соборување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Dec 2020 20:57:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png соборување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обид за соборување на Заев до 15 декември – поради бугарското прашање!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obid-za-soboruvanje-na-zaev-do-15-dekemvri-poradi-bugarskoto-prashanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obid-za-soboruvanje-na-zaev-do-15-dekemvri-poradi-bugarskoto-prashanje/#respond Wed, 02 Dec 2020 20:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=437845

Прашањето за доверба во македонската влада се очекува до 15 декември. Јасни и прецизните се услови на опозицијата, која ја предупреди Владата на Македонија дека нема да и биде лесно и дека нема да дозволи преку Собранието да се прекрши целата приказната на новиот договор со Бугарија. Ова во интервју за Спутник го изјави претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ и додава: Прво имате изјава од македонскиот премиер кој рече дека ние сме ист народ, обраќајќи им се на Бугарите. Кога ќе кажете некому дека сте ист народ, тоа значи дека прифаќате поинаков историски факт од реалниот. Може да кажете дека сте сличен народ, може да кажете дека сте близок народ, но ако кажете дека сте ист народ, тоа значи дека припаѓате на истиот корен. Ако припаѓате на истиот корен, тогаш ги прифаќате бугарските барања. И затоа македонската јавност е толку чувствителна по ова прашање, бидејќи се сомневаа дека претседателот на македонската влада и целата владејачка номенклатура ги прифаќа скоро сите услови на Бугарија, тврди Стоиљковиќ. Според Стоиљковиќ, реализацијата на приказната е спорна, бидејќи постои големо незадоволство кај владејачкото мнозинство во врска со ваквото интервју и во врска со можната резолуција што би дошла до Собранието. Се претпоставува дека таквиот договор нема да помине во македонскиот парламент и нема да го има потребното мнозинство од 61 пратеник. Значи, во овој момент, мислам дека овој процес ќе биде привремено одложен, што не значи дека договореното нема да се реализира, но во овој момент, тоа нема да се случи, смета Стоилковиќ. Социјалдемократскиот сојуз, како владејачка партија, има многу големи внатрешни проблеми поврзани со овие настани со Бугарија, бидејќи претходниот македонски премиер падна на ова прашање во 2006 година, вели тој. Според Стоиљковиќ, тврдењето на Бугарија дека македонскиот јазик е создаден со декрет по 1944 година и дека тој во основа е бугарски јазик, со српски примеси значи дека бугарски притисок има за цел да се признае бугарската историја на македонскиот народ и со тоа недвосмислено да потврди на бугарското потекло на македонскиот народ, вели тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obid-za-soboruvanje-na-zaev-do-15-dekemvri-poradi-bugarskoto-prashanje/feed/ 0
Извештај: Низа околности доведоа до соборување на украинскиот авион во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-niza-okolnosti-dovedoa-do-soboruvanje-na-ukrainskiot-avion-vo-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-niza-okolnosti-dovedoa-do-soboruvanje-na-ukrainskiot-avion-vo-iran/#respond Sun, 12 Jul 2020 14:24:06 +0000 https://kurir.mk/?p=374624

Соборувањето на украинскиот патнички авион во близина на Техеран на 8 јануари годинава се случи поради неусогласено ракување на батеријата за истрелување ракети, недостиг на комуникација помеѓу армијата и командантите и одлуката да се пука без одобрување, се наведува во новиот извештај на иранската Организацијата за цивилен сообраќај. Таквиот извештај навестува нова фаза во истрагата за соборениот украински авион од страна на иранската Револуционерна гарда, при што загинаа 176 луѓе. Иранските власти првично негираа одговорност, но го сменија ставот откако западните држави изнесоа докази дека иранска ракета го соборила авионот. Во новиот извештај се посочени низа детали кои укажуваат дека можело да биде избегнато соборувањето на украинскиот патнички авион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-niza-okolnosti-dovedoa-do-soboruvanje-na-ukrainskiot-avion-vo-iran/feed/ 0
Путин наредил соборување авион пред Олимпијадата во Сочи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-naredil-soboruvanje-avion-pred-olimpijadata-vo-sochi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-naredil-soboruvanje-avion-pred-olimpijadata-vo-sochi/#respond Mon, 12 Mar 2018 15:04:38 +0000 http://kurir.mk/?p=29312

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во 2014 година наредил да биде соборен киднапираниот патнички авион, за кој имаше информација дека ќе исфрли бомба на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи. Во документарниот филм „Путин“, емитуван синоќа на руската државна телевизија, рускиот претседател рече дека на 7 февруари примил повик од безбедносните служби одговорни за ЗОИ, непосредно пред церемонијата на отворање на Игрите. - Ми беше кажано: Авион на пат од Украина кон Истанбул е под опсада, киднаперите бараат да слетаат во Сочи, изјави Путин. Пилотите од турската авиокомпанија „Пегазус“ на аионот од типот „Боинг“ 737-800, кој летал од Харков кон Истанбул, пријавиле дека еден од патниицте има бомба и оти авионот мора да го смени курсот кон Сочи, се појаснува во документарецот. Во авионот имало 110 патници, додека на стадионот, каде требало да почне церемонијата на отворање на ЗОИ имало 40.000 луѓе. Путин рече дека побарал совет од руските безбедносни функционери, а директорот на руската разузнавачка агенција ФСБ Александар Бортњиков му рекол дека, според вонредните процедури, во слични ситуации е предвидено соборување на авионот. - Реков: Постапете согласно планот, рече Путин и дополни дека веднаш потоа заминал на стадионот со функционерите на Меѓународниот олимписки комитет. Неколку минути подоцна, Путин примил уште еден повик од директорот на ФСБ, кој му кажал дека било лажна тревога, дека патникот бил пијан и оти авионот продолжува да лета кон Турција. На прашањето како се чувствувал откако го примил повикот, рускиот претседател вели: Подобро да не зборувам за тоа. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-naredil-soboruvanje-avion-pred-olimpijadata-vo-sochi/feed/ 0