собир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Jan 2023 06:11:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png собир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здруженијата за заштита на животните на собир пред Влада со неколку барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenijata-za-zashtita-na-zhivotnite-na-sobir-pred-vlada-so-nekolku-barana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenijata-za-zashtita-na-zhivotnite-na-sobir-pred-vlada-so-nekolku-barana/#respond Fri, 13 Jan 2023 06:20:24 +0000 https://kurir.mk/?p=786681

Здруженијата за заштита на животните денеска пред Владата организираат јавен собир за да го изразат своето незадоволство поради последниот настан што се случи во Струга, кога човек шетајќи со пушка низ градот уби десетина кучиња. Под мотото „Не сте безбедни во својата држава! Ајде да пробаме по наше!“, десетина здруженија за заштита на животните и поединци – активисти ќе се соберат пред седиштето на Владата. – Одбиваме во 21 век да бидеме сведоци на примитивизам, насилство и на незаконско и ѕверско однесување на поединци кое носи непоправливи штети, а може да загрози и човечки животи. Свесни ли се воопшто надлежните дека некои од куршумите наменети за кучињата можеа да усмртат луѓе? Ние, како здруженија и како активисти, свесни сме за преголемата популација кучиња низ целата територија на државата и правиме сè што е во наша моќ да вдомиме и да ги тргнеме од улиците, но битката не можеме да ја водиме сами, оти оние кои се надлежни да ги носат одлуките се глуви за проблемот, нагласуваат здруженијата. За да не дојде до нови напади на граѓани од кучиња, убиства и расфрлани отрови од кои можат да настрадаат и луѓе, здруженијата до надлежните институции кои се најповикани за решавање на проблемот поставуваат неколку барања. Прво, обезбедување 250 бесплатни кастрации/стерилизации секој месец на територија на целата држава, со услов за микрочипирање на милениците; задолжително микрочипирање на секое куче со сопственик – парична казна од 80 евра првиот пат и 180 евра казна, доколку сопственикот повторно не ја почитува наредбата. Потоа, како што наведуваат, зголемување на бројот на инспектори во АХВ или формирање посебно тело кое ќе врши строги контроли за неодговорно сопствеништво (испуштање миленици на улици, фрлање легла од мали кутриња и сл.) и за нечипирани миленици; зголемување на казните за неодговорно сопствеништво и нечипирани миленици, бидејќи моменталната глоба од 30, односно од 15 евра, само ги стимулира луѓето да ги напуштаат своите миленици, со што се зголемува бројот на бездомни кучиња; забрана и казни за оплодување на домашните миленици, освен за легално регистрираните одгледувачници. Од здруженијата бараат и ангажирање локални инспектори или формирање на посебно тело, Animal Police (Полиција за животни) кое ќе врши надзор и пријавување на секое легло исфрлено на улица, бидејќи сите тие понатаму стануваат бездомни кучиња, доколку не ги преземат здруженијата и љубителите; како и изградба на азил за кучиња во секоја општина, во соработка со локалните здруженија. – И нам ни е преку глава од држава која дозволува неконтролирано размножување и дозволува создавање глутници во урбани средина. Секој градоначалник, секоја општина, секој пратеник, секој министер, мора широко да ги отвори очите и да го реши овој проблем, од корен. Нема повеќе оправдувања! Кучињата по улиците се последица на неодговорното однесување на луѓето и само со инспекции, казни и законски измени, а во соработка со здруженијата, може да се дојде до системско решение во корист на граѓаните. Не прифаќаме никаква друга опција, нагласуваат здруженијата за заштита на животните.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenijata-za-zashtita-na-zhivotnite-na-sobir-pred-vlada-so-nekolku-barana/feed/ 0
Заврши собирот на Србите во Митровица: Испратија пораки за мир без инциденти (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-sobirot-na-srbite-vo-mitrovica-ispratija-poraki-za-mir-bez-incidenti-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-sobirot-na-srbite-vo-mitrovica-ispratija-poraki-za-mir-bez-incidenti-foto-video/#respond Sun, 06 Nov 2022 16:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=756535

Заврши собирот на косовските Срби во Северна Митровица. На протестот немаше инциденти, но РТС јавува дека група Албанци во населбата Бошњачко маало поставиле албански знамиња. На собирот се обратија неколкумина сегашни и поранешни политички чинители на Косово. Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ рече дека мандатот го враќаат на српскиот народ кој ги избрал, а не на Приштина. Рече дека во Северна Митровица собирот има за цел да испрати јасна порака дека е доста од „шиканирање“ од страна. Поранешниот градоначалник на Северна Митровица, Милан Радојевиќ, пак, им се заблагодари на присутните и рече дека собирот испраќа пораки за мир. - Десет години му дававме шанса на Бриселскиот договор, но жал не успеавме. Утрово и официјално поднесовме оставки. Нашата борба продолжува, и таа ќе биде само во друг облик, рече Радојевиќ. Суспендираниот командир на полицијата, мајорот Ненад Ѓуриќ порача дека Србите на Косово немаат друга земја. Институциите ги напуштија и судиите и обвинителите, а судијката Љиљана Стевановиќ рече дека таквата одлука била едногласна. - Нашата одлука е јасна. Мислам дека ние сме најдобри амбасадори на српскиот дел од правосудството, рече Стевановиќ, додавајќи дека луѓето на Косово бараат елементарни човекови права. Претходно, косовската полиција повика граѓаните мирно да протестираат, додавајќи дека постои оперативен план доколку на протестот дојде до инциденти. Протестот почна со интонирањето на српската химна, а организацијата доаѓа откако вчера претставниците на Србите на Косово ги напуштија институциите. Претходно беа одржани посебни седници во четири општини на северот на Косово на кои градоначалниците на Лепосавиќ, Северна Митровица, Звечан и Зубин Поток и формално поднесоа оставка од својата функција. На седниците оставки поднесоа и претседателите на општинските собранија, како и советниците. Со ова претставниците на четирите локални самоуправи на северот на Косово почнаа да ги спроведуваат одлуките и заклучоците што беа донесени на саботната седница на политичките и институционалните претставници на Србите на Косово.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-sobirot-na-srbite-vo-mitrovica-ispratija-poraki-za-mir-bez-incidenti-foto-video/feed/ 0
Голем собир во Тирана за поддршка на укранскиот народ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-sobir-vo-tirana-za-poddrshka-na-ukranskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-sobir-vo-tirana-za-poddrshka-na-ukranskiot-narod/#respond Fri, 08 Apr 2022 13:01:24 +0000 https://kurir.mk/?p=660381

Во Тирана денеска се одржа голем собир за поддршка на народот на Украина, кој почна со видеопорака од градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Градоначалникот Кличко во својата порака се заблагодари на официјална Тирана која ја поддржува неговата земја во овие тешки моменти на руската агресија. – Почитувани граѓани на Албанија! Почитувана Тирана! Драг пријател и колега, Ерион! Најпрво сакам да ви се заблагодарам за засолнувањето на бегалците од Украина, особено на нашите деца. Многу ја цениме вашата политичка и меѓународна поддршка. Вашата помош ни е многу важна во овие критични моменти. Многу го цениме тоа и никогаш нема да заборавиме кои се вистинските пријатели на Украина. Наш главен приоритет е да се запре оваа бесмислена војна во Украина, да се запре убивањето на граѓаните. Ние многу ја цениме вашата помош и многу поздрави од Киев, вели во пораката Кличко. Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, упати порака до руските дипломати велејќи „во светот со Путин, изберете да бидете Зеленски“ додавајќи дека е „момент да се каже никогаш повеќе и да се остави службата на крвавиот режим“. – Имаме отворена врата, отворено срце за народот на Украина сè додека има потреба. Многу сум горд на нашите меѓународни пријатели кои живеат во Тирана и денес ни се придружија. Не сме тука да вршиме притисок врз руските дипломати. Време е да се направи достоинствен чин и да се остави дипломатската служба на една крвава влада, на варварство. Повик до руските дипломати, ова е моментот да кажат „никогаш повеќе“, во служба на еден крвав режим. Во ова море од луѓе, Тирана е поевропска од кога било досега, јас сум многу горд на секој од вас. Во светот со Путин, изберете да бидете Зеленски, истакна Велиај, кој на бината беше заедно со украинскиот амбасадор Володомир Шкуров. Се обрати и американската амбасадорка Јуриј Ким која остро ја осуди руската агресија во Украина. Од протестите организирани за поддршка на Украина, на плоштадот „Скендербег“, Ким изјави дека Путин направил лоши пресметки и наишол на отпор од Украинците. – Велам дека нема луѓе, личности, посилни од Албанците, кои многу добро знаат што значи да ти се негира постоењето, кога некој е против вас.. Неможноста да се даде гроб на мртвите. Никој не ја знае подобро вредноста кога некој ќе му помогне на пријател во неволја. Ви се придружувам во изразувањето на солидарноста и пријателството кон Украина, рече меѓу другото Ким. Укранскиот амбасадор Шкуров, откако им се заблагодари на албанските власти, народот и градоначалникот Велиај за поддршката, упати повик „целиот свет да воведе многу построги санкции кон Русија“. Во Албанија моментно се сместени околу 400 укрански бегалци, меѓу нив и млади спортисти-атлетичари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-sobir-vo-tirana-za-poddrshka-na-ukranskiot-narod/feed/ 0
Момчето на Викторија која загина кај „Сити мол“ утре организира собир – „Стоп за сообраќајното насилство“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/momcheto-na-viktorija-koja-zagina-kaj-siti-mol-utre-organizira-sobir-stop-za-soobrakjajnoto-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/momcheto-na-viktorija-koja-zagina-kaj-siti-mol-utre-organizira-sobir-stop-za-soobrakjajnoto-nasilstvo/#respond Sat, 29 Jan 2022 19:56:29 +0000 https://kurir.mk/?p=624495

Утре од 12 часот на раскрсницата кај Сити мол ќе се одржи јавен собир во чест на Викторија Николова која го загуби животот откако беше удрена од автомобил на наведеното место. Собирот е организиран од нејзиното момче кое и самото беше повредено во несреќата. Во настанот организиран преку социјалната мрежа Фејсбук се наведува дека собирот ќе се одржи во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата. -Поради тоа на 30.01.2022 година од 12:00ч до 13:00ч на место на несреќата, раскрсницата на бул."Партизански одреди" кај City Mall ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи. Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно. Викторија е последната жртва од ваквото дивеење, да не се повтори, да не се дозволи. Слава и нејзина, слава им на сите жртви од сообраќајни несреќи, се вели во објавата. Во чест на Викторија ќе има организиран бесплатен превоз Радовиш-Скопје-Радовиш, а тргнувањето е во 9 часот пред спортската сала „СРЦ 25 мај“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/momcheto-na-viktorija-koja-zagina-kaj-siti-mol-utre-organizira-sobir-stop-za-soobrakjajnoto-nasilstvo/feed/ 0
Над 100 приведени во Атина поради забраната за собири на годишнината од убиството на Григоропулос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-100-privedeni-vo-atina-poradi-zabranata-za-sobiri-na-godishninata-od-ubistvoto-na-grigoropulos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-100-privedeni-vo-atina-poradi-zabranata-za-sobiri-na-godishninata-od-ubistvoto-na-grigoropulos/#respond Sun, 06 Dec 2020 15:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=439657

Над 100 лица денеска се приведени во Атина, во повеќе одделни случаи, поради забраната за секаков вид собири на четири или повеќе лица на одбележувањето на 12-годишнината од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина. Полициското присуство беше оромно во грчката метропола, особено во населбата Ексархија, каде што во 2008 година беше убиено тогаш 15-годишното момче од страна на полицаец. При секаков обид за собир, полицијата експресно интервенираше, а во еден случај, употреби и шок бомба, бркајќи неколкумина демонстранти кои претходно се обидоа со платнен транспарент да протестираат, а потоа побараа засолниште во една од околните згради. Пристапот до местото каде што беше убиен Григорпулос е забранет за сите, дури и за новинарските екипи. Членови на организации и здруженија, кои се обидоа, мирно да пристигнат до местото и да остават цвеќе, наидоа на полициски блокади, а веднаш потоа беа и приведени. Грчката полиција вчера соопшти дека „поради апсолутната потреба за справување со сериозната опасност по јавното здравје и во рамките на вонредните мерки за справување со ширењето на Ковид-19“, од пет часот утрово, за да се избегнат традиционалните масовни протести, забранети се собири на четири или повеќе лица, а за прекршувачите се предвидени казни од 300 до 5.000 евра. Паралелно освен забраната, Атина е под строги безбедносни мерки, со затворени десет метро станици, ангажирани над 4.000 полицајци, дронови, хеликоптери и цистерни со вода за растерување демонстранти. Секоја година, на 6 декември во Атина, но и во други грчки градови, се одржуваат масовни протести во чест на Григоропулос и против полициското насилство, со оглед на тоа дека во 2008 година, момчето беше смртно застрелано од полицаец, но оваа година, поради карантинот изостанаа собирите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-100-privedeni-vo-atina-poradi-zabranata-za-sobiri-na-godishninata-od-ubistvoto-na-grigoropulos/feed/ 0
ВИДЕО: Екипата од „Принцот од Бел Ер” се собра по 30 години, новата епизода достапна за само неколку дена https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-ekipata-od-princot-od-bel-er-se-sobra-po-30-godini-novata-epizoda-dostapna-za-samo-nekolku-dena/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-ekipata-od-princot-od-bel-er-se-sobra-po-30-godini-novata-epizoda-dostapna-za-samo-nekolku-dena/#respond Sat, 14 Nov 2020 11:49:32 +0000 https://kurir.mk/?p=429425

Вил Смит објави трејлер за повторно обединување за тимот на серијата ,,Принцот од Бел Ер”. Епизодата ќе биде достапна за гледање од 19 ноември, а двоминутниот трејлер го прикажува собирот на актерската екипа во дневната соба на семејството Бенкс и се сеќава на ситкомот на NBC. „Ова се луѓето кои ме направија човекот што сум денес“, напиша Смит на Инстаграм заедно со трејлерот во кој е претставена целата екипа - Татјана Али, Керин Парсонс, Џозеф Марсел, Дафне Максвел Рид, Алфонсо Рибеиро, како и ДЏ Џези Џеф. Собирот на екипата е снимен на 30-годишнината од почетокот на серијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-ekipata-od-princot-od-bel-er-se-sobra-po-30-godini-novata-epizoda-dostapna-za-samo-nekolku-dena/feed/ 0
Солидарни за срцето на Скопје: Собир за Универзална сала вечерва во 20 часот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/solidarni-za-srceto-na-skopje-sobir-za-univerzalna-sala-vecherva-vo-20-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/solidarni-za-srceto-na-skopje-sobir-za-univerzalna-sala-vecherva-vo-20-chasot/#respond Thu, 06 Aug 2020 11:32:38 +0000 https://kurir.mk/?p=387193

Пред платото на Универзална сала вечерва во 20 часот ќе биде одржан собир во знак на револт откако во јавноста излезе информацијата дека истата ќе биде срушена на на нејзино место ќе биде изграден парк. На 6 август – четврток, во 20 часот пред платото на Универзална сала, да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје. Ова е повикот на јавниот настан креиран на Фејсбук, а кој доаѓа по изјавите на градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов за рушење на Универзалната сала и нејзина изградба на нова локација. Собирот ќе се одржи под мерките на заштита, се апелира сите оние кои ќе присуствуваат да ја запазат физичката дистанца и носат заштитни маски. По бурните реакции на социјалните мрежи од страна на граѓаните кои се противат на ваквиот предлог, Универзална сала да се сруши, се огласија и бројни македонски музичари и пејачи кои децидно сметаат дека местото на Универзална, која е симбол на Скопје, треба да остане исто, но истата да биде реновирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/solidarni-za-srceto-na-skopje-sobir-za-univerzalna-sala-vecherva-vo-20-chasot/feed/ 0
Солидарни за срцето на Скопје: Собир за Универзална сала https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/solidarni-za-srceto-na-skopje-sobir-za-univerzalna-sala/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/solidarni-za-srceto-na-skopje-sobir-za-univerzalna-sala/#respond Thu, 30 Jul 2020 10:20:36 +0000 https://kurir.mk/?p=383647

На 6 август - четврток, во 20 часот пред платото на Универзална сала, да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје. Ова е повикот на јавниот настан креиран на Фејсбук, а кој доаѓа по изјавите на градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов за рушење на Универзалната сала и нејзина изградба на нова локација. Собирот ќе се одржи под мерките на заштита, се апелира сите оние кои ќе присуствуваат да ја запазат  физичката дистанца и носат заштитни маски. По бурните реакции на социјалните мрежи од страна на граѓаните кои се противат на ваквиот предлог, Универзална сала да се сруши, се огласија и бројни македонски музичари и пејачи кои децидно сметаат дека местото на Универзална, која е симбол на Скопје, треба да остане исто, но истата да биде реновирана. Повеќе за тоа може да прочитате ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/solidarni-za-srceto-na-skopje-sobir-za-univerzalna-sala/feed/ 0
ОБНОВАТА ДОАЃА: Утре голем собир на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnovata-doagja-utre-golem-sobir-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnovata-doagja-utre-golem-sobir-na-vmro-dpmne/#respond Fri, 20 Dec 2019 17:57:28 +0000 https://kurir.mk/?p=280264

ВМРО-ДПМНЕ за утре најавува голем собир насловен како „Обновата доаѓа“. Собирот ќе се одржи утре во спортската сала „Јане Сандански“ со почеток од 14:00 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnovata-doagja-utre-golem-sobir-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Притисок врз вработените: „Ќе добиете слободен ден ако дојдете да правиме елка“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pritisok-vrz-vrabotenite-kje-dobiete-sloboden-den-ako-dojdete-da-pravime-elka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pritisok-vrz-vrabotenite-kje-dobiete-sloboden-den-ako-dojdete-da-pravime-elka/#respond Fri, 20 Dec 2019 10:19:36 +0000 https://kurir.mk/?p=280051

Скопје и скопјани во сабота во 13 часот на плоштад „Македонија“ ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд за најголема елка во светот направена од луѓе. Додека во другите земји, на овој настан доаѓаат граѓаните по своја волја, во Скопје се врши притисок врз вработените во администрацијата. До вработените во Град Скопје беше испратено соопштение за овој настан, како и до вработените во сите училишта на територијата на Скопје. За да дојдат на настанот, понуден им е еден слободен ден од работа. За оние од училиштата слободен ден ќе биде 31-ви декември, а вработените во Град Скопје се попривилигирани, па можат да си изберат кој ден го сакаат да им биде слободен. Инаку, во текот на утрешниот ден, токму во тој период, народен собир одржува ВМРО-ДПМНЕ. Се отвора сомнеж дека целта на надлежните е вработените во овие институции кои сакаат да бидат дел од собирот, да не можат да отидат, бидејќи присуството на правењето елка мора да биде пријавено кај претпоставените.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pritisok-vrz-vrabotenite-kje-dobiete-sloboden-den-ako-dojdete-da-pravime-elka/feed/ 0