снег – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Oct 2023 10:51:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png снег – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА – вистинска зимска идила на ова место во земјава! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-prviot-sneg-vo-makedonija-vistinska-zimska-idila-na-ova-mesto-vo-zemjava-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-prviot-sneg-vo-makedonija-vistinska-zimska-idila-na-ova-mesto-vo-zemjava-foto/#respond Tue, 17 Oct 2023 10:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=889754

Заладувањето кое ни дојде со почетокот на оваа работна недела, ни го донесе и првиот снег во Македонија. Станува збор за снег на Титов врв и Кораб кои утрово забелеа во сиот свој сјај. Во меѓувреме снег во регионот падна во Хрватска и Словенија, а забелеа и Алпите. УХМР уште поголемо заладување и врнежи од дожд најавуваат и во следните денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-prviot-sneg-vo-makedonija-vistinska-zimska-idila-na-ova-mesto-vo-zemjava-foto/feed/ 0
ЗАБОРАВЕТЕ НА ТОПЛОТО ВРЕМЕ – трупа снег вечерва на ова место во регионот, СТУДОТ ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaboravete-na-toploto-vreme-trupa-sneg-vecherva-na-ova-mesto-vo-regionot-studot-doaga-kon-makedonija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaboravete-na-toploto-vreme-trupa-sneg-vecherva-na-ova-mesto-vo-regionot-studot-doaga-kon-makedonija-foto/#respond Sun, 15 Oct 2023 16:46:58 +0000 https://kurir.mk/?p=889110

Најавената промена на времето пристигна со температури кои се попогодни за овој период од годината. Денеска падна првиот снег во Хрватска на планината Платка, на врвот Радешево, како што покажуваат снимките. Снег паднал и на Кредарица во Словенија. „Ништо чудно за ваква надморска височина за средината на октомври, а снегулки до крајот на денот може да очекуваме и во Завижан. Почетокот на неделата носи есенски температури и првите утрински мразови во континенталниот дел на Хрватска. Затоплување најверојатно во четврток и петок“, пишува на Фејсбук страницата „Неверин“. Во земјава, во текот на ноќта и во утринските часови преку нашето подрачје ќе помине фронтален систем кој што ќе предизвика да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (над 70 км/ч) и ќе има локални врнежи од дожд. Во вторник ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе опадне за повеќе од десет степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaboravete-na-toploto-vreme-trupa-sneg-vecherva-na-ova-mesto-vo-regionot-studot-doaga-kon-makedonija-foto/feed/ 0
ФОТО: Снег во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-sneg-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-sneg-vo-turtsija/#respond Wed, 04 Oct 2023 17:32:18 +0000 https://kurir.mk/?p=885236

Снег предизвика потешкотии на возачите на патиштата во високите места во источна Турција, а од машините за чистење снег веќе работат, пренесе БТА повикувајќи се на турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Во источниот дел на округот Ван падна првиот снег сезонава. Снежните врнежи и маглата го отежнаа сообраќајот на превојот Карабет на надморска височина од три илјади метри. Надлежните ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни. Првиот снег веќе падна во областа на популарниот турски ски-центар Паландокен во источниот округ Ерзурум, јави агенцијата Анадолија. Врнежи од снег на повисоките места и обилни врнежи од дожд во пониските области беа пријавени и во Хакјари, југоисточна Турција. Бела покривка се формира и на врвовите на локалната планина Сумбил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-sneg-vo-turtsija/feed/ 0
ЕВРОПА ПОД СНЕГ – утрово жителите на овој град ги разбудило 38 сантиметри снег, студениот циклон завеа сè  пред себе (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropa-pod-sneg-utrovo-zhitelite-na-ovoj-grad-gi-razbudilo-38-santimetri-sneg-studeniot-tsiklon-zavea-se-pred-sebe-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropa-pod-sneg-utrovo-zhitelite-na-ovoj-grad-gi-razbudilo-38-santimetri-sneg-studeniot-tsiklon-zavea-se-pred-sebe-foto/#respond Fri, 22 Sep 2023 09:49:44 +0000 https://kurir.mk/?p=880651

И додека во ова подрачје преовладува вистинско летно време, со температури и над 30 степени Целзиусови, вистинско зимско заладување го зафати крајниот север на Европа. Претходните неколку дена преку северна Европа се преместуваше силен циклон. Тој во својот заден дел услови продор на поларен воздух, па на северот на Шведска и Финска падна обилен снег. Станува збор за најобилен снег во септември, а на северот на Финска паднале дури 38 сантимрети снег, колку што е измерено и во шведскиот град Кирун. Инаку станува збор за едно од најладните места во Европа, каде температирте паѓаат и под минус 50 степени. Ваков обилен снег никогаш до сега не е забележан во Лапонија во овој дел од годината. Снег паѓал и на севереозападот на Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropa-pod-sneg-utrovo-zhitelite-na-ovoj-grad-gi-razbudilo-38-santimetri-sneg-studeniot-tsiklon-zavea-se-pred-sebe-foto/feed/ 0
По високите температури, во Швајцарија поплави и снег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-visokite-temperaturi-vo-shvajtsarija-poplavi-i-sneg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-visokite-temperaturi-vo-shvajtsarija-poplavi-i-sneg/#respond Tue, 29 Aug 2023 06:33:03 +0000 https://kurir.mk/?p=871903

По големите горештини, Швајцарија во последните неколку дена ја зафатија обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави и одрони од кал, а во понеделникот падна и снег на Алпите. „Температурата драстично се намали за четири дена. Во четвртокот термометарот покажа 31,2 степени Целзиусови. Во 11:15 часот беше 0,5 степени. Границата меѓу дождот и снегот е помеѓу 2.000 и 2.400 метри во остатокот од швајцарските Алпи“, објавено е на платформата X MеtеoSuisse. Неколку премини, вклучително и Готард и Симплон, беа затворени во понеделникот поради обилните врнежи од дожд кои започнаа во петокот вечерта и предизвикаа неколку лизгања од кал. Железничкиот сообраќај на места беше во прекин поради одрони. Рајна се излеа, но населените места не беа погодени. Во Тичин веќе неколку дена врне силен дожд. Во некои населени места водата за пиење е загадена. Врнежи се очекуваат и денеска. Снегот треба да продолжи да паѓа на планините, но тоа нема да биде доволно за да се спасат глечерите. Швајцарските глечери изгубија 6 отсто од својот волумен помеѓу 2021 и 2022 година, во споредба со една третина помеѓу 2001 и 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-visokite-temperaturi-vo-shvajtsarija-poplavi-i-sneg/feed/ 0
ЗИМАТА СЕ ВРАЌА: Падна првиот снег на Балканот, во соседството непрекинато врне – кога ќе видите колку е натрупано нема да поверувате дека е август (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zimata-se-vraka-padna-prviot-sneg-na-balkanot-vo-sosedstvoto-neprekinato-vrne-koga-ke-vidite-kolku-e-natrupano-nema-da-poveruvate-deka-e-avgust-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zimata-se-vraka-padna-prviot-sneg-na-balkanot-vo-sosedstvoto-neprekinato-vrne-koga-ke-vidite-kolku-e-natrupano-nema-da-poveruvate-deka-e-avgust-foto/#respond Fri, 11 Aug 2023 07:52:40 +0000 https://kurir.mk/?p=865739

Студениот бран кој го зафати целиот балкан, и донесе невообичаено ниски температури на воздухот, освен што донесе снежни врнежи во Алпскиот регион, тој донесе снежна бајка и на планинските врвови во соседна Бугарија. Снегот паѓаше на врвот „Мусала”, на планината Рила во Бугарија на надморска височина од 2925 метри. Овој е највисокиот планински врв на Балканот. Регионот инаку беше погоден од силно невреме изминатиот период, а особено во Словенија невремето предизвика катастрофални поплави, а одзема и неколку човечки животи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zimata-se-vraka-padna-prviot-sneg-na-balkanot-vo-sosedstvoto-neprekinato-vrne-koga-ke-vidite-kolku-e-natrupano-nema-da-poveruvate-deka-e-avgust-foto/feed/ 0
ФОТО: Среде лето падна снег во Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-srede-leto-padna-sneg-vo-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-srede-leto-padna-sneg-vo-slovenija/#respond Wed, 26 Jul 2023 18:39:03 +0000 https://kurir.mk/?p=860434

Заладувањето по силното невреме изминативе денови предизвика пад на снег во Словенија. Како што соопштија од словенечката агенција за животна средина (Арсо), нивната камера на Кредарица снимила „краток снежен дожд“. На оваа највисока метеоролошка станица моментално е 1 степен Целзиусов, напишаа на Твитер, пренесе словенечката „Н1“. Инаку, метеоролозите денеска издадоа жолто предупредување за целата држава. Според нивните прогнози, попладне ќе пристигне невреме пропратено со врнежи, а во Приморска ќе дува слаб до умерено невреме, кое во текот на вечерта ќе ослаби. На 21 јули силно невреме го зафати западот на Словенија, од каде се движеше кон Хрватска и Србија, каде во доцните вечерни часови создаде хаос. Невремето предизвика голема штета. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-srede-leto-padna-sneg-vo-slovenija/feed/ 0
ФОТО: Снег во Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-sneg-vo-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-sneg-vo-afrika/#respond Mon, 10 Jul 2023 14:32:23 +0000 https://kurir.mk/?p=855077

Обично имаат студени зимски месеци, но ретко паѓа снег. Жителите на Јоханесбург денеска беа изненадени од снежните врнежи. Најмладите излегоа надвор да си играат на снегот, а постарите снежното време го искористија за прошетка и по некоја фотографија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-sneg-vo-afrika/feed/ 0
Десетина сантиментри нов снег на Попова Шапка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/desetina-santimentri-nov-sneg-na-popova-shapka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/desetina-santimentri-nov-sneg-na-popova-shapka-foto/#respond Wed, 26 Apr 2023 08:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=827721

Промената на временските прилики и ниските температури изминатата ноќ резултираа со нова снежна покривка на скијачко-рекреативниот центар Попова Шапка. Луѓето од сместувачките капацитети и угостителски објекти на социјалните мрежи споделија фотографии од новата снежна атмосфера на Попова Шапка. – Зимата никако да си оди. Ноќеска наврнаа 10-20 сантиметри снег на Попова Шапка. Но овој снег е мек и нема да биде добар за скијање. Со снегот имаме само прилика за нови фотографии преку кои ќе доловиме една снежна бајка на скијачкиот центар, изјави за МИА менаџер од угостителско-сместувачкиот објект „Конак“. Ски-центарот Попова Шапка инаку уште на 19 март извести дека поради високите температури и немањето соодветни услови за скијање, официјално се затвора зимската сезона. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/desetina-santimentri-nov-sneg-na-popova-shapka-foto/feed/ 0
МАКЕДОНИЈА УТРОВО ПОД СНЕГ – на овие места трупа снег среде април како да е вистинска зима (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-utrovo-pod-sneg-na-ovie-mesta-trupa-sneg-srede-april-kako-da-e-vistinska-zima-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-utrovo-pod-sneg-na-ovie-mesta-trupa-sneg-srede-april-kako-da-e-vistinska-zima-foto/#respond Mon, 10 Apr 2023 05:50:40 +0000 https://kurir.mk/?p=822256

Утрово Македонија е речиси под снег. На сите повисоки места и планини снегот врне без престан, додека на пониските делови како и во главниот град имаме дожд. Од она што може да се забележи на видео камерите поставени низ повеќето ски центри во земјава јасно се гледа дека снегот врне и има оформено нова снежна покривка. Снег во моментов врне во Маврово, Попова Шапка, Копанки, Нижо Поле, Пониква, Крушево... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-utrovo-pod-sneg-na-ovie-mesta-trupa-sneg-srede-april-kako-da-e-vistinska-zima-foto/feed/ 0