собрание на рм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 09:54:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png собрание на рм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АСОМ со писмо до пратениците: Заштитете го сопствениот народ, не работете во корист на скриени владини интереси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-pismo-do-pratenitsite-zashtitete-go-sopstveniot-narod-ne-rabotete-vo-korist-na-skrieni-vladini-interesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-pismo-do-pratenitsite-zashtitete-go-sopstveniot-narod-ne-rabotete-vo-korist-na-skrieni-vladini-interesi/#respond Tue, 31 Oct 2023 09:54:14 +0000 https://kurir.mk/?p=894801

Кажете СТОП на неевропскиот и неуставен предлог Закон за игри на среќа и заштитете го сопствениот народ, порача Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), во писмото кое го упати до пратениците од Комисијата за европски прашања.
„Предупредуваме дека овој закон ќе донесе катастрофални последици за целото општество со тоа што повеќе од 10.000 директно вработени и 54.000 индиректни работници ќе останат без приход и работа. Станува збор за ваши сограѓани чија поддршка во изборниот процес сите ја баравте ветувајќи подобри услови за живот во нашата земја. Сега овие луѓе кои плаќаат кредити, ја планираат својата иднина и иднината на своите деца, ќе бидат оставени без приходи во време на инфлација и економска криза.“- истакнува АСОМ.
Во писмото Асоцијацијата посочува дека новите предлог- измени ќе предизвикаат непоправливи економски штети за целата држава бидејќи ќе придонесат за затворање на една важна индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од над 280 милиони евра. Се истакнува дека апсолутно се неприфатливи предлог измените кои предвидуваат дислокација на објектите, забрана за приредување игри на среќа на интернет за лиценцираните приредувачи, како и зголемување на давачките и надоместоците.
„Веруваме дека и самите вие сте свесни дека местото на овој закон не е во Комисијата за европски прашања и дека се прави сѐ овој неевропски закон насила да се избутка. Дека нашиот став е издржан и правилен укажува и фактот што вие како Комисија за европски прашања при Собранието на РСМ во заклучокот од одржаната седница по предлог текстот на законот му укажувате на Собранието посебно да го оцени аспектот за усогласеноста со ЕУ легислативата.“- потенцираат од АСОМ.
Од АСОМ посочуваат дека Собранието на РСМ нема преземено обврска за усогласување со препораките на ЕУ, па од таа причина означувањето на предлог текстот на законот со ЕУ знаменце е со целосна спротивност и со усвоените акти на Собранието за преземената обврската за усогласување со ЕУ легислативата.
„Ве повикуваме вас како Комисија за европски прашања да ги заштитите граѓаните на оваа земја и да го отфрлите овој закон кој е фатален, ја стимулира сивата економија и поттикнува криминални активности, што се покажа како пример во нашето соседство. Живееме во демократска земја во која на недемократски начин насилно се турка предлог законот кој е создаден без дебата и без консултација со претставниците на игри на среќа, далеку од очите на јавноста без да се земе во предвид мислењето на експертите и познавачите на индустријата. Немојте да бидете дел од овој заговор и немојте да поднесете одговорност за донесувањето на закон кој не е во корист на нашата земја.“- велат од АСОМ.
Во писмото Асоцијацијата предупредува дека овој закон веднаш штом ќе стапи на сила ќе донесе катастрофални последици за вработените во индустријата на игри на среќа, и ги повикува пратениците да не бидат заложници на нечии интереси, да реагираат на време и да ги заштитат граѓаните кои им ја доделиле сопствената доверба.
„Во повеќе наврати повторивме дека бараме итно повлекување на законот, формирање на заедничка работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата за носење на нов европски и функционален закон, но наидовме на молк.“- истакнуваат од АСОМ.
АСОМ во писмото јасно посочува дека нивен интерес е самата индустрија да напредува, играчите и малолетниците да се заштитени и едуцирани, а легислативата да се европеизира.
„Апелираме до вас да имате слух за нашите барања и вашата одлука во врска со овој закон да ја донесете врз база на факти, раководејќи се од поривот да направите добро за граѓаните кои ги претставувате, а не да работите во корист на скриени владини интереси.“
Асоцијацијата во писмото потсети на нивниот предупредувачки собир пред Собранието преку кој покажува колку се сериозни во своите намери да се спречи носењето на штетниот предлог закон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-pismo-do-pratenitsite-zashtitete-go-sopstveniot-narod-ne-rabotete-vo-korist-na-skrieni-vladini-interesi/feed/ 0
До пладне Заев не достави оставка: Во Собранието се чека на следните чекори на власта и опозицијата по најавата за ново мнозинство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-pladne-zaev-ne-dostavi-ostavka-vo-sobranieto-se-cheka-na-slednite-chekori-na-vlasta-i-opozicijata-po-najavata-za-novo-mnozinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-pladne-zaev-ne-dostavi-ostavka-vo-sobranieto-se-cheka-na-slednite-chekori-na-vlasta-i-opozicijata-po-najavata-za-novo-mnozinstvo/#respond Mon, 08 Nov 2021 11:30:53 +0000 https://kurir.mk/?p=592574

Во Собранието на Македонија до пладне премиерот Зоран Заев не достави оставка, а доколку тоа не се случи, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, до 14:30 часот тие ќе поднесат иницијатива за гласање на недоверба на Владата. Во рок од три дена од моментот кога оваа иницијатива ќе дојде кај претседателот на Собранието Талат Џафери, тој треба да закаже седница за гласање кога и официјално ќе се види кој има мнозинство во Парламентот и кој би ја предводел новата Влада. На денешната координативна средба во Собранието со Џафери не се зборувало за најавите на опозицијата, туку за почнувањето на постапката за носење на буџетот за следната година. Комисиската расправа почнува на 15-ти ноември, а седницата за негово носење би се одржала до крајот на месецов. На 25 ноември би имало уште една седница за пратенички прашања. Каква и да биде политичката разврска со мнозинството и формирањето Влада, Буџетот за следната година мора да се донесе и тоа ниту опозицијата ниту владејачките партии не го ставаат под прашање. Пратениците од власта не коментираат дали премиерот ќе поднесе оставка, ниту пак дали опозициските партии имаат 61 пратеник. Тоа, велат тие, никој не знае. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека ќе чекаат до 14 и 30, а потоа ќе ја поднесат иницијативата за гласање недоверба во Владата. Посочуваат дека Собранието нема да се распушти кога ќе се изгласа недоверба на Владата и дека Буџетот за следната година треба да биде донесен. Како што наведуваат од оваа партија, доколку биде потребно подготвени се да прифатат и брзи избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-pladne-zaev-ne-dostavi-ostavka-vo-sobranieto-se-cheka-na-slednite-chekori-na-vlasta-i-opozicijata-po-najavata-za-novo-mnozinstvo/feed/ 0
Петрушевска: Овој владин состав на СДСМ е составен од истрошени кадри пропратени со бројни афери и скандали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevska-ovoj-vladin-sostav-na-sdsm-e-sostaven-od-istrosheni-kadri-proprateni-so-brojni-aferi-i-skandali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevska-ovoj-vladin-sostav-na-sdsm-e-sostaven-od-istrosheni-kadri-proprateni-so-brojni-aferi-i-skandali/#respond Sun, 30 Aug 2020 18:14:46 +0000 https://kurir.mk/?p=396963

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска на денешната собраниската говорница вели дека додека целиот свет се справувал со економска и здравствена криза, македонските граѓани биле сведоци како идниот владин состав вршел насилие врз правниот систем на Македонија. -Не така далеку временски гледано денес имавме грубо газење врз демократијата, правата и слободата, каде во време на пандемија каде што целиот свет се соочуваше со здравствена и економска криза, ние овде сведочевме како идниот состав на влада нанесе буквално насилие врз правниот систем во Македонија. Петрушевска, додаде дека владината програма е без визија, мерки и цели, укажувајќи дека програмата не нуди мерки за намалување на иселувањето на младите, како и намалување на сиромаштијата потсетувајќи дека во моментот во Македонија живеат 500.000 граѓани на прагот на сиромаштијата Дозволете ми да ви покажам како изгледа програма на влада. Еве токму вака без визија, без мерки, без цели. Пораката која оваа програма ја упатува е навистина јасна. Имено оваа програма не нуди намалување на сиромаштијата, за потсетување ние во Македонија имаме 500.000 граѓани кои што живеат на работ на сиромаштијата. Оваа програма нема проекти кои што ќе придонесат да се намали иселувањето на младите од истокот и западот без оглед на нивната верска припадност, рече Петрушевска. Според Петрушевска, наместо програмата да нуди демократски и функционални институции, нуди урнисување на институциите. -Оваа програма не нуди функционални и демократски институции туку напротив продолжување и урнисување на институциите. Имаме погазување на народот затоа што фамозниот коалициониот договор за нов владин состав не нуди просперитетна европска Македонија, туку напротив тесно партиски интереси за лични бонбона бизниси и спас на неколкумина од власта. Она што ме загрижува е дали е на повидок нов бонбона бизнис со Македонска пошта. Ја споделам грижата со 2.500 вработени во Македонска пошта кои што се прашуваат за секој нов нареден ден, нагласи таа. Петрушевска посочи дека коалицијата СДСМ-ДУИ значи дека ќе се делат тендери исклучиво на фирми блиски до власта, додека пак граѓаните ќе бидат оставени на питачки стап. -Ова коалиција значи дека розите ќе цветат исклучиво во дворот на фирмите само на оние кои што се блиски до власта, тендери од народни пари, додека граѓаните ќе бидат оставени на питачки спас. Замислите ние треба да дискутираме за влада која нема легитимите и кредибилитет за дел од тука потрошени политичари, кадри со бројни афери и случаеви кои што често милуваат да се нарекуваат самите реформска и европска влада. Не постои европска влада која што има волку афери и криминал. Искрено посакувам но за жал не очекувам дека во наредниот период искрено ќе се преземат мерки и реформи за да имаме напредок за нашата европска агенда. Ова го велам затоа што наместо борба со криминалот и корупцијата ние ќе гледаме како се делат тендери на блиски луѓе, а улиците во Македонија ќе наликуваат на најлош крими филм, истакна Петрушевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevska-ovoj-vladin-sostav-na-sdsm-e-sostaven-od-istrosheni-kadri-proprateni-so-brojni-aferi-i-skandali/feed/ 0
За Мухамед Зеќири не постои коронавирусот- во собранието седеше без маска, но и со кренати нозе во вис (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-muhamed-zekjiri-ne-postoi-koronavirusot-vo-sobranieto-sedeshe-bez-maska-no-i-so-krenati-noze-vo-vis-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-muhamed-zekjiri-ne-postoi-koronavirusot-vo-sobranieto-sedeshe-bez-maska-no-i-so-krenati-noze-vo-vis-foto/#respond Sun, 30 Aug 2020 17:26:12 +0000 https://kurir.mk/?p=396945

За пратеникот од редовите на СДСМ Мухамед Зеќири очигледно не важат правилата и протоколите во Собранието на Република Македонија. Но, освен тоа, за него не важат ниту протоколите кои ги пропиша Комисијата за заразни болести и носењето на заштитни маски на јавни места. И додека на денешната седница за избор на нова влада Зеќири не носи маска и ја загрозува безбедноста на другите пратеници, тој седеше и надвор од сите етички правила и кодекс на собранието. Имено тој седницата ја следи со кренати нозе, погледнете. Дали ќе следува соодветна казна останува да видиме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-muhamed-zekjiri-ne-postoi-koronavirusot-vo-sobranieto-sedeshe-bez-maska-no-i-so-krenati-noze-vo-vis-foto/feed/ 0
Јанушев: Заев повторно ги ветува истите лаги за подобар живот, а имаме нов ТАТ и 40.000 невработени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-zaev-povtorno-gi-vetuva-istite-lagi-za-podobar-zivot-a-imame-nov-tat-i-40-000-nevraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-zaev-povtorno-gi-vetuva-istite-lagi-za-podobar-zivot-a-imame-nov-tat-i-40-000-nevraboteni/#respond Sun, 30 Aug 2020 12:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=396828

Ветуваа 30.000 денари плата и тоа не е се, овие избори таа плата е зголемена на 34.000 денари, тоа ќе беше одлично ако првичниве 30.000 денари успеаја да ги постигнат, но како за се останато лага до лага, изјави Игор Јанушев, пратеник и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница. - Ги слушаме повторно по не знам кој пат ветуваат нов Клинички, клиничката болница во Штип и дополнително не се застанува, можат уште повеќе, арно ама нема ни нов Клинички центар, клиничката болница во Штип како ја затекнавте, сега е полоша ситуација. Ветуваа едноцифрена стапка на невработени, но небулозата е толку поголема што го ветува во моментот кога во Република Македонија има 40.000 нови невработени. Навистина се една Топ Шоп влада, истакна Јанушев. Тој додаде дека Заев ветуваше намалување на долгот, а тој ист долг изнесуваше 4,8 милијарди евра, а денес ја надминува цифрата од 6 милијарди евра. Ја донесоа овие Топ Шоп политичари државата во ризична зона и тоа според Мастришките критериуми на ЕУ, истата за која добивавме 5-6 парти датуми, се сликаше половина од оваа екипа во авион и славеше. - Ветуваше и стабилна економска политика, тоа го ветуваше и вчера, ветува истовремено кога го имаме новиот ТАТ, среќна нова 1996, Еуростандард банка пропаѓа, а нашиот Топ Шоп премиер ветува економски политики. Тоа што видовме од изјава од самиот Топ Шоп мандатар дека знаел за проблемите на банката и не презел ништо , затоа што може повеќе и подобро. Тоа што 2.500 вработени од Македонски пошти се оставени на милост и немилост, тоа не е важно за нив, поминаа изборите. Слушнавме вложување во култура  во истиот момент кога за културните работници нема плата, изјави Јанушев. Тој посочи дека се ветуваа чесни кадри, докажани, ама гледаме тука такви, ниту еден нема таков, затоа што до вас е Шекеринска синоним за транзиционен и неуспешен политичар, кој во своето CV има афери, бонбона бизнис како продажбата на ЕСМ, аферите со становите, потенцијална вмешаност во афера Рекет и спорните набавки, тендери во министерството за одбрана. - Или можеби кадарен е господинот Николовски, човекот кој ја измисли корупцијата во земјоделието ќе биде вицепремиер за антикорупција. Најнеуспешниот министер на кој му го криеја факсимилот и печатот додека бил министер. Човекот кој за само една година стана милионер како што се слуша по медиумите. Или Филипче кој нема еден тендер да не биде пропратен со скандал. Македонската јавност не заборави на Диамед, за сплетките со Ден Дончев, ќе дојде време кога ќе понесете одговорност. Ако вашиот советник го нарекувавте министер за смрт, како треба вас да ве нарекуваме со 600 починати луѓе?  Си диригираат во судството како сакаат, преку „трас трас“ Русковска, Димишкови, а концептот за демократија го разбираат со апсење на новинари, и ги лажеше семејствата на децата од Смилковско езеро, го ослободи убиецот на Мартин Нешковски, нагласи Јанушев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-zaev-povtorno-gi-vetuva-istite-lagi-za-podobar-zivot-a-imame-nov-tat-i-40-000-nevraboteni/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно лаже и ја манипулира јавноста додека на јавна сцена во собрание ги крши законите и спротивно на Деловник верификува мандати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-povtorno-laze-i-ja-manipulira-javnosta-dodeka-na-javna-scena-vo-sobranie-gi-krshi-zakonite-i-sprotivno-na-delovnik-verifikuva-mandati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-povtorno-laze-i-ja-manipulira-javnosta-dodeka-na-javna-scena-vo-sobranie-gi-krshi-zakonite-i-sprotivno-na-delovnik-verifikuva-mandati/#respond Tue, 25 Aug 2020 16:28:44 +0000 https://kurir.mk/?p=395354

СДСМ повторно лаже и ја манипулира јавноста додека на јавна сцена во собрание ги крши законите и спротивно на Деловник верификува мандати, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Денеска СДСМ верификува мандати спротивно на Деловникот за работа на собранието и неговиот член 17, кој јасно вели дека пратениците кои ќе станат пратеници од листата на кандидати во остатокот од мандатот собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, а не по предлог на верификационата комисија, како што тоа денес го прави. Пратеничката Гордана Силјановска Давкова не гласаше против верификацијата на мандатот на пратеникот Бедри Фазлиу, туку против процедурата по која СДСМ тоа го прави, додаваат од партијата. Од таму се потенцира дека СДСМ и овој мандат го почна со кршење на постапките и законските решенија. Насилно и за гола власт ја уништија правната држава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-povtorno-laze-i-ja-manipulira-javnosta-dodeka-na-javna-scena-vo-sobranie-gi-krshi-zakonite-i-sprotivno-na-delovnik-verifikuva-mandati/feed/ 0
Статистика: Вељаноски претседател со најдолг стаж, повеќе и од Колeмишевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/statistika-veljanoski-pretsedatel-so-najdolg-staz-povekje-i-od-kolemishevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/statistika-veljanoski-pretsedatel-so-najdolg-staz-povekje-i-od-kolemishevski/#respond Fri, 07 Aug 2020 08:59:17 +0000 https://kurir.mk/?p=387589

На 4 август, во согласност со Уставот и Деловникот, започна конститутивната седница на 10. состав на македонското собрание, со што повторно се актуелизира прашањето за перформансите на законодавниот дом.
Професорот на Правниот факултет, Александар Спасеновски кој заедно со професорките Гордана Силјановска, Тања Каракамишева е автор на учебникот по Парламентарно право кој беше издаден во 2019 година со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер, на својот Фејсбук профил споделува повеќе важни информации за Собранието на Република Македонија:
1. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО. Во периодот од 1944 до 2020 година, 22 личности ја извршувале функцијата Претседател на Собранието, при што личност со најдолг мандат е Трајко Вељаноски кој ја извршувал оваа функција 8 години, 6 месеци и 9 дена, втор е Лазар Колишевски (8 години, 6 месеци и 7 дена), додека трет е Благоја Талески (7 години, 11 месеци и 22 дена).
2. ПОЛОВА СТРУКТУРА. Просечно, од 2002 до 2016, во секој од собраниските состави, имало по 73% мажи, односно 27% жени.
3. ЕТНИЧКА СТРУКТУРА. Просечно, од 2002 до 2016, во секој од собраниските состави имало по 70% Македонци, 22% Албанци, 2% Турци, 2% Роми, 2% Срби, 1% Власи и 1% Бошњаци.
4. БРОЈ НА ПАРТИИ ЗАСТАПЕНИ ВО СОБРАНИЕТО: Од 1990 до 2016, во осумте парламентарни состави, во Собранието, просечно имало пратеници од 16 политички партии;
5. БРОЈ НА НЕЗАВИСНИ ПРАТЕНИЦИ: Од 1990 до 2016, во осумте парламентарни состави, во Собранието, просечно имало по 3 независни пратеници;
6. БРОЈ НА ОДРЖАНИ СЕДНИЦИ: Од 2002 до 2016, секој од парламентарните состави просечно одржувал 122 пленарни седници;
7. БРОЈ НА ТОЧКИ НА ДНЕВЕН РЕД: Од 2002 до 2016, секој од парламентарните состави, просечно имал по 334 точки на дневен ред;
8. БРОЈ НА УСВОЕНИ ЗАКОНИ: Од 2002 до 2016, секој од парламентарните состави, просечно усвојувал по 783 закони.
За сé друго поврзано со работата на парламентите, учебникот по Парламентарно право е достапен на следниот линк.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/statistika-veljanoski-pretsedatel-so-najdolg-staz-povekje-i-od-kolemishevski/feed/ 0
Изгласан законот за промени во оданочување на моторните возила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izglasan-zakonot-za-promeni-vo-odanochuvanje-na-motornite-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izglasan-zakonot-za-promeni-vo-odanochuvanje-na-motornite-vozila/#respond Wed, 18 Dec 2019 14:58:03 +0000 https://kurir.mk/?p=279286

Собранието попладнево го изгласа Законот за данок на моторни возила со кој се предвидува промена во системот на оданочување на моторните возила. Покрај вредносната компонента при оданочување на моторните возила данокот ќе се пресметува и врз основа на еколошката компонента која ќе произлезе од износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар. Според Владата, тоа ќе придонесе за користење на моторни возила со пониска емисија на CO2, ќе се стимулира увозот на нови и еколошки возила што понатаму ќе овозможи намалување на загадувањето на воздухот односно создавање на здрава животна средина за сите граѓани во држвата. Истовремено ќе придонесе и кон обновување на возниот парк. Се очекува дека одредбите на Закон за данок на моторни возила ќе предизвикаат позитивни фискални импликации врз Буџетот наРСМ имајќи предвид дека предметот на оданочување нема да се однесува само на патничките автомобили туку опфатот се проширува и ќе се однесува на моторните возила. Дополнително, се воведува и нова компонента на оданочување, односно покрај вредноста данокот на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на просечната емисија на јаглерод диоксид – СО2 , така што нема да може однапред да се предвиди колку ќе изнесуваат фискалните имликации. На продолжение на 123. седница на Собранието беа донесени и законите за задолжување на државата со заем кај Кредитната банка за обнова – КфВ по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, со заем кај Кредитната банка за обнова – КфВ по Договорот за заем за финансирање на Програмата за наводнување, како и Законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, сите по скратена постапка. Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека пратениците за нејзиното продолжение дополнително ќе бидат известени. Работата на пратениците продолжи со расправа за Дополнетиот предлог на буџет на Република Северна Македонија за 2020 година, во рамки на 125. седница. Пратениците втор ден распрваат за буџетската каса за следната година на дневен ред на седницата е и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, по скратена постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izglasan-zakonot-za-promeni-vo-odanochuvanje-na-motornite-vozila/feed/ 0
Собранието денеска треба да ги распише претседателските избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-deneska-treba-da-gi-raspishe-pretsedatelskite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-deneska-treba-da-gi-raspishe-pretsedatelskite-izbori/#respond Fri, 08 Feb 2019 06:56:49 +0000 https://kurir.mk/?p=161465

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска треба да ги распише претседателските избори, за кои првиот круг треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај. Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај. Политичките партии досега немаат објавено кандидати за претстојните претседателски избори. Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ своите кандидати решија да ги избираат преку јавен оглас. Од СДСМ се уште немаат соопштено дали се пристигнати кандидатури. Генералниот секретар Александар Кирацовски денеска потврди дека процесот е во тек и оти на партиски конгрес на 3 март ќе биде официјалниот избор на кандидатот. На огласот, пак, на ВМРО-ДПМНЕ пристигнале 10 кандидатури од кои една по истекот на рокот, по што партијата ги објави имињата на кандидатите од кои на конвенција на 16 февруари ќе изберат еден кој ќе влезе во трката за шеф на државата. Од ДУИ иако велат дека имаат официјален став дека на изборите може да настапат со свој кандидат, сепак, оставаат можност пред истекот на рокот за поднесување на кандидатурите да постигнат и друго решение. ДУИ, вели пратеникотн Џевад Адеми, е комотен има и кандидати и квалитети и опции. И некои од помалите политички партии најавија дека на изборите ќе одат со свои кандидати. На седница на собраниската Комисија за избори и именувања денеска треба да биде утврдена Предлог листата со канидатите за членови на новиот состав на Антикорупциската комисија. Изборот треба да помине и на пленарна седница најдоцна денеска за  Комисијата да може да го следи и  претстојниот изборен процес во делот на финансирањето на политичките партии. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-deneska-treba-da-gi-raspishe-pretsedatelskite-izbori/feed/ 0
Мицевски: Законот за трговија на зелени пазари поднесен од ВМРО-ДПМНЕ по итна постапка не е ставен на денешната седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-zakonot-za-trgovija-na-zeleni-pazari-podnesen-od-vmro-dpmne-po-itna-postapka-ne-e-staven-na-deneshnata-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-zakonot-za-trgovija-na-zeleni-pazari-podnesen-od-vmro-dpmne-po-itna-postapka-ne-e-staven-na-deneshnata-sednica/#respond Mon, 28 Jan 2019 12:43:02 +0000 https://kurir.mk/?p=157396

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за трговија на зелени пазари и тоа го поднесе по итна постапка но законот не е ставен на денешната седница на Собранието, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ при заседавање на денешната седница во Собрание на Република Македонија. Мицевски образложи дека имајќи ја во обѕир итноста и она се што значи во јавноста и она што проструи изминативе денови како важна информација се бара престанување на важење на законот за зелени пазари. Зошто го бараме ова? Бидејќи ваквото брзоплето и несериозно носење на законот за трговија не донесе во состојба да имаме реакција на над 20-25.000 луѓе кои што закупуваат тезги. Имајќи ја во предвид итноста и проблемот кој што може да настане владејачкото мнозинство побара одложување на законот. Меѓутоа морам да алармирам дека со самото одложување ние нема да го решиме проблемот. Од таа причина бараме да се врати старото законско решение односно законот за зелени пазари да престане да важи да се вратиме на старото решение и во една нормална атмосфера, во една нормална состојба да побараме средба со сите заинтересирани страни. Односно тезгаџиите, луѓето кои што работат на пазари, организираторите на пазари, како и коморите кои што исто така се заинтересирани. Да седнат и да изнајдеме едно заедничко решение, посочи Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-zakonot-za-trgovija-na-zeleni-pazari-podnesen-od-vmro-dpmne-po-itna-postapka-ne-e-staven-na-deneshnata-sednica/feed/ 0