снежно невреме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Feb 2023 09:29:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png снежно невреме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Далмација отсечена поради снежното невреме, се извлекуваат заглавените во снегот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dalmatsija-otsechena-poradi-snezhnoto-nevreme-se-izvlekuvaat-zaglavenite-vo-snegot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dalmatsija-otsechena-poradi-snezhnoto-nevreme-se-izvlekuvaat-zaglavenite-vo-snegot/#respond Mon, 27 Feb 2023 09:29:20 +0000 https://kurir.mk/?p=805500

Снегот во Хрватска предизвика сообраќаен хаос и ја отсече Далмација од остатокот од државата. Од вчера попладне поради огромното количество снег и силните ветрови нема отворен патен правец од Далмација кон внатрешноста на Хрватска, пренесува порталот Индекс. Голем број луѓе останаа заглавени во колоните, поради што беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн. На терен се и спасувачите од Хрватската горска служба за спасување кои помагаат во извлекувањето на заглавените во снегот. Покрај снегот, проблеми на возачите им прави и силниот ветер кој дува со брзина од околу 150 километри на час. Полицијата апелираше до граѓаните да не тргнуваат на пат без потреба. Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска за денеска издаде црвено предупредување за Кварнер и подрачјето на Велебитскиот канал. Подрачјето на Кварнер во првиот дел од денот ќе биде зафатено од многу силно невреме со ветрови со брзина до 130 километри на час. На подрачјето на Велебитскиот канал се очекуваат ветрови со брзина и до 150 километри на час.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dalmatsija-otsechena-poradi-snezhnoto-nevreme-se-izvlekuvaat-zaglavenite-vo-snegot/feed/ 0
НА ТУРЦИЈА ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС И СЕ ЗАКАНУВА НОВА КАТАСТРОФА – ова никако не е добро за тамошното население! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-turtsija-po-katastrofalniot-zemjotres-i-se-zakanuva-nova-katastrofa-ova-nikako-ne-e-dobro-za-tamoshnoto-naselenie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-turtsija-po-katastrofalniot-zemjotres-i-se-zakanuva-nova-katastrofa-ova-nikako-ne-e-dobro-za-tamoshnoto-naselenie/#respond Mon, 06 Feb 2023 13:34:07 +0000 https://kurir.mk/?p=796773

Два разорни земјотреси ја погодија Турција денес како и северот на Сирија, а се почувствуваа ширум тамошниот регион и неколку околни земји. За жал подрачјето на кое се случи земјотресот овие денови ќе биде зафатен од уште една голема катастрофа – леден бран. По невремето проследено со силен ветер кој го погоди регионот, сега истиот се поместува кон исток, па наредните денови поголемиот дел од Турција ќе биде зафатен од леден бран со обилни снежни врнежи и локални невремиња. Веќе утре снежно невреме ќе го погоди Истанбул, а веќе се откажани и голем број на летови. По ова снежниот бран ќе се приближи кон југоисток односно на подрачјето кое е погодено од силниот земјотрес утринава. Големо отежнување ќе биде и фактот што ова подрачје се наоѓа во планински појас и надморска височина од 1.000 метри над морето. Се очекува невреме со силен ветер и снег, по што температурите би паднале до рекордни -20 степени. Студената воздушна маса се очекува да се спушти до Медитеранот и Сирија па ова подрачје ќе биде погодено од силни дождови и ниски температури.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-turtsija-po-katastrofalniot-zemjotres-i-se-zakanuva-nova-katastrofa-ova-nikako-ne-e-dobro-za-tamoshnoto-naselenie/feed/ 0
Снежно невреме во Грција ги затвори училиштата и продавниците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/snezhno-nevreme-vo-grtsija-gi-zatvori-uchilishtata-i-prodavnitsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/snezhno-nevreme-vo-grtsija-gi-zatvori-uchilishtata-i-prodavnitsite/#respond Mon, 06 Feb 2023 10:11:34 +0000 https://kurir.mk/?p=796675

Поради обилните снежни врнежи и големиот пад на температурата во Грција, училиштата и продавниците се затворени, сообраќајот во Атина е отежнат, а многу јавни служби и бизниси се префрлаат на работа од далечина. Поради невремето Барбара, кое беснее низ земјата, сообраќајот е во прекин на некои централни автопати и на државниот пат што ја поврзува Атина со централна Грција, јавува Ројтерс. Некои метро станици во близина на меѓународниот аеродром во Атина исто така беа затворени, а железничката линија за Солун во северна Грција беше суспендирана. Спасувачките и противпожарните екипи евакуираа четири лица чии автомобили се заглавија во снегот во атинското предградие Аспропиргос, а властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат патувања, јави државната телевизија ЕРТ, најавувајќи дека студеното време ќе трае до утре.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/snezhno-nevreme-vo-grtsija-gi-zatvori-uchilishtata-i-prodavnitsite/feed/ 0
Снежно невреме со поларни температури ја зафати Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezhno-nevreme-so-polarni-temperaturi-ja-zafati-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezhno-nevreme-so-polarni-temperaturi-ja-zafati-japonija/#respond Thu, 26 Jan 2023 10:59:14 +0000 https://kurir.mk/?p=792234

Снежни бури проследени со поларни температури го зафатија Јапонскиот архипелаг, однесувајќи најмалку пет животи. Во делови од Јапонија температурата се спушти на рекордно ниско ниво, наместа и до 12 Целзиусови степени под нулата. Невремето предзивика сериозни потешкоткии во одвивањето на железничкиот и патниот сообраќај, со голомразица на многу патни правци. Илјадници луѓе мораа да ја поминат ноќта во купеа на возовите или во железничките станици на западните префектури Кјото и Шига, додека лица беа приморани да минат часови во завеани возила на некои од главните патишта, јавуваат денеска јапонските медиуми. Стотици летови се откажани. Јапонија моментално е зафатена од најстудениот бран оваа зима. Властите упатија предупредување за претпазливост кај жителите на крајбрежјето на Јапонското Море и на Тихиот Океан на уште интензивни снежни врнежи и силни налети на ветер.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezhno-nevreme-so-polarni-temperaturi-ja-zafati-japonija/feed/ 0
САД: Бројот загинати во невремето зголемен на 63 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-brojot-zaginati-vo-nevremeto-zgolemen-na-63/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-brojot-zaginati-vo-nevremeto-zgolemen-na-63/#respond Wed, 28 Dec 2022 07:57:50 +0000 https://kurir.mk/?p=781481

Арктичката зимска бура што го зафати поголемиот дел од Средниот запад и северот на Соединетите Американски Држави (САД) однесе 63 животи, објавија во вторник американските медиуми, повикувајќи се на официјални изјави. Бајрон Браун, градоначалникот на Бафало каде властите соопштија за 27 загинати, изјави дека бурата веројатно е полоша од сè видено во градот за повеќе од 50 години. Националната метеоролошка служба соопшти дека подобрување на временските услови може да се очекуваат од вторник. Божикните празници годинава на северноамериканскиот континент минаа во снежна бура, со околу 60 отсто од населението на САД соочено со некакви зимски проблеми, како и со екстремно ниски температури. Веб-страницата за следење летови „Флајтавер“ соопшти дека вчера во САД биле одложени повеќе од 2.800 летови. Аеродромите се затворени, а Бафало, Денвер, Колорадо, Детроит и Мичиген се само некои од главните аеродроми на кои се откажани летовите. Американскиот претседател, Џо Бајден, одобри прогласување вонредна состојба за државата Њујорк по смртоносната снежна бура.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-brojot-zaginati-vo-nevremeto-zgolemen-na-63/feed/ 0
ВИДЕО: Апокалиптични сцени во САД, најмалку 27 загинати во снежната бура https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-apokaliptichni-sceni-vo-sad-najmalku-27-zaginati-vo-sneznata-bura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-apokaliptichni-sceni-vo-sad-najmalku-27-zaginati-vo-sneznata-bura/#respond Tue, 27 Dec 2022 07:16:00 +0000 https://kurir.mk/?p=780938

Во силната снежна бура што го парализираше западниот дел на американската сојузна држава Њујорк за време на божиќниот викенд загинаа најмалку 27 лица, соопштија локалните власти, додека комуналните претпријатија се обидуваат да го откопаат снегот што ги закова возилата и домовите. Марк Полонкарц, началникот на округот Ири, чие седиште е во градот Бафало, истакна дека бројот на смртни случаи поврзани со невремето во округот се зголемил за 14 во текот на ноќта, вклучително и случаи на луѓе кои биле пронајдени во снежни наноси, во нивните автомобили или кои починале од проблеми со срцето поради силниот ветер и снежните наноси. Пријавени се повеќе смртни случаи, рече Полончарц, но окружниот медицински истражител се обидува да утврди дали сите може директно да се припишат на временските услови. Според Ен Би Си Њуз, најмалку 60 луѓе загинале низ целата земја, вклучително и оние кои загинале во сообраќајни несреќи, како резултат на времето и арктичкиот студ што го погоди поголемиот дел од САД во текот на викендот. Снежното невреме во областа Бафало, вториот по големина град во државата Њујорк, се смета за најлошо во последните 45 години, каде што на пример во вчера изутрина на тамошниот аеродром беа измерени 127 сантиметри снег. Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, рече дека бурата ќе остане запишана во историјата како „снежна бура 22“, рангирана како најлоша снежна бура од 1977 година, кога загинале околу 30 луѓе. Американскиот претседател Џо Бајден на Твитер објави дека разговарал со Хочул и дека неговата администрација ќе помогне да се покријат огромните трошоци поврзани со спасувањето и закрепнувањето од невремето.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-apokaliptichni-sceni-vo-sad-najmalku-27-zaginati-vo-sneznata-bura/feed/ 0
Двеста милиони Американци во студ и мраз ќе ги дочекаат празниците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvesta-milioni-amerikanci-vo-stud-i-mraz-kje-gi-dochekaat-praznicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvesta-milioni-amerikanci-vo-stud-i-mraz-kje-gi-dochekaat-praznicite/#respond Fri, 23 Dec 2022 20:51:57 +0000 https://kurir.mk/?p=779877

Повеќе од 200 милиони луѓе во САД се засегнати од студот и невремето проследено со мраз и снежни виулици што го зафати континентот во деновите пред престојните празници. Мразот и опасните услови го пореметија одвивањето на сообраќајот во поголемиот дел од земјата, со откажани илјадници летови. Во многу сојузни држави условите се премногу опасни за возење, предупредуваат властите, бидејќи милиони Американци излегуваат на патиштата и се упатуваат кон аеродромите за да ги прослават престојните божикни и новогодишни празници. Со денеска на пладне се регистрирани повеќе од четири илјади откажани летови, а најпогодени се аеродромите во Сиетл на северозапад, Њујорк, Чикаго на север и Детроит. Во округот Ири во американската сојузна држава Њујорк беше прогласен и полициски час. Повеќе од милион Американци денеска напладне останаа без струја во сојузните држави Северна и Јужна Каролина, Конектикат и Тексас. Проценките на Американското здружение на возачи се дека околу 112 милиони луѓе треба да поминат најмалку 80 километри во периодот од денеска до 2 јануари. Неколку држави прогласија вонредна состојба, како што се Њујорк, Оклахома, Кентаки, Џорџија и Северна Каролина. Интензивни врнежи од снег се регистрирани во северните делови на САД, особено во регионот на Големите езера.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvesta-milioni-amerikanci-vo-stud-i-mraz-kje-gi-dochekaat-praznicite/feed/ 0
Најмалку две жртви во снежно невреме во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zrtvi-vo-snezno-nevreme-vo-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zrtvi-vo-snezno-nevreme-vo-njujork/#respond Sat, 19 Nov 2022 12:02:51 +0000 https://kurir.mk/?p=763357

Зимска бура со обилни снежни врнежи зафати делови од државата Њујорк, при што се пријавени најмалку двајца загинати, а во текот на викендот се очекува да се интензивираат проблемите во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија. Снежната бура од езерото Ири и езерото Онтарио донесе еден до 1,5 метри и повеќе снежни наноси во некои области, а властите пријавија два смртни случаи од срцев удар поврзани со физичкиот напор за отстранување на снегот во погодената област Ири. Поради ниските температури, првото големо снежно невреме го зафати регионот во четвртокот, за да се засили во текот на ноќта во петок, многу пред почетокот на зимата на 21 декември, а Националната метеоролошка служба прогнозира дека врнежите ќе траат до утре. До синоќа, метеоролошката служба пријави 1,7 метри снег измерени во Орчард Парк, округот Ири, а вчера попладне имало и наноси од повеќе од еден метар на неколку соседни локации, додека во Бафало, град со 278.000 жители и втор по големина во оваа американска држава, вчера беа измерени 36 сантиметри снег. Снежни врнежи од вакви размери не се невообичаени за западен Њујорк во ноември, кога релативно топлите води на Големите езера се мешаат со студениот воздух од горните слоеви на атмосферата што се спушта од Арктикот, потсети метеоролошката служба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zrtvi-vo-snezno-nevreme-vo-njujork/feed/ 0
Америка на раб на страшна снежна бура: Луѓето во паника опустошија продавници, многу места поплавени (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerika-na-rab-na-strashna-snezna-bura-lugjeto-vo-panika-opustoshija-prodavnici-mnogu-mesta-poplaveni-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerika-na-rab-na-strashna-snezna-bura-lugjeto-vo-panika-opustoshija-prodavnici-mnogu-mesta-poplaveni-foto/#respond Sat, 29 Jan 2022 15:33:43 +0000 https://kurir.mk/?p=624420

Источниот брег на САД од утринава го зафати големо снежно невреме кое за прв пат по четири години го зафати овој регион. Невремето ќе се протега од Јужна Каролина сè до Мејн, а покрај снежната бура ќе донесе и урагански ветрови во крајбрежните делови. Пет американски држави прогласија вонредна состојба, јавува Би-Би-Си. Градоначалникот на Бостон, град навикнат на снежни врнежи, вели дека е многу можно оваа бура да биде „историска“. Во Нова Англија би можело да наврне повеќе од два метри снег. Метеоролозите предупредуваат и на поплави во близина на брегот. Од петокот до неделата беа откажани повеќе од 5.000 летови во САД. Синоптичарите велат дека постои можност невремето, познато како Норвелигден, да го покрие подрачјето на Бостон со до 60 сантиметри снег. Сегашниот рекорд од 70 сантиметри за 24 часа е поставен во 2003 година. Експертите велат дека бурата ќе помине низ бомбогенеза, што значи дека се очекува мешање на постуден воздух со потопол морски воздух, што ќе доведе до брзо опаѓање на атмосферскиот притисок. Процесот води до таканаречената циклонска бомба. Силно невреме во саботата во раните утрински часови ги зафати крајбрежните делови, а врнежи од снег веќе се забележани во повеќе земји. Медиумите јавуваат дека луѓето пустошеле по полиците во продавниците откако пристигнале бројни предупредувања за невремето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerika-na-rab-na-strashna-snezna-bura-lugjeto-vo-panika-opustoshija-prodavnici-mnogu-mesta-poplaveni-foto/feed/ 0
Илјадници летови во САД и Канада се одложени поради снежно невреме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-letovi-vo-sad-i-kanada-se-odlozeni-poradi-snezno-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-letovi-vo-sad-i-kanada-se-odlozeni-poradi-snezno-nevreme/#respond Tue, 18 Jan 2022 07:26:43 +0000 https://kurir.mk/?p=620629

Обилниот снег и снежните виулици одложија илјадници летови на источниот брег на САД. Поради лошите временски услови илјадници домаќинства останаа без струја. Снежната бура доведе до торнадо на Флорида. Околу 120.000 луѓе останаа без електрична енергија, а најголеми проблеми со струјата има во Западна Вирџинија, Северна и Јужна Каролина и Џорџија. Метеоролозите предвидуваат дека снегот ќе продолжи да паѓа во сојузните држави Њујорк и Њу Ингланд. Снежната покривка во Охајо изнесува 70 сантиметри. Во многу делови на канадските провинции Квебек и Онтарио се издадени предупредувања за виулици, а голем број училишта се затворени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-letovi-vo-sad-i-kanada-se-odlozeni-poradi-snezno-nevreme/feed/ 0