собание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Nov 2022 06:36:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png собание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Втор ден собраниска комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-sobraniska-komisiska-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-sobraniska-komisiska-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2023-godina/#respond Fri, 25 Nov 2022 06:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=766146

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2023 година. Комисијата ја почна дебатата завчера, а денеска е втор од предвидените 10 дена за расправа. Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повисоко во однос на планот за 2022 година. Поднесени се 263 амандмани од сите политички партии од кои околу 200 се од ВМРО-ДПМНЕ, од каде оценија дека власта предложила неразвоен, нереален и инфлаторен буџет. Според Владата, пак, со Предлог буџетот се обезбедени пари за справување со последиците од енергетската криза и зголемената инфлација и редовно ќе се подмируваат сите обврски на државата, а ќе се поддржат реформите и евроинтегративните процеси на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-sobraniska-komisiska-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2023-godina/feed/ 0
Дескоска сака да го контролира Собранието: Хаос уште на почетокот на Комисиската расправа (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoska-saka-da-go-kontrolira-sobranieto-haos-ushte-na-pochetokot-na-komisiskata-rasprava-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoska-saka-da-go-kontrolira-sobranieto-haos-ushte-na-pochetokot-na-komisiskata-rasprava-video/#respond Wed, 29 Jan 2020 13:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=296381

Денешната Комисиска расправа по однос на законот за јавно обвинителство започна жестоко уште на самиот почеток. Пратениците на опозицијата ја обвинија министерката за правда Рената Дескоска за обиди за воспоставување контрола врз Собранието на Република Македонија, поради фактот што министерката се наметнува уште еднаш преку ред да земе збор и да проповеда зошто законот за обвинителство е добар, закон кој што речиси сите релевантни правни експерти во Македонија го оценија како небулозен и недоречен. Покрај Дескоска во Собранието повторно сакаше да земе збор и јавниот обвинител Љубомир Јовевски. Небулозни одредби,текст со недоречености, закон со интенција за вдомување на кадрите на СЈО – вака експертите го оценуваат текстот на Предлог-законот за Јавно обвинителство. На вчерашната јавна расправа тие беа едногласни дека ова не е добро решение и како таков не смее да биде донесен. Расправата продолжува и денес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoska-saka-da-go-kontrolira-sobranieto-haos-ushte-na-pochetokot-na-komisiskata-rasprava-video/feed/ 0