СНС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 May 2023 11:42:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png СНС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вучевиќ: Вучиќ ќе биде лидер на новото движење во Србија, нема причина за страв https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-vuchik-ke-bide-lider-na-novoto-dvizhene-vo-srbija-nema-prichina-za-strav/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-vuchik-ke-bide-lider-na-novoto-dvizhene-vo-srbija-nema-prichina-za-strav/#respond Sun, 28 May 2023 11:42:21 +0000 https://kurir.mk/?p=839721

Новиот претседател на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, денеска изјави дека СНС ќе се приклучи на Народното движење, односно на Движењето за народот и државата, каде што како лидер го гледа Александар Вучиќ. -Ние сме први до него, кога велам ние - зборувам за СНС. Нема разделба, па сега некој да се исплаши или збуни. Ќе видиме дека партијата продолжува да работи во ист ритам, секако со истата политика, овие кадровски решенија се дел од партиската политика на континуитет, изјави Вучевиќ за ТВ Прва. Како што додаде, ќе ја зачува СНС како најсилна партија во Србија, „мотор на развојот на Србија и најголема поддршка за претседателот на државата“ Александар Вучиќ, кој најави формирање на ново движење чие официјално име допрва треба да се утврди. -Тоа не беше развод, немаше разделба, туку мирна транзиција, бидејќи Вучиќ сигурно не ја напушта партијата, но нема да ја води како претседател како во претходните 11 години, нагласи Вучевиќ. Тој рече дека на собранието на СНС имало многу емоции, пред се кај делегатите и членовите на партијата и дека тоа е на некој начин почит за Александар Вучиќ за начинот на кој работел и ја водел партијата и за односот што го изградил со членството, со луѓето кои се енергијата и силата на СНС.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-vuchik-ke-bide-lider-na-novoto-dvizhene-vo-srbija-nema-prichina-za-strav/feed/ 0
Фила: Со мнозинство од 60 одборници на СНС и СПС не се потребни предвремени избори во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fila-so-mnozinstvo-od-60-odbornici-na-sns-i-sps-ne-se-potrebni-predvremeni-izbori-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fila-so-mnozinstvo-od-60-odbornici-na-sns-i-sps-ne-se-potrebni-predvremeni-izbori-vo-belgrad/#respond Tue, 19 Apr 2022 13:58:15 +0000 https://kurir.mk/?p=665447

Кандидатот за градоначалник на Белград на Социјалистичката партија на Србија (СПС), адвокатот Тома Фила денеска изјави дека предвремени избори треба да се распишат само доколку новата власт предводена од коалицијата СНС-СПС нема повеќе од 56 советници во градското собрание кое брои 110 советници, јави дописникот на МИА од Белград. Фила изјави дека не гледа причина за распишување нови градски избори во Белград доколку новата власт ја поддржат 60 советници. -Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека СНС во Белград може да формира власт со поддршка од 60 советници. Меѓу нив секако ги брои нашите осум советници од СПС и уште четворица од некои други опозициски партии. Мнозинството од 60 советници е сосем доволно и во тој случај не се потребни предвремени избори. Меѓутоа, ако се работи за мнозинство од 56 советници, тогаш тоа не е доволно и треба да се распишат предвремени градски избори, изјави Фила. Според прелиминарните резултати на Градската изборна комисија (ГИК) во градскиот парламент на Белград, кој има 110 одборнички места, листата на СНС ќе има 48 советници, СПС осум, четворица одборници има Српската партија Заветници, 26 се од коалицијата Обединети за победа во Белград, седум од ДСС -ПОКС, 13 од коалицијата Мораме и четворица од Двери-ПОКС. На прашањето на агенцијата Бета како ги коментира предлозите на одредени функционери на Српската напредна странка (СНС) за организирање предвремени парламентарни избори, Фила кажа дека се уште не се знае дали СПС ќе биде дел од новата српска Влада. -Секој кажува што му паѓа на памет, затоа што данок на глупоста не се плаќа. СНС засега зборува за формирање републичка влада само со помош на малцинските партии (Сојузот на Унгарците од Војводина), а СПС ниту еднаш не го спомнале. Нашата партија го овласти претседателот Ивица Дачиќ да разговара за можно формирање коалициска влада со СНС, изјави Фила. Според прелиминарните податоци на Републичката изборна комисија (РИК), српскиот Парламент ќе има 120 пратеници од листата на СНС, 32 од СПС, пет од Сојузот на Унгарците од Војводина, Обединетите за победа на Србија (ССП, НС, ДС) ќе имаат 38 пратеници, коалицијата ДСС -ПОКС 15, Мораме 13, Двери-ПОКС 10, Заветници 10, Муфтинијот аманет три и СДА Санџак два мандата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fila-so-mnozinstvo-od-60-odbornici-na-sns-i-sps-ne-se-potrebni-predvremeni-izbori-vo-belgrad/feed/ 0
Анкета: За СНС би гласале 41,1 отсто, а за ССП 32,9, неопределени 9,8 отсто српски граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-za-sns-bi-glasale-41-1-otsto-a-za-ssp-32-9-neopredeleni-9-8-otsto-srpski-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-za-sns-bi-glasale-41-1-otsto-a-za-ssp-32-9-neopredeleni-9-8-otsto-srpski-gragjani/#respond Tue, 01 Jun 2021 13:50:11 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517743

Според мајското истражување на опозициската Партија за слобода и правда (ССП), доколку изборите во Србија се одржат денеска, одзивот би изнесувал 69,1 отсто, а 41,1 отсто од граѓаните би гласале за новата обединета партија СНС-СПАС, јави дописникот на МИА од Белград. За СПС на Ивица Дачиќ би гласале 6,5 отсто граѓани, за опозицијата која ја вклучува и ССП би гласале 32,9 отсто, се уште не се одлучиле за кого би гласале 9,8 проценти, а за опозицијата која би коалицирала со владејачката СНС, доколку оваа партија ги покани – ДСС, ПОКС, СРС и Заветници, би гласале 5,8 отсто. Партиите на националните малцинства имаат 3,7 отсто поддршка. Мариника Тепиќ од опозициската ССП, според ова истражување, е најпопуларниот политичар во Србија и повеќе од милион луѓе имаат одлично мислење за неа и за она што таа го прави. ССП соопшти дека на прашањето за односот кон Русија, Кина и Европската унија, граѓаните сметаа дека Русија има најдобар статус, речиси 70 отсто се изјасниле позитивно и само 5,4 негативно. – ЕУ има 33,3 отсто поддршка, 35,7 проценти се против, а Кина полека се приближува кон Русија. Дури 64,6 отсто од српските граѓани имаат позитивен став кон Кина, 10,2 проценти негативен и 25,2 отсто се неутрални, се наведува во истражувањето. На почетокот на презентацијата на резултатите, претседателот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, праша „Кои се сличностите меѓу Белорусија и Србија?“ – Прво, и двете земји имаат парламент без опозиција и второ, во Белорусија, претседателот на таа земја, Александар Лукашенко, донесе закон во кој се кажува дека истражувањата можат да се објават само доколку ги одобри владата. Со оглед на тоа што Лукашенко е модел за овој Александар (Вучиќ, претседател на Србија) можно е наскоро и ние да добиеме таков закон. Па сè додека тоа не се случи, ќе ја користиме можноста да ви кажеме што мислат граѓаните на Србија според истражувањето направено во мај, изјави Ѓилас. Членот на претседателството на Српската напредна партија (СНС), Зорана Михајловиќ, во реакцијата на истражувањето на ССП изјави дека довербата на граѓаните се проверува на избирачките места и рече дека „ако претседателот на ССП Драган Ѓилас верува дека има поддршка од граѓаните, тоа нема да е причина да не излезе на избори“. – Ако навистина верувате дека сте толку супериорни и дека имате огромна поддршка од граѓаните, како што тврдите, тогаш не треба да ве интересираат туѓите истражувања или нивните резултати. Излезете на гласање, па да видиме дали навистина ја имате поддршката со која се фалите или таа е всушност минорна и затоа сте нервозни, изјави Михајловиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-za-sns-bi-glasale-41-1-otsto-a-za-ssp-32-9-neopredeleni-9-8-otsto-srpski-gragjani/feed/ 0
Вучевиќ: СНС утре од Вучиќ ќе бара мандат за влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-sns-utre-od-vuchikj-kje-bara-mandat-za-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-sns-utre-od-vuchikj-kje-bara-mandat-za-vlada/#respond Mon, 20 Jul 2020 09:56:13 +0000 https://kurir.mk/?p=378639

Членот на претседателството на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ изјави дека претставниците на СНС утре ќе одат на консултации за формирање на новата влада со српскиот претседател Александар Вучиќ и дека ќе бараат мандат за состав на владата. – Легитимно е мандатот за состав на владата да му се довери на СНС, тогаш ќе видиме дали можеме да разговараме со потенцијалните коалициски партнери за формирање влада. Верувам дека владата ќе биде формирана за еден месец до месец и половина, изјави Вучевиќ за ТВ Пинк. Тој рече дека иако новата влада не е формирана, „актуелната функционира, добро си ја работи својата работа, особено во борбата против коронавирусот“. – Секако дека владата ќе биде формирана во рамките на уставните и законските рокови, ние не доцниме, важно е да се формира влада која ќе има капацитет, енергија и политичка сила да работи заедно со претседателот на Србија во наредните четири години за да ја зајакне Србија економски и да ја продолжи борбата против коронавирусот, рече Вучевиќ. На прашањето дали е вистина дека тој е еден од главните кандидати за иден премиер, одговори: „тоа да остане на ниво на шпекулација“. Според Вучевиќ, „сигурно ќе има големи промени во владата, парламентот, но и на ниво на градоначалници“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-sns-utre-od-vuchikj-kje-bara-mandat-za-vlada/feed/ 0
Вдовицата на Оливер Ивановиќ стана дел од партијата на Вучиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vdovicata-na-oliver-ivanovikj-stana-del-od-partijata-na-vuchikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vdovicata-na-oliver-ivanovikj-stana-del-od-partijata-na-vuchikj/#respond Thu, 20 Feb 2020 11:29:33 +0000 https://kurir.mk/?p=306475

Милена Иановиќ, сопругата на убиениот лидер на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ се зачлени во партијата СНС. Партискиот функционер и директор на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ ја објави оваа информација додавајќи дека СНС денес станала побогата за личност со невидена енергија, истрајност и пожртвуваност за своето семејство во Србија. -Со нови лице, нова сила и Александар Вучиќ на чело, ќе продолжиме заедно да ја креваме Србија, напиша Ѓуриќ. Оливер Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2018 година пред просториите на граѓанската иницијатива во Косовска Митровица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vdovicata-na-oliver-ivanovikj-stana-del-od-partijata-na-vuchikj/feed/ 0
СНС на Вучиќ однесе голема победа на изборите за Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sns-na-vuchikj-odnese-golema-pobeda-na-izborite-za-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sns-na-vuchikj-odnese-golema-pobeda-na-izborite-za-belgrad/#respond Mon, 05 Mar 2018 07:32:24 +0000 http://kurir.mk/?p=27380

Според прелиминарните резултати на невладините организации ЦЕСИД, ЦРТА и ИПСОС кои ги следеа изборите за Собранието на градот Белград, врз основа на 99 отсто пребројани гласови за 24 изборни листи, изборната листа на Српската напредна странка (СНС) -„Александар Вучиќ-затоа што го сакаме Белград“, освои 44,9 отсто гласови или 63 одборници во градското собрание на Белград кое брои 110 одборници. И самиот лидер на СНС Александар Вучиќ на прес конференција синоќа прогласи победа на изборите за главниот град на Србија или како што кажа „ова е најдобриот резултат досега што некој го има освоено“. Според тие резултати СНС која на изборите настапи во коалиција со Социјалдемократската партија(СДП) на Расим Љаиќ, ПУПС на Милан Кркобабиќ и други помали партии, освои апсолутно мнозинство во градското собрание на Белград и можност сами да го изберат новиот градоначалник на Белград или според Вучиќ-„новиот градоначалник ќе се знае за 50 дена“. Втори според овие прелиминарни резултати се гласовите за Драган Ѓилас и изборната листа подражана од Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на Саша Јанковиќ, Народодната странка (НС) на Вук Јеремиќ и Левицата на Србија на Борко Стефановиќ со освоени  18,8 отсто гласови или 26 мандати. Претседателот на општината Нови Белград-Александар Шапиќ, кој настапи самостојно, освои 9,3 отсто или 13 одборници, а Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ (СПС) освои 6,1 или 8 мандати. Сите останати изборни листи и партии, меѓу кои и Драган Шутановац од Демократската странка (ДС доживеа дебакл со освоени 2,2 отсто) -не успеаа да го поминат изборниот цензус од пет отсто со што немаат да имаат свои одборници во Собранието на градот Белград. Така коалицијата на Движењето Доста Беше (ДЈБ) и Двери имаат освоено 3,8 отсто, Движењето „Да не го давиме Белград-3,5, Радикалите на Шешељ- 2,4 и Љубиша Прелетачевиќ Бели- 2,3 отсто освоени гласови. Според ЦЕСИД и ИПСОС излезеноста на градските избори изнесува 51,1 отсто. Опозицијата и невладината ЦРТА по затварањето на гласањето обвинија за бројни неправилности или според ЦРТА шест отсто од гласачките места, а според ДС 30 отсто  што според нив може да има влијание на конечниот исход од гласањето. И второпласираниот според бројот на гласови Драган Ѓилас по изборите изјави дека „тие се одржани во длабока недемократска и нерегуларна атмосфера, со повеќе неправилности“. СНС на Александар Вучиќ победи и на локалните избори во Аранѓеловац, Бор и во Севојно. Градската изборна комисија има законски рок да ги објави конечните резултати од градските избори во Белград во рок од 24 часа од затварањето на гласачките места-или утре до 20.00 часот. Започнат е и рокот за приговори и жалби на изборниот процес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sns-na-vuchikj-odnese-golema-pobeda-na-izborite-za-belgrad/feed/ 0
Можни предвремни парламентарни избори во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mozni-predvremni-parlamentarni-izbori-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mozni-predvremni-parlamentarni-izbori-vo-srbija/#respond Wed, 10 Jan 2018 17:14:09 +0000 http://kurir.mk/?p=9113

Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС) вечерва одржува седница на која главна тема се претстојните избори за органите на локалната власти во Белград, но според партиски извори, не е исклучена можноста да стане збор и за распишување на предвремени парламентарни избори. Како што јави Танјуг, на седницата, која е затворена за јавноста, присуствува и партискиот лидер и српски претседател Александар Вучиќ. Пред почетокот на седницата, членот на Претседателството на СНС и директор на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави дека очекува исцрпна дискусија, а околу можноста за одржување предвремени парламентарни избори, тој нагласи дека за тоа прашање ќе решава ова партиско тело. Српската министерска за градежноштво, транспорт и инфрастуктура Зорана Михајловиќ истакна дека таа лично е за одржување на предвремени парламентарни избори, но оти смета дека на денешната седница главна тема ќе бидат изборите во Белград. Потпретседателката на СНС, Марија Обрадовиќ пред седницата само кусо одговри дека доколку биде покренато прашањето за предвремени избори за членови на Собранието на Србија, таа ќе се изјасни за нивно одржување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mozni-predvremni-parlamentarni-izbori-vo-srbija/feed/ 0