собраниска седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 06:21:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png собраниска седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-sobraniskata-komisija-za-odbrana-i-bezbednost-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-sobraniskata-komisija-za-odbrana-i-bezbednost-2/#respond Wed, 27 Sep 2023 06:21:37 +0000 https://kurir.mk/?p=882099

Во Собранието денеска седница ќе одржии Комисијата за одбрана и безбедност. На дневен ред на седницата е Информацијата за потребата за склучување на договор со Чешката република за снабдување со резервни делови, поправка на делови, снабдување со потрошен материјал и давање на услуги за воздухопловите тип Ми-8МТ/17, Бел 206Б3 и Злин 242Л. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-sobraniskata-komisija-za-odbrana-i-bezbednost-2/feed/ 0
Седница на Законодавно-правната комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-zakonodavno-pravnata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-zakonodavno-pravnata-komisija/#respond Mon, 25 Sep 2023 07:58:45 +0000 https://kurir.mk/?p=881456

Во Собранието денеска седница ќе одржи Законодавно-правната комисија. Пред членовите на оваа Комисија за расправа ќе бидат Предлогот на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Бугарија, Владата на Република Хрватска, Владата на Унгарија, Владата на Република Северна Македонија, Владата на Црна Гора, Владата на Република Србија, Владата на Словачката Република и Владата на Република Словенија за соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството. Членовите на Комисијата ќе ги разгледаат и Предлогот на закон за ратификација на Договорот со Владата на Романија за зајакнување на соработката во областа на внатрешната контрола и спречување и борбата против корупцијата, Предлог законот за ратификација на Протоколот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален Совет за изменување на Спогодбата од 14 април 2000 година меѓу Македонската Влада и Швајцарскиот Федерален Совет за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот на доход и данокот на капитал и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-zakonodavno-pravnata-komisija/feed/ 0
Седници на неколку собраниски комисии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsi-na-nekolku-sobraniski-komisii-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsi-na-nekolku-sobraniski-komisii-2/#respond Fri, 15 Sep 2023 05:45:12 +0000 https://kurir.mk/?p=878249

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната седница. Комисијата за одбрана и безбедност ќе одржи две седници на кои на дневен ред се Статутот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје ( I фаза ) и Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе биде Предлог-одлуката за основање анкетна комисија за состојбите на онкологија. Законодавно-правата комисија ќе одржи три седници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsi-na-nekolku-sobraniski-komisii-2/feed/ 0
Седници на собраниската Законодавно-правна и Комисијата за европски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsi-na-sobraniskata-zakonodavno-pravna-i-komisijata-za-evropski-prashana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsi-na-sobraniskata-zakonodavno-pravna-i-komisijata-za-evropski-prashana/#respond Thu, 14 Sep 2023 06:17:07 +0000 https://kurir.mk/?p=877834

По две седници денеска ќе одржат собраниската Законодавно-правна комисија и Комисијата за европски прашања. На дневен ред на 207-та седница на Законодавно-правна комисија се предлог-закони по скратена постапка - за дополнување на Законот за јавните патишта, за регистар на задолжително социјално осигурување и за системот за проценка на лица со попреченост. На 200-та седница на Законодавно-правната комисија се предлог-закони во прво читање од областа на образованието: за изменување и дополнување на Законот за основното образование; за изменување на Законот за основање Национална агенција за европски образовни програми и мобилност; за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција; за изменување на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење и Предлог-закон за изменување на Законот за спортска академија. На оваа седница се и неколку предлог-закони по скратена постапка: за изменување на Законот за здравствената заштита; за данокот на солидарност; за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност; за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, како и Предлог-закон за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој во прво читање и Предлог-одлука за испраќање припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на ОН - УНИФИЛ во Либан. Собраниската Комисија за европски прашања, исто така, ќе одржи две седници. На 62-та на дневен ред се неколку предлог-закони по скратена постапка: за изменување и дополнување на Законот за акцизите; за изменување и дополнување на Законот за Развојната банка на Северна Македонија; Предлог-закон за решавање банки; за регистар на задолжително социјално осигурување; за системот за проценка на лица со попреченост, како и Предлог-закон за дивечот и ловството - во прво читање. На 60-тата седница на Комисија за европски прашања на дневен ред се три предлог-закони во второ читање: Предлог-закон за адвокатурата; Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната и Предлог-закон за дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsi-na-sobraniskata-zakonodavno-pravna-i-komisijata-za-evropski-prashana/feed/ 0
Ковачевски ќе се обрати на денешната собраниска седница за уставни измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ke-se-obrati-na-deneshnata-sobraniska-sednitsa-za-ustavni-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ke-se-obrati-na-deneshnata-sobraniska-sednitsa-za-ustavni-izmeni/#respond Fri, 18 Aug 2023 07:13:22 +0000 https://kurir.mk/?p=868233

Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на денешната 123. пленарна седница на која на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот. Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека денеска како држава треба да го направиме првиот одлучен чекор кон посакуваниот напредок на Северна Македонија и да ја искористиме историската шанса за остварување на стратешката цел - полноправно членство во Европската Унија. - Денеска е денот кога ќе стане јасно кој навистина сака државата да стане просперитетна држава, земја-членка на ЕУ, а кој ја блокира европската иднина на граѓаните. Денес пред пратениците ќе биде образложен предлогот за уставни измени кој е јавно достапен и од кој сите граѓани може да видат и да се уверат дека станува збор за измени кои го унапредуваат Уставот, кои не загрозуваат ниту едно идентитетско прашање, а кои го отвораат патот кон ЕУ. Очекуваме сите 120 пратеници да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да обезбедат подобра иднина за сите граѓани чии претставници се тие, се вели во соопштението. Притоа се наведува дека денеска пратениците ќе имаат можност преку аргументирана и издржана дебата да обезбедат национален консензус за уставните измени и за европската иднина на државата исполнувајќи ги обврските од преговарачката рамка со кои ќе се овозможи продолжување по европскиот пат и отворањето на кластерите и поглавјата во рамки на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија. - Република Северна Македонија практикува европски вредности и заслужува, по членството во НАТО, да биде и полноправна членка на Европската Унија. Пред нас е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на европските интеграции и остварување на оваа европска цел до 2030 година. Гласот за Европа е глас за подобра македонска иднина. Од сите пратеници зависи дали ќе дадат придонес во остварување на генерацискиот сон или ќе ја втурнат земјата во изолација и десетици години неизвесност, се наведува во соопштението од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ke-se-obrati-na-deneshnata-sobraniska-sednitsa-za-ustavni-izmeni/feed/ 0
Измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, поврзани со коридорите 8 и 10д, на собраниска комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-i-dopolnuvanata-na-zakonot-za-mineralni-surovini-povrzani-so-koridorite-8-i-10d-na-sobraniska-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-i-dopolnuvanata-na-zakonot-za-mineralni-surovini-povrzani-so-koridorite-8-i-10d-na-sobraniska-komisija/#respond Wed, 12 Apr 2023 05:25:15 +0000 https://kurir.mk/?p=823034

Собраниската Комисија за економски прашања денеска ќе ги разгледува Предлог измените на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, еден од законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. Измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини предвидуваат усогласување на одредбите на овој закон со одредбите на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа –Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/2021) во делот кој се однесува на доделување концесии за експлоатација на минерални суровини за изградба на државни, општински патишта и хидротехнички објекти, како и патни коридори. Според најавите, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани и за овој закон, чија потреба за носење помина на 112. седница во понеделеникот, заедно со уште седум други закони коишто се поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. Собраниската комисија за економски прашања денеска треба да одржи уште една седница. На дневен ред се Предлогот на закон за задруги, второ читање, Финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2023 година и Предлог одлуката за утврдување на процентот на искористеност во однос на вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водостопанство на Република Северна Македонија за 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-i-dopolnuvanata-na-zakonot-za-mineralni-surovini-povrzani-so-koridorite-8-i-10d-na-sobraniska-komisija/feed/ 0
Собранието ќе продолжи со седницата за избор на министри во понеделник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-prodolzhi-so-sednitsata-za-izbor-na-ministri-vo-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-prodolzhi-so-sednitsata-za-izbor-na-ministri-vo-ponedelnik/#respond Fri, 24 Feb 2023 18:52:14 +0000 https://kurir.mk/?p=804755

Собранието в понеделник ќе ја продолжи расправата по 104. седница за Предлогот за избор на членови на Владата. Пратениците продолжија со работа и по 18 часот, а по неколку излагања и реплики претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата. Поради престојните верски празници, тој најави дека Собранието ќе продолжи со работа по оваа седница в понеделник. Во текот на дебатата пратеникот Борислав Крмов од Левица се осврна на експозето од премиерот Димитар Ковачевски, при што меѓу другото, оцени дека не го разбира оправдувањето зошто се случува ротацијата на Алтернатива со Алијанса за Албаниците во владината коалиција. Според него, не држи наводното образложение дека целта е европска коалиција и тн. окрупнување, тука се работи за класично купување „ден за ден влада“, и како што рече, за целосно заложништво на СДСМ од страна на ДУИ. Според негои, „ СДСМ дефакто е веќе малцински партнер, бројот на пратениците не е релевантен и најголем дел од министерствата не се во нивни раце. -Над 90 отсто од клучните институции ги држи ДУИ, за СДСМ се само трошките, очигледно единствена мотивација е само да продолжат бизнисите, вели Крмов. ДУИ, пак, според него, сега има два проблеми, првиот да спречи обединување на албанската опозиција, а вториот е внатрешната фракција. Влезот на АА во Владата, вели е за една година и потоа таа партија ќе биде делигитимирана. -За внатрешната фракција која има три пратеники со влезот на Алијанса, моќта на огнените е намалена и скоро и да немаат моќ и сега може да се посвети ДУИ на внатрешна чистка, рече Крмов. Арта Биљали Зендели од ДУИ му реплицираше на искажаните ставови за проблемите во партијата. -ДУИ може да има не два, илјада проблеми, но се додека вие се занимавате со ДУИ рејтингот на партијата само ќе расте. А на крај ќе дојдат избори каде сите ќе го земеме тоа што сме го заслужиле, рече Биљали Зендели. Со владината реконструкција за министер за правда е предложен Кренар Лога, за за здравство Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за министер за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Расправата за изборот на новите министри почна вчера, откако по 10-дневна дебата беа разрешени министрите од Алтернатива, за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи. На 104. седница по изборот на министрите треба да се расправа и гласа за разрешување на пет заменици министри и да бидат именувани нови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-prodolzhi-so-sednitsata-za-izbor-na-ministri-vo-ponedelnik/feed/ 0
Продолжува собраниската расправа за избор на нови министри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-sobraniskata-rasprava-za-izbor-na-novi-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-sobraniskata-rasprava-za-izbor-na-novi-ministri/#respond Fri, 24 Feb 2023 17:39:54 +0000 https://kurir.mk/?p=804731

Собранието попладнево ја продолжи расправата од 104-тата седница по точката од дневниот ред – Предлог за избор на членови на Владата. Според пратениците од опозицијата, лош потег е промена на влада една година пред избори, а реконструкцијата е за „Владата да се спаси за некој месец“. Реагираа и дека премиерот Димитар Ковачевски, како и за разрешувањето на министрите од Алтернатива, немал аргументи ниту за новите предложени од Алијанса за Албанците. Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека оваа влада не може да биде решение за проблемите на граѓаните и дека реконструкцијата е „нова епизода од криминалната серија наречена влада и нема да донесе ништо ново“. -Ова е како во контаминирана вода да се стават три чисти капки, така ќе се случи и со овие министри - брзо ќе се вклопат во шемата сплетена од СДСМ и ДУИ. За трампање се само овие три министерства зашто се секогаш на опашката на оваа власт. Европска агенда е само куќата на лидерот на Алијанса на улица „Бриселска“, а таму ќе му се придружи и новиот министер за здравство со куќата што планира да ја изгради, рече Аџиоски. Според неговата сопартијка Ангелина Петкова, новото мнозинство во Собрание е „држење во живот и некој месец да и даде живот на клинички мртвата влада“. Критикувајќи ги политиките на Владата, таа рече дека државата има најнизок економски раст во регионот од 7,13 проценти и е на 85 место по корупција во светот. Загубена е, рече, и репутацијата во меѓународни финансиски кругови поради пропаднатата еврообврзница. За предлозите за министри, меѓу другото, рече дека Кренар Лога за краток период „треба да воспостави правда во министерството за неправда“ зашто 4 отсто од граѓаните веруваат во правосудството, а за Каја Шукова – предложена за министер за животна средина каде што и работи, Петкова рече „сакавте да го протнете со европско знаменце и по скратена постапка Законот за увоз на отпад од ЕУ“. На обвинувањата за корупција и криминал, Даниела Колева од СДСМ реплицираше дека ВМРО-ДПМНЕ најмалку може да зборува за правда затоа што, рече, има над 400 обвиненија на нивни луѓе, над 100 пресуди, 40 признанија и вкупно 150 години затвор. - Кога ќе зборувате за правда, сетете се за Сваровски-судиите, тефтерчето на Горде, намерното застарување на предметите..., рече Колева. Антонијо Милошоски во своето излагање се фокусираше на ресорот здравство и рече дека Министерството за здравство е „министерство за градежништво Тафталиџе 2“. За предложениот Фатмир Меџити смета дека е „тотален анонимус во медицинската фела“ зашто нема стручни и научни трудови и поголеми проекти во здравство. Како што рече, Меџити бил најдоверлив советник на министерот за здравство во 2017 – Арбен Таравари, кога станал и претседател на Управниот одбор на Фондот за здравство. Во записници на Фондот од 2017, рече Милошоски, може да се види дека најголема усогласеност меѓу Ден Дончев и Фатмир Меџити имало за позитивни одлуки за зголемен буџет за клиниката „Жан Митрев“ и за други приватни клиники. -Во следните десет месеци со ваков анонимус во фелата и потрчко на Таравари здравството ќе биде во лет во место, без поместување напред. Нема да биде министер со сопствен интегритет туку на далечинско... Предлогот е од лукративни побуди - не за да се подобри состојбата во здравството туку за имотната состојба на тој што го предлага и неговата лично, рече Милошоски. Додаде и дека со сите предлози за министри нема приближување до европски стандарди, туку за да се добијат осум пратеници од Алијанса и да се решат внатрешни проблеми во Владата. -Партиите во власта се караат меѓу себе за позиции, функции, тендери... За три министерски места и за 20 директорски, толку вредат осумте пратеници на Алијанса, додаде Милошоски. Пратеничката Бети Стаменковска рече дека предложениот министер за здравство Фатмир Меџити, „сосед на Арбен Таравари, кој незаконски има стекнато имот во Тафталиџе“ ќе ја потсетува македонската јавност дека „криминалот и корупцијата продолжуваат да врват“. Премиерот нема со што да се пофали, рече таа, затоа што владата нема постигнато резултати. Стаменковска зборуваше и за бизнисите на премиерот и неговата сопруга и поддршката што ја добивале нивните фирми. Ковачевски одговори дека се што поседува е пријавено во неговиот анкетен лист. -Се што поседуваат членовите на моето семејство, е пријавено во анкетен лист. Можете да одите во Комисијата за спречување корупција каде што можете да го најдете тој анкетен лист каде што стои се. Се што јас сум работел, можете да го најдете на социјалните мрежи и интернет-агрегатори затоа што јас се сум работел јавно, рече Ковачевски. Пратениците од опозицијата реагираа дека премиерот ја навредил од место пратеничката Стаменкоска додека имала излагање, на што регираа нејзините сопартијци од пратеничката група, а Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во соопштение побара Ковачевски да се извини за „шовинизам и сексизам искажан кон пратеничката“. Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека седницата за избор на нови членови на Владата ќе продолжи и по 18 часот. хс/лв/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-sobraniskata-rasprava-za-izbor-na-novi-ministri/feed/ 0
Собраниска расправа за избор на новите министри: Меѓусебни обвинувања за криминал, корупција и пазарења https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-rasprava-za-izbor-na-novite-ministri-megusebni-obvinuvana-za-kriminal-koruptsija-i-pazarena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-rasprava-za-izbor-na-novite-ministri-megusebni-obvinuvana-za-kriminal-koruptsija-i-pazarena/#respond Fri, 24 Feb 2023 14:32:45 +0000 https://kurir.mk/?p=804653

Во Собранието продолжи расправата за изборот на нови министри за правда, за здравство, за информатичко општество и за животна средина и просторно планирање. За министер за правда е предложен Кренар Лога, за министер за здравство Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за министер за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во дискусија на денешната собраниска седница истакна дека предложениот кандидат за нов министер за здравство Фатмир Меџити треба на јавноста да и објасни „како од една скромна барака во моментот гради една голема хациенда од 336 квадратни метри“ во елитната скопска населба Тафталиџе, како прв сосед на Арбен Таравари. Николоски покажа и фотографии и го повика Меџити да објасни пред јавноста, како од сите локации во градот Скопје одбрал локација токму спроти „подарената куќа на неговиот пријател и претседател на партијата Арбен Таравари“. - Како на улица „Бриселска“ 18А гради хациенда од 336 квадратни метри, еве можете да ја видите од една перспектива и еве од друга перспектива. Ова е како изгледа политичката корупција во Македонија и треба да објасни Фатмир Меџити како од сите локации во градот Скопје одбрал локација токму спроти подарената куќа на неговиот пријател и претседател на партијата Арбен Таравари. Вака почитувани пријатели изгледа политичката корупција, потенцираше Николоски покажувајќи фотографии од, како што ја нарече, новата хациенда во сопственост на Меџити. Николоски изрази жалење, затоа што, како што рече, претседателот на владата не е тука за „да одговори како е возможно вакви хациенди да се креваат во најелитната скопска населба и такви луѓе да предлага за министри“. - Кој е моралниот кредибилитет на Фатмир Меџити да биде кандидат за министер за здравство, кога крева ваква хациенда, повторувам, ни помалку, ни повеќе, наспроти куќата која што е подарена на неговиот пријател и партиски претседател Арбен Таравари. Ова е тоа што во моментот се случува во Тафталиџе во Скопје и вака изгледа политичката корупција во редовите на владата на СДСМ и ДУИ во која што се обидуваат да влезат, рече Николоски. Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса, во однос на обвинувањата против неговата партија дека биле излажани кога влегле во коалиција со СДСМ, реплицираше дека не верува верува дека биле излажани, затоа што, како што рече, сами ги носеле нивните одлуки. - Ние и тогаш кога одлучивме да не бидеме дел од мнозинството, сами ги носевме одлуките. Не чекавме никој да носи одлуки во наше име, како што и денеска носиме одлуки во наше име како опозициска партија и така ќе настапуваме во наредниот период, рече тој. Во реплика на говорот Зендели, пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска истакна дека десеттина дена во оваа Собрание процесот за реконструкција на Влада се вулгаризира до бескрајност. - Идеологија, програми или омилениот збор пазар. Идеологија! За која идеологија? Идеологија ли е за вас она што учествувавте заедно со најголемата опозициска партија и останатите кога собиравте 61 пратеник за да ја срушите власта? Идеолошки се сретнавте, програмски се договоривте или пазар направивте за после да го договорите пазарот. Каква идеологија имавте кога настапивте коалиционо заедно со Коалицијата Можеме? Програмски настапивте? Или пазарџиски настапивте? Дали има идеологија оваа опозиција која што зборува за пазар? На локално ниво каде што требаше да направи пазар, идеолошки настапуваше? Програмски настапуваше? Или пазар правеше? За кој пазар разговараме? Пазар на мнозинството, ама пазарот на опозицијата не постои, рече Георгиевска. Во однос на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека сите од власта се криминалци, Георгиевска потенцира дека за криминал прозива „најкорумпираната политичка партија“, чии „400 функционери или носители на функции“ се инволвирани во криминални дејствија. Халил Снопче, пратеник на Алијансата за Албанците, рече дека 2023-та ќе биде тешка година за земјата и треба да се носат уставните измени оти, како што рече, ако не ја искористиме можноста, можеби со децении да не станеме членка на ЕУ. Обраќајќи се кон Зендели, Снопче истакна дека денес кога земјата чека да ги отвори преговорите за членство во ЕУ и да ги направи уставните измени, тој говори за рушење на ДУИ. - За ова не зборувавте во 2020 година. Дури денеска зборувате за евентуално обединување со Алтернатива. Ова е ваша тенденција. Оваа година е критична за државата - 2023 година. Година кога треба да се отворат преговорите. Ако не ја искористиме можноста, тогаш ќе изгубиме една шанса и може да немаме друга шанса, па со децении да не се зачлениме во ЕУ. Ве поканувам да се престроите на другата страна на бродот за да го спасиме оваа прашање. И да бидеме членка на ЕУ. Вашето престројување со ВМРО-ДПМНЕ е дестабилирачко и не е во ред, рече Снопче. По расправата, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски даде пауза до 15:30 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-rasprava-za-izbor-na-novite-ministri-megusebni-obvinuvana-za-kriminal-koruptsija-i-pazarena/feed/ 0
Собраниската седница за избор на нови министри ќе продолжи во 20 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniskata-sednitsa-za-izbor-na-novi-ministri-ke-prodolzhi-vo-20-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniskata-sednitsa-za-izbor-na-novi-ministri-ke-prodolzhi-vo-20-chasot/#respond Thu, 23 Feb 2023 12:02:30 +0000 https://kurir.mk/?p=804169

Собраниската седница за избор на новите членови на Владата ќе продолжи во 20 часот и веќе стартуваше седницата за пратенички прашања. Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 104. седница за реконструкцијата на Владата, откако почна терминот на пленарната седница за пратеничките прашања. За расправата по втората точка од 104. седница - Предлог за избор на членови на Владата се пријавија 38 пратеници, а претходно по неколкудневна расправа беа разрешени министрите за здравство Беким Сали, за информатичко општетсво и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор Џемаил Чупи. Џафери рече дека за изборот на членови на Влада се отвора општа расправа и гласањето е поединечно. -Една заедничка расправа, а гласањето поединечно, рече тој Во процедурална забелешка координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека спикерот Џафери претходно дозволил поединечно изјаснување, односно дискусија за секој од тројцата разрешени министри, а сега ја спојува дискусијата за четири министри во една. -Логички е на волку тензија, на волку собрани министри за разрешување на нивни колеги, да дозволите да се направи расправа поединечна за сите овие четири предлог-кандидати, да продискутираме. На крајот никој не ви брани да гласате и да завршите со кршење на Деловникот, рече Мицевски. Тој пред гласањето за разрешување на министрите од редовите на Алтернатива процедурално обвини дека поместувањето на почетокот на седницата за пратенички прашања е со цел да се опструира опозицијата да поставува прашања и оти целта е како што вели, „да се наелектризира Собранието и да има тензии доведувајќи ја седницата на раб на инцидент“. -Ваков преседан со пратенички прашања немало и вие сте пионер иноватор во кршење на деловникот, рече Мицевски и побара седницата за гласање за разрешување на министрите да се закаже во 19 часот. Џафери му одговори дека одлуката за пролонгирање на почетокот на седницата за пратенички прашања е донесена согласно Деловникот на Собранието.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniskata-sednitsa-za-izbor-na-novi-ministri-ke-prodolzhi-vo-20-chasot/feed/ 0