Снуп Дог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Mar 2023 16:48:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Снуп Дог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Необичен дочек на Снуп Дог на шкотскиот аеродром, раперот одлучил и да заигра https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/neobichen-dochek-na-snup-dog-na-shkotskiot-aerodrom-raperot-odluchil-i-da-zaigra/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/neobichen-dochek-na-snup-dog-na-shkotskiot-aerodrom-raperot-odluchil-i-da-zaigra/#respond Sun, 19 Mar 2023 16:48:50 +0000 https://kurir.mk/?p=813832

Американскиот рапер Снуп Дог неодамна слетал во Глазгов, Шкотска, а на аеродромот се погрижиле ова доаѓање да му остане во сеќавањето. Имено, во текот на излегувањето од авионот, еден музичар на гајда го отсвирел еден од најголемите хитови „Still D.R.E.“ кој Снуп Дог го сними заедно со раперот Др. Дре во 1999 година. Рос Ајнсли кој свирел на гајда, е професионален музичар. Тој на Снуп Дог му посакал добредојде во градот на типичен шкотски начин, а раперот бил воодушевен од гестот и одлучил кратко да заигра.
Подоцна на својот Инстаграм профил споделил видео од овој необичен дочек и во описот на објавата напишал: „Штотуку слетав во Шкотска“. Инаку, раперот пристигнал во Шкотска поради својот настап кој ќе се одржи во салата „Hydro Arena“ во Глазгов. Овој настап требаше да се одржи на 26 август минатата година, но тогаш беше откажана целата турнеја бидејќи организаторите не можеле да се договорат околу распоредот. 51-годишниот рапер моментално е на турнеја низ Велика Британија и Ирска. По концертот во Глазгов, Снуп Дог треба да настапи во Лондон, Даблин, Лидс и Бирмингем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/neobichen-dochek-na-snup-dog-na-shkotskiot-aerodrom-raperot-odluchil-i-da-zaigra/feed/ 0
Откри ужасни детали: Девојка го обвини славниот рапер за силување, не ја нападнал само тој https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkri-uzasni-detali-devojka-go-obvini-slavniot-raper-za-siluvanje-ne-ja-napadnal-samo-toj/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkri-uzasni-detali-devojka-go-obvini-slavniot-raper-za-siluvanje-ne-ja-napadnal-samo-toj/#respond Thu, 10 Feb 2022 15:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=629762

Девојка која уште е анонимна поднесе тужба во Лос Анџелес, тврдејќи дека раперот и неговиот пријател сексуално ја нападнале откако присуствувала на концерт на Снуп Дог во Калифорнија, во 2013 година, пренесе магазинот Rolling Stone. Според обвинувањата, жената објаснува дека откако прифатила превоз до дома од Дон Меџик Хуан, чие вистинско име е Доналд Кембел, таа завршила во неговата резиденција против нејзина волја. Тврди дека Кембел сексуално ја нападнал, „го извадил половиот орган од панталони и повеќе пати и го ставил во уста“, стои во тужбата. Жената тврди дека Кембел подоцна барал да го следи во студио за снимање каде Снуп Дог наводно снимал за неговата ТВ серија. Откако и се слошило таа влегла во бањата во студиото каде Снуп Дог неочекувано влегол, ја затворил вратата, ја фатил за рамо и ја натерал на орален секс. Забележувајќи го нејзиното гадење, раперот „продолжил да мастурбира и ејакулира на горниот дел од нејзините гради и вратот“. Потоа донел нешто за таа да се исчисти и ја оставил така „понижена, исплашена и испаничена“ во бањата. Извор близок на Снуп Дог за TMZ изјави дека жената намерно поднела тужба пред почеток на Супер бол викендов, бидејќи раперот треба да настапи на полувреме. Жената тврди дека порано не ги пријавила наводните напади бидејќи се плашела за нејзината работа. Тврди дека неколку години работела за различни компании во сопственост на раперот или поврзани со него. Ова не е прва тужба за сексуален напад за Снуп Дог. Во 2003 година Кајли Бел го обвини него и дел од членовите на неговата екипа за сексуален напад, но откако раперот ја обвини за изнуда, таа ја повлече тужбата велејќи дека „заемно се спогодиле“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkri-uzasni-detali-devojka-go-obvini-slavniot-raper-za-siluvanje-ne-ja-napadnal-samo-toj/feed/ 0
СПЕКТАКЛ ВО НАЈАВА: Доктор Дре, Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар заедно на сцена, ќе настапат на полувремето на 56. „Супербол“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/spektakl-vo-najava-doktor-dre-snup-dog-eminem-meri-dzej-blajdz-i-kendrik-lamar-zaedno-na-scena-kje-nastapat-na-poluvremeto-na-56-superbol/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/spektakl-vo-najava-doktor-dre-snup-dog-eminem-meri-dzej-blajdz-i-kendrik-lamar-zaedno-na-scena-kje-nastapat-na-poluvremeto-na-56-superbol/#respond Fri, 01 Oct 2021 07:56:12 +0000 https://kurir.mk/?p=571153

Музичарите Доктор Дре, Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар ќе бидат во центарот на вниманието на полувремето на идниот, 56. „Супербол“. Тоа ќе биде првпат пет уметници да настапат заедно на сцената, се вели во соопштението на организаторите. – Можноста да настапам на „Суперболот“ на полувреме, и тоа „во мојот двор“, ќе биде едно од најголемите возбудувања во мојата кариера, Благодарен сум им на Џеј-Зи, „Рок нејшн“, НФЛ и „Пепси“, како и на Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар што ми се придружија во она што ќе биде незаборавен културен миг, изјави Д-р Дре. Финалето во американско рагби е закажано за 13 февруари 2022, недела, на стадионот „Софи“ во Инглвуд, Калифорнија, САД. Тод Каплан, потпретседател за маркетинг во „Пепси“ (како спонзор), истакна дека тоа би било „епска, незаборавна прослава на влијанието што денес го има хип-хопот“, олицетворен во ѕвездите од Западниот Брег. Д-р Дре во оваа прилика повторно го промовираше своето ново средно училиште во јужен Лос Анџелес, што треба да се отвори следната есен. Според соопштението, „Пепси“ и НФЛ „ќе соработуваат со училиштето, неговите партнери и локалната заедница“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/spektakl-vo-najava-doktor-dre-snup-dog-eminem-meri-dzej-blajdz-i-kendrik-lamar-zaedno-na-scena-kje-nastapat-na-poluvremeto-na-56-superbol/feed/ 0