снежна бура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Nov 2022 13:05:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png снежна бура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Снежна бура завеа делови од државата Њујорк, откажана настава за над 32.000 ученици https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezna-bura-zavea-delovi-od-drzavata-njujork-otkazana-nastava-za-nad-32-000-uchenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezna-bura-zavea-delovi-od-drzavata-njujork-otkazana-nastava-za-nad-32-000-uchenici/#respond Fri, 18 Nov 2022 13:05:58 +0000 https://kurir.mk/?p=762923

Снежна бура завеа западни делови од американската сојузна држава Њујорк, вклучувајќи го градот Бафало. Поради невремето, откажана е наставата за повеќе од 32.000 ученици. За време на викендот се очекува да падне повеќе од еден метар снежна покривка во Бафало и на други региони во западниот дел на државата Њујорк. Во округот Ири, што го опфаќа градот Бафало, прогласена е вонредна состојба и забрането е возење, освен во итни случаи. Училиштата во Бафало ја откажаа наставата за над 32.000 ученици, а натпреварот во американски фудбал меѓу локалните Бафало Билс и Кливленд Браунс беше преместен во Детроит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezna-bura-zavea-delovi-od-drzavata-njujork-otkazana-nastava-za-nad-32-000-uchenici/feed/ 0
ВИДЕО: Снежна бура во Истанбул, откажани над 400 летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-snezna-bura-vo-istanbul-otkazani-nad-400-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-snezna-bura-vo-istanbul-otkazani-nad-400-letovi/#respond Sat, 12 Mar 2022 13:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=645991

Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа 407 летови денеска, поради обилните снежни врнежи. -Од аеродромот во Истанбул откажани се 357 летови, од кои 105 на меѓународни линии, соопшти компанијата. Операторот на аеродромот истакнал дека бројот на летови е намален за 30 проценти поради временските услови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-snezna-bura-vo-istanbul-otkazani-nad-400-letovi/feed/ 0
Поради снежна бура во САД стотици илјади луѓе останаа без струја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-snezna-bura-vo-sad-stotici-iljadi-lugje-ostanaa-bez-struja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-snezna-bura-vo-sad-stotici-iljadi-lugje-ostanaa-bez-struja/#respond Sat, 05 Feb 2022 12:52:22 +0000 https://kurir.mk/?p=627420

Неповолните временски услови кои вчера ги погодија централните делови на Соединетите Американски Држави, стигнаа и до сојузните држави на североистокот на земјата. Во околу 20 сојузни држави, каде живеат повеќе од 85 милиони луѓе, беше издадено предупредување поради снег и леден дожд. Снежните врнежи ги погодија и Њујорк и Бостон, а властите ги повикаа жителите да бидат претпазливи особено поради температурите на воздухот што може да се спуштат под нулата. Три лица досега загинаа во несреќи предизвикани од неповолните временски услови. PowerOutage објави дека околу 300.000 луѓе во Охајо, Западна Вирџинија, Пенсилванија, Тексас и Тенеси останале без електрична енергија. Податоците на FlightAware покажуваат дека денеска се откажани повеќе од 2.600 домашни и меѓународни летови, во однос на 6.400 во последните два дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-snezna-bura-vo-sad-stotici-iljadi-lugje-ostanaa-bez-struja/feed/ 0
Снежна бура во централниот дел на САД, откажани илјадници летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezna-bura-vo-centralniot-del-na-sad-otkazani-iljadnici-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezna-bura-vo-centralniot-del-na-sad-otkazani-iljadnici-letovi/#respond Fri, 04 Feb 2022 11:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=626963

Големата зимска бура, која погоди милиони Американци, донесе леден дожд и снег во централниот дел на САД, додека авиокомпаниите откажаа илјадници летови. Властите ги повикаа жителите да не патуваат, бидејќи сообраќајот е во колапс. Голем број училишта се затворени, а во некои делови од земјата има и прекини на електричната енергија. Според веб-страницата FlightAware.com која ги следи летовите, речиси 8.000 летови во САД кои беа закажани за среда или четврток се откажани. Речиси 700 летови беа откажани само во четвртокот на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт, а повеќе од 300 на аеродромот Далас Лав Филд. Повеќе од 200.000 домаќинства и компании останаа без струја. Предупредувањата за зимска и ледена бура се на сила во областа од Тексас до Среден Запад и Нова Англија, соопшти Националната метеоролошка служба. Повеќе од 100 милиони жители во најмалку 25 сојузни држави се предупредени за временските неприлики, јавуваат американските медиуми. Метеоролошката служба предупреди дека температурите, поради невремето, на повеќе места во наредните денови ќе бидат екстремно ниски, некаде и до шест степени под просекот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezna-bura-vo-centralniot-del-na-sad-otkazani-iljadnici-letovi/feed/ 0
Повеќе од 1.400 летови откажани поради зимска бура во североисточниот дел на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-1-400-letovi-otkazani-poradi-zimska-bura-vo-severoistochniot-del-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-1-400-letovi-otkazani-poradi-zimska-bura-vo-severoistochniot-del-na-sad/#respond Mon, 31 Jan 2022 06:47:24 +0000 https://kurir.mk/?p=624834

Повеќе од 1.400 летови во Соединетите Американски Држави беа откажани во неделата откако еден ден претходно зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што неколку држави прогласија вонредна состојба. Според веб-страницата за следење летови FlightAware.com, вкупниот број откажани летови внатре, во или надвор од САД изнесуваше околу 1.450 во неделата попладне. Одложени се уште 1.774 летови поврзани со САД, покажуваат податоците. Аеродромот „ЛаГвардија” и меѓународните аеродроми „Џон Ф. Кенеди” во Њујорк и „Логан” во Бостон беа меѓу најтешко погодените со одложувања и откажувања. Во Масачусетс, околу 31.000 од 2,6 милиони корисници беа без електрична енергија претходно во текот на неделата, според веб-страницата PowerOutage.us. Времето предизвика и три смртни случаи во Њујорк. Постара жена во саботата беше пронајдена на паркинг во хотел во Униондејл, Њујорк, со отворен прозорец од автомобилот, а властите пријавија и смрт на двајца мажи, на возраст од 53 и 75 години, кои паднале во саботата додека чистеле снег.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-1-400-letovi-otkazani-poradi-zimska-bura-vo-severoistochniot-del-na-sad/feed/ 0
Од Зоолошката градина во Атина побегнале 32 птици од загрозени видови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-zooloshkata-gradina-vo-atina-pobegnale-32-ptici-od-zagrozeni-vidovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-zooloshkata-gradina-vo-atina-pobegnale-32-ptici-od-zagrozeni-vidovi/#respond Sat, 29 Jan 2022 14:07:13 +0000 https://kurir.mk/?p=624383

Снежната бура што во понеделникот ја зафати Атина, не ја заобиколи ниту Зоолошката градина која претрпе материјална штета, при што побегнале 32 птици од загрозени видови, јави дописничката на МИА од Атина. Од Зоолошката градина соопштија дека поради обилните снежни врнежи на две локации се урнале решетките на кровот и побегнале два евроазиски бувови (Bubo Bubo) и 30 северни ќелави ибиси (Geronticus eremita), кои се загрозени видови и „кои бараат посебни услови и посебен режим на исхрана за нивниот опстанок“. Истовремено, од Зоолошката градина ги повикаа граѓаните да ги информираат, доколку забележат некоја од птиците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-zooloshkata-gradina-vo-atina-pobegnale-32-ptici-od-zagrozeni-vidovi/feed/ 0
Издадено предупредување за снежна бура на Хаваи: Се очекуваат обилни врнежи од дожд и обилни поплави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeno-predupreduvanje-za-snezna-bura-na-havai-se-ochekuvaat-obilni-vrnezi-od-dozd-i-obilni-poplavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeno-predupreduvanje-za-snezna-bura-na-havai-se-ochekuvaat-obilni-vrnezi-od-dozd-i-obilni-poplavi/#respond Sun, 05 Dec 2021 15:50:47 +0000 https://kurir.mk/?p=604441

Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за снежна бура на планинските врвови на Хаваите. Снегот почна да паѓа во петокот, а се очекува за време на викендот врвовите на Големиот остров да бидат околу 30 сантиметри со снег. Метеоролошката служба предупреди да не се патува во областа, наведувајќи дека тоа ќе биде многу тешко или невозможно, објави NBC News. Предупредувањето се однесува само на највисокиот врв на Хаваите, Мауна Кеа, висок 4.207 метри, како и Мауна Лоа, вториот највисок врв со 4.169 метри. Снегот е дел од временската прогноза која викендов ќе донесе обилни врнежи од дожд и обилни поплави на пониски височини низ островот. Самата прогноза, според Њујорк тајмс, доведе до „драматични медиумски наслови и размислувања за снежната покривка на плажите Ваикики и сурферите кои се тресат од студот“. Весникот посочува дека снег се очекува на планинските врвови на Големиот остров, кои се издигнуваат многу над 3.350 метри, што не е неочекувана височина за врнежи од снег, дури и на тропски остров. Врвовите Мауна Лоа и Мауна Кеа, каде од петокот паѓа снег, често се покриени со снег, истакнуваат метеоролозите. Метеоролошката служба објави дури и мапа на САД на која се прикажани земјите во кои поминале стотици, па дури и илјадници денови од предупредувањето за снежна бура. Последен пат на Хаваи беше издадено предупредување за снежна бура во 2018 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeno-predupreduvanje-za-snezna-bura-na-havai-se-ochekuvaat-obilni-vrnezi-od-dozd-i-obilni-poplavi/feed/ 0
Во Денвер откажани 2.000 летови поради снежна бура https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-denver-otkazani-2-000-letovi-poradi-snezna-bura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-denver-otkazani-2-000-letovi-poradi-snezna-bura/#respond Sun, 14 Mar 2021 09:06:47 +0000 https://kurir.mk/?p=482007

Околу 2.000 летови се откажани викендов на меѓународниот аеродром во Денвер, поради големата снежна бура што го погоди регионот. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за бура, наведувајќи дека се очекува од Денвер до Болдер во американската држава Колорадо, од сабота попладне до недела навечер да паднат 46 до 61 сантиметар снег, а во подножјето на планината Фронт Ренџ и до 76 сантиметри. Министерството за сообраќај во Колорадо предупреди на затворање на патишта и ги замоли луѓето да не тргнуваат на патот, освен ако е неопходно. Портпаролот на меѓународниот аеродром во Денвер изјави дека вчера се откажани околу 750 летови, а денеска сите 1.250.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-denver-otkazani-2-000-letovi-poradi-snezna-bura/feed/ 0
ВКЛУЧЕН ЦРВЕНИОТ АЛАРМ: Снежна бура со силен ветер ја погоди Германија – стотици сообраќајни несреќи, 28 повредени (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vkluchen-crveniot-alarm-snezna-bura-so-silen-veter-ja-pogodi-germanija-stotici-soobrakjajni-nesrekji-28-povredeni-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vkluchen-crveniot-alarm-snezna-bura-so-silen-veter-ja-pogodi-germanija-stotici-soobrakjajni-nesrekji-28-povredeni-foto/#respond Sun, 07 Feb 2021 14:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=465466

Снежна бура со силен ветер ги погоди денеска северот и западот на Германија и доведе до стотици сообраќајни несреќи и застој во железничкиот сообраќај. Полицијата соопшти дека 28 лица се повредени, од кои две потешко, во несреќи на замрзнати коловози. Властите во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија утрово соопштија дека од вчера попладне регистрирале 222 сообраќајни несреќи поради лоши временски услови. Поради температурите под нулата, властите ги сместија бездомниците во топли засолништа. Германската железница Дојче Бан информира дека се откажани возовите од Хамбург до Хановер и од Берлин кон западот на земјата. Некои поаѓања, што ги поврзуваат источните градови, исто така беа откажани, иако најголем дел од снегот падна во северозападниот дел на земјата. Меѓу најтешко погодените места е градот Минстер, каде има толку многу снег на улиците што дури и амбулантни возила не можат да поминат, па затоа е прекинат целиот јавен превоз. Наврнаа над 30 сантиметри снег, а денеска се очекуваат нови врнежи од снег. Во Вупертал, на западот на Германија, пожарникарите спасија шест патници од таканареченото „висечко метро“, знаменитост на тој град, откако композицијата запрела поради мразот на шините. Пожарникарите се качиле со скала до метрото и им помогнале на патниците да слезат на земја, јави агенцијата ДПА. Снег падна и во поголемиот дел од Холандија, поради што железничкиот сообраќај е прекинат, додека аеродромот Шипхол во Амстердам ги предупреди патниците за можни доцнења на летовите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vkluchen-crveniot-alarm-snezna-bura-so-silen-veter-ja-pogodi-germanija-stotici-soobrakjajni-nesrekji-28-povredeni-foto/feed/ 0
Британија најавува ледена снежна бура „Дарси“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-najavuva-ledena-snezna-bura-darsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-najavuva-ledena-snezna-bura-darsi/#respond Sun, 07 Feb 2021 08:29:35 +0000 https://kurir.mk/?p=465342

Британските метеоролози најавија пристигнување на ледена снежна бура „Дарси“, која викендов ќе го погоди југоистокот на Англија со снег и до 30 сантиметри и леден воздушен бран од Русија. Во некои делови од северот на Шкотска се очекува сообраќаен хаос и температури до -10 степени Целзиусови, пренесува лондонски „Сан“. Издадено е жолто метео предупредување за очекувани снежни врнежи низ цела Велика Британија и портокалово метео предупредување за делови од централна Шкотска. Метеорологот, Сара Кент, изјави дека во некои делови на Кент може да се очекува снежна покривка и до 30 сантиметри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-najavuva-ledena-snezna-bura-darsi/feed/ 0