Софија Филипиду – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jan 2023 13:46:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Софија Филипиду – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ostvari-sredba-so-ambasadorkata-na-grtsija-sofija-filipidu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ostvari-sredba-so-ambasadorkata-na-grtsija-sofija-filipidu/#respond Mon, 16 Jan 2023 13:46:11 +0000 https://kurir.mk/?p=787979

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски заедно со секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски денеска (16.01.2023) остварија средба со амбасадорката на Република Грција во Македонија, Софија Филипиду. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања, како и економската состојба. Мицкоски на средбата истакна дека евроинтеграциите на Македонија мора да бидат врз основа на мерливи Копенхашки критериуми, а не врз основа на понатамошни поткопувања на македонскиот идентитет. Во врска со уставните измени, претседателот Мицкоски потенцираше никој нема добиено мандат на избори за истите и дека ВМРО-ДПМНЕ, но и мнозинството граѓани се против и додаде дека уставните измени се уцена која не и дава на Македонија никакви гаранции дека нема да има нови блокади во иднина. Во однос на економијата, Мицкоски посочи дека државата е пред целосен колапс со инфлација највисока во Европа и граѓани кои секој ден остануваат посиромашни бидејќи власта не е способна да ги заштити и не носи соодветни мерки. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека власта единствено поле на кое е успешна е во креирањето криминал со коруптивни скандали на дневно ниво. Мицкоски нагласи дека за излез од ситуација потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ostvari-sredba-so-ambasadorkata-na-grtsija-sofija-filipidu/feed/ 0
Филипиду: Очекуваме интензивирање на напорите за целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipidu-ochekuvame-intenziviranje-na-naporite-za-celosno-i-dosledno-sproveduvanje-na-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipidu-ochekuvame-intenziviranje-na-naporite-za-celosno-i-dosledno-sproveduvanje-na-dogovorot-od-prespa/#respond Tue, 15 Nov 2022 11:42:00 +0000 https://kurir.mk/?p=760894

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Софија Филипиду. На церемонијата на предавање на акредитивните писма претседателот Пендаровски, како што информира неговиот Кабинет, оцени дека со потпишувањето на Преспанскиот договор, се создаде позитивна и конструктивна атмосфера во односите меѓу двете држави. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази уверување дека Република Северна Македонија ќе продолжи да биде активно посветена на имплементацијата на Преспанскиот договор и на натамошното продлабочување на соработката со Хеленската Република и изрази очекување дека и грчката страна ќе продолжи да вложува напори во насока на имплементација на Договорот, посебно во делот на проширувањето на правната рамка, која, како што оцени претседателот Пендаровски, е значаен предуслов за натамошно јакнење на соработката на билатерален план. –Денес, Северна Македонија и Хеленската Република се сојузници во НАТО, двете држави ги поврзува заедничката визија и посветеност за мир, стабилност, благосостојба и економски просперитет во Регионот и во глобални рамки, како и блиските културни и хумани вредности, кои се клучни елементи во градењето на побезбедна и попросперитетна иднина за нашите граѓани. Нашето сојузништво во НАТО добива уште поголемо значење за целиот регион, во светло на руската воена агресија врз Украина и бројните предизвици кои таа ги создава за сите земји во Европа, но и пошироко. Во таа смисла, натамошната интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилноста и просперитетот на овој дел од Европа, рече претседателот Пендаровски, изразувајќи благодарност за гласната поддршка што Хеленската Република ја дава за евроинтеграцијата на Северна Македонија. Амбасадорката Филипиду оцени дека интензивирањето на билатералните средби на високо ниво е доказ за зголеменото зближување меѓу двете држави. -Грција е силно посветена на унапредување на севкупните односи и искреното пријателство со Република Северна Македонија. Оттука, очекуваме интензивирање на напорите за целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа. Ја поздравуваме Северна Македонија за одржувањето на првата меѓу-владина конференција што го отвори патот на европската интеграција. Грција отсекогаш ги поддржувала и промовирала европските амбиции на Западен Балкан, вклучително и на Република Северна Македонија и е подготвена да ја обезбеди својата експертиза за олеснување на процесот, рече амбасадорката Филипиду.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipidu-ochekuvame-intenziviranje-na-naporite-za-celosno-i-dosledno-sproveduvanje-na-dogovorot-od-prespa/feed/ 0