собири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Dec 2020 13:29:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png собири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанската полиција ќе забрани собир на повеќе од 10 луѓе во Тирана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-kje-zabrani-sobir-na-povekje-od-10-lugje-vo-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-kje-zabrani-sobir-na-povekje-od-10-lugje-vo-tirana/#respond Mon, 14 Dec 2020 13:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=443121

Албанската полиција денеска соопшти дека ќе забрани собирање на повеќе од 10 лица во Тирана. Според соопштението, полицијата е свесна за правото на луѓето да протестираат, но судството ја работи својата работа против убиецот на 25-годишно момче, но бидејќи протестите се претворија во немири и уништување на имотот, полицијата нема да толерира никакви собири. Истовремено, полицијата ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за спречување на ширање на коронавирус, за да не дојде до повторно затворање на границите. Во Тирана синоќа беше одржан петтиот по ред протест за убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски специјалец, но за разлика од претходните, мина помирно и со многу помало присуство на демонстранти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-kje-zabrani-sobir-na-povekje-od-10-lugje-vo-tirana/feed/ 0
СЗО: Да се одложат масовните, празнични собири низ Јужна и Северна Америка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-se-odlozat-masovnite-praznichni-sobiri-niz-juzna-i-severna-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-se-odlozat-masovnite-praznichni-sobiri-niz-juzna-i-severna-amerika/#respond Wed, 25 Nov 2020 18:52:43 +0000 https://kurir.mk/?p=434414

Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Северна и Јужна Америка издаде препорака за одложување на масовни, празнични собири за време на Божиќните празници, бидејќи се зголемува бројот на новоинфицирани со коронавирусот. Помошникот директор на Панамериканската здравствена организација Харбас Барбоза, исто така, апелираше верските собири да се организираат или на отворено или со ограничен број присутни верници. Во Јужна и Северна Америка во изминатите седум дена се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на Ковид-19, што е најголем неделен број на новоинфицирани од почетокот на пандемијата, соопшти денеска организацијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-se-odlozat-masovnite-praznichni-sobiri-niz-juzna-i-severna-amerika/feed/ 0
Шкотска забрани собири и по куќи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shkotska-zabrani-sobiri-i-po-kukji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shkotska-zabrani-sobiri-i-po-kukji/#respond Wed, 02 Sep 2020 07:28:46 +0000 https://kurir.mk/?p=398060

Шкотските власти од денеска забранија собири во куќи во Глазгов и два блиски окрузи поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус. Од полноќ, 800.000 жители на Глазгов, Западен Данбартоншир и Источен Ренфрушир не смеат да примаат луѓе кои не се дел од нивното домаќинство во нивните домови, ниту им е дозволено да се посетуваат едни со други. Шкотската премиерка Никола Старџен ја објасни оваа одлука со изјавата дека инфекцијата најмногу се пренесува во домовите и дека мерката ќе важи две недели, пишува Гардијан. -Знам колку е непопуларна оваа мерка за луѓето во тие области. Го знам тоа затоа што живеам и во Глазгов. Значи, правилата важат и за мене како и за секој друг – рече Старџен на прес-конференција. Училиштата, пабовите и рестораните ќе останат отворени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shkotska-zabrani-sobiri-i-po-kukji/feed/ 0
Франција од 15 август дозволува собири со повеќе од 5.000 лица, но со посебни услови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-od-15-avgust-dozvoluva-sobiri-so-povekje-od-5-000-lica-no-so-posebni-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-od-15-avgust-dozvoluva-sobiri-so-povekje-od-5-000-lica-no-so-posebni-uslovi/#respond Wed, 05 Aug 2020 06:56:24 +0000 https://kurir.mk/?p=386311

Културните собири (спектакли, претстави, концерти, итн.) на кои има повеќе од 5.000 лица ќе бидат повторно одобрени, од 15 август од префектурите ако се почитуваат „одредени здравствени услови“, се вели во соопштението на Министерството за култура на Франција, јави дописникот на МИА од Париз. За да можат да се одржат овие собири, потребно е растојание меѓу седиштата меѓу две лица или групи на луѓе, како и носење маска, потсетува Министерството, по објавувањето на указот на крајот на јули, најавувајќи можни одобрувања за сите собири. Од 1 септември годинава може да се одржуваат спектакли, фестивали, концерти, како и саеми и изложби, без ограничување на бројот на учесниците и без посебно одобрување од префектурата. Нови информации за здравствените мерки ќе бидат достапни околу 24 август, велат од Министерството, додека различните сектори на изведувачките уметности продолжија да алармираат за одржливоста на нивните активности, поради забраната на големите собири предизвиката со кризата со коронавирусот. Ова одобрување доаѓа откако претставниците на здравствените власти предупредуваат од опасноста од втор бран и почитување на мерките на растојание, како и воведувањето на обврската за задолжително носење на маските и на отворени јавни места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-od-15-avgust-dozvoluva-sobiri-so-povekje-od-5-000-lica-no-so-posebni-uslovi/feed/ 0
Повеќе од 70 отсто заразени не го пренесувале коронавирусот, тој се ширел на собири во затворен простор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-70-otsto-zarazeni-ne-go-prenesuvale-koronavirusot-toj-se-shirel-na-sobiri-vo-zatvoren-prostor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-70-otsto-zarazeni-ne-go-prenesuvale-koronavirusot-toj-se-shirel-na-sobiri-vo-zatvoren-prostor/#respond Sat, 06 Jun 2020 19:22:02 +0000 https://kurir.mk/?p=354589

Група на епидемиолози од Хонгконг спровеле ново истражување кое покажало дека само 20 отсто од тестираните случаи се одговорни за дури 80 отсто од преносот на заразата на коронавирусот, пренесува Н1. Тоа значи дека 70 отсто од заразените, вирусот не го пренеле на други и дека сите случаи каде се ширела заразата, биле на собири во затворен простор. „Тоа е она што досега го знаеме, а ако дојде до втор бран, ќе знаеме подобро да се справиме со него“, рекол научникот Бен Колинг. Тој додал дека собирите се дозволени на отворено, но дека во затворен простор не смее да бидат повеќе луѓе заради можноста на зараза. Објавената студија е прелиминарна, значи се уште не поминала рецензија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-70-otsto-zarazeni-ne-go-prenesuvale-koronavirusot-toj-se-shirel-na-sobiri-vo-zatvoren-prostor/feed/ 0
Меркел: Да се откажат помалку важни собири https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-da-se-otkazat-pomalku-vazni-sobiri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-da-se-otkazat-pomalku-vazni-sobiri/#respond Fri, 13 Mar 2020 06:53:20 +0000 https://kurir.mk/?p=315870

Германската канцеларка Ангела Меркел побара во државата да се откажат „помалку важни собири“ со помалку од 1.000 луѓе во борбата против спречување на ширењето на новиот коронавирус. – Јавните контакти треба да се избегнуваат колку е можно повеќе, изјави канцеларката по состанок во Белрин со регионални официјални лица. Според неа, треба да се сочува функционирањето на државата и основните економски области треба да продолжат со работа. Во Германија досега се евидентирани 2.369 заразени и петмина починати. Таа за денеска најави нови „многу важни мерки“ за поддршка на економијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-da-se-otkazat-pomalku-vazni-sobiri/feed/ 0