„социјална дистанца“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Mar 2021 14:09:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „социјална дистанца“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Маските и дистанцирањето поради Ковид-19 ќе траат со години“: Мрачни предвидувања на британски експерт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maskite-i-distanciranjeto-poradi-kovid-19-kje-traat-so-godini-mrachni-predviduvanja-na-britanski-ekspert/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maskite-i-distanciranjeto-poradi-kovid-19-kje-traat-so-godini-mrachni-predviduvanja-na-britanski-ekspert/#respond Mon, 22 Mar 2021 14:09:32 +0000 https://kurir.mk/?p=486170

Главниот британски епидемиолог изјави дека мерките против коронавирусот, како што се носење маски и социјално дистанцирање, „може да траат со години“, пренесуваат локалните медиуми. Мери Ремзи, која е одговорна за водење на процесот на имунизација на населението против Kовид-19 на ниво на земја, рече дека „луѓето се навикнати на ограничувања на пониско ниво и дека луѓето можат да живеат со нив, а економијата може да продолжи со норми што не се толку строги". Ремзи предупреди дека Владите мора да бидат многу внимателни пред да бидат укинати какви било мерки. Таа се осврна и на организирање настани со голем број луѓе, велејќи дека тоа бара внимателен надзор и јасни упатства за луѓето да бидат безбедни. - Мислам дека сигурно ќе бидат потребни години, барем додека луѓето во другите делови на светот не се вакцинираат во иста мера како и кај нас. „Кога бројките ќе паднат насекаде, тогаш ќе можеме полека да се вратиме во нормала“, рече таа за Би-Би-Си, како што објави Индипендент. Според локалните медиуми, половина од возрасната популација во Обединетото Кралство ја примила првата доза на вакцина за коронавирус, а во петокот, таа земја постигнала рекорд - 711.156 лица биле вакцинирани на територијата на таа земја за еден ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maskite-i-distanciranjeto-poradi-kovid-19-kje-traat-so-godini-mrachni-predviduvanja-na-britanski-ekspert/feed/ 0
Романец направи огромни чизми заради физичко растојание https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/romanec-napravi-ogromni-chizmi-zaradi-fizichko-rastojanie/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/romanec-napravi-ogromni-chizmi-zaradi-fizichko-rastojanie/#respond Fri, 04 Dec 2020 08:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=438520

Еден чевлар од Романија дошол на идеја да направи огромни чевли при првиот бран на пандемијата, коишто би помогнале во одржување физичко растојание… Потоа, тој создаде и цела нова „колекција“ слични зимски обувки за вториот бран. Григоре Луп, занаетчија од Романија, во мај ги направи чевлите со европски број 75, и вели дека неговите чевли се продаваат низ целиот свет и оти тоа му помогнало да ја зачува својата продавница во Клуж. Покрај стандардните нарачки, со Луп контактирале и уметнички изведувачи, вклучително и една белгиска танчерска група и американска рок-група. Повици пристигнувале и од луѓе кои носат поголем број чевли, па сакаа да им направи специјални чевли за нив. – Чифт чизми број 75, за вториот бран на пандемијата, чини 150 евра. Направени се од крзно и имаат подебели ѓонови и облоги, а за нивна изработка се потребни трипати повеќе кожа отколку кај обичен чифт чевли, вели Луп. Во Романија досега се заразени над 492.000 лица, додека како резултат на болеста животот го загубија 11.876 лица. Училиштата, театрите и рестораните во земјата се затворени, полициски час е во сила, а заштитните маски се задолжителни на сите јавни места.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/romanec-napravi-ogromni-chizmi-zaradi-fizichko-rastojanie/feed/ 0
Зошто терминот „физичка дистанца“ е подобар од терминот „социјална дистанца“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-terminot-fizichka-distanca-e-podobar-od-terminot-socijalna-distanca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-terminot-fizichka-distanca-e-podobar-od-terminot-socijalna-distanca/#respond Wed, 01 Apr 2020 06:20:08 +0000 https://kurir.mk/?p=325286

Светската здравствена организација (СЗО) започна да ја користи фразата „физичко дистанцирање“ наместо „социјално дистанцирање“ како начин да се спречи ширењето на новиот коронавирус од човек на човек, што е потег што многу експерти го поздравија како чекор во „вистинска насока“. Претставници на ова глобално здравствено тело изјавија дека иако е апсолутно неопходно да се одржува физичко растојание поради пандемијата, тоа не значи дека мораме социјално да се одвоиме од своите блиски, од своето семејство. Брзото ширење на вирусот,  што прво беше забележан во кинескиот град Вухан во декември минатата година, ги натера државите ширум светот да наметнат целосна изолација, да ги затворат аеродромите и да воведат строги ограничувања на движење на своите граѓани. – Денеска технологијата е толку напредната што можеме да останеме поврзани на многу начини, без да бидеме во иста просторија или физички да бидеме во ист простор со луѓе, изјави Марија Ван Керхове, епидемиолог од СЗО и додаде дека го менуваат изразот и сега зборуваат за физичка дистанца и тоа намерно, бидејќи сакаат луѓето сепак да останат поврзани. Како да се зголеми физичкиот простор помеѓу луѓето Бидејќи коронавирусот се шири главно преку респираторни капки, особено кога луѓето кашлаат или киваат, одржувањето на безбедно растојание се препорачува за да се намали пренесувањето. СЗО препорачува да држиме растојание на повеќе од еден метар од друга личност, додека други здравствени експерти препорачуваат дистанца од најмалку два метри. Можат да се преземат многу мерки за зголемување на физичкиот простор помеѓу луѓето. Тие вклучуваат често останување дома, работа од дома ако е возможно, комуникација со најблиските преку интернет наместо во живо, строго ограничен број на посетители во домовите, избегнување на големи јавни настани или јавен превоз и држење дистанца од луѓе кога сте во јавен простор. – Социјалното дистанцирање го прават да звучи како да луѓето треба да престанат со комуникација, за да можеме да сочуваме што поголем дел од заедницата додека држиме физичка дистанца меѓу нас, истакна Џереми Фрис, професор по социологија на Универзитетот Стенфорд, САД. Треба физичи да се дистанцираме за да можеме да го заштитиме здравјето на сите нас, но важно е и менталното здравје, а социјалната изолација не е добра за менталното здравје, додава Фрис. Разлика помеѓу термините Мартин В. Бауер, професор по социјална психологија и истражувачка методологија на Лондонскиот економски факултет, ја поддржа промената во терминилогијата, што ја воведе СЗО, велејќи дека тоа требаше да го направат многу порано. – Од почетокот ми се чинеше дека овој избор на зборови не е добар, да збориме за „социјална дистанца“, кога всушност мислиме на „физичка дистанца“, изјави Бауер. Физичкото растојание се мери во метри или сантиметри. Тоа е географско растојание од лицето А до лицето Б, додека социјална дистанца го мери растојанието помеѓу социјалните граници, објаснува Бауер. Бауер изјави дека многу е важно да се прави разлика помеѓу тие два дермини -Добро е што СЗО конечно ја исправи грешката, кога ја помешаа физичката дистанца со социјалната дистанца, додава тој. Во овие необични времиња на (пандемија) вируси, сакаме јасна физичка дистанца (минимално два метри), но во исто време сакаме луѓето да остана блиски едни со други „социјално“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-terminot-fizichka-distanca-e-podobar-od-terminot-socijalna-distanca/feed/ 0