собраниска делегација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 13:14:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png собраниска делегација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собраниска делегација на Генералното собрание на ИСП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegatsija-na-generalnoto-sobranie-na-isp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegatsija-na-generalnoto-sobranie-na-isp/#respond Tue, 04 Jul 2023 13:12:42 +0000 https://kurir.mk/?p=852546

Во рамките на јубилејното 30-годишно Генерално собрание на Интерпарламентарно собрание на Православието (ИСП) што во периодот од 29.6 до 2.7. 2023 година се одржа во Порто Карас, Република Грција, работата беше насочена кон одбележување на триесет години од основањето на оваа парламентарна организација на Православието (1993-2023), и во Декларацијата која беше усвоена беше ставен акцент на новите предизвици на христијанските вредности и перспективи во Европа и во светот. Во работата на оваа конференција учествуваше и делегацијата на ИСП од Собранието на Република Македонија, претставувана од пратениците Миле Талевски и Ане Лашкоска. Во рамките на оваа јубилејна годишна конференцијата главна тема околу која се дебатираше беше иднината на Европа и соочувањето со предизвиците кои се пред нас, предизвици предизвикани пред сѐ од воените и економски кризи во Европа. Исто така, беше ставен акцент и на досегашната триесетгодишна работа на оваа парламентарна организација од нејзиното основање па до денес, беше нагласена значајната улога кој ја има ИСП во рамките на развојот на парламентарната дипломатија и тоа што денес ИСП вклучува парламентарци од 25 различни земји кои доаѓаат од Европа, Азија, Африка и САД и сите тие придонесуваат за развој на една широка мрежа на комуникација помеѓу разни меѓународни организации и парламенти, како и невладини организации и тела на цивилните општества. Околу овие теми дебатираа повеќе гости, претставници од универзитети, црковни официјални лица и парламентарци од повеќе земји. Во рамките на работниот дел на конференцијата од страна на генералниот секретар Максимус Каракопулос беа презентирани и усвоени тековните и идни активности за наредната 2023-2024 година, беше усвоен финансискиот извештај за 2022-2023 година. Во рамките на состанокот на проширениот состав на Меѓународниот секретаријат се донесе одлука и за избор на нов претседател на ИСП по истекот на мандатот на досегашниот претседател Сергеј Гаврилов. За нов претседател на ИСП беше предложен и избран од страна на Генералното собрание Евгениуз Чуквин, пратеник од Парламентот на Полска. Во рамките на ова Собрание, исто така, се формираше и ново работно тело - Комитет за амандманска расправа. За член на овој Комитет беше избран и пратеникот од Собранието на Република Северна Македонија Миле Талевски, што воедно претставува и наше прво учество во органите и телата на ИСП. На крајот од Конференцијата беше усвоена зедничката Декларација околу предизвиците и новите перспективи, како и промоцијата на христијанските вредности и традиции во модерна Европа и глобалното општество.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegatsija-na-generalnoto-sobranie-na-isp/feed/ 0
Собраниска делегација на 61. Генерално собрaние на ПАБСЕК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegatsija-na-61-generalno-sobranie-na-pabsek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegatsija-na-61-generalno-sobranie-na-pabsek/#respond Fri, 05 May 2023 13:10:24 +0000 https://kurir.mk/?p=830970

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во ПАБСЕК, предводена од Лидија Тасевска, а во чиј состав се и членовите Вјолца Адеми и Благица Ласовска, како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, учествуваат на Пролетното 61. Генерално собрaние на Црноморската организација за економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 4 и 5 мај во Анкара, во организација на Големото народно собрание на Туркије. По повод 30-годишнината од постоњето на ПАБСЕК, беше одржан и Самит на претседатели на парламенти на земјите членки на ПАБСЕК, на кој зеде учество и нашиот претседател, Талат Џафери. На дводневната сесија, учесниците ќе расправат за низа прашања поврзани за организацијата и делувањето на ПАБСЕК. При дискусијата во општиот дел, на тема: „Улогата на парламентарната дипломација во менувањето на глобалната динамика: развој, мир и стабилност“, Лидија Тасевска истакна дека Собранието на Република Северна Македонија игра важна улога во унапредувањето на дипломатските односи со другите земји и придонесувајќи за регионалниот и глобалниот мир, стабилност и развој. Учеството на Собранието во парламентарната дипломатија вклучува различни активности како што се меѓупарламентарни состаноци, меѓународни конференции и други форми на ангажман. Собранието на Северна Македонија, исто така, игра важна улога во промовирањето на регионалната стабилност и соработка. Како членка на регионот на Западен Балкан, Собранието е активно вклучено во иницијативи и програми насочени кон зајакнување на регионалната соработка, промовирање на економскиот развој и решавање на споровите преку дијалог и преговори. Тасевска, во својство на член, односно потпретседател на Комисијата за правни и политички прашања, во текот на расправата на тема: „Улогата на парламентите во унапредувањето на на економската безбедност во земјите членки“, наведе дека економската безбедност има основно значење за стабилно и просперитетно општество и парламентите играат најзначајна улога во неговото обезбедување. Парламентот, преку усвојување на соодветни законски решенија, ги утврдува правилата и границите во рамките на кои се обезбедува и економската сигурност, на земјата. Вјолца Адеми, како член на Комисијата за економски, трговски и финансиски прашања, известуваше за Извештајот за Улогата на парламентите во подобрување на енергетската безбедност во земјите членки. Таа рече дека енергијата е основа на социо-економскиот развој и стабилнот, како и важен предуслов за човековото постоење. Енергетската безбедност, како основен предуслов за економски раст, ја гарантира националната безбедност. Во ова време, истакна таа, обезбедувањето на еколошко, безбедно и континуирано снабдување со енергија, е еден од приоритетите на економскиот и социјалниот развој. Свое обраќање во рамките на Комисијата за културни, образовни и социјални прашања, на темата за улогата на медиумите во социо-економскиот развој на земјите членки, имаше и Благица Ласовска. Таа подвлече дека медиумите играат мошне значајна улога во информирањето, образованието и забавата на граѓаните и можат да имаат значајно влијание врз нивниот социјален и економски развој. Улогата на медиумите не е веќе ограничена само во нудење на информации, туку се проширува и во формирањето на јавното мислење, влијание врз политички одлуки и промовирање на социјални промени. Во овој контекст, медумите можат да имаат витална улога во унапредувањето на економскиот и социјалниот развој. Генералното собрание го избра Петар Канев од Бугарија за потпретседател на ПАБСЕК за финансиски прашања, како и Џемал Озтурк од Туркије, за заменик на генералниот секретар за организациони прашања. На крајот на Пленарното заседание, следното шестмесечно претседателствување со ПАБСЕК, му беше предадено на Украина. Интегрален текст од соопштение на Собранието на Република Македонија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegatsija-na-61-generalno-sobranie-na-pabsek/feed/ 0
По повод Денот на депортацијата на македонските Евреи, собраниска делегација ќе положи цвеќе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-denot-na-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-sobraniska-delegatsija-ke-polozhi-tsveke/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-denot-na-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-sobraniska-delegatsija-ke-polozhi-tsveke/#respond Thu, 09 Mar 2023 07:16:32 +0000 https://kurir.mk/?p=809752

По повод одбележувањето на 11 март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, 80 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта-Треблинка, Собраниски делегации, ќе положат цвеќе на повеќе спомен обележја. Како што најавија од Собранието, денеска во Битола ќе положи цвеќе собраниска делегација во состав на Марија Кочовска, Олга Лозановска и Силвана Ангелеска. Цвеќето ќе биде положено во Здравствен дом „Хаим Абраванел“ - пред споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола и во Здравствен дом „Хаим Абраванел“ - пред споменикот на Естреја Овадија-Мара. Во петок во Штип собраниска делегација во состав на Емилија Рамбабова и Никола Мицевски ќе положи цвеќе пред споменик на депортираните Евреи, а во недела собраниска делегација во состав на Марија Георгиевска, Рашела Мизрахи и Иванка Василевска ќе положи цвеќе во Тутунски комбинат-Монопол, пред Споменикот на 7144 македонски Евреи и на Еврејски гробишта - Градски гробишта Бутел, пред Споменикот на депортираните Евреи и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-denot-na-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-sobraniska-delegatsija-ke-polozhi-tsveke/feed/ 0
Собраниска делегација утре и задутре ќе учествува на 60. Генерално собрание на ПАБСЕК во Белград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-utre-i-zadutre-kje-uchestvuva-na-60-generalno-sobranie-na-pabsek-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-utre-i-zadutre-kje-uchestvuva-na-60-generalno-sobranie-na-pabsek-vo-belgrad/#respond Tue, 06 Dec 2022 09:43:41 +0000 https://kurir.mk/?p=771638

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК) предводена од Лидија Тасевска, а во чиј состав се и членовите Вјолца Адеми и Благица Ласовска, ќе учествуваат на 60. Генерално собрание на ПАБСЕК, кое утре и задутре ќе се одржува во Белград, Србија, во организација на Парламентот на Република Србија, кој претседава со ПАБСЕК. Како што информираат од собраниската прес-служба, се очекува на Собранието да му се обрати Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Ивица Дачиќ прв заменик премиер одговорен за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи на Република Србија, како и Нику Попеску, претседавач на БСЕК и министер за надворешни работи и европска интеграција на Република Молдавија. Ден пред почетокот на генералното Собрание, седници ќе одржат Бирото и Постојаниот комитет на ПАБСЕК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-utre-i-zadutre-kje-uchestvuva-na-60-generalno-sobranie-na-pabsek-vo-belgrad/feed/ 0
Собраниска делегација ќе положи цвеќе по повод Денот на Армијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-kje-polozi-cvekje-po-povod-denot-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-kje-polozi-cvekje-po-povod-denot-na-armijata/#respond Thu, 18 Aug 2022 07:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=720288

По повод одбележувањето на 18 Август, Ден на Армијата на Република Македонија, собраниска делегација денеска ќе положи цвеќе на партизански гробишта, пред вечните почивалишта на претседателите Киро Глигорово и Борис Трајковски, и на генерал Михаило Апостолоски. Во собраниската делегација, која ќе ја предводи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски се и пратениците Дарко Каевски и Зоран Коцевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-kje-polozi-cvekje-po-povod-denot-na-armijata/feed/ 0
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е синоним за лага, Стојаноски во Египет е на службено патување со собраниската делегација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichka-grupa-na-vmro-dpmne-sdsm-e-sinonim-za-laga-stojanoski-vo-egipet-e-na-sluzbeno-patuvanje-so-sobraniskata-delegacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichka-grupa-na-vmro-dpmne-sdsm-e-sinonim-za-laga-stojanoski-vo-egipet-e-na-sluzbeno-patuvanje-so-sobraniskata-delegacija/#respond Thu, 16 Jun 2022 11:03:41 +0000 https://kurir.mk/?p=691625

Партијата СДСМ е синоним за лага, манипулација и ширење лажни вести, реагираат од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ. Во продолжение интегрален текст од реакцијата на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Денес партијата СДСМ ја потврди добропозната стара народна поговорка „На лагата кратки и се нозете“. СДСМ се фатени во лага. Денес СДСМ и нивниот партиски прес центар се обидоа да ја излажат јавноста преку смешно партиско соопштение во кое шират груби лаги и невистини. Но тоа повеќе не поминува, ниту во медиумите, ниту пак кај граѓаните. Имено, лажните обвинувања на СДСМ дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски е на приватен пат во Египет, се апсолутно неточни и паѓаат во вода. Видно од приложениот документ „Решение за службено патување“ јасно може да се утврди дека СДСМ безочно лаже. Прво, видно од документот, решението за ова службено патување е договорено на состанокот на Претседателството на Собранието на 23-ти МАЈ 2022 година, ДВА дена пред пристигнувањето на Предлог буџетот во Собранието. Второ, на ова службено патување како СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА во Египет, видно од документот и фотографијата, учесници се и пратеници од владејачкото мнозинство. Нагласуваме, потписник на ова Решение за службено патување е нивниот генерален секретар на Собранието, г-ѓа Цветанка Иванова. Очигледно, власта има сериозно проблеми во комуникацијата и контролата во своите редови. Оттука, наместо неработниците од СДСМ и владејачкото мнозинство да се занимаваат со вакви смешни и лажни очајнички обиди за дефокус од катастрофата во која што не доведоа, тие најмалку што треба е да се извинат и да ја повлечат оваа вест. Од друга страна, ги прашуваме, зошто веќе два дена Собранието нема никаква активност? Дали можеби имаат проблем во коалицијата, дали можеби имаат проблем со обезбедување на кворум за работа? Одговорот им е јасен на сите. СДСМ е во паника и хаос. Очигледно СДСМ не можат ни своите пратеници да ги натераат да дојдат во Собранието, па затоа на секој можен начин вина се обидуваат да најдат во ВМРО-ДПМНЕ. На крајот, апелираме до СДСМ и нивната ПиАр екипа во иднина повеќе да се концентрираат на своите редови и да се обидат да ја подобрат својата лоша организираност и проблеми во внатрепартиската комуникација. Во спротивно, како денес, секогаш ќе бидат предмет на потсмев и неверување, тои во реакцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichka-grupa-na-vmro-dpmne-sdsm-e-sinonim-za-laga-stojanoski-vo-egipet-e-na-sluzbeno-patuvanje-so-sobraniskata-delegacija/feed/ 0
Мисовски наместо Џафери во Крушево за Илинден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misovski-namesto-dzaferi-vo-krushevo-za-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misovski-namesto-dzaferi-vo-krushevo-za-ilinden/#respond Sat, 01 Aug 2020 07:45:55 +0000 https://kurir.mk/?p=384596

Од законодавниот дом информираат дека потпретседателот Горан Мисовски ќе ја предводи собраниската делегација која утре ќе присуствува на одбележувањето на 2 Август Денот на Републиката во Крушево. Според најавите Мисовски заедно со Хари Локвенец и Дафина Стојановска, ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево и тоа во 10:30 часот - Гроб на Никола Карев; Споменик на Слива „На хероите на Слива“; а во 11:45 часот - „Мечкин Камен“. -Претседателот на Собранието, Талат Џафери, е во добра здравствена состојба, но по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување, велат од Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misovski-namesto-dzaferi-vo-krushevo-za-ilinden/feed/ 0
Собраниска делегација на тркалезна маса во ЕП во Брисел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-na-trkalezna-masa-vo-ep-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-na-trkalezna-masa-vo-ep-vo-brisel/#respond Tue, 03 Dec 2019 08:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=272537

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Сашо Василевски, Бетиане Китев, Реџаиљ Исмаили и Драган Данев денеска ќе учествуваат на „Тркалезна маса на високо ниво за процесот на евроинтеграции на Западен Балкан“ во Европскиот парламент во Брисел. На Конференцијата, како што соопшти Собранието, пратениците ќе разменат искуства со своите колеги од регионот, ќе се сретнат со новоизбраните колеги од Европскиот парламент, ќе имаат средби со известителите од Комисијата за надворешни прашања, како и со шефови на делегации. За време на посетата на Брисел, делегацијата на Собранието ќе има средба и со шефицата на Мисијата на Република Северна Македонија при ЕУ во Брисел, амбасадорката Агнеза Руси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-na-trkalezna-masa-vo-ep-vo-brisel/feed/ 0
Собраниска делегација во ЕП во Стразбур https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-vo-ep-vo-strazbur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-vo-ep-vo-strazbur/#respond Tue, 06 Feb 2018 09:03:57 +0000 http://kurir.mk/?p=18629

Делегација на Собранието на Република Македонија од денеска до 8 февруари во Европскиот парламент во Стразбур, ќе учествува на 14. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска Унија - Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација. Собраниската делегација во Комитетот, како што информираат од Собранието, ја сочинуваат пратениците Горан Милевски, Антонијо Милошоски, Бетиан Китев, Ејуп Алими, Реџеп Мемеди и Жаклина Лазаревска. Во рамките на состанокот, членовите на Мешовитиот комитет од Собранието и од Европскиот парламент ќе имаат размена на мислења за односите меѓу Европската Унија и Република Македонија со министер за надворешни работи Никола Димитров. На состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет ќе бидат разменети мислења и за спроведувањето на Планот 3-6-9, препораките од групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото, со акцент на реформи во судството, изборните реформи, реформи во работата на Собранието, реформи во медиумите, реформи во јавната администрација, соработката со граѓанското општество, меѓуетничките односи, добрососедството и регионална соработка, имплементирањето на Охридскиот рамковен договор, новиот закон за употреба на јазиците и Берлинскиот процес и дополнителните активности по самитот во Трст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-vo-ep-vo-strazbur/feed/ 0