собрание на македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Apr 2023 13:23:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png собрание на македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Беловска: Одлуките на Уставен суд се конечни и треба да се почитуваат, меѓутоа Собранието може да направи законски измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belovska-odlukite-na-ustaven-sud-se-konechni-i-treba-da-se-pochituvaat-megutoa-sobranieto-mozhe-da-napravi-zakonski-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belovska-odlukite-na-ustaven-sud-se-konechni-i-treba-da-se-pochituvaat-megutoa-sobranieto-mozhe-da-napravi-zakonski-izmeni/#respond Wed, 05 Apr 2023 13:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=820587

Одлуките на Уставен суд се конечни и треба да се почитуваат, меѓутоа овие одлуки не забрануваат законодавецот, односно Собранието да направи законски измени кои потоа извршната власт ќе ги применува. Улогата на Уставниот суд е да изврши оценка дали законите се во согласност со Уставот, изјави портпаролката на Уставен суд Христина Беловска. За реакциите во јавноста по донесената одлука со која се зголемуваат платите на функционерите, Беловска рече дека од Уставниот суд едноставно се барало оценка на уставноста на членовите 4 и членот 1, а не членот 11 од Законот за плата и други надоместоци на избраните и именувани лица и дека воопшто не било поставено прашањето според кој процент ќе се зголемат или намалат платите. - Уставниот суд оцени дека постои неусогласеност со Уставот, односно дека се повредува владеењето на правото, затоа што во истиот закон постоеше двојство, контрадикторни одредби кои што доведуваа до нејасна и збунувачка примена. Членот 4 и членот 1, кои што сега се веќе укинати предвидуваа фиксна основица од 26 755 денари, додека од друга страна членот 11 предвидува дека пресметката на плата се прави според множење на коефициентот со просечната плата која што била исплатена во текот на минатата година, изјави Беловска. Во однос на тоа зошто не е укинат членот 11, туку членовите 4 и 1, Беловска рече дека тој член не бил оспорен, туку единствено оспорени биле двата члена кои што се укинати, како и дека членот 11 е основен и ниту еднаш досега не бил менуван, за разлика од членот 4 и членот 1, кај кои во минатото е интервенирано 15 пати. Со објавувањето на одлуката во Службен весник на 23 март таа е конечна и од тогаш почнуваат пресметките по членот 11, кои, како што посочи Беловска, важи и за платите на Уставните судии. - Се разбира тука се опфатени и уставните судии, затоа што тие се избрани во Собранието. Меѓутоа, Уставниот суд е единствен орган на државата, кој што има надлежност да одлучува по вакви прашања и затоа и тука беше поставено тоа прашање и тука беше одлучено, изјави Беловска. Во врска времетраењето на постапката, Беловска рече дека е поднесена во ноември 2022 година и предметот е решен за четири месеци, што не е исклучок, со оглед дека просекот на времетраење на една постапка пред Уставен во 2022 година бил четири месеци. - Очигледно во сите изминати години ова прашање не било поставено. Првпат се поднесува како иницијатива до Уставниот суд од страна на адвокат, кој што претходно има оспорувано и други закони, изјави Беловска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belovska-odlukite-na-ustaven-sud-se-konechni-i-treba-da-se-pochituvaat-megutoa-sobranieto-mozhe-da-napravi-zakonski-izmeni/feed/ 0
Собранието усвои Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-usvoi-deklaracija-za-osuda-na-voenite-napadi-koi-go-zagrozuvaat-teritorijalniot-integritet-i-suverenitet-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-usvoi-deklaracija-za-osuda-na-voenite-napadi-koi-go-zagrozuvaat-teritorijalniot-integritet-i-suverenitet-na-ukraina/#respond Thu, 03 Mar 2022 20:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=640473

Со 100 гласа „за“, три „против“ и ниту еден „воздржан“, Собранието вечерва донесе Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, поднесена од пратеничките Моника Зајкова од ЛДП и Маја Морачанин од ДОМ. – Сметаме дека со ништо неиспровоцираната руска агресија врз Украина, претставува еклатантно кршење на меѓународното право и со тоа ја загрозува европската безбедносна архитектура и мирот на континентот. Ние го почитуваме правото на Украина, како и секоја суверена држава, самостојно да одлучува за своето внатрешно уредување и за своите меѓународни приоритети. Бараме од надлежните институции да бидат во тесна координација со членките на НАТО и на ЕУ и да се поддржат дипломатските напори за итен и безусловен прекин на воените дејствија во Украина, рече Морачанин. Таа апелираше до сите политички чинители за одговорно однесување и воздржување од говор на омраза и ширење на дезинформации. – Апелираме и до институциите да дадат придонес во обезбедување на хуманитарна помош за украинските бегалци, без разлика на која територија престојуваат, нагласи Морачанин, која потенцира дека нашата држава мора да ги отвори вратите за бегалците од Украина, додаде Морачанин. Пратеникот Елми Азири рече дека и пратеничката група на Алијанса за Албанците ја поддржува Декларацијата. – Овој напад е напад врз нашите заеднички западни вредности, напад врз западната цивилизација и врз слободата и демократијата и ние како држава, преку оваа Декларација укажуваме дека не сме рамнодушни кон овие настани. Загрижува тоа што нашиот северен сосед не стана дел од демократските држави на светот. Ситуацијата со Украина покажа колку се значајни сојузите со западните демократски држави, кои за основа го имаат за мирот и врз основа на мирот ја градат својата иднина, рече Азири. Тој ја повика нашата Владата и албанските власти да се оградат од проектот напречен „Отворен Балкан“, бидејќи, како што рече, во него е „една држава која ја нема истата позиција како Република Северна Македонија“. Пратеникот Борислав Крмов изјави рече Левица нема да ја поддржи Декларацијата бидејќи, како што оцени, таа е еднострана. – Собранието не ги осуди воените дејствија кои изминатите осум години се случувале во Донбас. Ние немавме декларации за тие 14.000 загинати луѓе, немаме лиење солзи за тие деца, а за сегашната ситуација, имаме. Немаме осуда за ултрадесничарскиот Десен центар, кој секогаш кога украинската Влада ќе најави некаков договор со Донбас, тие се закануваат дека ќе ја срушат насилно власта. Ние немаме ниту една осуда за таа ситуација, рече Крмов. Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите рече дека меѓународното право многупати било прекршено досега, а однесувањето на САД во последните 30 години го нарече „конструктивна деструкција“. – Дали само ќе го почитуваме меѓународното право кога некој ќе ни каже? Имавме пресуда од Меѓународниот суд на правдата во Хаг за спорот со името со Грција, па меѓународното право се прекрши. Се наметнува униформиран начин на владеење со светот, рече Стоиљковиќ, кој потенцира дека не може кога ви одговара да бидете за меѓународното право, а кога не ви одговара да го прекршувате. Тој смета дека нашата држава треба вратата да ја остави отворена кон сите, оти едностраниот пристап не води кон никаде. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошески соопшти дека нивната пратеничка група ќе ја поддржи Декларацијата. – Во ОН, пред неколку дена се изгалааса Резолуција за поддршка на територијалниот интегритет на Украина и за неа гласаа земји, кои се битни за нашата држава, меѓу кои се Хрватска, Албанија, Србија, Грција, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Турција и многу други. Би апелирал разликите кои ги имаме меѓу себе да не ги проектираме регионално, рече Милошоски. Тој истакна дека правото на Украина да има своја политика и да поставува свои надворешно политички приоритети и правото на Украина како суверена држава да не и се мешаат во внатрешните работи е принцип кој треба да го почитуваме, изразувајќи надеж оти и нашата Влада ќе го почитува овој принцип во разговорите со Бугарија. Милошовски забележа дека претседателот Стево Пендаровски, иако имал информации за инвазија на Украина уште на 5 ноември минатата година, тој и Владата не сториле ништо за да ги информираат нашите граѓани во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-usvoi-deklaracija-za-osuda-na-voenite-napadi-koi-go-zagrozuvaat-teritorijalniot-integritet-i-suverenitet-na-ukraina/feed/ 0
Седници на три собраниски комисии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-tri-sobraniski-komisii-28/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-tri-sobraniski-komisii-28/#respond Thu, 16 Sep 2021 05:18:42 +0000 https://kurir.mk/?p=564160

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија. Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат за предлог законите за изменување и дополнување на  Законот за концесиии и јавно приватно партнерство по скратена постапка во второ читање, на Законот за трговските друштва во прво читање, на Законот за јавни претпријатија во прво читање и на Законот за државен пазарен инспекторат исто така во прво читање. Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, во прво читање. Законодавно-правната комисија има повеќе точки на дневен ред со европско знаменце меѓу кои и Предлог законот за медитација, во второ читање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-tri-sobraniski-komisii-28/feed/ 0
Полицијата не го спречи биолошкиот тероризам во Собранието, а ОЈО се уште молчи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policijata-ne-go-sprechi-bioloshkiot-terorizam-vo-sobranieto-a-ojo-se-ushte-molchi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policijata-ne-go-sprechi-bioloshkiot-terorizam-vo-sobranieto-a-ojo-se-ushte-molchi/#respond Mon, 19 Apr 2021 13:09:34 +0000 https://kurir.mk/?p=499309

Во македонскиот законодавен дом вчера се случи буквален биолошки тероризам. Јавноста во шок, а и регионот го осуди однесувањето на власта која нема кворум во Собранието, па на сила од дома ги носи заразените пратеници на седница. Пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ сторија кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не важи пратеничкиот имунитет во кој се вели дека тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Исто така, тука влегува и членот 205, според кој сега доколку се случи и едно лице да е позитивно на Ковид-19 по вчерашното влегување на двајцата пратеници заразени од корона вирусот, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Но, полицијата не постапи и не го спречи влегувањето на заразените пратеници во Собранието, а Јавното обвинителство се уште молчи и не постапува по допрен глас и не ги повикува на распит. Според адвокатот Роберт Милевски одговорност тука има Министерството за внатрешни работи. Како што полицијата апси граѓани кои го прекршуваат полицискиот час, исто така требаше да постапи вчера, да влезе во Собранието и да ги упаси пратениците кои иако се позитивни се појавија на гласање во пленарната сала. -Таа врши кривично дело загрозување на здравјето на другите и непочитување на мерките за карантин, објасни адвокатот. Адвокатот пак, Драган Пешевски „пушти глас“ до Обвинителството да ги повика пратениците кои денес го прекршија решението за изолација на распит по членот 205 и 206 од Кривичниот законик за кои не важи пратеничкиот имунитет. За претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тоа што случи вчера во Собранието, тоа е тероризам, а не настаните од 27-ми април. -Крајот брзо ќе им се случи, а ќе има и кривични пријави и одговорност за кршењето на протоколите, законите и Уставот, предупреди Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policijata-ne-go-sprechi-bioloshkiot-terorizam-vo-sobranieto-a-ojo-se-ushte-molchi/feed/ 0
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го срушат незаконското доделување на 33 милиони евра од Владата за Макпетрол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-na-vmro-dpmne-uspeaja-da-go-srushat-nezakonskoto-dodeluvanje-na-33-milioni-evra-od-vladata-za-makpetrol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-na-vmro-dpmne-uspeaja-da-go-srushat-nezakonskoto-dodeluvanje-na-33-milioni-evra-od-vladata-za-makpetrol/#respond Fri, 25 Dec 2020 08:15:02 +0000 https://kurir.mk/?p=448088

И покрај намерата на власта предводена од СДСМ вчера доцна вечерта да се донесе законот со кој ќе им се доделат 33 милиони евра од буџетот на Македонија на компанијата Макпетрол пратениците од ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го срушат ова незаконско доделување. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата даваше напори да блокира дел од работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари. И успеа во тоа. Нервозата кај претставниците на власта беше видлива, па седницата се одвиваше во напната атмосфера. Џафери на крај ја прекина седницата – соочен со фактите на опозицијата и нервозата кај владејачкото мнозинство. Иако пратениците на Заев во најголем дел не беа во салата. Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата претходно обвинија дека за овој Договор меѓу државата и Макпетрол јавноста нема доволно информации и со истиот ќе се направи штета на сметка на државниот Буџет. Исто така пратениците додадоа дека во прашање е телевизијата Телма и дека на овој начин заев го купува влијанието преку подарување на 33 милиони евра од државата за Макпретрол. -Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50 отсто во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од тука се поставува и прашањето зошто државниот правобранител не сакал да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот? Зошто владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14,2 милиони евра? И зошто се оди со закон во Собранието што никогаш претходно не се случило во историјата на Македонија? Собранието на Реублика Македонија вчера по долгата дебата ја прекина работата по 19. седница и претседателот Талат Џафери закажа продолжение за денеска во 11 часот. Пратениците треба да ја продолжат расправата по измените на Законот за инвалидски организации, за која се пријавени уште 13 говорници. По исцрпување на дневниот ред на 19. седница, претседателот на Собранието најави дека ќе продолжат со работа по преостанатите точки од 20. седница и, евентуално, да се продолжи по уште две седници на кои, како што рече Џафери, има многу важни точки за граѓаните. Седицата ја прекина на барање на опозицијата, која во расправата по 18 часот реагираше дека се продолжува со работа без да бидат известени за тоа.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-na-vmro-dpmne-uspeaja-da-go-srushat-nezakonskoto-dodeluvanje-na-33-milioni-evra-od-vladata-za-makpetrol/feed/ 0
Петрушевска: Пратениците на СДСМ се кријат, не се појавија во собранието- на повидок ли е ново предавство на Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevska-pratenicite-na-sdsm-se-krijat-ne-se-pojavija-vo-sobranieto-na-povidok-li-e-novo-predavstvo-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevska-pratenicite-na-sdsm-se-krijat-ne-se-pojavija-vo-sobranieto-na-povidok-li-e-novo-predavstvo-na-makedonija/#respond Wed, 04 Nov 2020 11:39:10 +0000 https://kurir.mk/?p=424830

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска преку статус на Фејсбук пишува дека пратениците на СДСМ се кријат и дека денеска не се појавиле во собранието. 💣Пратениците на СДСМ не се појавија! Се кријат. Имаа можност да изградиме Национален консензус за отворените прашања со соседна Бугарија, но избегаа. Дали на повидок е ново предавство на Македонија⁉️ Што Владата на СДСМ и пратениците кријат од граѓаните ⁉️ Обединети стоиме, поделени паѓаме.
💣Пратениците на СДСМ не се појавија! Се кријат. Имаа можност да изградиме Национален консензус за отворените прашања... Posted by Марија Петрушевска / Marija Petrusevska on Wednesday, November 4, 2020
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevska-pratenicite-na-sdsm-se-krijat-ne-se-pojavija-vo-sobranieto-na-povidok-li-e-novo-predavstvo-na-makedonija/feed/ 0
Во Собанието продолжува расправата по ребалансот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobanieto-prodolzuva-raspravata-po-rebalansot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobanieto-prodolzuva-raspravata-po-rebalansot/#respond Sat, 31 Oct 2020 08:19:16 +0000 https://kurir.mk/?p=422886

Собранието денеска ја продолжува 20. седница на која на дневен ред е Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година. Пратениците во рамки на оваа седница веќе трет ден дебатираат за ребалансот, втор годинава, поради влијанието од корона-кризата, а со цел да се олесни ефектот и да помогне во соочување со вториот бран од ковид-19. Од носењето на ребалансот зависи  ефектуирањето на Четвртиот пакет антикризни мерки со кој се обезбедуваат средства за реализација на мерките од овој пакет. Предвидени се 4,3 милијарди денари за финансиска поддршка за исплата на плата на вработени во приватниот сектор со надоместок во интервалот од 14,500 до 21,776 денари,во компании кои имаат поголем пад на приходите како последица на пандемијата, 1,6 милијарди денари за инансиска поддршка за ранливи категории погодени од COVID-19 за плаќање на домашни производи и услуги кај погодениите сектори, 412 милиони денари за Поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, 9,8 милиони денари за поддршка на дејноста туристички водич, регистрирани како самостојни вршители на дејност, 120 милиони денари за враќање на туристичка такса за 2019 година, за  остварени ноќевања, 66,85 милиони денари поврат за Викенд без ДДВ, 799 милиони денари за државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка, со што се нуди дополнителна можност за полесен пристап до финансиски средства за поддршка на приватниот сектор, преку преземање на дел од кредитниот ризик и 330 милиони денари за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobanieto-prodolzuva-raspravata-po-rebalansot/feed/ 0
Ниту еден пратеник нема да оди во изолација поради контакт со Петровска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-eden-pratenik-nema-da-odi-vo-izolacija-poradi-kontakt-so-petrovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-eden-pratenik-nema-da-odi-vo-izolacija-poradi-kontakt-so-petrovska/#respond Fri, 30 Oct 2020 11:43:28 +0000 https://kurir.mk/?p=422607

Ниту еден пратеник или службеник од Собранието нема да оди во изолација поради контакт со пратеничката Славјанка Петровска, која пред два дена објави на својот профил на Фејсбук дека е позитивна на коронавирусот, информираат за МИА од Центарот за јавно здравје. – Петровска немала ризични контакти во Собранието. Во изолација ќе одат само членовите на нејзиното семејство, изјави за МИА, директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов. Во Собранието, како што посочи тој, се почитуваат сите мерки за заштита и превенција од коронавирусот. И колегите на Петровска од пратеничката група на СДСМ велат дека се почитуваат сите мерки – носење заштитна маска, држење дистаца, и оти при влез во Салата со Купола се дезинфицираат и оти таму се постојано со маски. Пред Петровска уште четворица други пратеници беа позитивни на Ковид-19, но сите се вратени на работните места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-eden-pratenik-nema-da-odi-vo-izolacija-poradi-kontakt-so-petrovska/feed/ 0
Најавено конституирање на собраниските комисии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveno-konstituiranje-na-sobraniskite-komisii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveno-konstituiranje-na-sobraniskite-komisii/#respond Fri, 11 Sep 2020 06:01:33 +0000 https://kurir.mk/?p=401822

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата се очекува денеска да одржат седница на која треба да се гласа за составот на парламентарните комисии. Претседателот на Комисијата Костадин Костадинов веќе потврди дека парламентарните партии постигнале договор за тоа кој ќе претседава комисиите. Потоа составот на комисиите треба да помине и на пленарна седница. Пратениците од СДСМ ќе претседаваат со осум собраниски комисии, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така со осум, ДУИ со три вклучувајќи ја и Комисијата за уставни прашања, со која претседава претседателот на Собранието, пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе претседаваат со две комисии, а Беса со една. Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ вчера изјави дека неговата пратеничка група ќе претседателствува со истите осум комисии како и во минатиот состав. Вели дека пратениците од опозициската партија ќе учествуваат на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и на пленарната седница на која треба да биде потврден составот на комисиите. Иако договорот е потврден, засега се уште на веб – страната не е закажано заседание на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе одржи брифинг со новинарите, прв по неговиот повторен избор, по што се очекува да се знае кога ќе биде свикана седницата на која треба да се гласа за составот на Комисиите и како ќе се одвива натамошната работа на Парламентот. Собранието на Република Македонија иако конституирано не може да ја започне својата работа по законските текстови бидејќи парламентарните партии не можеа да постигнат договор за претседавањето со парламентарните комисии. Исто така, еден од пратениците на ДУИ е болен од Ковид-19, и се уште не е е верификуван мандатот на пратеникот кој ќе дојде на местото на сега министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, па, така се доведува во прашање и мнозинството во Парламентот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveno-konstituiranje-na-sobraniskite-komisii/feed/ 0