смртни закани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Nov 2022 06:21:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png смртни закани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Смртни закани за легендата на иранскиот фудбал Ал Даеи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/smrtni-zakani-za-legendata-na-iranskiot-fudbal-al-daei/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/smrtni-zakani-za-legendata-na-iranskiot-fudbal-al-daei/#respond Tue, 29 Nov 2022 06:30:34 +0000 https://kurir.mk/?p=767916

Легендарниот ирански фудбалер Али Даеи обелодени дека примил многу смртни закани откако застанал во поддршка на протестното движење во Иран. „Последните месеци добив многу закани против мене и моето семејство од разни организации, медиуми и луѓе“, истакна 53-годишниот поранешен фудбалер во порака објавена на Инстаграм. -Ме учеа да бидам чесен, да ја сакам татковината и слободата … Што сакате да постигнете со таквите закани, праша во пораката Даеи. Тој беше најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал до септември 2021 година кога Португалецот Кристијано Роналдо ја зграби таа титула. Даеи, исто така, е еден од првите ирански фудбалери кои настапуваше во Европа. Во сезоната 1997/98 настапуваше за Арминија Билефилд, а следната ја мина во дресот на Баерн Минхен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/smrtni-zakani-za-legendata-na-iranskiot-fudbal-al-daei/feed/ 0
Смртни закани до редакцијата на бањалучкиот портал „еТрафика“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smrtni-zakani-do-redakcijata-na-banjaluchkiot-portal-etrafika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smrtni-zakani-do-redakcijata-na-banjaluchkiot-portal-etrafika/#respond Thu, 21 Jul 2022 15:37:28 +0000 https://kurir.mk/?p=708541

Редакцијата на порталот „еТрафика“ од Бања Лука од мај годинава добивала смртни закани преку социјалните мрежи, потврди мрежата „SafeJournalists“. Заканите се пријавени во полицијата, а предметот е доставен до Окружното јавно обвинитество во Бања Лука. Заканите доаѓале од лице за кое порталот пред четири години објавил серија текстови во кои се посочува дека лицето вршело оперативни зафати врз куче во импровизирана амбуланта во неговиот дом. Главната уредничка на порталот „еТрафика“ Вања Стокиќ изјави дека новинарите во редакцијата се загрижени, бидејќи заканите продолжиле независно што случајот е пријавен до полицијата. „Мошне сме загрижени бидејќи заканите не престануваат, тој се јавува повеќе од два месеци, не престана ниту кога му се заканувавме со полиција. Посебно е вознемирувачки што во една порака ни напиша дека не одговара за своите постапки и оти нема да оди во затвор туку на лекување. Тоа значи дека тој мисли дека може да ни направи се, без последици“, рече таа. Маја Радевиќ од мрежата „SafeJournalists“ за БиХ посочува дека од Обвинителството добила одговор оти во случајот нема елементи за кривично дело оттаму што нема лични закани односно заканите биле упатувани до редакцијата на порталот. „Ваквото објаснување е во најмала рака зачудувачки и само уште една потврда за тоа како постапуваат обвинителите кога станува збор за закани и напади врз новинари. Ако случајно вакви брутални закани беа упатени до политичар, тој што ги испратил одамна ќе беше во притвор, рече Радевиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smrtni-zakani-do-redakcijata-na-banjaluchkiot-portal-etrafika/feed/ 0
Се истражуваат смртните закани кон политичарите од Словенија- на пратките биле прикачени куршуми https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-istrazuvaat-smrtnite-zakani-kon-politicharite-od-slovenija-na-pratkite-bile-prikacheni-kurshumi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-istrazuvaat-smrtnite-zakani-kon-politicharite-od-slovenija-na-pratkite-bile-prikacheni-kurshumi/#respond Mon, 25 Oct 2021 18:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=585301

Словенечката полиција денеска потврди дека истражува поштенски пратки во кои на високи државни функционери и на заштитени лица им се упатувале смртни закани. Полицијата била известена за пет вакви пратки, сите со слична содржина, со непосредни смртни закани, а на сите е прикачен куршум за пушка, соопшти Стојан Белшак, од секторот на криминалистичка полиција во Љубљана. Тој додаде дека истрагата се уште е во почетна фаза на прибирање информации кои треба да доведат до сторителот, а за други детали не може да зборува во интерес на истрагата. Медиумите вчера објавија дека премиерот Јанез Јанша и министерот за одбрана Матеј Тонин добиле смртни закани на нивните домашни адреси, што подоцна беше и официјално потврдено. Локалните медиуми денеска објавија дека, освен премиерот и министерот, предмети со исти закани и содржина добиле и две пратенички групи и еден пратеник, наводно претседателот на Словенечката национална партија (СНС), Змаго Јелинчич. Претставниците на неколку партии остро ги осудија како недозволиви сите форми на закани и насилство, а претседателот на парламентот Игор Зорчич ги повика сите политичари да бидат толерантни и умерени во комуникацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-istrazuvaat-smrtnite-zakani-kon-politicharite-od-slovenija-na-pratkite-bile-prikacheni-kurshumi/feed/ 0
Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добиле смртни закани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkiot-premier-i-ministerot-za-odbrana-dobile-smrtni-zakani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkiot-premier-i-ministerot-za-odbrana-dobile-smrtni-zakani/#respond Sun, 24 Oct 2021 19:07:48 +0000 https://kurir.mk/?p=584753

Според словенечката телевизија, премиерот добил смртни закани во пратка која била испратена на негова приватна адреса, што е потврдено и од кабинетот на премиерот. Полицијата го истражува случајот. Медиумите објавија дека Јанша и Тонин во петокот добиле писма на нивните адреси, кои содржеле смртни закани и во нив се наоѓала „муниција од поголем калибар“, а закани биле упатени и до членовите на семејството на Јанша. Се наведува дека ова не е првпат на ваков начин да му се закануваат на словенечкиот премиер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkiot-premier-i-ministerot-za-odbrana-dobile-smrtni-zakani/feed/ 0
Смртни закани кон истражителoт на ОН за убиството на Кашоги од страна на висок саудиски претставник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtni-zakani-kon-istrazitelot-na-on-za-ubistvoto-na-kashogi-od-strana-na-visok-saudiski-pretstavnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtni-zakani-kon-istrazitelot-na-on-za-ubistvoto-na-kashogi-od-strana-na-visok-saudiski-pretstavnik/#respond Tue, 23 Mar 2021 13:53:15 +0000 https://kurir.mk/?p=486677

Висок саудиски претставник упатил смртни закани кон независниот истражител на ОН, Анес Каламар, која го истражува убиството на новинарот Џамал Кашоги. Во интервју за Гардијан, специјалниот известувач на ОН за вонсудски убиства откри дека во јануари 2020 година таа била предупредена од колега од светската организација дека висок саудиски службеник двапати упатил закани на средба со други претставници на ОН во Женева, дека ќе се „погрижи“ за Каламар доколку не биде ограничена од организацијата. На прашањето како ги примиле коментарите нејзините колеги во Женева, Каламар одговори: „Смртна закана“. Французинката е експерт за човекови права која ќе ја преземе својата нова функција овој месец како генерален секретар на невладината организација Амнести Интернешнл. Таа е првиот службеник кој јавно истражува и објави детален извештај за убиството на Кашоги во 2018 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtni-zakani-kon-istrazitelot-na-on-za-ubistvoto-na-kashogi-od-strana-na-visok-saudiski-pretstavnik/feed/ 0
Кривична пријава за смртни закани и повици за насилство на Фејсбук https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-smrtni-zakani-i-povici-za-nasilstvo-na-fejsbuk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-smrtni-zakani-i-povici-za-nasilstvo-na-fejsbuk/#respond Fri, 08 Jan 2021 16:03:43 +0000 https://kurir.mk/?p=452928

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, на 08.01.2021 полициски службеници од ОВР Кочани на службен разговор го повикале Д.Ѓ.(26) од с.Зрновци, кочанско. Тој на 07.01.2020 на својот „Фејсбук“ профил, споделил објава со повик за насилство и смртни закани. Одземен е мобилниот телефон од Д.Ѓ. и известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Д.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-smrtni-zakani-i-povici-za-nasilstvo-na-fejsbuk/feed/ 0
Палестински екстремисти со смртни закани кон Меси https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/palestinski-ekstremisti-so-smrtni-zakani-kon-mesi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/palestinski-ekstremisti-so-smrtni-zakani-kon-mesi/#respond Wed, 06 Jun 2018 19:28:35 +0000 https://kurir.mk/?p=63072

Палестинските екстремисти успеаја да издејствуваат откажување на мечот помеѓу Израел и Аргентина, а на удар се најде и Лионел Меси. Пријателскиот натпревар беше закажан за в сабота во Ерусалим, но беше откажан поради заканите кон Меси и тимот. - Откако доби смртни закани, другите играчи се солидализираа со него и побараа натпреварот да биде откажан. Таквите закани не се ништо ново меѓу спортистите во Израел и ние и понатаму ќе продолжиме да чекаме да бидеме домаќини на една од најголемите фудбалски ѕвезди, објави Амбасадата на Израел во Буенос Аирес. Претседателот на ФК Палестина апелираше до Меси да не игра, а навивачите отидоа чекор понатаму, откако почнаа да палат дресови. - Меси е симбол на мирот и љубовта, и затоа ние го молиме да не учествува во една политичка претстава, која оправдува злосторства и окупација. Има десетици милиони фанови во арапскиот и муслиманскиот свет, беше пораката на Џибрил Раџуб, претседател на ФК Палестина. Сега е оставено во Аргентина да договори друг противник и да игра последен меч пред Мундијалот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/palestinski-ekstremisti-so-smrtni-zakani-kon-mesi/feed/ 0
Се прослави по контроверзниот пенал, а сега не спие мирно: Смртни закани за судијата Мајк Оливер и неговата сопруга https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/se-proslavi-po-kontroverzniot-penal-a-sega-ne-spie-mirno-smrtni-zakani-za-sudijata-majk-oliver-i-negovata-sopruga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/se-proslavi-po-kontroverzniot-penal-a-sega-ne-spie-mirno-smrtni-zakani-za-sudijata-majk-oliver-i-negovata-sopruga/#respond Sun, 15 Apr 2018 08:04:55 +0000 https://kurir.mk/?p=40810

Тензиите по досудениот пенал од страна на судијата Мајкл Оливер на мечот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус од четвртфиналето на Лигата на шампионите ја достигнаа својата кулминација. Оливер и неговата сопруга Луси станале предмет на навреди и дури почнале да добиваат закани по својот живот преку социјалните мрежи, како и со текстуални пораки. Потсетуваме дека судијата стана светски познат по контроверзниот пенал што му го досуди на Реал во последните секунди на мечот против Јувентус. „Бјанконерите“ беа на чекор да го одведат натпреварот во продолженија по водството од 3:0 на „Сантијаго Бернабеу“, но на крајот Кристијано Роналдо постигна гол од белата точка ја исфрли „Старата Дама“ од турнирот. Голманот на гостите Џанлуиџи Буфон пак доби црвен картон поради жестоките реакции кон судијата, а по завршувањето на средбата се изрази доста остро на негова адреса. Легендарниот голман изјави дека Оливер наместо срце, има канта за ѓубре во градите. Иако Мајкл Оливер нема профил на социјалните мрежи, оној на неговата сопруга веднаш бил откриен од лути навивачи. Тие буквално ја блокирале нејзината сметка со навреди и закани, а потоа го откриле и нејзиниот телефонски број. Почнале да упатуваат закани и преку текстуални пораки, кои во моментов се истражуваат од британската полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/se-proslavi-po-kontroverzniot-penal-a-sega-ne-spie-mirno-smrtni-zakani-za-sudijata-majk-oliver-i-negovata-sopruga/feed/ 0