Снежана Младеновска Анѓелков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Mar 2023 06:53:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Снежана Младеновска Анѓелков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска Анѓелков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-knigata-lugeto-a-ne-gradot-od-snezhana-mladenovska-angelkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-knigata-lugeto-a-ne-gradot-od-snezhana-mladenovska-angelkov/#respond Tue, 07 Mar 2023 06:53:21 +0000 https://kurir.mk/?p=808914

Во Салонот 19.19 на КИЦ вечер ќе се одржи промоција на новото прозно дело „Луѓето, а не градот“ на Снежана Младеновска Анѓелков посветено на, како што стои во најавата, старо Скопје, градот кој веќе го нема, но кој сепак и понатаму живее во сеќавањата на неговите жители. Низ соодветен визуелен третман надополнет со извадоци од книгата кои ќе ги презентираат актерите Билјана Драгичевиќ-Пројковска и Предраг Павловски, промоцијата ќе понуди и видео-посвета на скопскиот прозен хроничар, писателот Благоја Иванов. „Луѓето, а не градот“ е слоевито, хибридно дело, одлично обмислена комбинација од реални животни приказни обликувани низ книжевно-раскажувачка визура, кои се движат низ хронотопот град Скопје во текот на неколку децении. Со тоа, на читателите им се дава фунционален објектив низ кој ги следат трансформациите на урбаниот простор, како и на начинот на живот, менталитетот, навиките, гледиштата на скопските жители од различни маала на градот. Всушност, книгата е еден вид на „Музеј на сеќавањата“, како што се вели и во самиот текст, на скопски маала кои постоеле и веќе ги нема, кои постоеле и сè уште постојат, кои постоеле под едни имиња, а потоа се интегрирале со други населби и имињата останале само во сеќавањата на нивните жители“, вели за новата книга, професорката и писателка Калина Малеска. Снежана Младеновска Анѓелков (1977, Скопје) дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година, а со звањето „Магистер по уметности - област филмска и ТВ монтажа“ се стекнува во 2012 година. Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, а потоа имаше уште две изданија. Вториот роман „Молчи со отворена уста“ (2019) беше финалист за истата награда. Таа ја издаде и филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“ (2014) посветена на филмовите на режисерот Владимир Блажевски. Како авторка е застапена во тематската збирка раскази „Тивка анестезија“ (2016, Антолог) и во антологиите „Best European Fiction 2017“ и „Contemporary Macedonian Fiction“ (2019) на Dalkey Archive Press. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-knigata-lugeto-a-ne-gradot-od-snezhana-mladenovska-angelkov/feed/ 0