сникерс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Aug 2021 20:54:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сникерс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Сникерс“ мораше да ја повлече оваа реклама, хомосексуалците се чувствувале “навредено“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/snikers-morashe-da-ja-povleche-ovaa-reklama-homoseksualcite-se-chuvstvuvale-navredeno-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/snikers-morashe-da-ja-povleche-ovaa-reklama-homoseksualcite-se-chuvstvuvale-navredeno-video/#respond Mon, 09 Aug 2021 20:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=548568

„Сникерс“ крена многу прашина во Шпанија со својата реклама. Таа беше повлечена, а компанијата се извини за недоразбирањето што рекламата можеби го предизвикала, откако рекламата од 20 секунди беше осудена во јавноста за хомофобија. Во рекламата се гледа шпанскиот инфлуенсер Алес Гибаја како нарачува „секси сок од портокал“, додека неговиот пријател разменува збунети погледи со келнерот. Келнерот потоа одговара со тоа што му понуди на Гибаја снејкерс сладолед-чоколадо, а по еден залак, Гибаја се „трансформира“ во брадест човек со длабок глас. „Подобро?“, го праша пријателот. „Подобро“, одговара човекот додека раскажува нараторот, „Не си свој кога си гладен“. -Државната федерација на лезбејки, хомосексуалци, транс луѓе и бисексуалци беше меѓу оние кои ја осудија рекламата, велејќи во твит дека „е срамно и тажно што постојат компании кои продолжуваат да ги одржуваат стереотипите и промовираат хомофобија – пишува „Гардијан“. Се вклучи и шпанската министерка за еднаквост Ирина Монтеро. -Се прашувам кој би помислил дека е добра идеја да се користи хомофобијата како деловна стратегија. Нашето општество е разновидно и толерантно. Се надевам дека оние што имаат моќ да одлучат што гледаме и слушаме во реклами и ТВ програми, исто така, ќе научат да бидат такви – напиша таа на Твитер. „Сникерс“ соопшти дека веднаш ќе ја повлечат рекламата и се извини за какви било недоразбирања што би можеле да произлезат од кампањата. -Во оваа кампања, сакавме на пријателски и весел начин да пренесеме дека гладот ​​може да го промени карактерот. Во ниту еден момент немаше намера да се стигматизира или навреди некое лице или колектив – се вели во соопштението објавено на Интернет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/snikers-morashe-da-ja-povleche-ovaa-reklama-homoseksualcite-se-chuvstvuvale-navredeno-video/feed/ 0
Во тек инспекциска контрола кај двајца увозници за сладоледите „сникерс“ и „твикс“ на „Дукатос“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-inspekciska-kontrola-kaj-dvajca-uvoznici-za-sladoledite-snikers-i-tviks-na-dukatos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-inspekciska-kontrola-kaj-dvajca-uvoznici-za-sladoledite-snikers-i-tviks-na-dukatos/#respond Thu, 05 Aug 2021 13:44:02 +0000 https://kurir.mk/?p=546743

Ќе бидат ли повлечени од македонскиот пазар сладоледите „сникерс“ и „твикс“ на производителот „Дукатос“, се очекува наскоро да соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Овие два вида сладоледи, како и овошниот јогурт со рибизла на „Дукатос“ веќе не може да се купат во Црна Гора, БиХ и Србија. Повлечени се од маркетите по сомнежот дека во нив има остатоци од пестицидот етилен оксид. -Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, во вторникот попладне добивме нотификација за увезени небезбедни кондиторски производи кои во својот состав содржат адитив со наод на етилен оксид. Станува збор за адитивот locust bean gum, велат од АХВ за МИА. Согласно воспоставената процедура за постапување по добиената нотификација, инспекциските служби на АХВ вршат контрола кај двајца увозници. -По спроведената инспекциска контрола ќе бидат утврдени количините и видовите увезени производи и ќе се дефинираат насоките за понатамошно дејствување, нагласуваат од Агенцијата за храна. Сладоледите „сникерс“ и „твикс“ и овошниот јогурт со рибизла на „Дукатос“ најпрво беа повлечени во Хрватска, а потоа и во БиХ и Србија. Според српскиот министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ, некои земји, како Белгија, не ги сметаат ваквите производи за штетни и ги пуштаат во промет. Доколку се утврди дека спорните производи се исправни, тие ќе бидат вратени на пазарот, велат од Агенцијата за храна на Црна Гора. Во спротивно, производите ќе бидат уништени за што јавноста ќе  биде информирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-inspekciska-kontrola-kaj-dvajca-uvoznici-za-sladoledite-snikers-i-tviks-na-dukatos/feed/ 0
Овој десерт е фантазија: Направете сникерс бајадера https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-desert-e-fantazija-napravete-snikers-bajadera/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-desert-e-fantazija-napravete-snikers-bajadera/#respond Wed, 30 Jun 2021 16:24:27 +0000 https://kurir.mk/?p=530100

Подгответе вкусен десерт, сникерс бајадера. Состојки: 300 грама шеќер 250 мл. вода 200 грама маргарин 100 грама чоколада за готвење 300 грама мелени бисквити 400 грама мелени кикирики (печени, несолени) 1 ванила За глазура: 100 грама чоколада за готвење 3 лажици зејтин 100 грама сецкани кикиритки (печени несолени) Подготовка: Шеќерот со водата се става во сад на оган да зоврие. Откако кратко ќе поврие се додаваат и маргаринот и чоколадата да се растопат. Откако ќе се растопат се трга настрана и се додаваат бисквитите и ванилата. Убаво се промешува и се остава малку да олади смесата за потоа да се додадат и мелените кикирики. Убаво се промешува смесата. Во помало правоаголно плехче (30х20) обложено со фолија се истура смесата, убаво се израмнува и се полева со глазура од чоколада растопена на пареа со 3 лажици зејтин. Се посипува со сецкани кикирики и се става во ладилник да се стегне, потoа се сече на парчиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-desert-e-fantazija-napravete-snikers-bajadera/feed/ 0