смртен случај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 12:32:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png смртен случај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Eпидемија на колера во Судан, регистриран е 21 смртен случај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-kolera-vo-sudan-registriran-e-21-smrten-sluchaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-kolera-vo-sudan-registriran-e-21-smrten-sluchaj/#respond Wed, 27 Sep 2023 12:32:11 +0000 https://kurir.mk/?p=882282

Судан пријави епидемија на колера, со 18 смртни случаи од оваа болест во источната држава Гедареф и три смртни случаи во главниот град Картум. Во Картум, 13 лица се хоспитализирани, со што вкупниот број на сомнителни случаи на цревна инфекција со бактеријата Вибрио се искачи на 265. „Првите сомнителни случаи на колера се регистрирани во селото Катер, државата Гедареф, каде што бројот на сомнителни случаи на колера достигна 265“, се вели во соопштението на суданското Министерство за здравство. Суданскиот синдикат на лекари вчера издаде предупредување за ширење на денга треска, колера, сипаници и маларија во земјата. Невладиниот медицински синдикат ги повика „регионалните и меѓународните здравствени организации и телата на Обединетите нации да пружат помош“. „Широкото ширење на денга треска и колера, а пред тоа и сипаници и маларија, ја потврдуваат кревкоста на здравствениот систем во земјите кои не се погодени од војна“, наведува Синдикатот. Според Светската здравствена организација, епидемии на колера и денга треска се забележани во источен Судан, каде илјадници луѓе пребегнаа поради борбите меѓу армијата и Силите за брза поддршка. Поради вооружениот судир, повеќе од 3.000 луѓе ги загубија животите, десетици илјади се повредени, а повеќе од пет милиони луѓе се раселени, а најголемиот дел од насилството е концентрирано околу главниот град.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-kolera-vo-sudan-registriran-e-21-smrten-sluchaj/feed/ 0
НОВ СМРТЕН СЛУЧАЈ ВО БОЛНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА: Семејството обвинува за недобивање помош од лекарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-smrten-sluchaj-vo-bolnitsa-vo-makedonija-semejstvoto-obvinuva-za-nedobivane-pomosh-od-lekarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-smrten-sluchaj-vo-bolnitsa-vo-makedonija-semejstvoto-obvinuva-za-nedobivane-pomosh-od-lekarite/#respond Sat, 01 Apr 2023 09:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=818770

Семејство од Тетово обвини дека нивен член вчера навечер починал во тетовската болница, затоа што не добил помош од лекарите, објави вечерва порталот на албански јазик Тетовасот. Станува збор за шеесет годишен маж од Пирок, за кого од семејството изјавиле дека починал околу 19 часот. -Доле чекавме еден час, побаравме помош, никој не излезе да ни помогне. Членот на семејството пред еден час падна во кома, чекавме долу, ниту еден лекар не излезе да ни помогне, по некое време тој почина поради доцнењето на лекарите од над половина час, изјави еден од членовите на семејството, за Тетовасот. Директорот на тетовската болница, Плумб Вела, за МИА информираше дека вчера навечер по дознавање за случајот заминал во установата за да утврди што се случило. -Ќе се преземат мерки и ќе се формира комисија која ќе утврдува дали има вина кај лекарите за смртта на 60-годишникот, изјави директорот Плумб Вела. Директорот Вела е нов раководител на Клиничка болница, а на таа функција е само неколку дена односно од 28 март. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-smrten-sluchaj-vo-bolnitsa-vo-makedonija-semejstvoto-obvinuva-za-nedobivane-pomosh-od-lekarite/feed/ 0
Хрватска: Се шири вирус на грип, регистриран прв смртен случај https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-se-shiri-virus-na-grip-registriran-prv-smrten-sluchaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-se-shiri-virus-na-grip-registriran-prv-smrten-sluchaj/#respond Wed, 04 Jan 2023 11:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=783752

Во Хрватска е регистриран прв смртен случај од компликации од грип во Бродско-Посавската жупанија, каде неделно има повеќе од 200 заболени. Станува збор за средовечен маж кој, како што се наведува, имал и многу други хронични заболувања, а починал на Одделот за инфективни болести на болницата во Славонски Брод. Доктор Анте Читковиќ, директор на Институтот за јавно здравје во тој град, за ХРТ изјави дека мажот, роден 1958 година, не бил вакциниран против грип, дека со ПЦР тестот е потврден грип, што, како што рече, покажува дека грипот е сериозна и опасна болест. Според последните податоци од пред две недели, сезонава во Хрватска се регистрирани 1.759 случаи на грип, а лекарите велат дека притисокот е голем и се повеќе граѓани бараат помош. Инфектологот Горан Тешовиќ рече дека без оглед на клиничкото искуство, релативно е тешко да се разликува грипот од коронавирусот. Тој вели дека во моментов не може да издвои некои специфични симптоми врз основа на кои би можел да каже дека се работи за грип или ковид. Иако веќе две години немаше грип, Тешовиќ вели дека смета дека сега на организмот му е потешко да се избори со оваа болест. – Она што сега го гледаме се вообичаените клинички слики, претежно кај децата. Главно кај децата од предучилишна и училишна возраст, кои имаат некомплицирана форма на грип. Затоа, не гледаме некои особено тешки клинички форми на грип. Првенствено, сè зависи од вирусот. Во овој момент барем кај нашите пациенти доминира грип од типот А, и тоа оној кој предизвикува полесна форма на болеста, вели доктор Тешовиќ. Тој предупреди дека, како и минатата година, има пациенти кои имаат грип и Ковид во исто време.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-se-shiri-virus-na-grip-registriran-prv-smrten-sluchaj/feed/ 0
Пиоли со солзи го напушти стадионот, поради смртен случај не одржа прес-конференција https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-so-solzi-go-napushti-stadionot-poradi-smrten-sluchaj-ne-odrza-pres-konferencija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-so-solzi-go-napushti-stadionot-poradi-smrten-sluchaj-ne-odrza-pres-konferencija/#respond Mon, 14 Nov 2022 12:31:35 +0000 https://kurir.mk/?p=760281

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не одржа прес-конференција по победата над Фиорентина со 2:1 во 15. коло од Серија А. Пиоли го напушти стадионот „Сан Сиро“ пред почетокот на прес-конференцијата за медиуми на која наместо него се појави спортскиот директор на Милан, Паоли Малдини. Италијанските медиуми пишуваат дека Пиоли си заминал итно поради смртен случај во семејство, ненадејно починал братот на неговата сопруга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-so-solzi-go-napushti-stadionot-poradi-smrten-sluchaj-ne-odrza-pres-konferencija/feed/ 0
Индија го потврди првиот смртен случај од мајмунски сипаници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-go-potvrdi-prviot-smrten-sluchaj-od-majmunski-sipanici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-go-potvrdi-prviot-smrten-sluchaj-od-majmunski-sipanici/#respond Mon, 01 Aug 2022 11:06:33 +0000 https://kurir.mk/?p=712567

Индија го потврди својот прв смртен случај од мајмунски сипаници, објавија властите во индиската држава Керала. Човекот починал во саботата, а неговото семејство им кажало на локалните власти дека бил позитивен на мајмунски сипаници додека бил во Обединетите Арапски Емирати на 21 јули, објави Ројтерс. Керала се наоѓа во југозападна Индија и има 33 милиони жители, што ја прави 13-та најнаселена држава во Индија. Од регистрирањето на првите случаи во мај, до денес, во светот се потврдени повеќе од 23.000 случаи, а пациенти починале во Нигерија, Централноафриканската Република, Шпанија, Бразил, Гана и сега во Индија. Во Демократска Република Конго случаи се регистрирани и пред мај, па и таму годинава се регистрирани смртни случаи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-go-potvrdi-prviot-smrten-sluchaj-od-majmunski-sipanici/feed/ 0
ДРАГАНА МИРКОВИЌ ЗАВИЕНА ВО ЦРНО – пејачката изгуби член од потесното семејство https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dragana-mirkovikj-zaviena-vo-crno-pejachkata-izgubi-chlen-od-potesnoto-semejstvo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dragana-mirkovikj-zaviena-vo-crno-pejachkata-izgubi-chlen-od-potesnoto-semejstvo/#respond Wed, 09 Jun 2021 08:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=520866

Тони Бијелиќ, сопругот на Драгана Мирковиќ го изгуби својот татко. Тажната вест ја сподели на својот Инстаграм профил и напиша: „Почивај во мир, тато“. Набргу следеа бројни изразувања на сочуство од пријателите и колегите на Драгана, меѓу првите бил и познатиот пејач Бобан Рајовиќ. Таткото на Тони бил крајно врзан за неговите внуци Мануела и Марко, а тој важел за голем џентлмен и шармант. Колку што е познато, таткото на Тони некогаш бил еден од најбогатите луѓе во Австрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dragana-mirkovikj-zaviena-vo-crno-pejachkata-izgubi-chlen-od-potesnoto-semejstvo/feed/ 0
Ксенија пред настапот на Евровизија изгубила член од семејството – не знаела ништо за смртниот случај во Србија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ksenija-pred-nastapot-na-evrovizija-izgubila-chlen-od-semejstvoto-ne-znaela-nishto-za-smrtniot-sluchaj-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ksenija-pred-nastapot-na-evrovizija-izgubila-chlen-od-semejstvoto-ne-znaela-nishto-za-smrtniot-sluchaj-vo-srbija/#respond Mon, 24 May 2021 13:10:14 +0000 https://kurir.mk/?p=514426

Овогодинешните претставници на Србија на Евровизија, членки на групата „Ураган“, го освоија 15-тото место на овој музички натпревар со песната „Локо, локо“, но никој не знаеше дека нивниот изглед на сцената во Ахоја Арената во Ротердам претходеле семејни трагедии. Имено, починала бабата на Ксенија Кнежевиќ, мајка на нејзината мајка. Бабата на Ксенија од страната на нејзината мајка починала пред последниот настап, а членовите на нејзиното семејство решија да не и кажуваат за да не ја вознемируваат додека сè уште траел натпреварот. - Луѓе, ви благодарам за неизмерната поддршка, безусловната љубов, неисцрпната позитивна енергија. Ви благодариме што чувствувавте потреба да застанете покрај нас, што ни дадовте ветер во грб, без вас ништо од ова немаше смисла. Ви благодарам за можноста да бидете алка на балканската крв, да бидете една како и секогаш. За Србија, за Балканот - рекоа членовите на „Ураганот“ по враќањето од Ротердам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ksenija-pred-nastapot-na-evrovizija-izgubila-chlen-od-semejstvoto-ne-znaela-nishto-za-smrtniot-sluchaj-vo-srbija/feed/ 0
ГОЛЕМА ТАГА ВО ДОМОТ НА ПЕЈАЧКИТЕ – Едита и Инди Арадановиќ загубија близок член од семејството (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/golema-taga-vo-domot-na-pejachkite-edita-i-indi-aradanovikj-zagubija-blizok-chlen-od-semejstvoto-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/golema-taga-vo-domot-na-pejachkite-edita-i-indi-aradanovikj-zagubija-blizok-chlen-od-semejstvoto-foto/#respond Tue, 04 May 2021 12:24:14 +0000 https://kurir.mk/?p=505312

Денес е тажен ден во домот на пејачките Едита и Индира Арадиновиќ. Двете денес се соочија со голема загуба, бидејќи нивната братучетка почина. Инди ја сподели тажната вест на Инстаграм профилот, збогувајќи се со својата братучетка со емотивни пораки и фотографии направени во среќни моменти. „Патувајте со ангелите, наша најмила“, напиша Инди со емотикон на скршено срце, бел гулаб и раце кои молат. По неколку часа пејачката повторно се огласи на оваа социјална мрежа. - Спиј мирно, моја прекрасна насмевко. Жал ми е што не ти се јавив кога ми се јави со мислите пред некој ден - напиша Инди на фотографијата каде е со сестра си и ќерка си.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/golema-taga-vo-domot-na-pejachkite-edita-i-indi-aradanovikj-zagubija-blizok-chlen-od-semejstvoto-foto/feed/ 0
Смртен случај го одложи „Моќник“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrten-sluchaj-go-odlozi-mokjnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrten-sluchaj-go-odlozi-mokjnik/#respond Fri, 23 Apr 2021 06:50:34 +0000 https://kurir.mk/?p=501065

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека главната расправа за предметот „Моќник“ што требаше да се одржи денеска, се одложува поради смртен случај на еден од обвинетите. Следното рочиште е насрочено за 17 мај 2021 година во 11:00 часот. За евентуални промени во термините за расправа, странките и јавноста, нагласува Судот, ќе бидат благовремено информирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrten-sluchaj-go-odlozi-mokjnik/feed/ 0
Една година од првиот смртен случај на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-godina-od-prviot-smrten-sluchaj-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-godina-od-prviot-smrten-sluchaj-na-kovid-19/#respond Mon, 11 Jan 2021 09:28:29 +0000 https://kurir.mk/?p=453642

Пред една година Кина го потврди првиот смртен случај на коронавирус во градот Вухан, а досега во светот се регистрирани над 1,9 милиони починати од Ковид-19. Меѓутоа, во градот со 11 милиони жители, во централниот дел на Кина, каде се појави првиот случај на зараза, вирусот веќе не постои, пишува весникот „Гардијан“. Во Вухан денес луѓето слободно одат на работа, а парковите и шеталиштата се полни со луѓе. Кинеските власти минатата година на 11 јануари го потврдија својот прв смртен случај од непознатиот вирус, кога почина 61-годишен маж, кој бил редовен купувач на сега веќе озлогласениот пазар во Вухан, од каде почна да се шири коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-godina-od-prviot-smrten-sluchaj-na-kovid-19/feed/ 0