собрание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 14:18:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png собрание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собранието избра членови и претседатели на државни комисии, одбори и тела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-izbra-chlenovi-i-pretsedateli-na-drzhavni-komisii-odbori-i-tela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-izbra-chlenovi-i-pretsedateli-na-drzhavni-komisii-odbori-i-tela/#respond Thu, 02 Nov 2023 14:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=895858

На продолжението од 129. седница Собранието избра и именува повеќе членови и претседатели на државни комисии, одбори и тела. Избрани се членови и претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, претседател и членови на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, Државната комисија за одлучување во управната постапка и постапка од работен однос во втор степен, членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, претседател и членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и измената е одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за додлеување на државната нагарада „23 Октомври“. Најмногу расправа кај пратениците предизвика точката за разрешување на член на собраниската Комисија за изборите и именувањата, која со мнозинство гласови на пратениците беше прифатена. На оваа седница пратениците ја разгледаа и усвоија одлуката за огласување на избор на член на Државната изборна комисија, одлучија да се распише и јавен оглас за избор на членови и претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата и за избор на членови на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација. Покрај овие одлуки, Собранието донесе одлуки за објавување на огласи за именување директор на Агенцијата за квалитет во високото образование, именување членови на Агенцијата за електронски комуникации и избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво. До паузата, чие траење дополнително ќе биде утврдено, пратениците ја усвоија и одлуката за објавување јавен оглас за избор на членови на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и и го одбија барањето за автентично толкување на одредба од Законот за изменување и дополнување на Законот за даноци и имот поднесена од градоначалникот на Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-izbra-chlenovi-i-pretsedateli-na-drzhavni-komisii-odbori-i-tela/feed/ 0
Продолженија на две собраниски седници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhenija-na-dve-sobraniski-sednitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhenija-na-dve-sobraniski-sednitsi/#respond Thu, 02 Nov 2023 06:50:59 +0000 https://kurir.mk/?p=895588

Во Собранието за денеска се закажани продолженија на 74. и 126. седница. На дневен ред на 74. седница се Предлог на законот за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност - во прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење - во прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за основното образование - во прво читање и Предлог на резолуцијата против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици. Во рамки на 126. седница пратениците ќе расправаат за Предлог на законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Бугарија, Владата на Република Хрватска, Владата на Унгарија, Владата на Република Северна Македонија, Владата на Црна Гора, Владата на Република Србија, Владата на Словачката Република и Владата на Република Словенија за соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството, Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Романија за зајакнување на соработката во областа на внатрешната контрола и спречување и борба против корупцијата, Предлог на законот за ратификација на Протоколот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален Совет за изменување на Спогодбата од 14 април 2000 година помеѓу Македонската Влада и Швајцарскиот Федерален Совет за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот на доход и данокот на капитал, Одлуката за изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhenija-na-dve-sobraniski-sednitsi/feed/ 0
Продолжува седницата на собраниската Анкетна комисија за скандалот на Онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-sednitsata-na-sobraniskata-anketna-komisija-za-skandalot-na-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-sednitsata-na-sobraniskata-anketna-komisija-za-skandalot-na-onkologija/#respond Tue, 31 Oct 2023 06:58:21 +0000 https://kurir.mk/?p=894702

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да продолжи седницата на Анкетната комисија за скандалот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Во текот на вчерашното продолжение, пред членовите на Комисијата зборуваа поранешниот директор на Клиниката Никола Васев, атуелниот организациски в.д. директор Халид Матоши, неговиот поранешен колега Нехад Нухи и Билјана Настова, раководител на аптеката на Онкологија. Васев истакна дека се земале лекови на реверс за да не им биде прекината терапијата на пациентите. Тој, како што рече, не чувствува морална одговорност за случувањата на Клиниката додека бил медицински директор. И Нухи потврди дека „имало моменти кога по одлука на медицинскиот директор, поради моментален недостиг, на реверс се набавувале лекови“, но тоа, напомена, било спротивно на Законот за јавни набавки. Потенцира и дека ја наследил Клиниката со долг од 200 милиони денари поради набавена, а неплатена биолошка терапијана. Пред Комисијата Нухи тврдеше дека на никаков начин не си играл со судбината на пациентите и нивните семејства, дека не препродавал лекови, како и дека со незаконско работење не „билдал“ долгови на Клиниката. Според Настова, софтверскиот дел на КАТО ситемот не бил комплетен. Таа не чувствува одговорност за фармацевтскиот техничар од Онкологија, Калтрин Уштеленца кој, потсети, не бил уапсен во аптеката, ниту за нешто поврзано со нејзиното работење. Матоши информира дека моментно има лекови за сите онколошки пациенти, а буџетот на Клиниката е скоро 1,5 милијарди денари. Според него, Клиниката за онкологија не издава терапија на други здравствени установи. Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка. Поради наводите за злоупотреба на лекови на Клиниката, имаше реакции во јавноста и протести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-sednitsata-na-sobraniskata-anketna-komisija-za-skandalot-na-onkologija/feed/ 0
Во Собранието седница за поставување пратенички прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-sednitsa-za-postavuvane-pratenichki-prashana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-sednitsa-za-postavuvane-pratenichki-prashana/#respond Thu, 26 Oct 2023 05:43:55 +0000 https://kurir.mk/?p=893178

Собранието денеска ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања. Вообичаено секој последен четврток во месецот во Собранието се одржува седница за поставување пратенички прашања. Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата. Пред седницата, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи брифинг со акредитираните новинари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-sednitsa-za-postavuvane-pratenichki-prashana/feed/ 0
Анкетната комисија за случајот Онкологија ќе сослушува сведоци и експерти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija-ke-soslushuva-svedotsi-i-eksperti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija-ke-soslushuva-svedotsi-i-eksperti/#respond Wed, 18 Oct 2023 05:22:08 +0000 https://kurir.mk/?p=890053

Анкетната комисија што ја формираше Собранието за утврдување одговорност за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска ќе продолжи со работа со сослушување сведоци и експерти, како и разгледување акти и документи. На вчерашната седница на Комисијата беа сослушани поранешниот и актуелниот министер за здравство, Венко Филипче, односно Фатмир Меџити. Претходно на сослушување пред Анкетната комисија беа и претходниот министер за здравство, Беким Сали, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Анкетната комисија за случајот со Клиниката за радиотерапија и онкологија беше формирана на 29 септември откако Јавното обвинителство отвори предистражна постапка за овој случај по медиумските објави за наводни злоупотреби на работната позиција и нерегуларности поврзани со третманот на пациентите од оваа клиника.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija-ke-soslushuva-svedotsi-i-eksperti/feed/ 0
Пратениците ја изгласаа потребата од носење на новиот Деловник за работа на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-ja-izglasaa-potrebata-od-nosene-na-noviot-delovnik-za-rabota-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-ja-izglasaa-potrebata-od-nosene-na-noviot-delovnik-za-rabota-na-sobranieto/#respond Tue, 17 Oct 2023 12:25:24 +0000 https://kurir.mk/?p=889820

Пратениците денеска со мнозинство гласови ја поддржаа потребата од носење на новиот Деловник за работа кој треба да стапи на сила од следниот парламентарен состав. Претседателот на Собранието Талат Џафери, образложувајќи ја потребата од носење на новиот Деловник, рече дека тој е резултат на консензус од сите политички партии. - Ова е уште еден пример што докажува дека политичката дебата во Собранието може да резултира и да се финализира производ со политички консензус, рече Џафери. Истакна дека со новиот Деловник ќе се надминат предизвиците со коишто се соочувало Собранието уште од независноста и дека слабостите како и различните толкувања ќе се оневозможат кога тој ќе стапи во сила. - Ова е оптимално решение кое дава функционалност на законодавниот дом. Во иднина нема да се повторат ситуациите што ги имавме во минатите состави, вклучувајќи го и овој состав, дека треба да се стави крај на можностите за различни толкувања на собраниските постапки, односно да имаме заедничка гаранција дека Собранието не може да се блокира, туку ќе биде функционално во името на граѓаните, рече Џафери. Предлог-деловникот се разгледува во редовна постапка. Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на 10 октомври ја изгласа потребата од носење на новиот Деловник за работа на Собранието. Разговорите меѓу пратеничките групи започнаа пред пет години за измени на постоечкиот Деловник, се одвиваа во рамки на Жан Моне процесот и со посредство на неколкумина европратеници, за на крајот да резултира со консензус за комплетно ново решение. Се очекува новиот Деловник на Собранието да се донесе до крајот на годината и да се применува од идните пратеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-ja-izglasaa-potrebata-od-nosene-na-noviot-delovnik-za-rabota-na-sobranieto/feed/ 0
Седница на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-komisijata-za-nadzor-nad-sproveduvane-na-merkite-za-sledene-na-komunikatsiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-komisijata-za-nadzor-nad-sproveduvane-na-merkite-za-sledene-na-komunikatsiite/#respond Tue, 17 Oct 2023 06:13:09 +0000 https://kurir.mk/?p=889591

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. На дневен ред на седницата е Информација од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-komisijata-za-nadzor-nad-sproveduvane-na-merkite-za-sledene-na-komunikatsiite/feed/ 0
Филипче и Меџити ќе бидат сослушани пред Анкетната комисија за скандалот со Онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-medhiti-ke-bidat-soslushani-pred-anketnata-komisija-za-skandalot-so-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-medhiti-ke-bidat-soslushani-pred-anketnata-komisija-za-skandalot-so-onkologija/#respond Tue, 17 Oct 2023 05:34:52 +0000 https://kurir.mk/?p=889585

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот министер Фатмир Меџити денеска ќе бидат сослушани пред Анектната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија. Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи најави дека денеска прв ќе одговара Филипче, и оти потоа ќе зборува Меџити. Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на Онкологија, зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали. За скандалот на Онкологија Јавното обвинителство се уште води истрага, а повремено протести организираат групи пациенти и членови на семејствата на починати од рак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-medhiti-ke-bidat-soslushani-pred-anketnata-komisija-za-skandalot-so-onkologija/feed/ 0
Продолжува расправата за Онкологија на собраниската Комисија за финансирање и буџет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-raspravata-za-onkologija-na-sobraniskata-komisija-za-finansirane-i-budhet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-raspravata-za-onkologija-na-sobraniskata-komisija-za-finansirane-i-budhet/#respond Fri, 13 Oct 2023 05:26:23 +0000 https://kurir.mk/?p=888261

Расправата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, за конечните извештаи на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, продолжува и денеска. Членовите на Комисијата во текот на вчерашниот ден имаа можност да поставуваат прашања во врска со извештаите. Претходно, се формираше и Анкетна комисија за скандалот поврзан со оваа клиника. Одлуката за Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка. Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-raspravata-za-onkologija-na-sobraniskata-komisija-za-finansirane-i-budhet/feed/ 0
Седница на Законодавно-правната комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-zakonodavno-pravnata-komisija-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-zakonodavno-pravnata-komisija-2/#respond Thu, 12 Oct 2023 05:22:06 +0000 https://kurir.mk/?p=887854

Во Собранието денеска седница ќе одржи Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата се Предлог на деловник на Собранието на Република Северна Македонија, во прво читање и Барање за давање на автентично толкување на: Одредбата од чл. 3 став 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за даноци на имот (Сл. Весник на РСМ бр. 151/21), поднесено од градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-zakonodavno-pravnata-komisija-2/feed/ 0