социјална помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Aug 2023 16:23:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png социјална помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Социјалната услуга за помош и нега во домот станува достапна и во Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sotsijalnata-usluga-za-pomosh-i-nega-vo-domot-stanuva-dostapna-i-vo-prilep-krushevo-dolneni-i-krivogashtani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sotsijalnata-usluga-za-pomosh-i-nega-vo-domot-stanuva-dostapna-i-vo-prilep-krushevo-dolneni-i-krivogashtani/#respond Tue, 01 Aug 2023 16:02:55 +0000 https://kurir.mk/?p=862428

На 120 постари лица и лица со намален функционален капацитет од Прилеп, Долнени и Кривогаштани, како и на 60 лица со попреченост, постари и изнемоштени лица кои живеат на територијата на општина Крушево, им станува достапна социјална услуга за помош и нега во домот. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска им ги додели дозволите за вршење дејност од социјална заштита на давателите кои треба да им ја овозможат социјалната услуга на корисниците во споменатите општини. Тоа се: општинската организација на Црвениот крст Крушево, која ќе ја нуди услугата за помош и нега во домот на корисниците во Крушево, како и Центарот за развој и едукација што ќе ја нуди оваа услуга на корисниците од Прилеп, Долнени и Кривогаштани. Воедно, министерката Тренчевска ја искористи оваа прилика за да посети и корисници на новата услуга во нивните домови во селото Лажани, општина Долнени и во селото Слевеј во општина Кривогаштени, каде во непосреден разговор директно се запозна со потребите на овие лица кои не се во можност самостојно да се грижат за себе, како и да ги информира за придобивките од социјалната услуга што тие ќе почнат да ја добиваат. „Луѓето и нивните потреби се она што нѐ водеше во процесот на конципирање и реализација на социјалната реформа, со чија реализација, помеѓу останатото, обезбедуваме квалитетни социјални услуги за оние на кои тие им се најпотребни, онаму каде што тие се чувствуваат најсигурно - во нивните домови. Сакаме да го подобриме квалитетот на живот на овие луѓе и тие да добијат подобра социјална заштита. Тој беше и останува главната цел на социјалната реформа и истовремено тоа е гаранција за нејзиниот успех“, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа ја истакна и втората многу значајна придобивка од социјалата реформа, со чија реализација се креираа можности за вклучување на пазарот на трудот на невработени лица, особено од социјално загрозените категории, кои преку соодветна преквалификација и обука добиваат можност да се стекнат со сертификати за негуватели или друг индивидуален давател на социјална услуга и на таков начин да ја обезбедат стабилни приходи за себе и за своето семејство. Лиценцираните негуватели кои ќе бидат ангажирани за помош и нега во домот секојдневно ќе им помагаат на корисниците полесно да ги извршуваат своите секојдневни активности, почнувајќи од одржувањето на личната хигиена, облекувањето, хранењето, движењето во домот, а ќе обезбедуваат и поддршка при чистење, перење, готвење, набавки на намирници, земање медицинска терапија и слично. Воведувањето на социјалната услуга за помош и нега во домот ја поздравија и градоначалниците на општините Крушево, Долнени и Кривогаштани. Токму децентрализацијата на социјалната заштита и преносот на ингеренциите за спроведување на социјалните услуги од централно на локално ниво, е исто така значен ефект и придобивка од социјалната реформа. Воведувањето на новата социјална услуга е дел од Компонентата 1 на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со финансиска поддршка од Светска банка. Досега се поддржани 34 проекти во 37 општини. Покрај услугата помош и нега во домот, се обезбедуваат и дневни центри за стари лица, дневни центри за престој на лица и деца со попреченост и центри за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост, како и услугата лична асистенција. За давање на услугите засега се обучени 300 лица, а ќе бидат опфатени повеќе од 1200 корисници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sotsijalnata-usluga-za-pomosh-i-nega-vo-domot-stanuva-dostapna-i-vo-prilep-krushevo-dolneni-i-krivogashtani/feed/ 0
Нејзините песни ги знаат сите- додека пејачката зима социјална помош од државата, на Инстаграм се луксузира до бесвест (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nejzinite-pesni-gi-znaat-site-dodeka-pejachkata-zima-socijalna-pomosh-od-drzavata-na-instagram-se-luksuzira-do-besvest-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nejzinite-pesni-gi-znaat-site-dodeka-pejachkata-zima-socijalna-pomosh-od-drzavata-na-instagram-se-luksuzira-do-besvest-foto/#respond Wed, 22 Jul 2020 10:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=379578

Босанската пејачка Селма Бајрами живее во Виена веќе неколку години, но ни прилично толку луксузно, како што често се фали во медиумите. Според српските медиуми поранешната музичка ѕвезда нема постојан приход во Австрија, па од минатата година станала корисник на социјална помош која им се дава на самохраните родители во таа земја. Додека не започна пандемијата на коронавирусот, Селма повремено се појавуваше во и околу Виена, а понекогаш и во соседните земји. Се разбира, таа не добивала големи пари за тоа, како во екот на нејзината слава, но тие пари и биле при рака за големите трошоци за живот во Австрија.
Сепак, според медиумите, таа последниве месеци живее само на социјална помош, поради што размислува да се врати во Босна и Херцеговина. Луѓето кои ја познаваат Селма раскажале дека таа  се пожалила дека нема работа и не знае кога ќе може да работи како порано. Патем, дури и пред коронавирусот, во текот на летната сезона, клубовите работат помалку во Австрија затоа што луѓето потоа одат на одмор. Социјалната помош што ја добива како самохран родител не е голема.
 
View this post on Instagram
 
#jertojenarodmoj #8mart . . . . . . . #imaliikonacrtudamistane #zenasirena #balkansinger #zvjerka

A post shared by Selma Bajrami (@selmabajrami.star) on

Изворот вели дека Бајрами не се жали дека живее напорно, но вели дека во БиХ би и било полесно.
 
View this post on Instagram
 
Kako mi stoji crvena boja?? #ferrari #redferrari #nextcar #luxuscar . . . . . . #luxury #luxurylifestyle #redferrari #ilovethiscar?

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nejzinite-pesni-gi-znaat-site-dodeka-pejachkata-zima-socijalna-pomosh-od-drzavata-na-instagram-se-luksuzira-do-besvest-foto/feed/ 0
Италијански мафијаши примале помош наменета за најсиромашните https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-mafijashi-primale-pomosh-nameneta-za-najsiromashnite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-mafijashi-primale-pomosh-nameneta-za-najsiromashnite/#respond Thu, 21 May 2020 08:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=348605

Стотина мафијаши, членови на калабриската група „Ндрангете“, побарале и добиле социјална помош наменета за најсиромашните граѓани на Италија, кои сега ќе треба да ги вратат, соопшти италијанската полиција. Според калабриската полиција, меѓу 101-те мафијаши кои добиле помош, има и многу богати луѓе блиски до „кумот“ на „Ндрангете“ кои имаат висока хиерархиска должност во организацијата. Меѓу корисниците на таа помош е и Алесандро Панунци, син на „италијанскиот Пабло Ескобар“ Роберт Панунци и зет на еден од главните колумбиски производители на кокаин, се наведува во соопштението, пренесува АНСА. „Италијанските и американските иследници едногласно го сметаат Роберт Панунци за водечки „светски брокер на кокаин, кој се фали дека не брои пари, туку ги мери на вагата“, се посочува во написот. Полициската истрага опфати повеќе од 500 осомничени, но само стотина ќе треба да ја вратат нерегулираната социјална помош, во вкупна вредност од околу 516.000 евра. За социјална помош италијанските власти наменија по 780 евра месечно .]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-mafijashi-primale-pomosh-nameneta-za-najsiromashnite/feed/ 0
Грција: Газдите од своите вработени бараат да им вратат дел од специјалната помош од државата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gazdite-od-svoite-vraboteni-baraat-da-im-vratat-del-od-specijalnata-pomosh-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gazdite-od-svoite-vraboteni-baraat-da-im-vratat-del-od-specijalnata-pomosh-od-drzavata/#respond Thu, 26 Mar 2020 15:40:51 +0000 https://kurir.mk/?p=322658

До синдикатите во Грција стигнале сериозни поплаки дека постојат обиди на некои работодавците да земат дел од специјалната помош во висина од 800 евра што им следува на вработените во рамките на владините мерки за поддршка за справување со економските последици од коронавирусот, објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. ЕРТ, информациите ги поткрепи со објавена аудио снимка од разговор во кој одговорниот, од вработените бара, на специјална сметка на работодавецот да врата 100 од добиените 800 евра. -Сите кои имате право на надомест од 800 евра, согласно законот на Мицотакис, разговарав со сметководителот, од овие 800, треба 100 евра да бидат уплатени на сметка, што ќе ви ја дадам, на работодавецот, општо за штетите, за целиот проблем и за оптовареноста што ја имаше од почетокот на март. Така што, да знаете ќе добиете нето 700 евра, вели одговорниот во разговор со вработените, според аудио документот што го објави ЕРТ, а државната телевизија го добила од синдикатите. Грчката влада, минатата седмица, во рамките на пакетот економски мерки, соопшти дека сите вработени на кои привремено им е прекинат нивниот договор за вработување, поради прекинување на работењето на компанијата по наредбата од државата, ќе добијат надомест од државниот буџет, на почетокот на април, во висина од 800 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gazdite-od-svoite-vraboteni-baraat-da-im-vratat-del-od-specijalnata-pomosh-od-drzavata/feed/ 0
На луѓето без приходи со добивање на социјалните услуги им следува лекување без партиципација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-lugjeto-bez-prihodi-so-dobivanje-na-socijalnite-uslugi-im-sleduva-lekuvanje-bez-participacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-lugjeto-bez-prihodi-so-dobivanje-na-socijalnite-uslugi-im-sleduva-lekuvanje-bez-participacija/#respond Wed, 11 Sep 2019 12:03:47 +0000 https://kurir.mk/?p=239465

Луѓето кои немаат приходи, а имаат потреба од лекување да се пријавуваат за адекватна помош во Центрите за социјална работа со што потоа се ослободуваат од партиципација во здравството. Така социјалните и здравствените сервиси се координирани на национално ниво за да се обезбедат граѓаните кои се без егзистенција. Ова беше одговорот министерката Мила Царовска на новинарско прашања за семејство од Тетово кое се соочува со потешкотии во лекувањето поради немање приход. -Оние што се корисници на минимален адекватен приход или поранешна социјална помош, во законот сега опфатена како гарантиран мининимален приход се ослободени од партиципација како нивните деца така и возрасните. Тоа е во програма на Министерството за здравство. Ние сме целосно во координација затоа што здравствените и социјалните сервиси целосно се се испреплетени на локално ниво. Сите оние лица кои се материјално депривирани или материјално оштетени, немаат приходи, немаат финансиски средства ги повикувам да се обратат во центар за социјална работа да обезбедат гарантиран приход кој што сега е доволен за минимум услуги да се обезбедат во семејството. Тоа се детски додаток, образовен додаток, гарантиран приход и во моментот кога ќе ги обезбедат овие права тие добиваат и бесплатна ослобoдени се од партиципација за специјалистички консулатативни и сите други здравствени прегледи меѓу кои и болничкото лекување. Тоа е регулирано во програма со Министерствотo за здравство, рече Царовска. Министерката потенцира дека во изминатите 2,5 години Владата прави напори да се вработат луѓе во Центрите за социјална работа кои на терен ќе ги регулираат ваквите проблеми на граѓаните. -Има лица кои ќе ја запознаат средината и дневно ниво ќе бидат во комуникација со граѓаните. Социјални политики може да бидат најквалитетни кога се блиску до граѓаните. Имаме вработувања низ сите центри низ Македонија имаме повеќе од 200 вработувања самно во Центри за социјална работи и над 1200 вработувања во градинките за 2,5 години од почеток на мандатот. Затоа што утврдивме дека недостасува кадар. Ако имате немате доволно кадар нема да има квалитетна услуга. Ако се обрати граѓанин до Министерството ние тоа сме го опслужиле,потенцира Царовска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-lugjeto-bez-prihodi-so-dobivanje-na-socijalnite-uslugi-im-sleduva-lekuvanje-bez-participacija/feed/ 0
Васка : Социјалното и државата не фрли на улица 11 деца ранам со леб и маргарин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaska-socijalnoto-i-drzavata-ne-frli-na-ulica-11-deca-ranam-so-leb-i-margarin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaska-socijalnoto-i-drzavata-ne-frli-na-ulica-11-deca-ranam-so-leb-i-margarin/#respond Sun, 24 Feb 2019 17:15:21 +0000 https://kurir.mk/?p=167774

Васка Китановска живее на преиферијата од Скопје. Има 11 деца сопругот и е починат. Секој ден се бори за парче леб, објавува Досие.мк По смртта на сопругот најстариот син позајмил пари за да го погреба татка си кои се уште ги враќа. Во куќата живеат малоленти деца кои немаат основни услови за учење спиење и хигиена. Државата ја укинала социјалната помош од 2700 денари оти најстариот син работел. Целата вест прочитајте ја на Досие ТУКА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaska-socijalnoto-i-drzavata-ne-frli-na-ulica-11-deca-ranam-so-leb-i-margarin/feed/ 0
Бранител од 2001-ва од Прилеп, инвалид заборавен од државата – живее со социјална помош од 1.900 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/branitel-od-2001-va-od-prilep-invalid-zaboraven-od-drzavata-zivee-so-socijalna-pomosh-od-1-900-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/branitel-od-2001-va-od-prilep-invalid-zaboraven-od-drzavata-zivee-so-socijalna-pomosh-od-1-900-denari/#respond Thu, 17 Jan 2019 11:48:34 +0000 https://kurir.mk/?p=153304

Пет години живеат без струја, со социјална помош од само околу 1.900 денари. Јадат еднаш во текот на денот и живеат во куќа пред распаѓање. Ова е тажната животна судбина на Драган и Виданка Спасески од Прилеп. Спасески неможе да стане ниту од кревет. Поради дијабетесот едната нога му е комплетно помодрена, нема пари соодветно да се лекува, објавува Сител. „Претходно се движев малку со патериците, надвор ќе излезев, сега никаде. Ногата тука ми бешпе како изгорена. Докторот Аризанкоски ми рече брат Драган, брат, ова стигнато за на пила“, низ солзи раскажува Спасески. Се хранат само од народната кујна која е оддалечена неколку километри од нивниот дом. „За едно лепче и за две јажици манџа мојата сопруга оди од тука до народната кујна и назад пешки“, додава Спасески. Сопругата понекогаш одела како аргат, но вели дека неможе постојано да го остава сопругот сам. „Тешко е многу. Ја молам државата нешто ако може да помогне, да добие барем некоја пензиичка, не мора голема, помала нека биди“, вели Виданка Спасеска, сопруга на Спасески. Спасески бара итна помош од државата. Се пожали дека иако бил бранител во 2001 година државата воопшто не му помугнала. „Заборавен сум од државата. Иако бев бранител, од државава немам добиено ништо помош, иако и животот го ризикував таму“, рече Спасески. Единствена помош му давале од црквата Свето Благовештение во Прилеп и здружението Прилепски бранители чиј член е и кои вчера му донираа храна. „Нека види целата јавност дека за бранителите никој ништо нема направено, а особено за овие бранители, кои се премногу социјално загрозени и што незнам ниту јас самиот како преживуваат“, рече Гоце Стефаноски, зружение „Прилепски бранители“. Спасески се надева дека државата ќе го слушне нивниот апел и дека ќе им помогне да имаат конечно нормален живот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/branitel-od-2001-va-od-prilep-invalid-zaboraven-od-drzavata-zivee-so-socijalna-pomosh-od-1-900-denari/feed/ 0
Почнува годишната обнова на документи за корисниците на социјална парична помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-godishnata-obnova-na-dokumenti-za-korisnicite-na-socijalna-parichna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-godishnata-obnova-na-dokumenti-za-korisnicite-na-socijalna-parichna-pomosh/#respond Wed, 02 Jan 2019 11:47:05 +0000 https://kurir.mk/?p=147430

Годишната обнова на документи за сите корисници на социјална парична помош почнува од утре, информираше Јавната установа меѓуопштински центар за социјална работа.
Корисниците ќе треба да поднесат ново барање, а потребните обрасци за поднесување ќе ги добијат во Центарот. При поднесување треба да имаат на увид важечка лична карта за себе и за сите полнолетни членови на семејството, а останатата потребна документација Центарот ќе ја прибавува по службена должност. -Основно задолжување во оваа обнова е сите полнолетни членови од семејството задолжително да бидат пријавени во Агенцијата за вработување што ќе биде предуслов за остварување на правото кое се очекува дека ќе се трансформира во гарантирана минимална помош согласно новиот закон за социјална заштита кој набргу треба да биде донесен, информираат од Центарот. Обновата на документите трае заклучно со 28 јануари 2019 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-godishnata-obnova-na-dokumenti-za-korisnicite-na-socijalna-parichna-pomosh/feed/ 0
Царовска од опозиција ветуваше социјална помош од 12.000 денари, за две години покачена само 40 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-od-opozicija-vetuvashe-socijalna-pomosh-od-12-000-denari-za-dve-godini-pokachena-samo-40-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-od-opozicija-vetuvashe-socijalna-pomosh-od-12-000-denari-za-dve-godini-pokachena-samo-40-denari/#respond Fri, 29 Jun 2018 15:58:53 +0000 https://kurir.mk/?p=71296

Социјалната парична помош, за да може да ја врши улогата за којашто е наменета, треба да изнесува 6.000 денари за поединец или 12.000 за четиричлено семејство. Ние ветуваме дека примателите на социјална парична помош ќе живеат достоинствено и ќе може да си ги обебзедат основните потреби за пристоен живот, ова го изјави тогашната опозиционерка, а сегашна министерска за труд и социјална политика Мила Царовска на 23-ти јули 2016 година непосредно пред СДСМ да ја превземе власта. Ова е само едно од низата на лажни и нерални ветувања кои претставниците на тогашната опоцизија им ги даваа на граѓаните. За да биде сликата потрауматична Царовска оваа изјава ја даваше во импровизираниот камп кој се наоѓа под Кале па дури и ги повикуваше тогашниот премиер Никола Груевски и тогашниот министер Диме Спасов да им објаснат на луѓето како може да живеат со 2.831 односно 6.000 денари социјална помош. За волја на вистината ниту кампот се тргна од под Кале, таму сеуште живеат десетици семејства на Роми, ниту социјалната помош достигна 6.000 денари за поединец или 12.000 за четиричлено семејство. Податоците од министерството со кое раководи Царовска ја покажуваат нејзината неспособност, но и лага да го одржи ветувањето кои им го даваше на граѓаните кои припаѓаат во загрозената категорија. Социјалната помош за 2018-та година за лице изнесува 2.871 денар додека за четиричлено семејство изнесува 6.057 денари. Ваков дебакл, Царовска не ни можеше да помисли дека ќе и се случи. Социјалната помош пораснала за само 40 денари односно 57 денари. Разликата помеѓу ветеното и оствареното е 3.129 односно 5.943 денари. Но неисполнувањето на ветувањата на СДСМ, а посебно на Царовска не е ништо ново. Таа повеќе пати покажа дека не само што не е кадарна да го води едно од најсложените министерства туку и нема ниту идеја и визија како да го води ресорот со кој е задолжена. Токму во нејзиното министерство се појавија скандали со дечињата од домот “25-ти Мај“, каде постојано исчезнуваа штитениците, а дури и имаше случај на бремено девојче кое било принудено да се проституира. Царовска не поднесе никаква одоговорност ниту за овој случај, а нема ни да поднесе ниту за овие лажни ветувања што им ги ветуваше на граѓаните во обид да го добие нивниот глас. Проектите што се направени во периодот 2006-2016-та година за социјално загрозените категории на граѓаните се огромни. Прво се спроведе отпис на долгови каде 14.000 лица добија отпис во вредност од 1.798.493.393 денари. Потоа се обезбеди обезбедување на условен паричен надоместок за средно образование, кој се исплаќа за ученици кои редовно посетуваат настава и се од домаќинствата корисници на социјална парична помош. Дополнително за секое семејство кое корисник на социјална помош добива неповратни финансиски средства за покривање на дел од трошоците за потрошена енергија, се додава во соопшетнието. Се донесе мерка за вработување на 1.600 лица во јавната администрација од социјално загрозените семејства, беа ослободени корисниците на социјална и постојана парична помош од плаќање на радиодифузна такса. Се обезбеди пакет на мерки за помош и поддршка на децата без родители и родителска грижа, воведени се нови права за лицата со инвалидност како и бесплатно летување и зимување за над 12.000 деца од семејства во социјален ризик. Ова се само дел од мерките кои ги направи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2006-2016 година. Овие мерки што се воведени се со цел подобрување на граѓаните кои припаѓаат на загрозени групи имаа за цел да им го олеснат животот и подобра  интеграција во општеството. Манипулациите од Царовска тогаш и сега се препознаени од граѓаните. Ветувањата кои ги даваа СДСМ во предизборниот период се покажуваат дека не само што се тешко достижни туку се граничат со научна фантазија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-od-opozicija-vetuvashe-socijalna-pomosh-od-12-000-denari-za-dve-godini-pokachena-samo-40-denari/feed/ 0
Поранешниот телохраните на Бин Ладен прима социјална помош во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-telohranite-na-bin-laden-prima-socijalna-pomosh-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-telohranite-na-bin-laden-prima-socijalna-pomosh-vo-germanija/#respond Tue, 24 Apr 2018 13:59:21 +0000 https://kurir.mk/?p=45451

Поранешниот телохранител на Осама бин Ладен, Сами А., веќе со години мироно живее со семејството во Берлин и прима социјална помош, откако германски суд донесе одлука дека не смее да биде протеран во родниот Тунис. Партијата Алтернатива за Германија до покраинската Влада на Северна Рајна Вестфалија упати прашање за него, по што доби одговор дека Сами А. месечно прима над 1000 евра државна помош. Освен тоа добива и околу 150 евра по дете и други видови помош. Сами А. од 1997 година живее во Германија и важи за опасна личност, која е под постојана присмотра и секојдневно мора да се јавува во полиција.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-telohranite-na-bin-laden-prima-socijalna-pomosh-vo-germanija/feed/ 0