собраниска комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Nov 2022 14:28:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png собраниска комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прв ден комисиска амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-den-komisiska-amandmanska-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-den-komisiska-amandmanska-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2023-godina/#respond Wed, 30 Nov 2022 14:28:30 +0000 https://kurir.mk/?p=768926

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја почна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година во рамките на која треба да разгледа вкупно 263 амандмани од кои 199 се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на досегашната расправа не беше прифатен амандманот поднесен од опозицијата со кој се бараше намалување на данок на додадена вредност (ДДВ) од 18 на 5 проценти за производите за менструално здравје. Како што истакна пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, како еден од предлагачите, овој амандман засега преку 400 илјади девојчиња и жени во земјава кои во услови на криза треба да одвојуваат значајни средства за одржување на менструалното здравје. Доколку се прифати амандманот, според неа, тоа ќе значи 50 милиони денари или 211 илјади евра помалку во Буџетот. Во реплика заменик-министерот за финанси Филип Николоски рече дека намалување на ДДВ не се прави преку амандман, туку преку законско решение на што Ласовска во контрареплика му порача дека знае оти тоа не се решава со амандман, но додаде дека не верува дека ќе биде предложено законско решение за намалување на ДДВ за производите за менструално здравје. Таа истакна дека во Европа не само што се намалува данокот на ваквите производи од 18 на 5 проценти, туку има и земји каде оданочувањето е нула. Ласовска рече дека има консензус кај сите членки во Клубот на пратенички да се изгласа вакво решение и побара пауза за да се усогласат ставовите. Но, и по паузата ставовите со Владата не беа усогласени, по што се пристапи кон гласање, при што шест пратеници беа за предлогот за намалување на ДДВ, а осум против. Во моментов се разгледува амандманот за одложување на примената на прогресивното оданочување, исто така поднесен од претенциите од опозицијата. Членовите на Комисијата се на редовна едночасовна пауза по што треба да продолжи расправата за амандманот. Во понеделникот Комисијата заврши со општата расправа по Предлог-буџетот во текот на која парламентарното мнозинство порача дека проектираните буџетски ставки ќе овозможат економско заздравување и справување со последиците од енергетската криза, а опозицијата, пак, смета дека станува збор за историски највисок, инфлаторен и расипнички буџет. Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-den-komisiska-amandmanska-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2023-godina/feed/ 0
Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР за случајот „Онишченко“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sobraniskata-komisija-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-i-ar-za-sluchajot-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sobraniskata-komisija-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-i-ar-za-sluchajot-onishchenko/#respond Wed, 16 Nov 2022 06:58:11 +0000 https://kurir.mk/?p=761383

Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање денеска треба да ја одржи својата петта седница на која ќе расправа за улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. Претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов во вторникот најави дека директорот на АНБ Виктор Димовски ќе треба да објасни како службеници на Агенцијата го пропуштиле низ безбедносниот филтер Онишченко, кој е обвинет за корупциски зделки во Украина и ставен на американската „црна листа“. – Тој е најповикан да одговори. Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонски пасоши веќе имам чувство дека секој втор криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е сериозен предизвик и аномалија во безбедносниот сектор во државата, рече Пренџов. Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквестријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции. И премиерот Димитар Ковачевски во вторникот изјави дека упатил барање до институциите, кои биле вклучени во донесувањето на позитивни мислења за доделување на државјанството на Онишченко, да поднесат извештај за тоа дали и како е спроведена процедурата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sobraniskata-komisija-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-i-ar-za-sluchajot-onishchenko/feed/ 0
Заврши расправата во собраниската Комисија за продолжување на кризна состојба во енергетиката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-vo-sobraniskata-komisija-za-prodolzuvanje-na-krizna-sostojba-vo-energetikata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-vo-sobraniskata-komisija-za-prodolzuvanje-na-krizna-sostojba-vo-energetikata/#respond Wed, 28 Sep 2022 14:12:50 +0000 https://kurir.mk/?p=738578

Заврши расправата за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Претседателот на Комисијата, Миле Талевски на крајот на комисиската седница истакна дека откако е исцрпена листата на пријавени за збор, Предлог-одлуката за продолжување на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија ја проследи во понатамошна постапка до Собранието на Република Северна Македонија. Талевски го назначи пратеникот на СДСМ Драгољуб Филипоски за известител по ова Предлог-одлука до Собранието. Оваа Предлог-одлука треба да го помине и филтерот на собраниската Законодавно-правната Комисија. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменковска Трајкоска го праша министерот за економија Крешник Бектеши дали го прифаќа предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за производство на електрична енергија двојно поевтино од моменталната цена што ја има со кој, како што рече, стопанството ќе биде заштитено. Во реплика министерот Бектеши изјави дека во вакви европски, глобални, регионални и национални кризи, сме подготвени на отворен и транспарентен начин да разговраме со сите страни се со цел да нго најдеме најдоброто решение кое ќе биде во полза на граѓаните и на стопанството. Во моментот, рече тој, кога же ги имаме тие конкретни предлози ќе ги разгледаме заедно и ќе го најдеме најдобриот предлог од сите понуди што се даваат се со цел тоа да биде и поевтино и побезбедно во делот со снабдување со топлинска енергија и во снабдувањето со електрична енергија. Откако Предлог-одлуката го помина собранискиот комисиски филтер, се очекува пратениците на пленарна седница да гласаат за продолжување на кризната состојба во енергетиката, со што ќе се овозможи шестмесечно продолжување на кризната состојба, од 1 октомври до 30 април 2023.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-vo-sobraniskata-komisija-za-prodolzuvanje-na-krizna-sostojba-vo-energetikata/feed/ 0
Продолжува комисиската расправа за кандидатите за уставни судии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kandidatite-za-ustavni-sudii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kandidatite-za-ustavni-sudii/#respond Wed, 14 Sep 2022 05:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=732444

Собраниската Комисија за изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на која треба да продолжи расправата за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески, актуелниот републички јавен обвинител. На вчерашната седница свое излагање имаа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои оценија дека Јовески непрофесионално ја извршува актуелната функција и работи во интерес на власта и од таа причина, според нив, „не е соодветен за функцијата уставен судија“. По неколкучасовната вчерашна расправа околу 18 часот беше објавена 15-минутна пауза, по која Комисијата не продолжи со работа. Љубомир Јовески е кандидат предложен од СДСМ и е последен за кој расправа Комисијата. Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kandidatite-za-ustavni-sudii/feed/ 0
Во матичната собраниска комисија продолжи расправата за предлогот Тодор Витларов да биде уставен судија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-matichnata-sobraniska-komisija-prodolzi-raspravata-za-predlogot-todor-vitlarov-da-bide-ustaven-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-matichnata-sobraniska-komisija-prodolzi-raspravata-za-predlogot-todor-vitlarov-da-bide-ustaven-sudija/#respond Wed, 07 Sep 2022 10:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=729831

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за предложените кандидати за уставни судии. Продолжи расправата за предлогот Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, да биде уставен судија. Пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ на седницата посочи дека сите овие кандидати за уставни судии кои се предложени и усвоени, се дел од системот кој направи доверба во судството од 8 проценти. -Доколку видиме дека овие кандидати се дел од системот кој што ја донесоа државата во однос на индексот на корипцијата од 66-то на 111-то место, ќе сфатиме дека нешто смрди во државата. Ќе сфатиме дека и понатаму мнозинството и она што се договара на Бихаќка апсолутно нема никаква намера да се подобри во иднина, рече Здравковски Според пратеникот, функцијата уставен судија е можеби најмоќната функција во државата, дури помоќна и од функцијата претседател на државата затоа што ги има речиси истите права, но двојно подолг мандат. Здравковски смета дека од предложените кандидати на СДСМ никој не се истакнува со нешто видливо во однос на работата и оти немаат импресивна кариера. Според него, изгласаната кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева има нула напишани трудови и нула правни успеси, а кандидатот Тодор Витларов позади себе има импресивна кариера и тоа е она што го истакнува за разлика од останатите правници. Според пратеничката Јадранка Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ, се дава поддршка на партиски послушници и поданици, а не на квалитетот и капацитето на кандидатите или пак на нивниот интегритет. Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање денеска рече дека ваквиот начин на избор на уставни судии нема да влезе во скринингот што треба да го започне Европската Комисија, бидејќи, како што рече, ќе изгледа дебело разочарувачки. -Ваков избор на судии не е добар. Една власт која се декларира за проевроспска и ги почитува европските вредности требаше да премине кон разговор со опозицијата и сите чинители во општеството за да се изнајде законско решение по кои критериуми и како ќе се избираат уставни судии. Според ова, очигледно е дека критериуми нема. Една проевропска власт ќе седнеше со опозицијата и ќе договореше кандидати кои ќе бидат гордост и за опозицијата и за власта и за цела држава, и ке имаше со што да се пофалат во домашната и во меѓународната јавност, рече Петрушевски. Според Петрушевски, Кацарска беше ниту морално ниту стручно соодветна да биде уставен судија. Таа е, како што рече, синоним за неправда. -За разлика од ваквите ликови како Кацарска и од вакви кандидати како Јолески, Васиќ, имаме и неколку биографии кои за жал нема да бидат поддржани од СДСМ. Намерно власта не дозволи сите овие предложени кандидати, без ралика од која политичка партија се, да дојдат тука, да ја елаборираат својата кандидатура и да одговараат на прашања на пратеници, за сите да дојдеме до вистинската слика за кандидатите, рече Петрушевски. Тој напомена дека кандидатот Тодор Витларов е доктор на правни науки, и во своето богато CV тој бил основен јавен обивнител во Штип, виш јавен обвинител во Штип во неколку наврати, член на Советот на јавни обвинители на Северна Македонија и повторно виш јавен обвинител во Штип – функција која ја зивршува и ден денес. Инаку, изминативе денови, на седницата, членовите на Комисијата ја изгласаа кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, да биде предложена до Собранието за судија на Уставниот суд. Пратениците досега, освен за Васиќ Бозаџиева, дадоа поддршка и за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер. Тие, како и Јовески, се предложени од владејачките партии. Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска, обвинителот Тодор Витларов и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид. Седницата на Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе продолжи во петок во 13 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-matichnata-sobraniska-komisija-prodolzi-raspravata-za-predlogot-todor-vitlarov-da-bide-ustaven-sudija/feed/ 0
Седници на три собраниски комисии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-tri-sobraniski-komisii-32/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-tri-sobraniski-komisii-32/#respond Fri, 02 Sep 2022 05:48:37 +0000 https://kurir.mk/?p=727490

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да ја продолжи дебатата за предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија. На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност и на Законодано-правната е Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Република Либан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-tri-sobraniski-komisii-32/feed/ 0
Предлогот за избор на нови уставни судии пред матичната собраниска Комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-za-izbor-na-novi-ustavni-sudii-pred-matichnata-sobraniska-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-za-izbor-na-novi-ustavni-sudii-pred-matichnata-sobraniska-komisija/#respond Fri, 29 Jul 2022 05:59:54 +0000 https://kurir.mk/?p=711621

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Како што се наведува на веб-страницата на Собранието, на дневен ред на седницата е утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-za-izbor-na-novi-ustavni-sudii-pred-matichnata-sobraniska-komisija/feed/ 0
Собраниската Комисија не го одобри предлогот за покачување на платите во јавниот сектор, ССМ продолжува со протестите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniskata-komisija-ne-go-odobri-predlogot-za-pokachuvanje-na-platite-vo-javniot-sektor-ssm-prodolzuva-so-protestite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniskata-komisija-ne-go-odobri-predlogot-za-pokachuvanje-na-platite-vo-javniot-sektor-ssm-prodolzuva-so-protestite/#respond Sat, 02 Jul 2022 13:30:27 +0000 https://kurir.mk/?p=698841

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница не го одобри предлогот за линерално покачување на платите во јавниот сектор, а од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) побараа оставка од пратениците кои гласаа против предлогот. -Благодарам на овие ненародни пратеници кои изгласаа „не“ за покачување на платите на работникот, тоа се пратениците Марија Ѓоргиеска, Даниела Марковска, Диме Велкоски, Марија Кочоска, Коле Чакарлиев, Арта Биљали Зендели, Бајрами кадрија и Панчо Минов кој не сакаше да гласа. Никогаш повеќе пратеници, никогаш повеќе гласот на работниците оставка одма, порача денеска претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Побара оставка и од заменикот министерот Филип Николовски. – И ти заменик министре да си дадеш оставка бидејќи немаше храброст денеска твојот министер за финансии да излезе пред пратениците. Те прати тебе да лажеш и ти да си дадеш оставка, од денеска вака ќе бараме оставки, му порачувам на премиерот да си ги консолидира редовите да си разрешува ваквии ненародни пратеници и ненародни заменици миистри, бидејќи тие треба да работат стриктно за народот и работникот, вакви одлуки по основ на барање за егзистенција, а знаеме дека ни сервираа покачување на струјата денеска ни сервираат некаков си партиски договор за преговори, и да не остават без пари без да знаеме во која насока ќе тече нашата иднина. Навистина е срамота за овие пратеници кои гласаа денеска против работникот и за овој министер кој ја претставува Владата, изјави Димовски. Информира дека штрајкот продолжува и изрази надеж дека премиерот ќе ги сфати нивните барања и ќе излезе во пресрет на работникот за „неопходните 2 806 денари за егзистенција“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniskata-komisija-ne-go-odobri-predlogot-za-pokachuvanje-na-platite-vo-javniot-sektor-ssm-prodolzuva-so-protestite/feed/ 0
Засега нема закажана седница на бугарската собраниска комисија на која ќе се разгледува францускиот предлог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-nema-zakazana-sednica-na-bugarskata-sobraniska-komisija-na-koja-kje-se-razgleduva-francuskiot-predlog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-nema-zakazana-sednica-na-bugarskata-sobraniska-komisija-na-koja-kje-se-razgleduva-francuskiot-predlog/#respond Mon, 20 Jun 2022 19:53:22 +0000 https://kurir.mk/?p=693407

До овој момент нема закажана седница на Комисијата за надворешни работи на бугарскиот Парламент на која ќе се разгледува бугарскиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија. Како што пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ), парламентарната комисија ќе биде свикана најверојатно во четврток. Членови на комисијата од владејачката коалиција, според БНТ, оценуваат дека гаранциите кои ги дава тој документ се добри за Бугарија – според нив Скопје треба да преземе ангажман пред ЕУ да го промени Уставот и да ги впише Бугарите како државотворен народ, и ако Македонија не го направи тоа, нема да има преговори со ЕУ и соодветно на тоа нема да биде кренато ветото.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-nema-zakazana-sednica-na-bugarskata-sobraniska-komisija-na-koja-kje-se-razgleduva-francuskiot-predlog/feed/ 0
Ребалансот пред собраниската Комисија за финансирање и буџет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rebalansot-pred-sobraniskata-komisija-za-finansiranje-i-budzet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rebalansot-pred-sobraniskata-komisija-za-finansiranje-i-budzet/#respond Mon, 13 Jun 2022 05:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=690013

Собраниската комисија за финансирање и буџет, како матична комисија, денеска ја почнува расправата по ребалансот на Буџетот. Вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи…. Економскиот раст е проектиран на 3,2 проценти што е намалување за 1,4 процентни поени во однос на макроекономските проекции кога се креираше Буџетот, а стапката на инфлација е проектирана на 7,2 проценти. Дефицитот е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари односно 5,3 проценти од БДП што е за 9,1 процент повеќе во однос на првичниот буџет. Дефицитот и отплатата на надворешниот и на домашниот долг, како што беше посочено на презентацијата на ребалансот, ќе се финансираат преку задолжување од меѓународниот и домашниот пазар. Во ребалансот на Буџетот предвидени се околу 70 милиони евра за антикризни мерки кои, како што најавуваа владини претставници во изминатиов период, ќе бидат таргетирани кон оние на кои им се најпотребни. Сојузот на синдикати на Македонија најави амандман со кој бара во ребалансот на Буџетот да бидат обезбедени пари за зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ. На среден рок, и покрај присутните ризици и неизвесноста, како што посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на презентацијата на ребалансот, фискалната политика ќе продолжи кон натамошна консолидација и реструктуирање на јавните расходи со постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг и поттикнување на економската активност преку капиталните расходи и инфраструктурните инвестиции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rebalansot-pred-sobraniskata-komisija-za-finansiranje-i-budzet/feed/ 0