Со љубов од Битола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Sep 2022 07:28:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Со љубов од Битола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 10-то јубилејно издание на изложбата „Со љубов од Битола“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/10-to-jubilejno-izdanie-na-izlozbata-so-ljubov-od-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/10-to-jubilejno-izdanie-na-izlozbata-so-ljubov-od-bitola/#respond Tue, 13 Sep 2022 07:28:31 +0000 https://kurir.mk/?p=731989

Во фоајето на Центарот за култура Битола, синоќа беше отворена 10-тата по ред изложба насловена „Со љубов од Битола“, годинава со тематика посветена на архитектонските симболи на градот. На конкурсот годинава свои фотографии испратија 32 фотографи, со околу 90 фотографии. Во рамките на јубилејната изложба изложени се 54 фотографии, од кои 27 се во рамките на десеттото издание, а останатите се ретроспектива на наградените фотографии од претходните девет години. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, прогласувајќи ја изложбата за отворена, ја истакна нејзината важност за градот Битола. „Преку оваа изложба и ние самите битолчани, кои секојдневно минуваме покрај објектите кои се во фокус на фотографиите, забележуваме детали, кои во секојдневието не сме ги виделе. Изложбата е значајна за нашата традиција, историја и култура која ја претставуваме пред публиката и верувам дека заеднички ќе дочекаме уште многу големи јубилеи“, истакна градоначалникот Коњановски, кој воедно доби благодарница од организаторот, за поддршката од страна на општина Битола за реализација на изложбата. „Стручното жири годинава го сочинуваа Роберт Јанкулоски, Весна Каревска –Пукич и Симона Калица, кои ја имаа задачата да селектираат околу 20 фотографии, од кои три фотографии ги наградија со прво, второ и трето место.Сите пристигнати фотографии ќе бидат дел од дигиталната изложба во рамките на изложбениот простор“, рече Диоген Хаџи Коста Милевски, во име на организаторот на изложбата - Центарот за европски развој и интеграција од Битола. Реализацијата на изложбата е во организација на ЦЕРИ Битола во соработка со НУ Центар за култура Битола, со поддршка на Министерство за култура, Општина Битола и Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Изложбата ќе биде поставена до 26.09.2022.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/10-to-jubilejno-izdanie-na-izlozbata-so-ljubov-od-bitola/feed/ 0
Фото изложба „Со љубов од Битола” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/foto-izlozba-so-ljubov-od-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/foto-izlozba-so-ljubov-od-bitola/#respond Thu, 20 Aug 2020 07:23:13 +0000 https://kurir.mk/?p=392927

Во Битола вечер во фоајето на НУ Центар за култура ќе биде отворено 8. издание на фото изложбата „Со љубов од Битола” на која годинава ќе бидат промовирани 31 фотографија од 23 автори. Изборот и селекцијата на фотографиите ги направи стручно жири во кое членуваат Далибор Митковски, Кети Талевска и Петар Тасевски. -Оваа година изложбата раскажува приказна за љубовта во време на корона. Авторите на фотографиите создадоа визуелно сведоштво за времето и животот и сите нешта кои сега се поинакви, велат од Центарот за европски развој и интеграција кој е организатор на изложбата. Културниот настан е поддржан од НУ Центар за култура Битола и од Министерството за култура]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/foto-izlozba-so-ljubov-od-bitola/feed/ 0