смртните случаи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 19:37:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png смртните случаи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Самит на 100 нации за борба против смртните случаи во сообраќајни несреќи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-na-100-natsii-za-borba-protiv-smrtnite-sluchai-vo-soobrakajni-nesreki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-na-100-natsii-za-borba-protiv-smrtnite-sluchai-vo-soobrakajni-nesreki/#respond Mon, 26 Jun 2023 19:37:44 +0000 https://kurir.mk/?p=849849

Шефовите на националните агенции за безбедност на патиштата од околу сто земји ќе се состанат неделава во Стокхолм на инаугуративниот глобален Самит за безбедност на патиштата, чија цел е да се справи со злото од смртни случаи и повреди во сообраќајни несреќи ширум светот. Самитот, што ќе се одржува два дена почнувајќи на 28 јуни, ќе поттикне активности за исполнување на глобалната цел за намалување бројот на смртни случаи и повредени во сообраќајки за половина до 2030 година. Оваа цел е поставена во Декадата на Обединетите нации за акција за безбедност на патиштата 2021-30. Се проценува дека сообраќајните несреќи убиваат повеќе од 1,3 милиони луѓе секоја година, со девет од десет смртни случаи во земјите со низок и среден приход. Според СЗО, сообраќајните несреќи остануваат водечка причина за смрт кај децата и младите на возраст од пет до 29 години во светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-na-100-natsii-za-borba-protiv-smrtnite-sluchai-vo-soobrakajni-nesreki/feed/ 0
Во Јужна Кореја рекорден број смртни случаи од Ковид-19 во еден ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-koreja-rekorden-broj-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-koreja-rekorden-broj-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-eden-den/#respond Mon, 21 Dec 2020 07:51:13 +0000 https://kurir.mk/?p=446044

Јужна Кореја денеска евидентираше најголем број на смртни случаи од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, со 24 пациенти кои починаа и вкупно 698 смртни случаи, соопшти азиската здравствена служба. Медицинските власти побараа од полицијата веднаш да почне да ги казнува оние што ги кршат рестриктивните мерки. Регистрирани се уште 926 случаи на коронавирус, што е нешто помалку од рекордниот број на новозаразени од вчера, кога беа 1.097. И покрај обидите да се спречи ширењето на инфекцијата, Јужна Кореја размислува дали владата треба да воведе построги ограничувачки мерки, бидејќи болниците остануваат без слободни кревети, а вчера имаше само четири слободни легла на интензивна нега во пошироката област на Сеул. Владата им нареди на приватните болници да ослободат повеќе од 300 легла за да остават простор за пациентите со коронавирус, а за возврат дадоа 4,5 милиони долари за да ги надоместат трошоците на приватниците. Градот Сеул размислува за уште построги мерки од физичкото дистанцирање – максималниот број на луѓе собрани на едно место се планира да биде пет, почнувајќи од 24 декември, јави агенцијата Јонхап. Во петокот, полицијата во Сеул изврши рација во 60 ноќни клубови и кафулиња, кои ги прекршувале правилата за физичко дистанцирање, а вкупно 35 лица беа приведени, вклучително и сопственици на објектите и клиенти, се вели во полициското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-koreja-rekorden-broj-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-eden-den/feed/ 0
Нагло зголемување на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naglo-zgolemuvanje-na-smrtnite-sluchai-od-kovid-19-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naglo-zgolemuvanje-na-smrtnite-sluchai-od-kovid-19-vo-velika-britanija/#respond Tue, 21 Apr 2020 17:07:01 +0000 https://kurir.mk/?p=335182

Велика Британија денеска бележи нагло зголемување на бројот на починати од коронавирусот во однос на претходниот ден. Според британската Влада, денеска од Ковид-19 починале 823 луѓе, за разлика од вчера кога оваа бројка изнесуваше 449. Некои медиуми коментираат дека тоа што вчера биле пријавени помалку смртни случаи, се должи на доцнење во известувањето за жртви. Во Велика Британија досега починале вкупно 17.337 луѓе. Ова значи дека земјата е четврта по бројот на жртви меѓу европските земји, зад Италија, Шпанија и Франција, со повеќе од 20.000 жртви. Најмногу жртви во светот има САД со повеќе од 43.000 смртни случаи. исто така, Велика Британија има трета најголема стапка на смртност на светот од 13,1 отсто, а поголема стапка на смртност од неа имаат само Италија и Белгија. Сепак, според изјави на експерти, постојат знаци дека врвот на пандемијата во земјата поминал, а специјална комисија соопшти дека врвот веројатно бил на 8 април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naglo-zgolemuvanje-na-smrtnite-sluchai-od-kovid-19-vo-velika-britanija/feed/ 0