сочувство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Nov 2022 12:39:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сочувство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сојлу: Турција не ја прифаќа пораката за сочувство од САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sojlu-turcija-ne-ja-prifakja-porakata-za-sochuvstvo-od-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sojlu-turcija-ne-ja-prifakja-porakata-za-sochuvstvo-od-sad/#respond Mon, 14 Nov 2022 12:39:31 +0000 https://kurir.mk/?p=760286

Турција не ја прифаќа пораката за сочувство од Соединетите Американски Држави за вчерашниот смртоносен терористички напад во Истанбул, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, јави агенцијата Анадолија. Во експлозија на авенијата Истиклал загинаа шестмина, а со повреди се здобија 81 лице. Турската полиција соопшти дека извршител на бомбашкиот напад во Истанбул е Ахлам Албашир, државјанка на Сирија. Таа е уапсена за време на полициска акција и приведена. Уапсената жена признала дека наредбата за напад ја добила од центарот на терористичката организација во Кобане во Сирија. ИПГ е сириски огранок на ПКК, што се наоѓа на листата на Турција, САД и на Европската унија како терористичка организација. Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер во пишана изјава објавена вчера, посочи дека „САД остро го осудуваат чинот на насилство што се случи во Истанбул“. На местото на експлозијата денеска, Сојлу појасни дека личноста одговорна за нападот би побегнала во Грција, доколку не беше фатена. Како што додаде, лицето кое го планирало нападот, исто така е лишено од слобода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sojlu-turcija-ne-ja-prifakja-porakata-za-sochuvstvo-od-sad/feed/ 0
Српскиот министер за надворешни работи изрази сочувство за загинатите во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-izrazi-sochuvstvo-za-zaginatite-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-izrazi-sochuvstvo-za-zaginatite-vo-bugarija/#respond Tue, 23 Nov 2021 21:30:53 +0000 https://kurir.mk/?p=599076

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ му изрази сочувство на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи за загинатите 46 граѓани на Македонија во сообраќајната несреќа што утрово се случи во Бугарија. – Длабоко не вознемири веста за тешката сообраќајна несреќа, која се случи на територијата на Бугарија, во која трагично се загубени човечки животи. Во име на Министерството за надворешни работи на Србија и во мое лично име, Ви упатувам најдлабоко сочувство, наведе Селаковиќ. Тој порача дека Србија е подготвена да даде неопходна поддршка, а со своето срце и мисли е со семејствата на загинатите, и ја дели тагата и болката со граѓаните на Северна Македонија. – Ве молиме на семејствата на жртвите да им ги пренесете изразите на нашето искрено сочувство, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Селаковиќ во телеграмата со сочувство до Османи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-izrazi-sochuvstvo-za-zaginatite-vo-bugarija/feed/ 0
Путин изрази сочувство за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/putin-izrazi-sochuvstvo-za-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/putin-izrazi-sochuvstvo-za-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/#respond Tue, 23 Nov 2021 20:48:50 +0000 https://kurir.mk/?p=599061

Рускиот претседател Владимир Путин му изрази сочувство на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски по тешката сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа најмалку 45 луѓе, вклучувајќи и 12 деца, јави денеска агенцијата Тасс. – Примите длабоко сочувство поради загинувањето на граѓани на вашата земја, вклучително мали и поголеми деца, во сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија, се наведува во телеграмата објавена денеска на сајтот на Кремљ. Агенцијата објави и дека Путин, исто така, го замолил Пендаровски да пренесе зборови на искрено сочувство и поддршка до роднините и блиските на загинатите, истовремено посакувајќи поскоро закрепнување на сите повредени патници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/putin-izrazi-sochuvstvo-za-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/feed/ 0
Сочувство од СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ за загинатите и повредените од автобуската несреќа во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-siz-makedonija-soobrakjaj-amerit-za-zaginatite-i-povredenite-od-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-siz-makedonija-soobrakjaj-amerit-za-zaginatite-i-povredenite-od-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/#respond Tue, 23 Nov 2021 13:28:17 +0000 https://kurir.mk/?p=598847

СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ – Скопје во име на управителот на Заедницата и во име на нејзините членки, изразува сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата која се случи утрово во Бугарија, а на повредените во автобуската несреќа и посакува побрзо закрепнување. -Во овие тешки и неизвесни моменти, би сакале да апелираме сите ние да се воздржиме од дополнителни коментари за причините за сообраќајна несреќа, надлежните органи и институции да ги спроведат потребните активности, и да се сочекаат официјални резултати од истрагата, велат од СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-siz-makedonija-soobrakjaj-amerit-za-zaginatite-i-povredenite-od-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/feed/ 0
Граѓани положуваат цвеќе пред македонската Амбасада во Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjani-polozuvaat-cvekje-pred-makedonskata-ambasada-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjani-polozuvaat-cvekje-pred-makedonskata-ambasada-vo-sofija/#respond Tue, 23 Nov 2021 11:13:11 +0000 https://kurir.mk/?p=598751

Пред македонската Амбасада во Софија граѓани положија цвеќе во знак на сочувство за загинатите граѓани во трагичната автобуска несреќа што се случи синоќа во Бугарија, во којашто загинаа најмалку 45 лица, јави дописникот на МИА од Софија. Младите девојки, коишто го положија цвеќето, не сакаа да ги кажат своите имиња, само рекоа дека тоа го прават заради сочувство бидејќи знаат колкава е тагата на семејствата на загинатите во несреќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjani-polozuvaat-cvekje-pred-makedonskata-ambasada-vo-sofija/feed/ 0
Вучиќ: Србија и сега е со вас, подготвена да ја пружи сета потребна помош и поддршка, бидејќи не сте сами во оваа трагедија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-srbija-i-sega-e-so-vas-podgotvena-da-ja-pruzi-seta-potrebna-pomosh-i-poddrshka-bidejkji-ne-ste-sami-vo-ovaa-tragedija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-srbija-i-sega-e-so-vas-podgotvena-da-ja-pruzi-seta-potrebna-pomosh-i-poddrshka-bidejkji-ne-ste-sami-vo-ovaa-tragedija/#respond Tue, 23 Nov 2021 08:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=598632

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска упати телеграма со сочувство до претседателот на Македонија, Стево Пендаровски и до премиерот Зоран Заев, по повод тешката сообраќајна несреќа во која 46 луѓе ги загубија животите, јави дописникот на МИА од Белград. Претседателот Вучиќ лично и во име на граѓаните на Србија, упати најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и народот во Северна Македонија, а на повредените им посакува брзо и успешно закрепнување. – Со неверување и тага ја примив страшната вест за трагичната смрт на патници во автобус во Бугарија. Не постојат зборови со кои може да се опише болката што ја споделуваме со граѓаните на вашата земја. Молчејќи пред оваа трагедија, упатуваме молитви за утеха до семејствата на жртвите и до целиот ваш братски народ. Србија и сега е со вас, подготвена да ја пружи сета потребна помош и поддршка, бидејќи не сте сами во оваа трагедија, стои во телеграмата со сочувство, соопштија од неговиот кабинет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-srbija-i-sega-e-so-vas-podgotvena-da-ja-pruzi-seta-potrebna-pomosh-i-poddrshka-bidejkji-ne-ste-sami-vo-ovaa-tragedija/feed/ 0
Пендаровски изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-izrazi-sochuvstvo-do-semejstvata-na-zaginatite-i-povredenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-izrazi-sochuvstvo-do-semejstvata-na-zaginatite-i-povredenite/#respond Tue, 23 Nov 2021 07:23:39 +0000 https://kurir.mk/?p=598575

Претседателот Стево Пендаровски по големата трагедија која се случи во Бугарија, а во која загинаа голем број македонски државјани, изрази сочувство до семејсвата. Шефот на државата како што рече, очекува целосна истрага од наделжните и утврдување на одговорноста. -Во овие тешки мигови, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани кои ги изгубија своите животи и беа повредени во стравичната сообраќајна несреќа која се случи на територијата на соседна Бугарија. Очекувам надлежните да спроведат целосна истрага, да се утврдат причините и одговорноста за трагедијата, која не се памети во нашата понова историја. Во деновите на жалост што следуваат, посакувам мирен покој на душите на починатите и побрзо закрепнување на повредените, вели Пендаровски.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-izrazi-sochuvstvo-do-semejstvata-na-zaginatite-i-povredenite/feed/ 0
Радев изрази сочувство до Пендаровски за настраданите во несреќата во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radev-izrazi-sochuvstvo-do-pendarovski-za-nastradanite-vo-nesrekjata-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radev-izrazi-sochuvstvo-do-pendarovski-za-nastradanite-vo-nesrekjata-vo-bugarija/#respond Tue, 23 Nov 2021 07:14:25 +0000 https://kurir.mk/?p=598573

Бугарскиот претседател Румен Радев изрази сочувство до претседателот Стево Пендаровски за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која автобус регистриран во Република Северна Македонија доживеа сообраќајна несреќа при што загинаа 46 лица. – Во име на бугарскиот народ и во свое име, претседателот Румен Радев изрази искрено сочувство до семејствата и роднините на загинатите граѓани на Република Северна Македонија, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите од катастрофата. Во ова тешко време, Бугарија и Република Северна Македонија делат заедничка тага, солидарност и емпатија. Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји, наведува Румен Радев. Шефот на бугарската држава ги повика одговорните институции да ги утврдат причините кои довеле до тешката сообраќајна несреќа, како и да им дадат навремена поддршка на преживеаните во несреќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radev-izrazi-sochuvstvo-do-pendarovski-za-nastradanite-vo-nesrekjata-vo-bugarija/feed/ 0
Сочувство од Советот на Европа за пожарот во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-sovetot-na-evropa-za-pozarot-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-sovetot-na-evropa-za-pozarot-vo-tetovo/#respond Thu, 09 Sep 2021 09:58:02 +0000 https://kurir.mk/?p=561431

Во име на 47 земји членки на Советот на Европа, генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, изрази сочувство до Северна Македонија за настраданите во пожарот во модуларната КОВИД болница во Тетово. – Во име на 47 земји членки на Советот на Европа, генералната секретарка Марија Пејчиновиќ Буриќ изразува сочувство до Северна Македонија за смртоносниот пожар во модуларната КОВИД болница: „Многу сум тажна. Моите мисли одат кон луѓето во Северна Македонија и сите оние кои ги загубија своите најблиски“, се вели во твитот објавен од портпарлот на Советот на Европа Даниел Холтген. Во вчерашниот пожар во ковид – центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во ковид – центарот за време на пожарот, како што информираат од Министерството за здравство, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-sovetot-na-evropa-za-pozarot-vo-tetovo/feed/ 0
Сочувство од Европската Унија за жртвите во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-evropskata-unija-za-zrtvite-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-evropskata-unija-za-zrtvite-vo-tetovo/#respond Thu, 09 Sep 2021 07:07:35 +0000 https://kurir.mk/?p=561282

Европската Унија изразува сочувство по трагедија што настана синоќа во модуларната болница во Тетово, јави дописничката на МИА од Брисел. -ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од Ковид. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените, наведува во реакција испратена до МИА, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро. Сочувство изрази и амбасадорот на ЕУ во земајва, Дејвид Гир. – Нашите мисли се со тетовци утрово по трагичниот пожар во модуларната болница. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените, пишува Гир на Твитер. Пожарот кој избувна во модуларната болница во Тетово синоќа околу 21 часот одзеде десет животи според првичните официјални информации. Причините за пожарот сѐ уште не се познати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-evropskata-unija-za-zrtvite-vo-tetovo/feed/ 0