смртна казна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 09:32:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png смртна казна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО: Барањето за евакуација на пациенти во Газа е „смртна казна“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-baraneto-za-evakuatsija-na-patsienti-vo-gaza-e-smrtna-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-baraneto-za-evakuatsija-na-patsienti-vo-gaza-e-smrtna-kazna/#respond Fri, 13 Oct 2023 09:32:38 +0000 https://kurir.mk/?p=888432

Светската здравствена организација (СЗО) нагласи дека барањето од пациентите во болниците да се евакуираат во Газа е „смртна казна“, а генералниот директор на организацијата го повика Израел да ја повлече својата одлука со која нареди евакуација. СЗО денеска соопшти дека локалните здравствени власти во Газа ги информирале оти е невозможно да се евакуираат болнички пациенти од северниот дел на Газа, откако израелската војска повика цивилите да се евакуираат на југ во рок од 24 часа. - Има тешко болни луѓе чии повреди значат дека единствената шанса за преживување им е да бидат на апарати за одржување во живот, како што се механички вентилатори, рече портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ. - Значи, преместувањето на тие луѓе е смртна казна. Барањето од здравствените работници да го сторат тоа е повеќе од сурово, нагласи тој. Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека болниците во Газа се на „пресудна точка“ и апелираше директно до Израел да ја откаже наредбата за евакуација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-baraneto-za-evakuatsija-na-patsienti-vo-gaza-e-smrtna-kazna/feed/ 0
Во Сингапур за три недели извршена втора смртна казна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-za-tri-nedeli-izvrshena-vtora-smrtna-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-za-tri-nedeli-izvrshena-vtora-smrtna-kazna/#respond Wed, 17 May 2023 07:29:54 +0000 https://kurir.mk/?p=835113

Во Сингапур денеска е погубено уште едно лице поради тргување со канабис. Тоа е второ бесење за три седмици и покрај апелите на групите за човекови права и Обединети нации за прекин на извршување на смртни казни за трговија со дрога. Името на егзекутираниот 37-годишен маж не е објавено откако семејството побара да се почитува приватноста. Тој беше обесен откако вчера судот одби повторно да го отвори неговиот случај без сослушување. Тој бил во затвор седум години, а во 2019 година беше осуден во 2019 година за продажба на околу 1,5 килограми канабис Според законот во Сингапур, трговијата со повеќе од 500 грама канабис се казнува со смрт. Во Сингапур околу 600 осуденици се во затвор и чекаат егзекуција, главно за прекршоци поврзани со дрога. Минатата година 11 лица беа егзекутирани за прекршоци поврзани со дрога, по двегодишна пауза за време на пандемијата. Пред три недели, Тангарај Супијах (46) беше погубен со бесење во првата егзекуција годинава поради шверц на килограми канабис, иако не беше фатен со дрогата. Според Обвинителството телефонските броеви го идентификувале како лице кое ја координирало испораката на дрога, што тој го негираше. Групите за човекови права, ОН, британскиот милијардер Ричард Бренсон и многу други го повикува Сингапур да стави крај на егзекуциите поврзани со дрога, тврдејќи дека смртната казна е неефикасна. Сепак, властите во Сингапур тврдат дека сите затвореници добиваат фер судење и дека смртната казна останува дел од нивната сеопфатна стратегија за спречување на трговијата со дрога. Амнести интернешнал соопшти дека Индонезија извршила 112 егзекуции поврзани со дрога во 2022 година, по пауза од неколку години. Спротивно на тоа, соседен Тајланд го легализираше канабисот, додека Малезија ја укина задолжителната смртна казна за тешки кривични дела.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-za-tri-nedeli-izvrshena-vtora-smrtna-kazna/feed/ 0
Белорусија воведе смртна казна за велепредавство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-vovede-smrtna-kazna-za-velepredavstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-vovede-smrtna-kazna-za-velepredavstvo/#respond Thu, 09 Mar 2023 18:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=810148

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денeскa го потпиша законот што овозможува примена на смртна казна врз службеници и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти кабинетот на шефот на државата. Белорусија, која е земја близок сојузник на Русија, е единствената во Европа што сè уште ја применува смртната казна. Досега смртната казна се применуваше за злосторства како убиство или терористички акти. Егзекуциите се извршуваат со еден истрел во задниот дел од главата. Споменатата промена е дел од измените на Кривичниот законик, чија најавена цел е зајакнување на борбата на Белорусија против „злосторствата од екстремистичка (терористичка) или антидржавна ориентација“. Според друга измена, што денеска исто така беше одобрена од Лукашенко, лице осудено за „дискредитација“ на белоруските вооружени сили ќе добие затворска казна. Русија донесе сличен закон по инвазијата врз соседна Украина, пред нешто повеќе од една година. Белорусија досега не испрати свои војници во Украина, но и дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за да ја почне инвазијата врз Украина, на 24 февруари 2022 година. Ова земја, исто така, им дозволува на руските авиони и беспилотни летала да го користат воздушниот простор за напади врз Украина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-vovede-smrtna-kazna-za-velepredavstvo/feed/ 0
Во Иран две активистки за ЛГБТК+ права се осудени на смрт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-iran-dve-aktivistki-za-lgbtk-prava-se-osudeni-na-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-iran-dve-aktivistki-za-lgbtk-prava-se-osudeni-na-smrt/#respond Mon, 05 Sep 2022 13:43:41 +0000 https://kurir.mk/?p=728999

Две активистки за права на ЛГБТК+ лицата се осудени на смрт во Иран под обвинение за промовирање хомосексуалност, соопштија денеска активисти и апелираа меѓународната заедница да спречи извршување на пресудата. Триесет и едногодишната Захра Седиги Хамедани и 24-годишната Елхам Чубдару се осудени во северозападниот град Урмија, информираше курдската организација за човекови права „Хенгав“. Активистките, кои и самите се дел од ЛГБТК+ заедницата, сега се во женското одделение на затворот во Урмија. Шади Амин, координаторка на иранската организација за одбрана на права на ЛГБТК+ лица „6Ранг“, со седиште во Германија, ја потврди пресудата против двете млади жени. – Ги повикуваме сега Германија и другите странски влади да извршат притиок врз Иран со цел активистките да бидат ослободени, апелираше таа. Како што таа додаде, ова не е првпат жена да биде осудена на смртна казна во Иран поради својата сексуална ориентација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-iran-dve-aktivistki-za-lgbtk-prava-se-osudeni-na-smrt/feed/ 0
Белорусија воведува смртна казна за планирање атентат или „обид за терористички акт“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-voveduva-smrtna-kazna-za-planiranje-atentat-ili-obid-za-teroristichki-akt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-voveduva-smrtna-kazna-za-planiranje-atentat-ili-obid-za-teroristichki-akt/#respond Wed, 18 May 2022 09:59:57 +0000 https://kurir.mk/?p=678300

Белорусија воведува смртна казна за планирање атентат или „обид за терористички акт“, се наведува во денеска објавениот текст на законот, цитиран од руските медиуми. Вакви обвинувања се упатени кон голем број активисти на локалната опозиција, меѓу кои и нејзината лидерка, Светлана Тихановскаја, која живее во егзил. -Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потпиша закон со кој се предвидува можност за смртно казнување при обидот за извршување терористички акт, посочуваат медиумите. Досега ризикуваа да бидат егзекутирани само оние кои навистина извршиле такво дело. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-voveduva-smrtna-kazna-za-planiranje-atentat-ili-obid-za-teroristichki-akt/feed/ 0
Извршена првата смртна казна од 2012: Ја у*бил сопругата, поќерката ја зло*тавувал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvrshena-prvata-smrtna-kazna-od-2012-ja-u-bil-soprugata-pokjerkata-ja-zlo-tavuval/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvrshena-prvata-smrtna-kazna-od-2012-ja-u-bil-soprugata-pokjerkata-ja-zlo-tavuval/#respond Thu, 18 Nov 2021 09:24:10 +0000 https://kurir.mk/?p=596895

Дејвид Кокс во 2010 година беше осуден на смрт откако по осумчасовна полициска блокада ја убил сопругата, а претходно пред неа ја сексуално ја нападнал поќерката. Тој е првиот осуденик на смрт кој е погубен во американската сојузна држана Мисисипи во последните девет години, а деветти затвореник над кој е извршена смртна казна во САД во 2021 година. Медиумите пренесуваат дека е усмртен со инјекција во затворот во Парчман. На судењето кое завршило во 2021 година тој признал вина по сите осум точки од обвинението, а во 2018 година ги отпушти своите адвокати одрекувајќи се од жалбата за казната. Додал и дека смртната казна ја заслужил. Трагичниот настан се случил на 14 мај 2010 година, кога Кокс купил пиштол и тргнал по својата избегана сопруга Кум и нивните две деца. Упаднал во куќата каде таа живеела со децата и осум часа ги држел како заложници. За време на полициската блокада сопругата ја ранил во стомакот и раката и додека со часови умирала крварејќи, бидејќи претходно одбил да и биде пружена помош, пред очите три пати сексуално ја нападнал поќерката. По осум часа неуспешни преговори полицијата влегла во куќата и го уапсила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvrshena-prvata-smrtna-kazna-od-2012-ja-u-bil-soprugata-pokjerkata-ja-zlo-tavuval/feed/ 0
Болничар се соочува со смртна казна: Убил 4 лица, им вбризгувал воздух во вените https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolnichar-se-soochuva-so-smrtna-kazna-ubil-4-lica-im-vbrizguval-vozduh-vo-venite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolnichar-se-soochuva-so-smrtna-kazna-ubil-4-lica-im-vbrizguval-vozduh-vo-venite/#respond Thu, 21 Oct 2021 16:17:40 +0000 https://kurir.mk/?p=583289

Медицински техничар од Тексас е прогласен за виновен поради убиство на четворица пациенти на кои им вбризгувал воздух во вените по операција на срцето. Триесет и седум годишниот болничар, Вилијам Дејвис сега се соочува со смртна казна, пишува Би Би Си. Машки пациенти во болница во Тексас, на возраст меѓу 47 и 74 години, имале „симптоми слични на напади“ и починале од смртоносно оштетување на мозокот, откако Дејвис им вбризгувал воздух во вените. Пациентите претходно добро закрепнувале од операциите и на лекарите не им било јасно како нивната состојба драстично се влошила. Во текот на судењето објавени се снимки од безбедносните камери на кои се гледа како болничарот влегува во една од собите на пациентите, а потоа се огласил алармот од срцевиот монитор. Адвокатот на медицинскиот техничар, Филип Хејс, за време на судењето тврдеше дека нема конкретни докази дека луѓето починале од вбризгување воздух, изразувајќи верување дека неговиот клиент всушност бил „жртвено јагне за болницата со сериозни процедурални проблеми“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolnichar-se-soochuva-so-smrtna-kazna-ubil-4-lica-im-vbrizguval-vozduh-vo-venite/feed/ 0
Кинескиот суд ja потврди смртната казна на канаѓанецот Роберт Шеленберг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-sud-ja-potvrdi-smrtnata-kazna-na-kanagjanecot-robert-shelenberg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-sud-ja-potvrdi-smrtnata-kazna-na-kanagjanecot-robert-shelenberg/#respond Tue, 10 Aug 2021 06:27:29 +0000 https://kurir.mk/?p=548612

Кинескиот суд денеска ја отфрли жалбата на канадскиот државјанин Роберт Шеленберг на смртната казна, на која беше осуден поради шверц на дрога. 36-годишниот канаѓанец беше уапсен во 2014 година за обид да прошверцува 227 килограми метафетамин од Кина во Австралија, беше осуден на 15 години затвор во ноември минатата година, но, по жалбата, судот го осуди на смрт. Канадскиот амбасадор во Кина Доминик Бартон денеска ја осуди одлуката на кинескиот суд со која беше потврдена смртната казна за Шеленберг и повика на помилување, пренесува „Ројтерс“. Амбасадорот им рече на новинарите дека Канада останува длабоко загрижена за произволната употреба на смртна казна од Кина. Бартон рече дека не е случајно што Кина одлучи за жалбата на Шеленберг во време кога во Канада е во тек тужба против извршниот директор на „Хуавеи“, Менг Ванж.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-sud-ja-potvrdi-smrtnata-kazna-na-kanagjanecot-robert-shelenberg/feed/ 0
Уште една американска држава ја укина смртната казна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edna-amerikanska-drzava-ja-ukina-smrtnata-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edna-amerikanska-drzava-ja-ukina-smrtnata-kazna/#respond Thu, 25 Mar 2021 07:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=487414

Гувернерот на американската сојузна држава Вирџинија, Ралф Нортум, го потпиша законот за укинување на смртната казна, што ќе биде заменета со доживотен затвор без можност за предвремено помилување, јавија руските медиуми, повикувајќои се на информации од личниот профил на гувернерот на Фејсбук. На овој начин Вирџинија стана 23-та американска држава по ред, која ја укинува употребата на смртна казна на нејзината територија. Досега оваа држава важеше за лидер според бројот на извршени егзекуции. Според извештаите на американските медиуми, за време на целото постоење на Вирџинија, вклучувајќи го и статусот на британска колонија, нејзините власти погубиле речиси 1.400 лица. Со новиот закон смртната казна се заменува со доживотен затвор, без право на помилување. Во јануари годинава, повеќе од сто службеници за спроведување на законот во САД, главни обвинители и обвинители, судии и претставници на Министерството за правда, го повикаа американскиот претседател Џо Бајден веднаш да ја укине смртната казна во САД. За време на неговата изборна кампања, американскиот претседател изрази заложба за укинување на овој вид казна како дел од неговите идни реформи. Врховниот суд на САД во јули 2020 година донесе одлука дека може да се извршат првите егзекуции во последните 17 години во американските федерални затвори, со укинување на одложувањето што претходно го наредил понизок суд. Прв беше погубен 47-годишниот Даниел Луис Ли, кој се наоѓаше во федералниот затвор Тера Хот во Индијана. Враќањето на федералната смртна казна беше симболично во САД, каде повеќето егзекуции се извршуваат под јурисдикција на одделни држави, а не на федералните власти. Меѓутоа, во 2020 година федералните власти во САД за првпат во историјата на земјата извршија повеќе смртни казни отколку сите сојузни држави заедно, се наведува во годишниот извештај на Центарот за смртни казни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edna-amerikanska-drzava-ja-ukina-smrtnata-kazna/feed/ 0
Вирџинија ја укинува смртната казна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/virdzinija-ja-ukinuva-smrtnata-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/virdzinija-ja-ukinuva-smrtnata-kazna/#respond Tue, 23 Feb 2021 08:01:48 +0000 https://kurir.mk/?p=472579

Во американската сојузна држава Вирџинија пратениците го усвоија предлог-законот за укинување на смртната казна, кој е испратен на потпис до гувернерот, демократот Ралф Нортем, кој има намера да го потпише. Со тоа Вирџинија ќе стане првата држава во јужниот дел на САД, каде ваков вид казна ќе биде укината на законодавно ниво, пишува Вашингтон пост. Вирџинија ќе биде 23-та држава што ќе се откаже од смртната казна, која ќе биде заменета со доживотен затвор без помилување. Како што наведува весникот, оваа држава досега беше лидер по бројот на извршени егзекуции на нејзина територија. За време на целото постоење на Вирџинија, која првично беше англиска колонија, а потоа и држава во САД, властите егзекутираа речиси 1.400 лица. Првата егзекуција е извршена во 1608 година, кога еден човек за кој се верува дека е шпански шпион е погубен во Џејмстаун, првата англиска населба во современите САД. – Во долгата историја на Вирџинија, оваа држава егзекутирала повеќе луѓе од било кој друг. Време е да се запре оваа машина за убиства, изјавија гувернерот Нортем, лидерот на мнозинството во Сенатот Ричард Саслоу и претседателот на Претставничкиот дом Ајлин Филер-Корн. Во декември минатата година неколку десетици членови на Конгресот на САД го повикаа актуелниот претседател на САД, демократот Џо Бајден, кој за време на својата предизборна кампања вети дека ќе ја укине смртната казна на федерално ниво и ќе постигне нејзино укинување на државно ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/virdzinija-ja-ukinuva-smrtnata-kazna/feed/ 0