социјални медиуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Oct 2021 09:23:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png социјални медиуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истражување: Негативното го надминува позитивното на социјалните медиуми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-negativnoto-go-nadminuva-pozitivnoto-na-socijalnite-mediumi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-negativnoto-go-nadminuva-pozitivnoto-na-socijalnite-mediumi/#respond Mon, 11 Oct 2021 09:23:13 +0000 https://kurir.mk/?p=576937

Поверојатно е дека политичките објави на социјалните медиуми ќе станат вирални доколку во нив се критикуваат противниците, во споредба со оние што се поддржува колега со ист политички став, покажа британска студија. Аналитичарите од Кембриџ проучуваа речиси три милиони твитови и објави на Фејсбук од американските медиуми и политичари и открија дека оние во кои се исмејуваат ривали ќе бидат двојно почесто споделени од објавите што поддржуваат колега од ист политички спектар. Исто така, беше откриено дека објавите за политичките противници добија повеќе од двојно лути емотикони од „лајкови“ на афирмативни објави. Резултатите се објавени во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences, пренесува Хина. – Удирањето по политички противник е најдобриот показател дека објавата ќе стане вирална. Истото важи и за оние што се наклонети кон демократите и оние кон републиканците, без разлика дали се работи за Фејсбук или Твитер, вели авторот на студијата Стив Ратје од Кембриџ. – Социјалните мрежи не држат максимално ангажирани поради продажбата на реклами. Таквиот бизнис модел на крајот ги наградува политичарите и медиумските компании кои произведуваат содржина со цел поттикнување поделба, додаде тој. – Нашата студија сугерира дека чувствата на омраза многу повеќе го привлекуваат вниманието на корисниците отколку позитивните емоции во кои се изразува љубов, што веројатно поттикнува опасна политичка клима, заклучи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-negativnoto-go-nadminuva-pozitivnoto-na-socijalnite-mediumi/feed/ 0
Истражување: Социјалните медиуми како извор на вести во 2021 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/istrazuvanje-socijalnite-mediumi-kako-izvor-na-vesti-vo-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/istrazuvanje-socijalnite-mediumi-kako-izvor-na-vesti-vo-2021-godina/#respond Wed, 29 Sep 2021 09:05:23 +0000 https://kurir.mk/?p=569921

Речиси половина (48 отсто) од возрасните Американци велат дека добиваат вести од социјалните медиуми „често“ или „понекогаш“, што претставува пад од 5 процентни поени од 2020 година, според студијата на Истражувачкиот центар Пју (Pew Research Center) спроведена во периодот од 26 јули до 8 август годинава. На прашањето дали корисниците редовно добиваат вести од социјалните медиуми, околу една третина од Американците (31отсто) одговориле дека редовно добиваат вести на Фејсбук, додека секој петти (22 отсто) редовно се информира за новостите од Јутјуб. Твитер и Инстаграм се редовни извори на вести за 13 отсто, односно 11 отсто од Американците. Другите социјални медиуми се со помала веројатност да бидат редовен извор на вести. Помалку од еден од десет Американци велат дека редовно бараат вести на Редит (7 отсто), ТикТок (6 отсто), Линкедин (4 отсто), Снапчет (4 отсто), ВатсАп (3 отсто) и Твич (1 отсто). Процентот на Американци кои редовно добиваат вести од овие страници остана во голема мера непроменет од 2020 година, иако делот на граѓани информирани од Фејсбук е малку намален (36 отсто во 2020 година наспроти 31 отсто во 2021 година). Анализата на корисниците на социјалните медиуми, кои редовно добиваат вести од таму, покажува дека некои се истакнуваат како „поновинарски“, дури и ако нивната публика е релативно мала. Твитер, на пример, го користат 23 отсто од возрасните во САД, но повеќе од половина од овие корисници (55 отсто) редовно бараат вести таму. Од друга страна, Јутјуб, иако е широко користен, има помалку корисници кои бараат вести (30 отсто). Луѓето кои редовно примаат вести на Фејсбук се убедливо повеќе жени отколку мажи (64 отсто наспроти 35 отсто), додека две третини од редовните корисници на вести на Редит се мажи. Мнозинството редовни корисници на Линкедин вести (57 отсто) имаат универзитетска диплома. Помладите Американци, на возраст од 18 до 29 години, повеќе добиваат вести од Снапчет и ТикТок, отколку членовите на другите возрасни групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/istrazuvanje-socijalnite-mediumi-kako-izvor-na-vesti-vo-2021-godina/feed/ 0
Над 97% од граѓаните на социјалните медиуми пристапуваат од мобилен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-97-od-gragjanite-na-socijalnite-mediumi-pristapuvaat-od-mobilen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-97-od-gragjanite-na-socijalnite-mediumi-pristapuvaat-od-mobilen/#respond Thu, 03 Jun 2021 05:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=518350

Граѓаните на интернет најчесто пристапуваат преку своите мобилни телефони, а најпосетувани страници се Гугл и ЈуТјуб. Околу 57,6 проценти од населението во Македонија или 1,2 милиони граѓани во 2020 година активно ги користеле социјалните медиуми. Најголемиот дел од нив 97,2 проценти за пристапување на социјалните медиуми ги користеле своите мобилни телефони, покажуваат податоците на Глобалниот дигитален извештај 2021. Над 76 проценти од граѓаните на возраст над 15 години во 2020 година рекле дека имаат електронска сметка од некоја банка, наспроти само 20 проценти кои рекле дека купувата и плаќаат сметки преку интернет. Според извештајот достапен на DataReportal.com, 82 проценти или 1,71 милион луѓе користеле интернет во Северна Македонија во 2020 година, што е раст од 1,2 проценти во однос на 2019 година. Најголем дел од корисниците на интернет пристапувале од своите мобилни телефони – 56,4%, наспроти 42,5% од десктоп или лаптоп компјутер. Само 1,1 процент за сурфање на интернет користеле таблет уред, додека 0,04 % тоа го правеле од некоја конзола за играње. За пребарување на интернет од било кој уред граѓаните најмногу го користеле Гугл хром – 77,8 проценти, потоа Сафари – 10,9 проценти, Мозила Фајарфокс – 4,3 проценти, Самсунг интернет – 2.9%, Мајкрософт Едџ – 1,8%, Опера – 1,3% и Интернет Експлорер – 0,5 проценти. Најмногу од граѓаните или 81 процент користат Андроид смартфон, додека 18,8 проценти Епл. Интересно е дека Епл во изминатата година бележи раст од 31 процент, додека Андроид пад од 5 проценти на вкупниот број на корисници во нашата земја. Македонските граѓани во 2020 година на интернет најмногу ги посетувале Гугл, ЈуТјуб, Реклама5, Тајм.мк и Фејсбук, додека најчесто пребарувани поими на Гугл се – превод, Гугл, Фејсбук, ЈуТјуб, резултати, временска прогноза …, Најпребарувани поими на видео платформата ЈуТјуб се Задруга, филм, ГП, Преспав и музика, а во топ 20 се и Биби, Дајте музика и Фортнајт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-97-od-gragjanite-na-socijalnite-mediumi-pristapuvaat-od-mobilen/feed/ 0
Како да го намалите времето поминато на социјалните медиуми во три лесни чекори https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-go-namalite-vremeto-pominato-na-socijalnite-mediumi-vo-tri-lesni-chekori/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-go-namalite-vremeto-pominato-na-socijalnite-mediumi-vo-tri-lesni-chekori/#respond Mon, 24 Aug 2020 14:35:26 +0000 https://kurir.mk/?p=394756

Социјалните мрежи имаат неверојатни придобивки ако ги користиме правилно. Покрај тоа што ни овозможуваат да се поврземе лесно и брзо со луѓе кои се далеку од нас, тие се покажаа и како одлична алатка за активизам, се одлични во борбата против неправдата и се исклучително корисни во ширењето на релевантни содржини. Но, од друга страна, социјалните медиуми можат да бидат многу исцрпувачки. Ако сте фатени во мрежа на споредување, бесцелно и непотребно гледање на празна содржина – сигурни сме дека ви треба пауза од тој виртуелен свет. Да се ​​одмори од социјалните медиуми, од кои многу луѓе се зависници, не е лесно дури и кога се чувствувате презаситени. Ви донесуваме три едноставни чекори за да ви помогнеме да ја намалите употребата на социјалните медиуми. Отстранете ги апликациите Еден од најлесните начини да се намали употребата на социјални мрежи е дефинитивно да ги избришете апликациите од вашиот паметен телефон. Чувајте ги апликациите што ви се потребни, како апликации што ги користите за да добивате или да одговарате на електронска пошта. Отстранувањето на апликациите не мора да биде трајно. Но, ако сакате време да се одморите и не можете да не се најавите на Фејсбук или Инстаграм откако ќе одговорите на поштата, привремено бришење апликации ќе ви го донесе мирот што го сакате. Направете распоред за употреба Дали понекогаш социјалните мрежи ве привлекуваат во виртуелниот свет толку многу што губите време? Не грижете се, не сте единствените на кои им се случило тоа. Проблемот е што сето ова може негативно да влијае на вашата продуктивност и употреба на слободно време. Затоа, ако сакате да бидете попродуктивни и да го искористите слободното време за хоби, закажете распоред за користење на социјалните медиуми. Изберете внимателно По бришење апликации или креирање распоред за користење социјални медиуми, изберете ја содржината што сакате да ја апсорбирате внимателно. Доколку ве интересираат најновите информации поврзани со COVID-19, прочитајте од доверливи извори и држете се настрана од страниците на Твитер и Фејсбук што шират дезинформации. Кога користите Интернет, слушајте ја вашата омилена музика и читајте текстови што ќе ве направат да се чувствувате подобро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-go-namalite-vremeto-pominato-na-socijalnite-mediumi-vo-tri-lesni-chekori/feed/ 0