смртни случаи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jun 2023 15:31:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png смртни случаи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција: До 35.000 смртни случаи поради жештините од 2014 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-do-35-000-smrtni-sluchai-poradi-zheshtinite-od-2014-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-do-35-000-smrtni-sluchai-poradi-zheshtinite-od-2014-godina/#respond Fri, 23 Jun 2023 15:31:40 +0000 https://kurir.mk/?p=849075

Од 2014 година, меѓу 30.000 и 35.000 луѓе починале во лето во Франција поради жештините, соопшти денеска француската Агенција за јавно здравје. Овие бројки, како што се посочува, не се поврзани само со периоди на екстремна топлина. „Треба да се забележи дека значителен дел од тие смртни случаи се луѓе помлади од 75 години“, соопшти француската здравствена агенција. Таа е една од првите агенции што ја процени врската меѓу топлината и смртноста во земјата во последните години во контекст обележан со можните последици од глобалното затоплување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-do-35-000-smrtni-sluchai-poradi-zheshtinite-od-2014-godina/feed/ 0
Во Европа се зголемува бројот на смртни случаи предизвикани од дрога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-evropa-se-zgolemuva-brojot-na-smrtni-sluchai-predizvikani-od-droga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-evropa-se-zgolemuva-brojot-na-smrtni-sluchai-predizvikani-od-droga/#respond Fri, 16 Jun 2023 15:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=846602

Во најновиот извештај на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (ЕМЦДДА) се наведува дека продолжуваат да се зголемуваат смртните случаи во Европа предизвикани од дрога. Според податоците на ЕМЦДДА најголем број починати лица од дрога во земјите-членки на ЕУ се регистрирани во Германија. Бројот на смртни случаи поврзани со дрога во Германија во 2021 година изнесуваше 1.826, бројка двојно поголема од пред 10 10 години. Германија е на прво место во ЕУ, а потоа следат Шпанија (774), Шведска (450) и Франција (417). Според извештајот на Агенцијата на ЕУ со седиште во Лисабон, во 2021 година имало вкупно најмалку 6.166 смртни случаи од предозирање со дрога во 27 земји-членки на ЕУ. Тоа е речиси 17 смртни случаи дневно и значително повеќе отколку во 2020 година (5.796) и 2019 година (5.141). Смртноста од предозирање во ЕУ во 2021 година изнесуваше 18,3 смртни случаи на милион жители на возраст од 15 до 64 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-evropa-se-zgolemuva-brojot-na-smrtni-sluchai-predizvikani-od-droga/feed/ 0
Кина: Oд почетокот на декември, смртните случаи поврзани со Ковид надминаа 80.000 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-od-pochetokot-na-dekemvri-smrtnite-sluchai-povrzani-so-kovid-nadminaa-80-000/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-od-pochetokot-na-dekemvri-smrtnite-sluchai-povrzani-so-kovid-nadminaa-80-000/#respond Wed, 15 Feb 2023 08:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=800651

Смртните случаи поврзани со Ковид-19 надминаа 80.000 во Кина од почетокот на декември, објави денеска „Џијангкан шибао“, пренесува ТАСС. Според кинеското издание, бројот на починати од 8 декември до 9 февруари изнесува 83.150. Од почетокот на годината стапката на смртност почна да се намалува. Најмногу заразени починале на 4 јануари - 4.273, додека на 6 февруари бројот на починати бил 102. Од сите починати, над 92 отсто имале коморбидети. Причина за останатите смртни случаи е функционално откажување на респираторните органи. На 8 јануари, кинеските здравствени власти го отстранија Ковид-19 од нивната листа на најопасни болести. Наспроти ова, тие значително ги олеснија мерките против ширењето на коронавирусот во земјата и најавија етапно укинување на ограничувањата за патување во странство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-od-pochetokot-na-dekemvri-smrtnite-sluchai-povrzani-so-kovid-nadminaa-80-000/feed/ 0
Три нови смртни случаи од коронавирус во последните шест месеци во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-novi-smrtni-sluchai-od-koronavirus-vo-poslednite-shest-meseci-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-novi-smrtni-sluchai-od-koronavirus-vo-poslednite-shest-meseci-vo-kina/#respond Mon, 21 Nov 2022 15:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=764321

Кина ги пријави првите смртни случаи од коронавирусот во последните шест месеци, а властите предупредија дека Пекинг се соочува со најтешката ситуација од почетокот на пандемијата, објави денеска Би-Би-Си. Од саботата се пријавени три смртни случаи во Пекинг, со што официјалниот број на починати од вирусот во Кина се искачи на 5.229. Во Пекинг, властите веќе воведоа карантин во областа Хаидијан, затворајќи ги сите продавници освен оние за основни потреби, како и училиштата и рестораните, а три милиони луѓе беа повикани да останат дома. Оние кои патуваат во Пекинг ќе треба да направат тестови за коронавирус во првите три дена од нивната посета. Смртните случаи се во период на протести поради стратегијата на Кина за нулта толеранција за коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-novi-smrtni-sluchai-od-koronavirus-vo-poslednite-shest-meseci-vo-kina/feed/ 0
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 од минатата зима е за 90 осто намален https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-smrtni-sluchai-od-kovid-19-od-minatata-zima-e-za-90-osto-namalen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-smrtni-sluchai-od-kovid-19-od-minatata-zima-e-za-90-osto-namalen/#respond Wed, 09 Nov 2022 20:01:04 +0000 https://kurir.mk/?p=758199

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло опадна од минатата зима, соопшти Светската здравствена организација. Минатата недела, околу 9.400 смртни случаи поврзани со Ковид-19 беа пријавени ширум светот, соопшти денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Ова е речиси 90 проценти помалку отколку во февруари, кога беше постигнат овогодишниот неделен врв од 75.000. Иако тоа е позитивен развој, премногу луѓе сè уште умираат, рече Тедрос за време на прес-конференција. – Речиси 10.000 смртни случаи неделно се 10.000 премногу за болест која може да се спречи и лекува, нагласи тој. – Ковид-19 сè уште е пандемија, рече епидемиологот на СЗО Марија Ван Керхове. Претходната недела, ширум светот беа пријавени околу 2,1 милион нови инфекции. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-smrtni-sluchai-od-kovid-19-od-minatata-zima-e-za-90-osto-namalen/feed/ 0
Зголемен бројот на заразени со Ковид-19 во Грција, намален бројот на смртни случаи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemen-brojot-na-zarazeni-so-kovid-19-vo-grcija-namalen-brojot-na-smrtni-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemen-brojot-na-zarazeni-so-kovid-19-vo-grcija-namalen-brojot-na-smrtni-sluchai/#respond Tue, 08 Nov 2022 14:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=757502

Изминатата седмица, за 14 отсто се зголемил бројот на заразени со Ковид-19 во Грција, додека пак за 19 проценти се намалил бројот на смртни случаи, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 31 октомври до 6 ноември 2022 година, биле регистрирани 61.139 случаи, од кои 25 проценти се реинфекции, а починаа 134 лица. Направени биле 718.561 тест, со стапка на позитивност 8,51 отсто, наспроти 8,45 проценти една седмица претходно. На одделите за интензивна нега во грчките болници 89 пациенти се приклучени на апарати, четири повеќе од минатата седмица. Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 5.250.288 случаи на Ковид-19, а починаа 33.888 лица. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemen-brojot-na-zarazeni-so-kovid-19-vo-grcija-namalen-brojot-na-smrtni-sluchai/feed/ 0
СЗО: Најмалку 15.000 смртни случаи во Европа поради жештини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-najmalku-15-000-smrtni-sluchai-vo-evropa-poradi-zeshtini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-najmalku-15-000-smrtni-sluchai-vo-evropa-poradi-zeshtini/#respond Mon, 07 Nov 2022 19:09:40 +0000 https://kurir.mk/?p=757057

Најмалку 15.000 смртни случаи во Европа се директно поврзани со големите топлотни бранови што го погодија континентот во летото 2022 година, според нецелосната проценка објавена од СЗО денеска, по повод КOП27 за климата. Летото во 2022 година беше најжешкото на Стариот континент откако беа направени мерења, што предизвика бројни температурни рекорди и драматични пожари. „Врз основа на веќе објавените национални податоци, се проценува дека 15.000 луѓе починале токму од горештините во 2022 година“, вели Ханс Клуге, директор на европскиот огранок на СЗО, во соопштението. Тој додава дека тој број, кој вклучува 4.500 смртни случаи во Германија, речиси 4.000 во Шпанија, повеќе од 3.200 во Велика Британија и илјада во Португалија, „се очекува да порасне бидејќи повеќе земји пријавуваат нови смртни случаи поврзани со жештините“. СЗО посочува дека француската канцеларија за статистика ИНСЕЕ пријавила 11.000 повеќе смртни случаи во летото 2022 година во споредба со летото 2019 година, што и претходеше на пандемијата на Ковид, што веројатно може да се објасни со многу високите температури што преовладуваа во јуни и јули. Според СЗО, екстремните температури предизвикаа смрт на 148.000 луѓе во Европа во последните 50 години. Повеќе од 10 проценти од тој број се однесуваат на 2022 година, со пријавени 15.000 смртни случаи, и без сомнение повеќе кога ќе се соберат податоците за целата година. „Климатските промени веќе не убиваат, но со решителна акција денес можеме да спречиме поголем број смртни случаи“, истакнуваат од здравствената организација на ОН, додека КOП27 се одржува во Египет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-najmalku-15-000-smrtni-sluchai-vo-evropa-poradi-zeshtini/feed/ 0
ОН загрижени за смртните случаи на мирните протести во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zagrizeni-za-smrtnite-sluchai-na-mirnite-protesti-vo-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zagrizeni-za-smrtnite-sluchai-na-mirnite-protesti-vo-iran/#respond Sat, 29 Oct 2022 08:26:59 +0000 https://kurir.mk/?p=752265

Обединетите нации изразија „зголемена загриженост“ за извештаите за смртни случаи во актуелните протести против властите во Иран, јави ДПА. -Ги осудуваме сите инциденти што резултираа со смрт или сериозни повреди на демонстрантите и повторуваме дека безбедносните сили мора да избегнуваат секаква непотребна или непропорционална употреба на сила против мирните демонстранти. Одговорните мора да сносат последици, изјави портпаролот на ОН во Њујорк. Обединетите нации ја повикаа иранската Влада во Техеран да ги почитува човековите права, истакнувајќи дека кризата може и треба да се стави под контрола преку дијалог, пренесува ДПА. Немирите низ Иран беа предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини. Полицијата за морал ја уапсила поради наводно кршење на исламските правила за облекување. Таа почина во полициски притвор на 16 септември. Од нејзината смрт, илјадници лица демонстрираат низ целата земја против репресивните мерки на владата и исламскиот систем на владеење. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zagrizeni-za-smrtnite-sluchai-na-mirnite-protesti-vo-iran/feed/ 0
Грција: За 23 отсто зголемен бројот на смртни случаи од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-za-23-otsto-zgolemen-brojot-na-smrtni-sluchai-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-za-23-otsto-zgolemen-brojot-na-smrtni-sluchai-od-kovid-19/#respond Tue, 25 Oct 2022 15:35:29 +0000 https://kurir.mk/?p=750301

За една седмица за 23 отсто се зголемил бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Грција, додека пак за четири проценти се намалил бројот на заразени, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 17 до 23 октомври 2022 година, биле регистрирани 52.966 случаи, од кои 22 проценти се реинфекции, а починаа 138 лица. Направени биле 691.863 тестови, со стапка на позитивност 7,66 отсто, наспроти 7,96 проценти една седмица претходно. На одделите за интензивна нега во грчките болници 82 пациенти се приклучени на апарати, осум повеќе од минатата седмица. Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 5.135.200 случаи на Ковид-19, а починаа 33.574 лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-za-23-otsto-zgolemen-brojot-na-smrtni-sluchai-od-kovid-19/feed/ 0
Алармантни бројки во Шпанија: Во текот на летото повеќе од 4.600 луѓе починаа од жештините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantni-brojki-vo-shpanija-vo-tekot-na-letoto-povekje-od-4-600-lugje-pochinaa-od-zeshtinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantni-brojki-vo-shpanija-vo-tekot-na-letoto-povekje-od-4-600-lugje-pochinaa-od-zeshtinite/#respond Thu, 01 Sep 2022 14:10:55 +0000 https://kurir.mk/?p=727331

Повеќе од 4.600 луѓе починаа за време на екстремните горештини во Шпанија ова лето, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на шпанскиот здравствен институт Карлос III. Претходно беше објавено дека екстремната жештина, која беше забележана во јули во Шпанија, предизвика смрт на 2.064 луѓе. Сепак, според дневниот систем за следење на смртноста на институтот, од 1 јуни до 30 август од горештините починале 4.655 луѓе. Најмногу смртни случаи имало во јули и август - 2.223 и 1.602. Летово во Шпанија беа забележани температури од над 40 степени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantni-brojki-vo-shpanija-vo-tekot-na-letoto-povekje-od-4-600-lugje-pochinaa-od-zeshtinite/feed/ 0