соеви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Mar 2022 15:16:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png соеви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германски инфектолог тврди: Ќе има нови варијанти на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanski-infektolog-tvrdi-kje-ima-novi-varijanti-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanski-infektolog-tvrdi-kje-ima-novi-varijanti-na-koronavirusot/#respond Fri, 18 Mar 2022 15:40:02 +0000 https://kurir.mk/?p=649683

Новите варијанти уште побрзо ќе се шират, но неочекуваме тешка клиничка слика, објаснува германскиот инфектолог Андреј Трампуж. Она што во Германија се разгледува и подготува како здравствена стратегија е есента. Тие се загрижени дека 75 проценти вакцинирано население не се доволни за идните битки по летото со ковидот каде очекуваат дека ќе се вратат алфа и делта соевите. Со мала имунизација вируост има голема слобода во мутацијата, вели професорот Трампуж. -Ние немаме вакцини кои би биле ефективни кон омикрон, но кон оваа варијанта не е потребна посебна вакцина. Мора да се заштитиме кон оние варијанти кои се опасни. Фармацевстската индустрија работи на нови вакцини, но таа нова вакцина ќе има заштита најмногу кон алфа, делта и вуханската варијанта и помалку за омикронската варијанта како би имале со една вакцина што е можна многу подобра заштита. Што помалку има вакцинирани или колку е подолг временскиот рок од последната примена вакцина значи имунитетот се намалил тогаш било која варијанта има можност да се шири. Во Германија се дава четврта доза кај старите луѓе со цел до есен да се спречи да се шири некоја друга варијанта која би можела да биде многу поопасна од сегашната. Германскиот инфектолог вели дека заразените со омикорн имаат слаб имунитет за во иднина и може повторно во краток период да се заразат. Според него подобро е да се вакцинираат и прележаните со цел да имаат уште подобар имунитет. - Најдобро што сега може да се случи во наредните месеци е да сме три или четири пати вакцинирани и плус да се инфицираме, вирусот во тој случај не е опасен и тоа е најдобриот можен имунитет како би поминале кон наредната зима без затворање и ризик за оние кои ние кажуваме со покревко општо здравје, старите луѓе и оние со хронични болести. Во Германија има пораст на заразени со омикрон само денеска има 300 илјади. Во Германија се уште се дебатира дали вакцинацијата да биде задолжителна. Трампуж вели дека засега задолижителни три дози се само кај медицинскиот персонал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanski-infektolog-tvrdi-kje-ima-novi-varijanti-na-koronavirusot/feed/ 0
Соевите на коронавирусот добија нови официјални имиња – алфа, бета, делта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soevite-na-koronavirusot-dobija-novi-oficijalni-iminja-alfa-beta-delta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soevite-na-koronavirusot-dobija-novi-oficijalni-iminja-alfa-beta-delta/#respond Tue, 01 Jun 2021 12:59:05 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517703

Светската здравствена организација одлучи да ги нарече верзиите на коронавирусот по букви од грчката азбука, во обид да се поедностави изговорот и да се избегне стигматизација на земјите што го пријавуваат новиот вид. Така, на четирите варијанти на коронавирус, кои агенцијата на ООН ги смета за загрижувачки и кои во јавноста се општо познати како британски, јужноафрикански, бразилски и индиски, сега добија букви Алфа, Бета, Гама, Делта според редоследот на откривање, Пренесува Ројтерс. Другите варијанти продолжуваат понатаму по азбучен ред. СЗО откри нови имиња во понеделникот по критиките дека имињата како B.1.351, 501I.V2 и 20H / 501I.V2, биле премногу сложени. Изборот на грчката азбука следеше по неколкумесечни размислувања во кои експертите разгледуваа други можности, како што се грчки богови и измислени псевдо-класични имиња, според бактериологот Марк Пален, кој беше вклучен во разговорите. Историски гледано, вирусите честопати биле поврзани со места за кои се претпоставува дека потекнуваат, како што е еболата, именувана по истоимената река Конго. Но, ова може да биде штетно за местата и честопати неточно, како што беше случајот со таканаречената пандемија „шпански грип“ од 1918 година, чие потекло е непознато, според агенцијата. „Ниту една земја не треба да се жигосува за откривање и пријавување на варијанти“, рече епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soevite-na-koronavirusot-dobija-novi-oficijalni-iminja-alfa-beta-delta/feed/ 0
СЗО ги смени имињата на мутациите на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-gi-smeni-iminjata-na-mutaciite-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-gi-smeni-iminjata-na-mutaciite-na-koronavirusot/#respond Tue, 01 Jun 2021 05:54:54 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517441

СЗО ги смени имињата на мутациите на коронавирусот, пишува Би-Би-Си. Британскиот, индискиот и останатите соеви отсега ќе бидат именувани според букви. Така британскиот вид, на пример, е наречен Алфа, додека јужноафриканскиот стана Бета. Индискиот сега е Делта. СЗО објаснува дека ова ќе го поедностави именувањето на новите соеви, но, исто така, сака да ја отстрани стигматизацијата од некои имиња. Така, на пример, на почетокот на овој месец индиската Влада го критикуваше именувањето на видот Б.1.617,2 според државата, откако, имено, тој стана индиски вид. СЗО сака да избегне вирусот да биде поврзан со одредена држава, што беше случај досега. -Ниту една земја не смее да биде жигосана затоа што детектирала и објавила податоци за соевите, на Твитер порача Марија Ван Керхове од СЗО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-gi-smeni-iminjata-na-mutaciite-na-koronavirusot/feed/ 0
Од почеток на епидемијата во Македонија потврдени 20-тина соеви на коронавирус, еве дали британскиот е меѓу нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-pochetok-na-epidemijata-vo-makedonija-potvrdeni-20-tina-soevi-na-koronavirus-eve-dali-britanskiot-e-megju-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-pochetok-na-epidemijata-vo-makedonija-potvrdeni-20-tina-soevi-na-koronavirus-eve-dali-britanskiot-e-megju-niv/#respond Mon, 25 Jan 2021 10:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=459457

Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика Британија во нашата земја. Овие наоди се базирани на податоците од лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ добиени при анализа на геномите на близу 180 SARS-CoV-2 вируси кај пациенти од Република Македонија дијагностицирани во периодот јуни 2020 – 11 јануари 2021 година. Во лабораторијата во Македонска академија на науките и уметностите се врши секвенционирање на целиот геном на вируси детектирани кај пациенти со КОВИД-19 од нашата држава со цел да се утврдат соевите на вирусот кои циркулираат во нашата популација, начинот на нивното ширење и можната корелација со различната клиничка презентација на болеста. Последните податоци се однесуваат на анализа на 50-тина геноми во периодот декември 2020 - 11 јануари 2021 година. Од Министерството соопштуваат дека од почетокот на пандемијата досега се анализирани близу 180 вирусни геноми при што е утврдено присуство на 20-ина соеви на вирусот. Соевите се изолирани од пациенти од различни градови од државата. Од присутните соеви на вирусот, два (B.1.1 и B.1.1.70) се доминантни во нашата популација, присутни кај >75% од пациентите. И двата соја се присутни од почетокот на пандемијата, од кои B.1.1 сојот (присутен во цела Европа, а со највисока застапеност во Грција, Италија, Австрија, Шведска, Турција, Русија итн) има стабилна фрекфенција, додека фреквенцијата на B.1.1.70 сојот (присутен со повисока фреквенција во Србија, Хрватска, Косово) се зголемува во последните месеци и во моментот е доминантен кај анализираните пациенти. Ова зголемување кај B.1.1.70 сојот корелира со присуство на дополнителна мутација (Q677H) во -S-генот (spike протеинот) на вирусот која е за првпат детектирана во јуни 2020 кај пациент со COVID-19 од Охрид и овој варијантен сој е доминантен од месец ноември наваму во нашата земја. Истиот во меѓувреме е детектиран со ниска фреквенција и во неколку други земји, меѓу кои Швајцарија и Данска. И покрај тоа што не се направени функционални испитувања на оваа варијанта, согласно епидемилошките податоци за стивнување на епидемијата во нашата земја во последниот период, се претпоставува дека варајантниот сој не е поврзан со зголемена трансмисивност ниту пак со тежината на клиничката слика на заболените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-pochetok-na-epidemijata-vo-makedonija-potvrdeni-20-tina-soevi-na-koronavirus-eve-dali-britanskiot-e-megju-niv/feed/ 0