социјален дијалог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Jan 2020 14:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png социјален дијалог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Работна средна Мизрахи-Ралповски: Социјалниот дијалог важен сегмент за унапредување на работничките права https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotna-sredna-mizrahi-ralpovski-socijalniot-dijalog-vazen-segment-za-unapreduvanje-na-rabotnichkite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotna-sredna-mizrahi-ralpovski-socijalniot-dijalog-vazen-segment-za-unapreduvanje-na-rabotnichkite-prava/#respond Fri, 10 Jan 2020 14:41:18 +0000 https://kurir.mk/?p=288018

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, оствари работна средба со претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) Благоја Ралповски. Оваа прва работна средба од ваков тип е значајна од повеќе аспекти, а посебно од аспект на унапредување на социјалниот дијалог со цел подобрување на работничките права. Конфедерацијата на слободни синдикати во која се здружени 11 грански синдикати е значаен претставник на работниците членови на овој синдикат и токму затоа е важно да се слушнат нивните размисли како да се подобри социјалниот дијалог и структурата на комуникација со институцијата под чија капа се кројат најголемиот број закони кои ги засегаат работниците. Министерката Мизрахи и претседателот на КСС Ралповски ја искористија можноста на оваа работна средба автентично да се информираат за барањата на синдикатот, да поразговараат за економската и социјалната сигурност на работниците, за заштитата и унапредувањето на работничките права во функција на пристоен животен стандард, но и навремени и достоинствени плати за работниците. Стана збор и за гарантирањето на минималната плата, која не е доволно само да се зголеми туку и да се исплатува во целост. Исто така, се потенцираше дека е значајна здравата работна средина, но и побезбедни работни места, развојот на демократијата, социјалната правда и солидарноста . Токму затоа значајно е поттикнување и развивање на конструктивни односи помеѓу социјалните партнери, синдикатите, Владата и работодавачите, како и развивање на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, но и поттикнување и унапредување на колективното договарање на сите нивоа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotna-sredna-mizrahi-ralpovski-socijalniot-dijalog-vazen-segment-za-unapreduvanje-na-rabotnichkite-prava/feed/ 0