софија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 14:12:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png софија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Центарот на Софија блокиран од полицијата поради убиство на контроверзен бизнисмен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsentarot-na-sofija-blokiran-od-politsijata-poradi-ubistvo-na-kontroverzen-biznismen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsentarot-na-sofija-blokiran-od-politsijata-poradi-ubistvo-na-kontroverzen-biznismen/#respond Wed, 16 Aug 2023 14:12:59 +0000 https://kurir.mk/?p=867485

Центарот на Софија е целосно блокиран по убиството на контроверзниоит бугарски бизнисмен Алексеј Петров. На клучните булевари во градот има вооружени полициски екипи, јавија софиските медиуми. Сите влезови и излези на главниот град на Бугарија се блокирани и со полициски автомобили. Петров денеска беше застрелан во главниот град околу 12 часот и 20 минути. Тој бил придружуван од жена која е хоспитализирана и е во тешка здравстеба состојба. Според поициски извори, во момент на фаталната стрелба кон негоп, со Петров имало три лица од негово лично обебзедување. Алексеј Илиев Петров според софиски медиуми, бил контроверзен бизнисмен, политичар, експерт за корпоративна безбедност и антитероризам. Роден е на 23 април 1962 година. Работел 8 години во безбедносните сили и во антитерористичките сили до почетокот на 1990-те. На 15 август 2002 година, против него беше извршен неуспешен обид за атентат. Во 2009 година од тогашниот министер за внатрешни работи Румен Петков беше прогласен за долгогодишен таен соработник на контраразузнавањето, а подоцна и на државната Агенција за национална безбедност. На 10 февруари 2010 година е приведен и обвинет дека е водач на криминална група која се занимавала со рекет и изнуда. Во февруари 2014 година, специјализираниот суд одлучи да ја прекине истрагата за таканаречениот „Голем октопод“. Четири години по операцијата, обвинителството не успеа да ги собере потребните докази за да биде покренато обвинение и случајот да оди на суд. На 29 октомври 2015 година, против него беше извршен уште еден неуспешен напад со гранати. Алексеј Петров на 13 ноември годинава објави награда од 100.000 долари за информација кој стои зад нападот врз него. Бил селектор на бугарската карате репрезентација. На 7 јули 2011 година, неговата кандидатура за претседател беше предложена од група граѓански здруженија и од Иницијативниот комитет „За единство и тим“. Ова е прва кандидатура за претседателските избори. На 7 септември 2011 година, Алексеј Петров и неговиот тим повикаа на мораториум на активностите на политичките партии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsentarot-na-sofija-blokiran-od-politsijata-poradi-ubistvo-na-kontroverzen-biznismen/feed/ 0
Софија со остри реакции за инцидентот во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofija-so-ostri-reaktsii-za-intsidentot-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofija-so-ostri-reaktsii-za-intsidentot-vo-skopje/#respond Fri, 28 Jul 2023 16:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=861242

Бугарија упати протесна нота до Скопје во врска со вчерашните случувања ден по натпреварот Шкупи-Левски и тешката повреда на бугарскиот државјанин. Содржината не се открива, но се дознава дека официјална Софија го осудила институционалниот пристап кон бугарските граѓани и полициската бруталност. Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека МНР ќе одговори на официјална Софија, додавајќи дека настаните од 27 јули се дело на хулигани и луѓе кои немаат никаква врска со спортот. Дополнителни реакции имаше и од политичките партии. Партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов најави дека ќе бара отчет од македонската амбасадорка во Софија. Во меѓувреме, пратеникот и поранешен министер од партијата на Кирил Петков, Даниел Ролел, изјави дека вчерашните дела се неприфатливи и дека бугарските граѓани во Скопје ќе се чувствуваат рамноправни дури по нивното вклучување во Уставот. Првата казна што се очекува против тимот на Шкупи е забраната на навивачите „Шверцери“ да присуствуваат на реваншот меѓу Левски и Шкупи. За ова се чека конечната одлука на УЕФА. Натпреварот претходно беше оценет како натпревар со висок ризик, пордаи што УЕФА препорача неопходни мерки за одржување на редот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofija-so-ostri-reaktsii-za-intsidentot-vo-skopje/feed/ 0
Софија ќе забрани возење електрични тротинети во паркови, на тротоари и на пешачки патеки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sofija-ke-zabrani-vozene-elektrichni-trotineti-vo-parkovi-na-trotoari-i-na-peshachki-pateki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sofija-ke-zabrani-vozene-elektrichni-trotineti-vo-parkovi-na-trotoari-i-na-peshachki-pateki/#respond Wed, 31 May 2023 11:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=840827

Во Софија ќе биде забрането возење електрични тротинети во паркови, градини, на плоштади, тротоари и низ пешачки патеки. За непочитување на забраната предвидена е парична казна од 50 лева (околу 25 евра). Забраната за возење на електрични тротинети е на иницијатива на групите ГЕРБ-СДС и Патриоти за Софија во Советот на општина Софија. Двете партии имаат мнозинство во Советот и новите регулативи најверојатно ќе бидат усвоени до средината на јули доколку не наидат на сериозно противење во јавноста. Тие вклучуваат повеќе правила за паркирање на тротинетите за да се избегне нивното расфрлање низ градот. За почитување на правилата ќе се бара помош од компаниите кои издаваат електрични тротинети. И за нив се предвидени и казни. Целта на ограничувањата е да се подобри безбедноста на пешаците и да се избегнат сообраќајни несреќи. Нема официјални податоци за бројот на електрични тротинети, познато е само дека трите компании за изнајмување имаат околу 2.000 електрични тротинети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sofija-ke-zabrani-vozene-elektrichni-trotineti-vo-parkovi-na-trotoari-i-na-peshachki-pateki/feed/ 0
Милков: Софија и Скопје нема заедно да ја чествуваат 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milkov-sofija-i-skopje-nema-zaedno-da-ja-chestvuvaat-120-godishninata-od-smrtta-na-gotse-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milkov-sofija-i-skopje-nema-zaedno-da-ja-chestvuvaat-120-godishninata-od-smrtta-na-gotse-delchev/#respond Thu, 27 Apr 2023 17:21:11 +0000 https://kurir.mk/?p=828421

Софија и Скопје нема заедно да ја чествуваат 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај, изјави денеска в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков. На прес-конференција во Софија, како што пренесуваат бугарските медиуми, Милков рече дека не е постигнат договор со Република Северна Македонија за заедничко одбележување на смртта на Делчев на 4 мај, иако имало такви договори и практики во претходните години. - Ќе организираме прослави во Бугарија во градот Гоце Делчев со учество на највисоко ниво. На овие прослави добредојдени се и претставници на Северна Македонија, истакна Милков. Тој предупреди дека оние бугарски граѓани кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје би можеле да се соочат со истите проблеми како во февруари, кога се одбележуваше 151 година од неговото раѓање. Шефот на бугарската дипломатија вели и дека засега не гледа чекори од Скопје во насока на спроведување на т.н. француски предлог. Смета дека е многу е важно како ќе бидат направени измените на Уставот на Северна Македонија за вклучување на Бугарите. - Нашиот обид да кажеме дека тоа треба да се направи на начин на кој ќе се земат предвид сите права на македонските Бугари, беше пречекан со нож. Бевме обвинети за мешање во внатрешните работи, рече Милков. Според него, секој обид за внесување оптимизам во билатералните односи засега останува без покритие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milkov-sofija-i-skopje-nema-zaedno-da-ja-chestvuvaat-120-godishninata-od-smrtta-na-gotse-delchev/feed/ 0
Во Софија повторно дојави за поставени бомби во училиштата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sofija-povtorno-dojavi-za-postaveni-bombi-vo-uchilishtata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sofija-povtorno-dojavi-za-postaveni-bombi-vo-uchilishtata/#respond Tue, 04 Apr 2023 07:48:47 +0000 https://kurir.mk/?p=819888

Десетина училишта во Софија денеска преку е-пошта добија закани за поставени бомби. Според бугарските медиуми има закани и кон други училишта во државата. Во е-пораките е упатено и барање за плаќање во биткоини, јави БТВ. Последни евакуации беа преземени во училишта низ државата на 30 март. Во изминатата недела беа регистрирани над 100 дојави за поставени бомби во училишта во областите Плевен, Сливен, Варна, Бургас и Софија. Електронските пораките беа речиси идентични во сите училишта. Техничкиот министер за внатрешни работи Иван Дерменџиев вчера изјави дека според новиот протокол за акција веќе нема да бидат затворани објекти ако биде добиена закана за поставена бомба. При денешните закани учениците биле однесени во дворот на училиштата додека во дел е прекината наставата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sofija-povtorno-dojavi-za-postaveni-bombi-vo-uchilishtata/feed/ 0
Дојави за бомби во 35 училишта во Софија, властите не знаат од каде доаѓаат заканите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-vo-35-uchilishta-vo-sofija-vlastite-ne-znaat-od-kade-doagaat-zakanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-vo-35-uchilishta-vo-sofija-vlastite-ne-znaat-od-kade-doagaat-zakanite/#respond Wed, 29 Mar 2023 09:41:02 +0000 https://kurir.mk/?p=817667

Утринава, 35 училишта во Софија добиле заканувачка електронска пошта, во која се тврди дека во училиштето била поставена експлозивна направа. Некои од образовните институции што денеска добиле дојави сè уште не го продолжиле процесот на учење по вчерашната серија закани. Бугарскиот претседател Румен Радев ги коментира дојавите и ги опиша како хибридни напади. Шефот на државата истакна дека нема реални закани ниту за образовниот систем ниту за изборите. „Како што можете да видите, ваква серија закани со бомби се случуваат не само во Бугарија туку и во Европа и САД. Агенциите за спроведување на законот заедно со партнерските служби прават сè за да ги идентификуваат изворите на овие закани и да ги неутрализираат. Но, во моментот нема реални закани ниту за образовниот систем ниту за изборите. Сè додека не го видиме изворот јасно идентификуван, не можеме со сигурност да кажеме од каде точно доаѓаат заканите“, рече Радев. Десетици дојави за бомби беа регистрирани и во текот на вчерашниот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-vo-35-uchilishta-vo-sofija-vlastite-ne-znaat-od-kade-doagaat-zakanite/feed/ 0
Кракен варијантата на Ковид откриена кај пациент во Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kraken-varijantata-na-kovid-otkriena-kaj-patsient-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kraken-varijantata-na-kovid-otkriena-kaj-patsient-vo-sofija/#respond Mon, 20 Feb 2023 07:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=802481

Случај на Омикрон варијанта на Ковид-19 - XBB.1.5 е идентификуван во Бугарија, соопшти Националниот центар за заразни болести. „Кракен“ е откриен кај човек во Софија. СЗО ја следи таа варијанта поради нејзиниот потенцијал за забрзано ширење и намалена неутрализација со вакцина и природен имунитет од претходните варијанти на Ковид, соопшти Центарот. Пациентот е на домашно лекување, јави БТА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kraken-varijantata-na-kovid-otkriena-kaj-patsient-vo-sofija/feed/ 0
Дојави за бомби во средни училишта во Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-vo-sredni-uchilishta-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-vo-sredni-uchilishta-vo-sofija/#respond Fri, 10 Feb 2023 10:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=798870

Дојави за поставени бомби се регистрирани денеска во неколку средни училишта во Софија, јавија бугарските медиуми. Родителите биле повикани да си ги земат децата од школите. Учениците од втора смена, според медиумите во Софија, ќе имаат онлајн настава.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-vo-sredni-uchilishta-vo-sofija/feed/ 0
САД ја поздравуваат деескалцијата на реториката меѓу Софија и Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-ja-pozdravuvaat-deeskaltsijata-na-retorikata-megu-sofija-i-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-ja-pozdravuvaat-deeskaltsijata-na-retorikata-megu-sofija-i-skopje/#respond Mon, 06 Feb 2023 21:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=797006

САД ги поздравуваат напорите на лидерите на Бугарија и на Северна Македонија за деескалција на реториката и за тоа што охрабрија достојно чествување во Скопје на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се вели во изјавата на Стејт департментот дадена денеска на барање на МИА. На прашање од МИА дали САД сметаат дека бугарската реакција околу нападот во Охрид врз едно лице, како и декларацијата изгласана во Собранието на Бугарија, е преувеличување до невидени размери од страна на официјална Софија, Вашингтон одговори дека Софија и Скопје веќе работат на деескалација на ретороиката и го поздравија мирното чествување на роденденот на Делчев. -Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на Северна Македонија, изјави официјален Вашингтон.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-ja-pozdravuvaat-deeskaltsijata-na-retorikata-megu-sofija-i-skopje/feed/ 0
Во Парламентот во Софија се подготвува декларација по нарушување на односите со Скопје https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-parlamentot-vo-sofija-se-podgotvuva-deklaratsija-po-narushuvane-na-odnosite-so-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-parlamentot-vo-sofija-se-podgotvuva-deklaratsija-po-narushuvane-na-odnosite-so-skopje/#respond Sat, 28 Jan 2023 15:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=793207

Бугарската собраниска Комисија за надворешна политика, на нејзината последна седница, едногласно усвои декларација, која треба да се стави на гласање на пленарна седница, а во која се изразува осуда поради „актите на насилство врз Бугарите, нивните клубови и организации“. Со декларацијата се осудува и насилството врз Христијан Пендиковски. Во документот што го објави БГНЕС, се осудуваат, како што се вели, „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на Република Северна Македонија“ со оценка дека станува збор за намера заради изградба на чувства на омраза кон Бугарите и Бугарија. Во Декларацијата од девет точки, се осудува, како што се посочува, говорот на омраза во Северна Македонија против локалните Бугари и Република Бугарија, како и неговите манифестации во политичкото, јавното и медиумското опкружување. Се повикуваат властите и институциите во Северна Македонија да преземат сеопфатни, итни и ефективни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите форми и манифестации против бугарските граѓани и граѓани со бугарски идентитет. -Заштитата на правата на бугарските граѓани и граѓаните со бугарска самосвест во Република Северна Македонија треба да се гарантира и преку целосна употреба на инструментите утврдени во преговарачката рамка одобрена од Европската унија и со одлуката на Четириесет и седмото Народно собрание од 25 јуни 2022 година, се наведува меѓу другото во Декларацијата. Во документот се изразува загриженост дека „ескалацијата на антибугарската кампања во Северна Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, развојот на демократските процеси и институции во Северна Македонија и нејзиниот пат кон членство во ЕУ“ што, како што се посочува, им служи на интересите на трети земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-parlamentot-vo-sofija-se-podgotvuva-deklaratsija-po-narushuvane-na-odnosite-so-skopje/feed/ 0