смс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 11:13:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png смс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СМС одбележува 30 години постоење https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/sms-odbelezuva-30-godini-postoenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/sms-odbelezuva-30-godini-postoenje/#respond Thu, 01 Dec 2022 11:13:47 +0000 https://kurir.mk/?p=769404

Во време на пораст на социјалните мрежи и апликациите за пораки како што се „Ватс-ап“, „Месинџер“ и „Телеграм“ – СМС-пораките, се чини, се во пад… Но, и по 30 години, сѐ уште не исчезнале како опција на мобилните телефони. Првата СМС-порака во историјата, пренесена преку операторот „Водафон“ на 3 декември 1992 година, ја добил Ричард Џарвис, вработен во таа компанија, а се состоела од 15 знаци – „Среќен Божиќ“. СМС-концептот потоа ја револуционизира комуникацијата со својата едноставност. „Тоа е технологија од европско потекло“, нагласи Марк-Антоан Дупуј, син на францускиот инженер Филип Дупуј, кој се смета за еден од пронаоѓачите на ГСМ-мобилната мрежа 2-Г која ја овозможи распространетоста на СМС доцните 90-ти. Ограничени на 160 знаци, поради што корисниците развија посебен, а понекогаш и криптичен јазик со кратенки, СМС-пораките денес се разменуваат во неограничен број, надградени со фотографии, видеопораки и друга мултимедијална содржина. – Но, тогаш во Франција, една СМС-порака чинеше еден франк. Тоа е како секоја Твитер-објава денес да чини 15 евроценти, вели Жан-Мишел Хуе, стручњак за телекомуникации во консултантската фирма „Берингпоинт“. Сепак, употребата на СМС-пораки постојано се намалува. Само во Обединетото Кралство, бројот на испратени СМС-пораки е намален за четирипати последниве 10 години, според британскиот телекомуникациски регулатор „Офком“. – И СМС-пораките поврзани со плаќањата, познати на јавноста преку телевизиските игри или добротворни настани, исто така имаат потенцијал да се развијат како дигитален канал за мобилни плаќања во земјите во развој, особено во Африка, додаде Хуе. Во Азија, пак, апликациите „Ви-чет“ (Кина), „Лајн“ (Јапонија) и „Какао-ток“ (Јужна Кореја) се особено застапени. Сепак, СМС-пораките сѐ уште е на завидно ниво во Нигерија, на пр., најнаселената земја во Африка. Во 2021 година таму се испратени речиси 10 милијарди СМС-пораки – 15 отсто повеќе од една година порано, според извештајот на нигериската Комисија за комуникации. Тука СМС-порака чинела 0,008 евра, додека интернетот – евро за два ГБ. Затоа СМС се исплатливи во земја каде што речиси секој втор жител живее со помалку од два американски долари дневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/sms-odbelezuva-30-godini-postoenje/feed/ 0
Се продава првата СМС порака на светот – се бара и посебна валута https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/se-prodava-prvata-sms-poraka-na-svetot-se-bara-i-posebna-valuta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/se-prodava-prvata-sms-poraka-na-svetot-se-bara-i-posebna-valuta/#respond Sun, 19 Dec 2021 10:33:08 +0000 https://kurir.mk/?p=610413

Британската телекомуникациска група „Vodafone“ ќе ја понуди првата СМС порака на светот на онлајн аукција. Тие, имено, одлучиле да пласираат СМС на аукцијата, испратена во 1992 година во која се честита Божиќ. Според пишувањето на странските медиуми, купувачот на т.н. NFT (незаменлив токен) ќе добие единствена реплика од оригиналниот комуникациски протокол. Сето ова се одржува во рамки на добротворна онлајн аукција во организација на француската аукциска куќа „Aguttes“ на 21-ви декември. Приходот, „Vodafone“ ќе го донира за помош на раселените лица, поточно средствата ќе бидат насочени кон Обединетите Нации. СМС пораката која гласи „Среќен Божиќ“ била испратена на 3-ти декември 1992 година, а истата ја примил Ричард Џарвис, тогашен вработен во компанијата. Историската порака од 15 карактери ќе биде на аукција како NFT во еднократна продажба спроведена од страна на „Aguttes“. Учесниците на аукцијата ќе можат да даваат понуди, користејќи ја криптовалутата етериум, а највисоката понуда ќе му донесе некому ексклузивно сопствеништво над комуникацискиот протокол, користен за пренос на првата СМС порака на светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/se-prodava-prvata-sms-poraka-na-svetot-se-bara-i-posebna-valuta/feed/ 0
20 % од ажурираното членство на СДСМ не гласа?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/20-od-azuriranoto-chlenstvo-na-sdsm-ne-glasa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/20-od-azuriranoto-chlenstvo-na-sdsm-ne-glasa/#respond Sun, 21 Mar 2021 10:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=485534

СДСМ неодамна го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството при што, како што информираа, се ажурирале повеќе од 80.000 членови. На 10 март, генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски се пофали со бројката. Само 10 дена подоцна, на 20 март, истиот тој Николоски, во пресрет на внатрепартиските избори, вели дека ќе гласаат 68.999 членови. Од тука се поставува прашањето: Зошто близу 20 % од ажурираното членство на СДСМ не гласа на денешните избори за ЕДИНСТВЕНИОТ кандидат за претседател на партијата- актуелниот Зоран Заев, иако како што информираа од партијата, право на глас имаат сите активно регистрирани членови. Сега е јасно зошто СДСМ вчера масовно го повикуваше членството преку СМС да излезе денеска на гласање. Но наместо само до нивните членови, праќаа пораки до кого стигнат. Граѓани, кои не се партиски членови на СДСМ добиле вакви пораки, а по некоја СМС стигнала и до членови на ВМРО-ДПМНЕ. Во ек на пандемијата, кога црните бројки вртоглаво растат, СДСМ спроведува избори во 80 општински организации, на вкупно 237 избирачки места, кои се отворени од 8 утрово, а ќе се затворат во 19 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/20-od-azuriranoto-chlenstvo-na-sdsm-ne-glasa/feed/ 0
Скопјанец добил СМС порака: „Еве за кого треба да гласаш“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopjanec-dobil-sms-poraka-eve-za-kogo-treba-da-glasash/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopjanec-dobil-sms-poraka-eve-za-kogo-treba-da-glasash/#respond Wed, 15 Jul 2020 16:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=376496

На 14.07.2020 во 09:20 часот во Полициската станица Карпош, Ј.У.(75) од Скопје пријавил дека добил смс порака од непознато лице, кое според содржината го наведувало на изборите да гласа за одредена партија. Запознат бил Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopjanec-dobil-sms-poraka-eve-za-kogo-treba-da-glasash/feed/ 0
СМС без клаузула за откупување во новиот договор со Лацио https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sms-bez-klauzula-za-otkupuvanje-vo-noviot-dogovor-so-lacio/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sms-bez-klauzula-za-otkupuvanje-vo-noviot-dogovor-so-lacio/#respond Sat, 15 Sep 2018 11:04:05 +0000 https://kurir.mk/?p=101289

Прашање на денови е обновувањето на договорот на Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ (познат како CMC) со Лацио. Се очекува во почетокот на следната недела, офанзивниот играч од средниот ред да потпише договор до 2023 година.
Ова ќе го продолжи за една година сегашниот негов договор со „орлите“ од Рим за една година. Интересното во случајот е дека нема да има откупна клаузула во договорот, а надоместокот на играчот ќе изнесува околу три милиони евра, пишува „Кориере дело Спорт“.
Савиќ се придружи на Лацио во 2015 година од белгиски Генк, а играчот зеде учество во 97 натпревари и постигна 17 гола со тимот на „лацијалите“.
Ова лето, за Милинковиќ-Савиќ имаше интерес од Барселона, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но никој не го направи последниот чекор, за да го привлече во своите редови.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sms-bez-klauzula-za-otkupuvanje-vo-noviot-dogovor-so-lacio/feed/ 0