смс порака – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Jul 2022 10:06:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png смс порака – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЈП „Градски паркинг – Скопје“: Активирана е СМС порака со цел потсетување за активна паркинг сесија на зонските паркиралишта https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-gradski-parking-skopje-aktivirana-e-sms-poraka-so-cel-potsetuvanje-za-aktivna-parking-sesija-na-zonskite-parkiralishta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-gradski-parking-skopje-aktivirana-e-sms-poraka-so-cel-potsetuvanje-za-aktivna-parking-sesija-na-zonskite-parkiralishta/#respond Wed, 20 Jul 2022 10:06:33 +0000 https://kurir.mk/?p=707820

Ги известуваме корисниците на услугите на ЈП „Градски паркинг- Скопје“ дека е ставена во функција СМС порака со цел потсетување за активна паркинг сесија на зонските паркиралишта, стои во соопштението на ЈП „Градски паркинг - Скопје“. На почетокот на оваа седмица во системот на зонското паркирање на ЈП „Градски паркинг“- Скопје се активираше СМС порака- потсетник за активна паркинг сесија. Корисниците кои испратиле СМС порака за паркирање, по 4 часа и 5 мин. ќе добиваат „порака- потсетник“ со содржина: „Потсетување дека имате активно паркирање. За крај испратете порака до 144 144 со содржина S“. Како што велат од јавното претпријатие оваа порака е со цел да им се излезе во пресрет на корисниците кои паркираат на зони кои немаат ограничено и автоматско исклучување на паркинг сесијата, поточно зоните Ц и Д. - Корисниците често, од повеќе причини не успеале да испратат „S“ за крај на користењето на паркинг услугата и со тоа автоматски им се наплаќаше до крај на работното време на паркингот. Апелираме до корисниците навремено да испраќаат СМС пораки за започнување и за стопирање на паркирањето, со што не би се соочиле со непријатности т.е. поставување блокатор на тркало, се додава во нивното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-gradski-parking-skopje-aktivirana-e-sms-poraka-so-cel-potsetuvanje-za-aktivna-parking-sesija-na-zonskite-parkiralishta/feed/ 0
Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prvata-sms-poraka-e-prodadena-za-107-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prvata-sms-poraka-e-prodadena-za-107-000-evra/#respond Tue, 21 Dec 2021 16:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=611317

Првата СМС порака денеска е продадена на аукција во Париз за 107.000 евра. СМС пораката испратена на 3 декември 1992 година беше понудена на аукција од британската телекомуникациска компанија Водафон како таканаречен NFT (незаменлив токен). Во пораката се честита Божиќ. Пораката ја испратил инженерот на Водафон Нил Пепворт од компјутер до менаџер во Велика Британија кој ја примил на неговиот телефон Орбител тежок два килограми. Купувачот купил реплика на оригиналниот протокол за комуникација. Приходите од продажбата ќе бидат наменети за агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prvata-sms-poraka-e-prodadena-za-107-000-evra/feed/ 0
СДСМ пред внатрепартиските избори праќаат СМС пораки до кого стигнат (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-pred-vnatrepartiskite-izbori-prakjaat-sms-poraki-do-kogo-stignat-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-pred-vnatrepartiskite-izbori-prakjaat-sms-poraki-do-kogo-stignat-foto/#respond Sat, 20 Mar 2021 16:09:41 +0000 https://kurir.mk/?p=485344

СДСМ пред утрешните внатрепартиските избори, масовно го повикува членството на гласање. Иако претходно се фалеа дека на изборите ќе излезат речиси 69.000 активни членови, денеска праќаат СМС пораки, но не само до нивните членови, туку до кого стигнат. Граѓани, кои не се партиски членови на СДСМ добиле вакви пораки, а по некоја СМС стигнала и до членови на ВМРО-ДПМНЕ. Во ек на пандемијата, кога црните бројки вртоглаво растат, изборите на СДСМ ќе се спроведат во сите 80 општински организации на СДСМ од страна на општински изборни комисии и избирачки одбори, на вкупно 237 избирачки места, кои ќе бидат отворени од 08 до 19 часот. Ќе се гласа само еден кандидат за претседател на партијата- актуелниот Зоран Заев. Самата СДСМ, како дел од власта воведе полициски час во целата држава од 22 часот навечер до 5 наутро, со цел да се намали или спречи ширењето на корона вирусот и не ја исклучува и можноста за дополнителни рестриктивни мерки. А од друга страна пак, организира внатрепартиски избори на кои очекуваат дека ќе излезат речиси 69.000 активни членови на партијата. Граѓаните со право се револтирани и реагираат дека додека тие се затворени дома, почитуваат мерки, бидејќи во спротивно се „удрени по џеб“,  близу 70.000 граѓани ќе имаат контакти меѓу себе во затворени простории на општинските организации на СДСМ низ Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-pred-vnatrepartiskite-izbori-prakjaat-sms-poraki-do-kogo-stignat-foto/feed/ 0
„СДК“: Апелација ќе ја пријави во полиција Русковска за заканувачка СМС порака до судија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-apelacija-kje-ja-prijavi-vo-policija-ruskovska-za-zakanuvachka-sms-poraka-do-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-apelacija-kje-ja-prijavi-vo-policija-ruskovska-za-zakanuvachka-sms-poraka-do-sudija/#respond Wed, 20 Nov 2019 06:59:24 +0000 https://kurir.mk/?p=266323

Апелациониот суд Скопје синоќа се дигнал на нозе откако шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска му испратила смс порака на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, со закана дека ќе им отвори финансиска истрага, објавува САКАМДАКАЖАМ.МК . -Официјално од судот не изјавуваат ништо во врска со смс пораката, но САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека за утринава рано веќе бил закажан колегиум. Нашите извори велат дека на колегиумот ќе се договори содржината на пријавата до МВР против Русковска кон тројцата апелациони судии кои ја донеле одлуката за Јанева, со принтскрин од смс пораката, која содржела и недолични зборови, пишува порталот. Револтирана што тројцата судии ја донеле одлуката за домашен притвор на Јанева, Русковска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии. Од Апелациониот суд велат: „Само нека повели, вратите ѝ се отворени“. Целиот текст прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-apelacija-kje-ja-prijavi-vo-policija-ruskovska-za-zakanuvachka-sms-poraka-do-sudija/feed/ 0
Плаќањето за паркирање возила во Охрид од денеска преку смс порака https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/plakjanjeto-za-parkiranje-vozila-vo-ohrid-od-deneska-preku-sms-poraka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/plakjanjeto-za-parkiranje-vozila-vo-ohrid-od-deneska-preku-sms-poraka/#respond Mon, 02 Jul 2018 12:50:54 +0000 https://kurir.mk/?p=72045

Во Охрид како што беше најавено од денеска стартуваше електронската наплата на паркирањето во централното градско подраје, преку смс порака на бројот 144-644 од сите национални оператори на мобилна телефонија. Корисниците на услугата за паркинг треба да го следат упатството поставено на инфо-таблите на сите улици на кои се врши наплата согласно СМС системот и да се придржуваат кон насоките за користење на паркинг местата. Доколку имаат потреба од појаснување, на располагање им се контролорите како и телефонски број за информации. Согласно одлуката за ограничување на паркирањето на подрачјето на Општина Охрид утврдени се три зони и тоа А, Б и Б зона, со цена на наплата за паркирање по 30, 20 и 10 денари за час соодветно. Наплатата за паркирање важи секој ден за периодот од 7:30 до 3.00 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/plakjanjeto-za-parkiranje-vozila-vo-ohrid-od-deneska-preku-sms-poraka/feed/ 0
СМС порака која го шокираше светот: Легендарниот холивудски актер 10 години бил во врска со внуката? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sms-poraka-koja-go-shokirashe-svetot-legendarniot-holivudski-akter-10-godini-bil-vo-vrska-so-vnukata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sms-poraka-koja-go-shokirashe-svetot-legendarniot-holivudski-akter-10-godini-bil-vo-vrska-so-vnukata/#respond Wed, 25 Apr 2018 17:47:47 +0000 https://kurir.mk/?p=46149

Јас нему му се обраќам за совет, го блокирав и тоа поради себе бидејќи човекот кој би требало да има кон мене чувства како дедо, а има како маж, не треба да биде во мојот живот, му напишала шест недели пред смртта Едена Хејнс на своето тогашно момче кое подоцна ја уби. Познатиот холивудски актер Морган Фриман (80) наводно имал сексуална врска со покојната актерка Едена Хејнс која практично му беше внука, всушност ќерка на неговата посвоена ќерка. Имено, холивудската легенда ја посвои Дена Адар Фриман (54), ќерката на својата прва сопруга Џенет Адар Бредшо (81) со која беше во брак до 1979 година. Дена во 1982 година ја роди Едена, но интересно е што неа ја изгледа и ја воспитуваше токму Фриман и тоа со својата втора сопруга Мирна Коли-Ли. Mеѓутоа сите актери оваа семејна плетканица ги затекна кога во ужасна трагедија во 2015 година Едене беше избодена до смрт од нејзиното тогашно момче Ламар Девенпорт (33), кому му се заканува казна од 25 години затвор. Токму Девенпорт го обвини Фриман дека имал сексуална врска со својата внука, а како доказ наводно има СМС пораки кои ги добивал од неа. Во пораките таа тврдела дека Фриман кон неа има „чувства недолични за еден дедо“. Но, Девенпорт не е првиот кој има вакви импликации. Долго се зборуваше дека Фриман бил во десетгодишна врска со Едена уште од нејзините тинејџерски денови и дека токму таа е причината за крахот на неговиот прв брак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sms-poraka-koja-go-shokirashe-svetot-legendarniot-holivudski-akter-10-godini-bil-vo-vrska-so-vnukata/feed/ 0