софија – скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Feb 2022 09:18:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png софија – скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Слета авионот од Софија, реализиран првиот лет со кој се воспоставува линијата до Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleta-avionot-od-sofija-realiziran-prviot-let-so-koj-se-vospostavuva-linijata-do-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleta-avionot-od-sofija-realiziran-prviot-let-so-koj-se-vospostavuva-linijata-do-skopje/#respond Fri, 11 Feb 2022 09:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=630037

На Меѓународниот аеродром Скопје утрово во 09:40 пристигна авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“. Со ова се реализира првиот лет кој директно ги поврзува двата главни града на Македонија и Бугарија. Со авионот во Скопје пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и од неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави. Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратеници.Предвидено е да се разгледаат можностите и да се дефинираат деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети што ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави. Авионското поврзување меѓу Скопје и Софија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков по првата средба во Скопје на 18 јануари годинава. Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleta-avionot-od-sofija-realiziran-prviot-let-so-koj-se-vospostavuva-linijata-do-skopje/feed/ 0
Денеска ќе се реализира првиот лет Софија – Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-se-realizira-prviot-let-sofija-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-se-realizira-prviot-let-sofija-skopje/#respond Fri, 11 Feb 2022 08:13:58 +0000 https://kurir.mk/?p=629973

На Меѓународниот аеродром Скопје изутрина во 09:40 треба да слета авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“, со што ќе се реализира првиот лет на таа релација. Со авионот во Скопје ќе пристигнат македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави. Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратениците на кој треба да се разгледаат можностите и да се дефинирани деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети коишто ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави. Бочварски е во Софија од вчера каде заседаваше меѓуресорската работна група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето, една од шесте работни групи формирани меѓу двете држави минатиот месец. Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во рамки на работната група за инфраструктура и патен транспорт предводена од министерот Бочварски, двете страни се согласија на зголемување на квотата на дозволи на 1.500 годишни дозволи за транспорт на стоки за и од трети земји. Исто така, Комисијата направи значителен напредок во преговорите за целосна либерализација на товарниот транспорт. Авионското поврзување меѓу двата главни града на Северна Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје. Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-se-realizira-prviot-let-sofija-skopje/feed/ 0
На скопскиот аеродром утре ќе слета првиот авион од Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-skopskiot-aerodrom-utre-kje-sleta-prviot-avion-od-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-skopskiot-aerodrom-utre-kje-sleta-prviot-avion-od-sofija/#respond Thu, 10 Feb 2022 11:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=629602

На Меѓународниот аеродром Скопје утре во 09.40 ќе слета авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“, со што ќе се реализира првиот лет на таа релација. Со авионот во Скопје ќе пристигнат македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега, како и туроператори од двете држави. Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратениците на кој треба да се разгледаат можностите и да се дефинирани деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети коишто ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави. Пред утрешниот лет денеска во Софија заседава меѓуресорската работна група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето. Покрај Бочварски и Шабев учествуваат и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и бугарските вицепремиер и министер за регионален развој и јавни работи Гроздан Караџов, и за енергетика Александар Николов. На состанокот се разгледуваат прашања од заеднички интерес во делот на патниот сообраќај, транспортната поврзаност и дигитализацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-skopskiot-aerodrom-utre-kje-sleta-prviot-avion-od-sofija/feed/ 0