смс пораки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Aug 2022 13:35:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png смс пораки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЈП „Градски паркинг“ Скопје: Наплатата на паркинг преку смс порака е повторно во функција во целост https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-gradski-parking-skopje-naplatata-na-parking-preku-sms-poraka-e-povtorno-vo-funkcija-vo-celost/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-gradski-parking-skopje-naplatata-na-parking-preku-sms-poraka-e-povtorno-vo-funkcija-vo-celost/#respond Wed, 10 Aug 2022 13:35:41 +0000 https://kurir.mk/?p=716681

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ја известува јавноста дека успешно заврши процесот со надградба на системот за зонско паркирање, со цел подобра и поефикасна услуга. Проблемот со наплаќање преку смс пораки е решен. Економскиот оператор задолжен за надградба на овој систем, во соработка со мобилните оператори деновиве работеше на надминување на проблемите при наплата на паркинг преку смс. - До корисниците на нашите паркинг услуги упатуваме извинување, воедно оштетените корисници ги повикуваме да поднесат барање за обештетување. Барањето можат да го поднесат писмено преку е-пошта на [email protected], кадешто ќе ги остават своите податоци – име и презиме, број на регистерска таблица, дата и време на паркирање, телефонски број од кој е извршена наплатата, како и зона кадешто било паркирано возилото. Проблемот со наплатата преку смс порака, кој воглавно се должеше на нефункционалност кај претплатниците на мобилниот оператор „А1 Македонија“, е надминат уште во понеделникот, меѓутоа оставивме тест период од три дена, за со сигурност да ги информираме корисниците на паркинг услугите дека системот е надграден и е во целосна функција, информираат од јавното претпријатие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-gradski-parking-skopje-naplatata-na-parking-preku-sms-poraka-e-povtorno-vo-funkcija-vo-celost/feed/ 0
За време на двата карантини Грците испратиле 775 милиони смс пораки за движење https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-vreme-na-dvata-karantini-grcite-ispratile-775-milioni-sms-poraki-za-dvizenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-vreme-na-dvata-karantini-grcite-ispratile-775-milioni-sms-poraki-za-dvizenje/#respond Tue, 30 Mar 2021 10:51:46 +0000 https://kurir.mk/?p=489650

За време на двата карантини во Грција, односно во периодот од март до мај минатата година и од ноември до сега, Грците испратиле 775 милиони смс пораки за движење, објави заменик-министерот за дигитална политика Георгиос Георгадас, јави дописничката на МИА од Атина. Како за првиот, така и за време на вториот карантин што е во сила од 7 ноември 2020 година, испраќањето смс порака на специјален број е задолжително за граѓаните при секое излегување од дома и треба да одберат една од шесте опции што им се на располагање само шест опции. Одговарајќи на пратеничко прашање во парламентот, Георгадас рече дека Грција, наместо потврда за движење на хартија, на граѓаните им обезбедила можност тоа да го сторат со смс пораки, за да добијат во време. -Замислете да имавме залудно потрошени 775 милиони хартиени потврди,775 милиони листови хартија, истакна надлежниот заменик-министер и додаде дека никој не покренал прашање за кршење на законот за личните податоци, бидејќи по добивањето одговор на пораката се бришат сите архиви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-vreme-na-dvata-karantini-grcite-ispratile-775-milioni-sms-poraki-za-dvizenje/feed/ 0
САД преплавени од лажни СМС пораки со повик за регрутација во армијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-preplaveni-od-lazni-sms-poraki-so-povik-za-regrutacija-vo-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-preplaveni-od-lazni-sms-poraki-so-povik-za-regrutacija-vo-armijata/#respond Thu, 09 Jan 2020 16:26:43 +0000 https://kurir.mk/?p=287573

Армијата на САД ги предупреди Амерканците да не подлегнуваат на „лажни СМС пораки“ со погрешни информации дека корисниците биле регрутирани за воена служба. СМС пораките биле испратени насекаде во земјата. Според Си-Ен-Ен, лажните пораки давале инструкции како корисниците да се јават во најблискиот регрутен оддел на армијата „за итно заминување во Иран“. Пораката била проследена со предупредување дека корисниците биле контактирани неколку пати и дека „ доколку не одговорите ќе бидете казнети со најмалку шест години затвор“. Пораките се испратени во време на зголемени воени тензии меѓу Вашингтон и Иран, по американскиот воздушен напад и убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани. Веднаш по ова, Пентагон најави испраќање на дополнителни воени сили во Блискиот исток со илјадници трупи. Во пораките имало граматички и грешки во пишување и тоа покажува дека не се официјална кореспонденција, велат од армијата на САД. Во некои се наведени реални имиња на команданти на регрутни центри а во некои измислени, изјави Кели Бленд, портпарол на армиската регрутна команда. -Безбедносните служби на армијата на САД истражуваат како овие пораки биле испратени и во колкав број, истакна Бленд. Задолжителната воена служба во САД е укината пред повеќе од четири децении. Групите за заштита на потрошувачките во САД од поодамна повикуваат на запирање на автоматските телефонски повици и спам пораки. Затоа, претседателот Доналд Трамп минатата недела потпиша закон според кој владните регулатори можат да ги казнуваат создавачите на автоматски пораки и повици, во висина и до 10 илјади долари за нарушување на законот. Новиот закон дава надлежности на телефонските и мобилни оператори да го откријат лажниот испраќач на порака, а престапниците можат да бидат обвинети врз основа на државни или федерални закони против измама.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-preplaveni-od-lazni-sms-poraki-so-povik-za-regrutacija-vo-armijata/feed/ 0
Обвинителството постапува по пријавите за телефонското агитирање, МВР молчи од чии телефонски броеви се кршеше изборниот молк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-postapuva-po-prijavite-za-telefonskoto-agitiranje-mvr-molchi-od-chii-telefonski-broevi-se-krsheshe-izborniot-molk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-postapuva-po-prijavite-za-telefonskoto-agitiranje-mvr-molchi-od-chii-telefonski-broevi-se-krsheshe-izborniot-molk/#respond Mon, 01 Oct 2018 12:36:52 +0000 https://kurir.mk/?p=108992

Скопското Основно Јавно обвинителство постапува по поднесените кривични пријави, во врска со скандалот за телефонско агитирање кој вчера го обелодени ВМРО-ДПМНЕ. Од ЈО за Курир информираат дека кривичните пријави се итно доставени до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје и по нив веќе се постапува. -Надлежен јавен обвинител издаде Наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје за утврдување на гласачите до кои е испратена СМС пораката. До телефонските оператори е издадена наредба за доставување на податоци во врска со носителите на телефонските броеви во моментот на испраќањето на СМС пораките, стои во одговорот кој редакцијата на Курир го доби од ЈО. Оттаму додаваат дека политичка партија има поднесено кривични пријави на отворената електронска адреса за пријавување противправности во врска со органзирањето и спроведувањето на референдумот. Едната од нив се однесувала на телефонските разговори кои вчера излегоа јавноста, а под сомнение за сторени кривични дела „Повреда на слободата на определување на избирачите“ чл. 160 ст. 1 и „Лажно претставување“ чл.391 т.1 од Кривичниот законик. [1] Повреда на слободата на определување на избирачите Член 160 (1)Тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе присили или ќе спречи друг да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла, ќе се казни со затвор најмалку три години.  [2] Член 391(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави корист или на друг да му стори штета, лажно се претставува како службено или воено лице или неовластено носи знаци на службено или воено лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година​ Од Министерството за внатрешни работи до објавувањето на овој текст не добивме одговор дали МВР води истрага во врска со телефонските јавувања за време на изборниот молк, како и дали Министерството има сознанија кој ги вршел телефонските повици, во кои се агитира и се повикува на гласање? За потсетување, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на вчерашната прес-конференција обелодени дека во изминатите два дена од два телефонски броеви се испраќале СМС пораки и се вршеле телефонски разговори со кои се агитирало за гласање на референдумот. -СДСМ и криминалниот картел на власт телефонски присилува луѓе на гласање со закани и уцени. Во време на молк преку организирани телефонски, Кол-центри, се врши притисок врз граѓани и им се даваат насоки како да постапат. Ова е класична злоупотреба на нивното гласачко право. СДСМ е до толку очаен што дури и лажно се претставуваат и даваат насоки и на членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ во име на ВМРО-ДПМНЕ. Од непознати телефонски броеви се пушта СМС порака до членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на гласање на овој референдум, и истото се прави од име на ВМРО-ДПМНЕ. Дека наводно бил постигнат некаков наводен договор и дека партијата бара членовите да гласаат на референдумот. Ова не е насока на партијата ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што е веќе познато партијата има став секој член да одлучи сам по сопствено убедување како ќе постапи во однос на референдумот и капитулантскиот договор, истакна вчера Стоилковски. Тој додаде дека ова претставува незаконско агитирање во време на изборен молк и кривично дело лажно претставување, а според информациите со кои располагала партијата телефонските броеви од каде биле пуштени ваквите СМС пораки се регистрирани на адресата на штабот на СДСМ на Бихакќа, поточно на „Павел Шатев“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-postapuva-po-prijavite-za-telefonskoto-agitiranje-mvr-molchi-od-chii-telefonski-broevi-se-krsheshe-izborniot-molk/feed/ 0
Ограничена цената на повици и СМС пораки меѓу земјите членки на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogranichena-cenata-na-povici-i-sms-poraki-megju-zemjite-chlenki-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogranichena-cenata-na-povici-i-sms-poraki-megju-zemjite-chlenki-na-eu/#respond Wed, 06 Jun 2018 16:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=63022

Во Европската унија е постигнат договор за ограничување на максималните трошоци за телефонски повици и СМС пораки меѓу земјите-членки.

Европската комисија и националните влади се согласија да ги ограничат цените на телефонските разговори во ЕУ на 19 центи за минута, а текстуалните пораки на шест центи. Договорот беше постигнат денеска, по 12 часа разговори.

Андрус Ансип, потпретседател на Комисијата задолжен за единствениот дигитален пазар, рече дека договорот е од суштинска важност за исполнување на се поголемите потреби на Европјаните за поврзување и за подобрување на конкурентноста на Европа.

- Ние ја поставуваме основата за воведување мрежа од 5Г низ цела Европа, рече Ансип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogranichena-cenata-na-povici-i-sms-poraki-megju-zemjite-chlenki-na-eu/feed/ 0
Хорор во Пробиштип: Се обидел да силува тинејџерка откако претходно и се заканувал по СМС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/horor-vo-probishtip-se-obidel-da-siluva-tinejdzerka-otkako-prethodno-i-se-zakanuval-po-sms/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/horor-vo-probishtip-se-obidel-da-siluva-tinejdzerka-otkako-prethodno-i-se-zakanuval-po-sms/#respond Mon, 12 Feb 2018 08:47:46 +0000 http://kurir.mk/?p=20627

Четириесет годишниот Д.Н. од Пробиштип е осомничен дека вчера утрото се обидел да ја силува 18 годишната штипјанка К.Д. Од полицијата информираат дека мажот преку СМС пораки и се заканувал на К.Д. дека, доколку не дојде кај него, ќе оди кај нејзините родители и ќе и направи сериозни проблеми. -После тоа, таа отишла кај него и Д.Н. се обидел со сила да ја натера да имаат сексуален однос.  Тој и ја удрил главата во ѕид нанесувајќи и неколку удари со тупаници во пределот на главата и телото, но К.Д. успеала да  побегне. Од страна на лекар бил извршен преглед над К.Д., констатирани и се телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Д.Н. бил приведен и задржан во СВР Штип  за понатамошна постапка, информираат од МВР. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“, казниво по член 186 во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/horor-vo-probishtip-se-obidel-da-siluva-tinejdzerka-otkako-prethodno-i-se-zakanuval-po-sms/feed/ 0