собирање отпад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Nov 2022 14:31:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png собирање отпад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со поддршка на ЕУ и по примерот на Љубљана, Општина Аеродром иницира модел за ефикасно управување со отпадот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/so-poddrshka-na-eu-i-po-primerot-na-ljubljana-opshtina-aerodrom-inicira-model-za-efikasno-upravuvanje-so-otpadot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/so-poddrshka-na-eu-i-po-primerot-na-ljubljana-opshtina-aerodrom-inicira-model-za-efikasno-upravuvanje-so-otpadot/#respond Tue, 29 Nov 2022 14:31:56 +0000 https://kurir.mk/?p=768314

Во рамките на проектот „Clean AirDrom – нула цврст отпад“ кој со поддршка на Европската Унија и Швајцарската агенција за поддршка и развој се спроведува во Општина Аеродром денеска во хотелот „Хилтон“ се одржа јавен настан за проектот и форум за можностите и предизвиците на јавно-приватното партнерство. На настанот присуствуваа и свое обраќање имаа амбасадарот на Европската Унија, Дејвид Гир, заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски. Целта на проектот, во рамките на програмата „ЕУ за општините“ е следејќи го успешниот пример на општина Љубљана од Словенија да воспостави систем за ефикасно управување со цврстиот отпад и да ја зголеми свеста кај граѓаните за важноста на рециклирањето на отпадот во Аеродром. Градоначалникот Муцунски се заблагодари на партнерите во проектот и во своето обраќање најави дека во следниот период Општина Аеродром ќе биде иницијатор на меѓуопштинска соработка и поддршка за сите општини и јавни комунални претпријатија со цел да се преслика заеднички европски модел за управување со отпад во Скопје и целата земја. „Тие ќе имаат можност заедно со Општина Аеродром да ги учат најдобрите практики и да ги применат европските искуства во воведувањето ваков систем и со тоа да станат дел од “Зелениот договор“ кој е имплементиран од страна на Европската Унија и кој повикува на насоченост и кохерентност на европските политики кон одржливиот развој“, истакна градоначалникот Муцунски во воведното обраќање на настанот. Амбасадорот Гир нагласи дека нашата земја како кандидат за членство во Европската Унија се соочува со големи предизвици, а еден од нив е и заштитата на животната средина, во чиишто рамки влегува и управувањето со отпадот, што е еден многу комплексен процес. Тој потенцираше дека ова бара огромен труд и финансиски извори, па токму затоа Европската Унија помага како на државно, така и на локално ниво. „Силно ги охрабруваме централната и локалната власт меѓусебно да соработуват и да ги искористат сите можности. Исто така и приватниот сектор има клучна улога во процесот на рециклирање, за што треба да се олесни законската процедура. Не само што станува збор за зачувување на здрава и чиста животна средина, а ваквите инвестиции имаат голема улога и во создавањето нови работни места и можности. Секој еден од нас е дел од еден интегриран систем за управување со отпад“, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир, цитирајќи го слоганот во кампањата на Делегацијата на ЕУ „Чисто како дома исто“. На настанот кој е поделен на неколку теми се вклучија голем број експерти по овие прашања, присуствуваа преставници на невладините организации „Гоу Грин“ и „Омниум Коуч“, општината Љубљана од Словенија, комуналното претпријатие „Вока Снага“ од Љубљана, преставници на приватните компании и останати партнери кои се вклучени во проектот. „Справувањето со отпадот мора да биде дел од системско решение, да се селектира отпадот уште во самите домаќинства и да се изградат капацитети за негово рециклирање. Тоа се разбира најмногу зависи од финансиската состојба со која се соочуваат општините, особено поголеми градови како што е Скопје, односно јавните комунални претпријатија“, изјави заменик министерот Димитровски кој меѓу другото нагласи дека иднината е во циркуларната економија, за која ние сме уште на почетокот, а како клучна во процесот ја истакна потребата од изградба на регионални депонии. Денешниот настан е еден од низата настани поврзани со проектот „Clean AirDrom“ што Општина Аеродром ќе ги организира и во иднина, а е поддржан од Европската Унија, Швајцарската агенција за обнова и развој и Министерството за локална самоуправа, а кој во иднина ќе придонесе за подигнување на свеста кај граѓаните и обезбедување здрава и чиста животна средина. Граѓаните заедно со локалната самоуправа ќе можат да дадат свој придонес во воспоставување систем за селектирање и ефикасно справување со отпадот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/so-poddrshka-na-eu-i-po-primerot-na-ljubljana-opshtina-aerodrom-inicira-model-za-efikasno-upravuvanje-so-otpadot/feed/ 0
Еколошка акција за собирање пластичен отпад во Велес https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ekoloshka-akcija-za-sobiranje-plastichen-otpad-vo-veles/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ekoloshka-akcija-za-sobiranje-plastichen-otpad-vo-veles/#respond Wed, 26 Jun 2019 05:40:44 +0000 https://kurir.mk/?p=212827

Еко-акции за собирање на ПЕТ амбалажа организира денеска еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес во соработка со Институтот за комуникациски студии, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, информираат од еколошкото друштво. Активисти на „Вила Зора“ ќе ги чистат деловите на градот каде има поставено контејнери наменети за ПЕТ амбалажа и ќе делат платнени торби за собирање пластични шишиња на граѓаните. Акцијата, како што наведуваат во соопштението, има еколошка и едукативна цел. Рециклираната ПЕТ пластика се користи како суровина за правење шишиња и садови за пакување, а може да се конвертира во влакна, ткаенини, хартија за пакување, дури и за производство на автомоблиски делови. Со рециклирањето се намалуваат количините на пластика на депониите, емитувањето на стакленички гасови и загадувањето на почвата, подземните води и загадувањето на воздухот. Кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ е финансирана од Британската амбасада во Скопје, се наведува во соопштението од „Вила Зора“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ekoloshka-akcija-za-sobiranje-plastichen-otpad-vo-veles/feed/ 0
Од понеделник акција за собирање кабаст отпад во Аеродром https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-ponedelnik-akcija-za-sobiranje-kabast-otpad-vo-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-ponedelnik-akcija-za-sobiranje-kabast-otpad-vo-aerodrom/#respond Sat, 19 May 2018 10:42:56 +0000 https://kurir.mk/?p=55964

На територијата на општина Аеродром од понеделник до среда ќе се реализира акција за собирање кабаст отпад. Од општината ги повикуваат граѓаните во текот на викендов да го остават кабастиот отпад пред своите домови или до најблискиот контејнер. Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут. Одложувањето кабаст отпад на јавна површина надвор од најавени акции за собирање, е казниво со закон. Акцијата ја реализира општина Аеродром во соработка со Град Скопје, односно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-ponedelnik-akcija-za-sobiranje-kabast-otpad-vo-aerodrom/feed/ 0