снежни врнежи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Feb 2023 12:18:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png снежни врнежи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обилни снежни врнежи во Јапонија: Откажани летови, патиштата блокирани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obilni-snezhni-vrnezhi-vo-japonija-otkazhani-letovi-patishtata-blokirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obilni-snezhni-vrnezhi-vo-japonija-otkazhani-letovi-patishtata-blokirani/#respond Fri, 10 Feb 2023 12:18:49 +0000 https://kurir.mk/?p=798950

Поради обилните снежни врнежи во поголемиот дел од Јапонија откажани се 100 летови и блокирани се десетици патишта, додека железничкиот сообраќај е во прекин, соопштија јапонските власти и авиокомпаниите и железничките компании. Домашните авиокомпании и други компании откажаа вкупно 100 летови поради снегот, соопшти јапонското Министерство за транспорт. Делови од 31 автопат се затворени во централна и источна Јапонија, додека 54 излези од експресниот пат во Токио се блокирани, соопшти Министерството. Железничкиот сообраќај на повеќе од десет правци во централна и источна Јапонија е во прекин или се планира да биде во прекин, се додава во соопштението за печатот. „Источната јапонска железница“, најголемиот железнички оператор во земјата, соопшти дека брзата линија меѓу Токио и североисточната префектура Јамагата од денеска ќе биде во прекин. Големите компании за испорака, вклучително Јамато Транспорт и Сагава Експрес, велат дека може до утре да доцнат со испораката на производите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obilni-snezhni-vrnezhi-vo-japonija-otkazhani-letovi-patishtata-blokirani/feed/ 0
Забрана за камиони преку Пресека, укината забраната на Стража https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-kamioni-preku-preseka-ukinata-zabranata-na-strazha/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-kamioni-preku-preseka-ukinata-zabranata-na-strazha/#respond Sat, 21 Jan 2023 08:11:18 +0000 https://kurir.mk/?p=789957

Автомото сојузот на Македонија информира дека од 06:35 часот утрово е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека поради снежни врнежи. ОД АМСМ исто така информираат дека од 07:50 часот е укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Маврово и Попова Шапка.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-kamioni-preku-preseka-ukinata-zabranata-na-strazha/feed/ 0
Рекордни снежни врнежи во Јапонија, најмалку 17 загинати и над 90 повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordni-snezni-vrnezi-vo-japonija-najmalku-17-zaginati-i-nad-90-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordni-snezni-vrnezi-vo-japonija-najmalku-17-zaginati-i-nad-90-povredeni/#respond Mon, 26 Dec 2022 06:46:20 +0000 https://kurir.mk/?p=780418

Рекордни снежни врнежи во многу делови на Јапонија однесоа животи на 17 лица, повеќе од 90 повредени, а стотици домаќинства оставија без струја, соопшти денеска Јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи. Од минатата недела, снегот силно паѓа, особено во северните делови на Јапонија, предизвикувајќи голем сообраќаен метеж на автопатите. До сабота, 24 декември, зимската бура однесе 11 животи. Божиќниот викенд донесе уште повеќе снег, а бројот на загинати се искачи на 17, додека 93 лица беа повредени. Во еден момент на северот од земјата поради обилните врнежи од снег без струја останаа околу 20.000 домаќинства.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordni-snezni-vrnezi-vo-japonija-najmalku-17-zaginati-i-nad-90-povredeni/feed/ 0
ВО ОВОЈ ДЕЛ ПАЃА СНЕГ БЕЗ ПРЕСТАН – воведена е и забрана за сообраќај на тешки товарни возила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-ovoj-del-pagja-sneg-bez-prestan-vovedena-e-i-zabrana-za-soobrakjaj-na-teshki-tovarni-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-ovoj-del-pagja-sneg-bez-prestan-vovedena-e-i-zabrana-za-soobrakjaj-na-teshki-tovarni-vozila/#respond Tue, 01 Mar 2022 18:58:18 +0000 https://kurir.mk/?p=638897

Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Мавровска крстосница – Дебар. Како што информира АМСМ, забраната за сообраќај е воведена од 19:00 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-ovoj-del-pagja-sneg-bez-prestan-vovedena-e-i-zabrana-za-soobrakjaj-na-teshki-tovarni-vozila/feed/ 0
Девет лица повредени: Обилни снежни врнежи во Австрија предизвикаа сообраќаен хаос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devet-lica-povredeni-obilni-snezni-vrnezi-vo-avstrija-predizvikaa-soobrakjaen-haos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devet-lica-povredeni-obilni-snezni-vrnezi-vo-avstrija-predizvikaa-soobrakjaen-haos/#respond Thu, 09 Dec 2021 12:09:14 +0000 https://kurir.mk/?p=606070

Девет лица се повредени во снежното невреме што утрово ја зафати Австрија. Силните снежни врнежи предизвикаа огромни проблеми во сообраќајот, а во Виена отежнато се одвива и градскиот транспорт. Девет лица се повредени откако автобус во Виена се излига и удри во столб. Портпаролот на виенската протипожарна служба Гералд Шимпф дополни дека меѓу повредените едно лице се стекнало со тешки повреди. Во други делови на Австрија, голем број камиони се излизгаа и се испречија на автопатот, што го отежна сообраќајот. Неколку сообраќајни незгоди се случија и низ државата која е целосно покриена со снег. Во Виена се очекуваат рекордни врнежи од снег.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devet-lica-povredeni-obilni-snezni-vrnezi-vo-avstrija-predizvikaa-soobrakjaen-haos/feed/ 0
Студено време со снег и засилен северен ветер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studeno-vreme-so-sneg-i-zasilen-severen-veter/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studeno-vreme-so-sneg-i-zasilen-severen-veter/#respond Tue, 30 Nov 2021 06:09:53 +0000 https://kurir.mk/?p=601694

Претпладне облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе се менуваат од дожд до снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег ќе има и на повисоките делови од Скопската котлина. Во пладневните часови врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од -4 до 5 степени, а дневните од -1 до 9 степени. Наутро доста студено, ќе биде времето утре, а преку денот сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studeno-vreme-so-sneg-i-zasilen-severen-veter/feed/ 0
Обилни снежни врнежи во Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obilni-snezni-vrnezi-vo-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obilni-snezni-vrnezi-vo-slovenija/#respond Tue, 14 Apr 2020 09:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=331894

На многу места во Словенија, меѓу кои и во главниот град од утрово паѓа снег, јави дописникот на МИА од Љубљана. Поради пробивање на студена и влажна воздушна маса од север, температурите во земјата паднаа за 25 степени. Вчерашното пролетно време, денес е заменето со зимска идила, па така во Штајерската област вчера беа измерени 25 степени, а 12 часа подоцна почна да паѓа снег. Според метеоролозите врнежите ќе се прошират и во јужниот дел на земјата, а вечерните температури ќе бидат и до пет степени под нулата. Сепак, во наредните денови се очекува стабилизирање на времето и враќање на пролетните температури.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obilni-snezni-vrnezi-vo-slovenija/feed/ 0
Реоните околу Алпите се подготвуваат за нови обилни снежни врнежи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reonite-okolu-alpite-se-podgotvuvaat-za-novi-obilni-snezni-vrnezi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reonite-okolu-alpite-se-podgotvuvaat-za-novi-obilni-snezni-vrnezi/#respond Mon, 14 Jan 2019 09:04:14 +0000 https://kurir.mk/?p=151936

Реоните околу Алпите денеска се подготвуваат за нови снежни врнежи, кои би можеле да предизвикаат нови лавини, додека сопствениците на куќите стравуваат од опасноста нивните покриви да попуштат под тежината на снегот, јави ДПА. Стравувањата од лавините се зголемија откако одрон од снег падна врз хотел во градот Балдершванг во јужна Германија, при што, според локалната полиција, нема загинати или повредени лица. Поради лавини, Балдершванг од вчера е отсечен од светот, бидејќи снегот го затрупа единствениот приоден пат до градот. Обилните снежни врнежи предизвикуваат и стравувања од поплави во подножјето на Алпите, поради растот на водостојот во реките што извираат во повисоките планински реони. Засега има информации за поплавени полиња и ливади во алпскиот реон на Германија, но властите ги предупредија жителите на неколку населени места да бидат подготвени за можни излевање на реките. – Поплавите полека доаѓаат, изјави полициски претставник. Поради снегот блокирани се приодите и до неколку места во алпскиот регион во Австрија, при што само во реонот на Салцбург  од светот се отсечени околу 17.000 лица. Снегот предизвика проблеми и одрони на лавини и во повеќе делови на Швајцарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reonite-okolu-alpite-se-podgotvuvaat-za-novi-obilni-snezni-vrnezi/feed/ 0
Управувачкиот комитет за кризи со препораки за новите снежни врнежи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upravuvachkiot-komitet-za-krizi-so-preporaki-za-novite-snezni-vrnezi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upravuvachkiot-komitet-za-krizi-so-preporaki-za-novite-snezni-vrnezi/#respond Sat, 12 Jan 2019 09:54:02 +0000 https://kurir.mk/?p=151321

Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи во пресрет  на најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за нови снежни врнежи информира дека сите надлежни институции се подготвени за соодветна реакција. – Сите граѓани на Република Македонија кои сметаат дека се загрозени, како и сите граѓани кои имаат сознанија дека други граѓани може да бидат загрозени од снежното време и ниските временски температури, да се јават на бесплатниот телефонски број 195 во Центарот за управување со кризи, со цел нивно понатамошно навремено доставување на информациите и податоците до сите надлежни институции,  препорача Управувачкиот комитет,  по седницата на која било констатирано дека службите на сите надлежни институции досега навремено, одговорно и професионално пристапиле при справување со состојбата поврзана со снежното време. Како што соопшти владината прес-служба, донесен е заклучок да се активира Главниот штаб, постојано да заседава и да се следат тековно состојби од снежното време и ниските временски температури.  Главниот штаб, имајќи ги предвид временските прилики, како и расположливата опрема (материјално – технички средства, механизација и слично), во соработка со сите надлежни институции (Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата на Република Македонија) во текот на денов треба да направи прецизна процена на состојбите на терен, план за постапување и идентификација на итни потреби согласно теренската состојба, како и потреба и локации за доставување на хуманитарна помош, храна и лекови. Полициските сили на Министерството за внатрешни работи и припадниците на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, пак, да бидат подготвени за итни интервенции доколку е потребно. Воедно, МВР, во соработка со ЈП „Македонија пат“, треба да го зголемат бројот на дежурни служби и сообраќајни контроли и патроли, особено на повисоките места, кои ќе ги предупредуваат возачите за задолжително поседување на зимска опрема, но и медицинска кутија за прва помош, а по потреба ќе информираат и за забрани за движење и пренасочување на тешки товарни возила. Сите институции, стои во заклучоците, треба да бидат во постојана комуникација и координација, во функција на навремено преземање на превентивни мерки и активности и притоа сите информации и активности што се поврзани од снежното време и ниските временски температури во Македонија, навремено да бидат доставувани до Центарот за управување со кризи, со цел нивно понатамошно дистрибуирање и навремено постапување. Возилата и механизацијата на ЈП „Македонија пат“ да бидат во постојан и континуиран ангажман, со цел одржување на возната состојба на патиштата и нормална проодност. Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Црвениот крст, веднаш да ги преземе сите потребни активности за навремено и превентивно згрижување на сите бездомни лица, не само од територијата на Град Скопје, туку од целата територија на државата како и навремено доставување на неопходни лекови или други медицински средства и слични неопходни потреби. Според заклучоците, Министерството за здравство, во текот на денов во сите служби за итна медицинска помош низ Македонија да подготви план за постапување, да определи број на екипи и протокол за функционирање и постапување во услови на постоење на снежно време и ниски временски температури. Во соработка со Агенцијата за лекови веднаш да направат анализа/проценка за евентуална потреба од достава на лекови до граѓаните кои имаат потреба од достава на лекови, а особено да се направи проценка преку системот на Управата за електронско здравство за тоа на кои лица кои примаат хронична терапија ќе им биде потребно достава на лекови, согласно подрачјето на живеење, особено во повисоките места.  Министерството за здравство веднаш треба да достави наредба до сите ургентни центри со цел нивна целосна подготвеност и мобилност (со материјал, опрема и кадар) во случај на зголемена потреба од давање на здравствени услуги за време на снежното време и ниските временски температури. Сите градоначалници пак се задолжени веднаш да ги стават во користење сите расположливи ресурси (материјално – технички, кадровски, опрема, механизација и слично), а доколку имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси, во случај да не можат да се справат со снежното време преку своите расположливи ресурси/или при нивно целосно исцрпување, во тој случај да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување. Градоначалниците треба веднаш да ги мобилизираат кризните штабови во нивните општини и во нив да ги вклучат локалните претставници од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи. Со седницата претседавал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а присуствуваа и членовите на Управувачкиот комитет,  вицепремиерката Радмила Шекеринска Јанковска, министерите за транспорт, з аздравство, за труд и социјална политика, Горан Сугарески, Венко Филипче и Мила Царовска и Агрон Буџаку, директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена. Присуствувале и Андреј Жерновски, заменик на министерот за надворешни работи, Аднан Џафероски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Гајур Кадриу, директор на ЈП „Македонија пат – Скопје“, Зоран Велков од ЈП за државни патишта, претставници од Генералштабот на Армијата на Република Македонија, како и претставници од Центарот за управување со кризи и од Министерството за одбрана. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upravuvachkiot-komitet-za-krizi-so-preporaki-za-novite-snezni-vrnezi/feed/ 0
Забрана за движење на тешки товарни возила на повеќе патни правци поради снежни врнежи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-dvizenje-na-teshki-tovarni-vozila-na-povekje-patni-pravci-poradi-snezni-vrnezi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-dvizenje-na-teshki-tovarni-vozila-na-povekje-patni-pravci-poradi-snezni-vrnezi/#respond Wed, 09 Jan 2019 11:41:21 +0000 https://kurir.mk/?p=150043

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи од ЈП Македонија пат. Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правци крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка каде за останатите возила е задолжително користење зимска опрема (синџири), соопштија од ЈП Македонија пат. Снег врне со променлив интензитет на цела територија во републиката. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, како што соопштија денеска,  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-dvizenje-na-teshki-tovarni-vozila-na-povekje-patni-pravci-poradi-snezni-vrnezi/feed/ 0