 10% поголеми шанси да доживеат инфаркт. Симптоми Смогот и загадувањето може да бидат опасни дури и за здравите луѓе. Најочигледни симптоми се иритација на носот и очите, црвенило околу очите, отежнато дишење, постојана главоболка и гушење. Во некои случаи постои ризик здрави лица да заболат од астма и респираторни компликации. Опасност за новороденчиња Смогот е многу опасен за трудниците и за новороденчињата. Високата концентрација на јаглерод моноксид во воздухот влијае врз ослабување на крвта и спречува носење на кислород до мозокот, што го забавува развојот на детето. Дали смогот може да предизвика рак? Уште нема официјални докази, но научниците и некои лекари истакнуваат дека нивото на ПМ честички во воздухот што ги вдишуваме влијаат врз намалување на имунитетот. Честичките ПМ 2,5 и ПМ 10 може да предизвикаат рак, што значи дека загадениот воздух може да има фатални последици. Истражувачите на Светската здравствена организација најдоа поврзаност меѓу загадениот воздух и ракот на бели дробови и тврдат дека смогот е полн со канцерогени соединенија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kakva-shteta-mu-pravi-smogot-na-organizmot/feed/ 0
Го однесе расипаниот автомобил на автомеханичар- кога ја отвори хаубата смртта му се појави пред очи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-odnese-rasipaniot-avtomobil-na-avtomehanichar-koga-ja-otvori-haubata-smrtta-mu-se-pojavi-pred-ochi-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-odnese-rasipaniot-avtomobil-na-avtomehanichar-koga-ja-otvori-haubata-smrtta-mu-se-pojavi-pred-ochi-video/#respond Wed, 30 May 2018 20:13:42 +0000 https://kurir.mk/?p=60172

Несекојдневна ситуација се случила во еден автомобилски сервис откако автомеханичарите сакале да го поправат расипаниот автомобил. Сопственикот на автомобилот ја однел расипаната кола во сервисот, а автомеханичарите веднаш се фатиле за работа, но веднаш потоа тие се соочиле со вистински шок. Од моторот излегла змија која веднаш се обиделе да ја отстранат дури неколку механичари во исто време. Според коментарите станува збор за смог кој бил не отровен, но сепак опасен доколку дојде во контакт со луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-odnese-rasipaniot-avtomobil-na-avtomehanichar-koga-ja-otvori-haubata-smrtta-mu-se-pojavi-pred-ochi-video/feed/ 0