Соединети американски држави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jul 2018 17:56:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Соединети американски држави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голема трагедија во САД: Најмалку 17 загинати туристи откако брод се преврти поради бура https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golema-tragedija-vo-sad-najmalku-17-zaginati-turisti-otkako-brod-se-prevrti-poradi-bura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golema-tragedija-vo-sad-najmalku-17-zaginati-turisti-otkako-brod-se-prevrti-poradi-bura/#respond Fri, 20 Jul 2018 17:45:13 +0000 https://kurir.mk/?p=79319

Властите во Соединетите Американски Држави ги пронајдоа телата и на последните четири лица кои исчезнаа кога на езеро во Мисури се превртел брод, со што бројот на загинати порасна на 17. Туристичкиот брод се преврте на езерот Тејбл Рок, кај Бренсон, во американската држава Мисури. Спасени се 14 туристи, од кои седум се здобиле со повреди, пренесува АП. Популарното летувалиште Бренсон, покрај кое е вештачкото езеро Тејбл Рок, се наоѓа на околу 320 километри југоисточно од Канзас Сити. До превртувањето на бродот дошло поради силна бура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golema-tragedija-vo-sad-najmalku-17-zaginati-turisti-otkako-brod-se-prevrti-poradi-bura/feed/ 0
Трамп и Ким потпишаа историски договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-kim-potpishaa-istoriski-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-kim-potpishaa-istoriski-dogovor/#respond Tue, 12 Jun 2018 07:47:55 +0000 https://kurir.mk/?p=64794

Лидерите на Соединетите Американски Држави и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун потпишаа договор по историските разговори кои се одржаа во Сингапур. Двајцата лидери во собата каде што го потпишаа договорот пристигнаа заедно. Трамп изјави дека беше потпишан „многу важен, прилично сеопфатен договор“. -Денеска го одржавме историскиот состанок и одлучивме историјата да ја оставиме зад нас. Светот ќе види голема промена. Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Трамп поради овој состанок, изјави Ким. По давањето на изјави, двајцата се ракуваа и го потпишаа документот. Британски Гардијан пишува дека се уште не е јасно што е потпишано. Трамп изјави дека за кратко се ќе стане појасно и оти тој ќе договорот ќе го дискутира на прес-конференција која треба да се одржи денеска, но и дека договорот е „сеопфатен“. -Многу добра волја се искористи за ова, многу работа, многу подготовки. Многу сме горди за ова што се случи денеска, изјави Трамп. Вели дека врската меѓу светот и Северна Кореја ќе се смени со овој договор. -Ние ќе се погрижиме за многу големиот и многу опасен свет, рече Трамп. Трамп го игнонираше новинарското прашање за Ото Вармбир, американскиот студент кој беше држен во работнички камп во Северна Кореја и почина многу кратко откако се врати во САД. Ким, исто така, избегна да одговори на прашањето дали има волја да се откаже од нуклеарното оружје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-kim-potpishaa-istoriski-dogovor/feed/ 0
Трамп и Ким испишаа нова страна на историјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-kim-ispishaa-nova-strana-na-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-kim-ispishaa-nova-strana-na-istorijata/#respond Tue, 12 Jun 2018 07:28:46 +0000 https://kurir.mk/?p=64774

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер, Ким Џон-ун денеска на самитот во Сингапур потпишаа заеднички документ, по што Трамп изјави дека процесот на денуклеризација на Северна Кореја почнува „многу, многу брзо“, а Ким се опрости од американскиот претседател и замина од Сингапур. Неименуван американски претставник за Си-Ен-Ен претходно наведе дека се работи за „договор со кој се потврдува напредокот во разговорите и ветување да се продолжи со истото темпо“. Трамп и Ким се обидоа да покажат доминација, но беа нервозни Во првите моменти на почетокот на самитот во Сингапур, Трамп и Ким се обидоа да се претстават како доминантни, но покажаа анкциозност, пишува Ројтерс во анализа за говорот на телото на двајцата лидери. Според експертот за говор на телото, за време на 13. секунди, колку што Трамп за прв пат се ракуваше со Ким, американскиот претседател вообичаено се обидуваше да ја покаже својата доминација со тоа што прв пружи рака и го потчукна за рамо севернокрорејскиот лидер. Во која храна уживаа Трамп и Ким на работниот ручек? Бавно печени говедски ребра и слатко-кисело-крцкаво свинско беа, меѓу другото, денеска на менијата на работниот ручек меѓу Трамп и Ким, на кој беа комбинирани вкусови од истокот и западот за време на историскиот самит меѓу двајцата лидери во Сингапур. На менито, како што објави Белата куќа, Трамп и Ким можеа да уживаат во многубројните предјадења, меѓу кои беа коктел од шкампи, салата од авокадо, салата од зелено манго со прелив од лимон и мед, како и корејско јадење со полнета крастивица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-kim-ispishaa-nova-strana-na-istorijata/feed/ 0
Ким-Трамп самит: Северна Кореја се надева на промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-tramp-samit-severna-koreja-se-nadeva-na-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-tramp-samit-severna-koreja-se-nadeva-na-promeni/#respond Mon, 11 Jun 2018 10:27:12 +0000 https://kurir.mk/?p=64489

Неодамна објавените коментари претставуваат промена на тонот пред долгоочекуваниот самит меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Кореја. Севернокорејските државни медиуми ја споменуваат можноста дека оваа изолирана земја ќе „воспостави нов однос“ со САД. Ова е објавено ден пред историскиот состанок меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и Доналд Трамп. Овие коментари претставуаат промена на тонот по децении непријателство. Од друга страна, Трамп изјави дека има „добро чувство“ во врска со долгоочекуваниот сами.   Двајцата лидери пристигнаа во Сингапур, што е прв состанок меѓу американски претседател и севернокорејски лидер. Трамп твитна во изутрината дека во оваа азиска земја чувствува возбудување во воздухот, пред самитот. Се надева дека со оваа средба ќе почне процес кој на крајот ќе доведе до тоа Ким да се откаже од нуклеарното оружје. Меѓутоа, очекувањата на Северна Кореја не се толку јасни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-tramp-samit-severna-koreja-se-nadeva-na-promeni/feed/ 0
САД во СБ на ОН блокираа коминике за судирите во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-sb-na-on-blokiraa-kominike-za-sudirite-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-sb-na-on-blokiraa-kominike-za-sudirite-vo-gaza/#respond Tue, 15 May 2018 08:39:13 +0000 https://kurir.mk/?p=54250

САД го блокираа усвојување на коминике во Советот за безбедност на ОН со кое се повикува на итна истрага за вчерашните смртоносни судири во Појасот Газа. Во отфрлениот текст Советот за безбедност ја изразуваше својата вознемиреност од смртта на палестинските цивили, кои го користеле своето право на мирен протест. Во текстот се бараше независна и транспарентна истрага за трагичните настани. - Советот за безбедност потврдува дека секоја одлука или потег кој претендира да го промени карактерот, статусот или демографскиот состав на светиот град Ерусалим нема никакви правни последици и треба да биде спречено согласно соодветните резолуции во Советот за безбедност, се наведува во блокираниот документ. Над 40.000 Палестинци вчера учествуваа во протести во Појасот Газа во близина на границата со Израел против преместувањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим. Според последни податоци, израелските вооружени сили убиле најмалку 58 и повредиле 2.771 Палестинци, соопшти палестинското Министерството за здравство. Вкупно 1373 од повредените имале прострелни рани. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-sb-na-on-blokiraa-kominike-za-sudirite-vo-gaza/feed/ 0
Трамп во посета на Велика Британија на 13 јули https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-vo-poseta-na-velika-britanija-na-13-juli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-vo-poseta-na-velika-britanija-na-13-juli/#respond Thu, 26 Apr 2018 16:48:13 +0000 https://kurir.mk/?p=46611

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посети Велика Британија на 13 јули, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс. Претходно планираната посета на Британија, беше откажана во јануари. Информацијата ја потврдија и британскиот амбасадор во САД, Ким Дарк и од Даунинг стрит. „Претседателот Трамп ќе ја посети Велика Британија на 13 јули. Ќе има билатерални разговори со премиерката Тереза Меј за време на посетата“, се вели во соопштение од Даунинг стрит. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-vo-poseta-na-velika-britanija-na-13-juli/feed/ 0
Можен Самит Јужна Кореја и САД пред средбата Трамп – Ким https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mozen-samit-juzna-koreja-i-sad-pred-sredbata-tramp-kim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mozen-samit-juzna-koreja-i-sad-pred-sredbata-tramp-kim/#respond Wed, 25 Apr 2018 07:22:47 +0000 https://kurir.mk/?p=45701

Пред средбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со американскиот претседател Доналд Трамп, неименуван јужнокорејски претставник изјави дека најверојатно ќе има Самит на Јужна Кореја и САД во средината на мај. Јужнокорејската претседателска палата  Сина куќа соопшти дека јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и Трамп телефонски ќе разговараат по завршувањето на Самитот на двете Кореи в петок. Трамп претходно најаци дека со Ким најверојатно ќе се сретне во мај или на почетокот од јуни. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mozen-samit-juzna-koreja-i-sad-pred-sredbata-tramp-kim/feed/ 0
ВИДЕО: Националната гарда почна да се распоредува на американско-мексиканската граница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nacionalnata-garda-pochna-da-se-rasporeduva-na-amerikansko-meksikanskata-granica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nacionalnata-garda-pochna-da-se-rasporeduva-na-amerikansko-meksikanskata-granica/#respond Tue, 10 Apr 2018 08:07:42 +0000 https://kurir.mk/?p=38411

Околу 1.600 припадници на американската Национална гарда почнаа да се распоредуваат на американско-мексиканската граница. Како што соопштија властите, се очекува да стигнат уште припадници. Калифорнија е една од пограничните држави кои се уште немаат соопштено дали ќе прати свои трупи или не. Американскиот претседател, Доналд Трамп најави во минатата недела дека ќе прати од 2 до 4.000 припадници на гардата на границата со Мексико, за да ја заштити границата на САД од илегални мигранти. Овој потег уследи откако во изминатиот период голем број мигранти, најголемиот дел од Хондурас пеш се упатија кон САД.     ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nacionalnata-garda-pochna-da-se-rasporeduva-na-amerikansko-meksikanskata-granica/feed/ 0
По Европа на мета е САД: Голема група мигранти се движи кон американската граница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-evropa-na-meta-e-sad-golema-grupa-migranti-se-dvizi-kon-amerikanskata-granica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-evropa-na-meta-e-sad-golema-grupa-migranti-se-dvizi-kon-amerikanskata-granica/#respond Tue, 03 Apr 2018 13:15:50 +0000 https://kurir.mk/?p=35804

Карванот со мигранти од земјите од Централна Америка, што пред 10 дена се упати кон САД, продолжи да се движи низ мексиканската територија и покрај предупредувањата на американскиот претседател Доналд Трамп за санкции кон Мексико доколку не преземе мерки за запирање на мигрантскиот прилив кон север. Во карванот се наоѓаат околу илјада мигранти, во најголемиот број од Хондурас, кои се упатија пеш кон мексиканско-американската граница. Група од стотина мигранти се одвои од карванот и се качи на еден товарен воз во надеж дека така полесно ќе ја минат границата и ќе влазат во САД. Друга група мигранти пак застанаа во еден спортски комплекс во мексиканската сојузна држава Оахака, најавуввајќи дека планираат да побараат транзитна или хуманитарна виза. Дел од нив изјавија дека утре или в четврток ќе се упатат кон мексиканската држава Пуебла и тоа најверојатно со автобуси. Локалните власти им понудија сместување на мигрантите на плоштадите и во празни магацини, а некои дури најавија дека ќе им обезбедат превоз со автобуси и други возила. Претставникот на групата за заштита на правата на мигрантите „Пуебло Син Фронтерес“, Родриго Абеха изјави дека ваквата понуда на локалните власти не е од алтруистички мотиви, туку дека тие сакаат мигрантите што побрзо да ги напуштат нивните градови. Мигрантите на 25 март тргнаа од местото Тапукали на мексиканско-гватемалската граница кон САД, на пат долг 3.200 километри. Дел од нив тврдат дека имаат намера да аплицираат за виза за влез во САД, додека други најавуваат дека ќе се обидат илегално да влезат во земјата. Трамп во неделата предупреди дека „кон САД доаѓа карван со мигранти“ и дека состојбата станува „се поопасна“. Тој воедно му се закани на Мексико дека ќе ја запре американската помош за земјата, доколку мексиканските власти не преземат мерки за спречување на мигрантите во нивниот обид да стигнат до САД. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-evropa-na-meta-e-sad-golema-grupa-migranti-se-dvizi-kon-amerikanskata-granica/feed/ 0